Снегулките чувани во стаклени ѕвона стануваат ладнокрвни убијци. Сите сме виновни како општество. Децата не знаат што се вистински вредности, не знаат за љубов и емпатија. А најважно не знаат за последици и казни. Како моето дете да добие казна во школо, кој е тој што може да го казни? Епа еве го резултатот. Ќе се казни самиот. Не сакам да растам деца во вакво општество, не, не и не!!! Општество на нарциси и психопати, каде што се пропагира криминална култура. Ставете го прстот на глава малку и зборувајте со децата дома.
Сериозни сте што барате оправдување? Океј е, сите не “малтретирале” во школо, кој помалку кој повеќе.. Ама да земеш пиштол и да убиваш кој стигнеш во школо, не е нормално. Булингот/оценката може биле тригер во ситуацијава, ама тоа не го менува фактот дека детево е психопат. А за родителите, да научиш 14год дете да користи пиштол, и да чуваш дома на дофат до дете…и тие треба да одговараат. И не, со нож не би било ни приближно исто.
Колку real crimes приказни со деца имам изгледано на youtube, случајов е класика запоставување на детето и после куку леле. Родителите не си ги познаваат сопствените деца. Ниту знаат низ што поминуваат, ниту како се осеќаат, ниту каква им е психата, ниту што сакаат во животот. Секој живее во свој балон и ако површински е добро, сè е супер. Одличен бил, ма супер дете. Мирен бил, ма супер дете. Не правел проблеми, ма супер дете. Што има тука за разговор, очигледно на детево сè му е супер, го владее животот. А кој знае што сè размислувал и осеќал у себе тивко.
Ако подметнел пожар, ќе била крива продавачката од трафика затоа што му дала упаљач на малолетно дете. Класика, секаде се бара причината освен таму каде што навистина треба. Нема еден кривец, нема "ако не беше тоа, немаше да се деси тоа". Ако мене никој не ме малтретира со месеци, ме исмева и заебава јас и цела армија да ја имам дома нема да посегнам по оружјето. Ама не, родителот што имал пиштол бил крив p.s. Сите имаат удел во оваа трагедија, и проблемот е на повеќе места, кои за жал ќе стануваат уште полоши, бидејќи никој не се замара да ги среди проблемите.
Те разбирам, но има деца кои се преповлечени во себе и не покажуваат значи дека се булинговани. Затоа не можеме да кажеме дека не покажувало знаци. А и да покажало значи зошто психолозите не се заинтересирале да поработат на него. Друго, било префрлено во друго одделение поради врсничко насилство тука не покажале интерес за него. Имал оценка 1 да се заинтересирала барем класната како што кажа членката. А добро знаеш колку се заинтересирани педагозите и психолозите да работат со децата, да им понудат подршка и помош. Значи они знаеле дека трпел врсничко насилство, и пак си го пикале проблемот во фиоки. Во секој случај,потрфлиле и родителот и школото!
Не знам во кој свет живеете, ама дека ќе дочекаш непријатност, и ќе се осетиш мизерно барем неколку пати во животот е НЕИЗБЕЖНО. Дали на училиште, дали на работа ќе се соочуваш со луѓе и ќе наидуваш на секакви ситуации, и навреди, и неправедни ситуации. Не знам во каков прекрасен магичен самовилски свет живеете. Ние во реалниот свет се соочуваме со неубави ситуации доста често, и затоа тоа го сметаме за неизбежно. Пукање не би требало да биде механизам за справување со непријатностите кои животот и луѓето околу ги приредуваат. Ама јеби га, ете сметате дека грешам, така?
Неизбежно е реално. Сите сме биле и од едната и од другата страна барем еднаш. Што за да се вклопиш, што за да се заштитиш сам себе. Многу комплексна работа е и за жал, не верувам дека има решение. Родителите најмногу што можат да направат е постојано да ја поткреваат самодовербата на детето, затоа што ниска самодоверба=мета за булинг, а истовремено и були.
Поголемиот проблем е кај родителите што знаат дека дома имаат дете што врши булинг, ама не преземаат ништо. Кај што работам, детето од соседот задеваше возрасен човек со лесна психичка ретардација, му земаше нешто, човекот трчаше по него да си го врати нештото. Татково од детево стои на улица и се клешти ко недоветен на сето ова. Ко изреагирав, ми се тутна мене, што ми било мене од работа да се мешам. Ми е бе брат, оти утре ко што го малтретира човекот ќе го малтретира и моето дете.
Секако дека не треба да трпи булинг никој. Секако дека треба децата да се воспитуваат да не ги малтретираат своите соученици и секако дека треба да се учат да бидат емпатични и да творат пријателства, а не антагонизам со својата околина. Светов е лош, изопачен, суров, полн со неправда. Ама тоа не значи дека треба да земеш огнено оружје и да ги изрешеташ сите кои ти стојат на патот. Ова е психопат. Кој своите психопатски карактеристики ги изразил млад, уште како дете. Да не било ова утре кога ќе се вработел, после кавга со колега ќе го изрешетел него или шефот. Или во кавга со сопруга, на неа ќе и го тргнел пиштолот. Секако дека треба едукација и превенција да не се случи ова. Децата треба да се воспитуваат квалитетно уште од мали. Ама дека детево е нормално, не е. На траума не е нормален одговор масакар.
Детево очигледно си било малку и психопат. Затоа што на булинг некои деца возвраќаат со самоубиство, а некои нарцисоидни психопати возвраќаат со убивање на други лица. Можеби само и си барало причина за да го оправда својот гнев чуван во себе. Кој да знае. И кога си мислев европјаниве малку поцивилизирани од америте, не толку далеку, туку баш во соседството ќе изненади некоја будала. Страшно. Греота децата. Нека им е лесна земја.
Тргни од тоа какви сè родители има. Ај што многу не се замараат да им посветат време на децата, туку има што намерно ги учат на глупости пошто толку им сече.
Грешиш до некаде бидејќи училиште треба да биде безбедно место за секое дете и многу е поразлично непријатна ситуација на работа и булинг во развојни години. Не сум трпела булинг во школо ама знам дека имав соученици кои тоа го трпеа со години. Години кои не можат да бидат заменети и во кои механизмите на справување не се развиваат правилно. Но како што кажав и претходно, не мислам дека е само булинг во прашање и големи се шансите да има врска со популаризацијата на alt right и екстремизмот.
Родителите се виновни. Домашното воспитување е најважниот факултет во животот. Децата треба да бидат слободни во односот дома, да споделуваат секаков проблем. Се потекнува од дома. Родител да дозволи пристап до оружје па итекако е за осуда. Тука каде се и психолозите во школото. Тешко на тој што загуби дете на ваков суров начин.
Vo Srbija odamna ima sluchai i veterani so postvoen sindrom da izvrshat masakri nad sogragjani. Vo mk nemalo takvo neshto kolku shto mi e poznato i pokraj vojnata 2001.
Дефинитивно. Родителите на детето требало да реагираат во смисла да оди редовно кај терапевт. Школото требало некако да постапи кон учениците кои вршат булинг. Суспендирање, намалено поведение, задолжителна посета на психолог, родителите нивни јас би ги казнувала константно со парична казна, па нека се смеат пак.
Ова е лудило што се случува со светов... од Америка директно во комшиии... не е веќе страв само во школо... на улица да ти е страв да излезеш и сам а не дете... секогаш имало булинг, за жал мислам дека и ќе остане да има, мислам дека веќе по дифолт од раѓање право на психолог треба да почнуваат сите. Не знам што и да се коментира ова е прежално. Жално за тие деца, за тие родители... за траумите на тие што преживеаа.Не знам веќе и кај кој е кривицата...