Потполно се согласувам со тебе. Се што сакав да напишам, напишано е! Греота е, нема да се вратат згаснатите млади животи Ама, никој не прашува како му е во главата на детето кое го нарекуваат "криминалец", и како допрва ќе му биде? И да не му следува казна, психата ќе го казни, а со тоа целиот живот му е уништен. Не треба никако сега да се остава само тоа дете, бидејќи не знаеме што може да си направи! Не велам дека убиството е оправдано, ама луѓе што го натерало, како му било нему, а никој апсолутно никој не му скренал пажња да му помогне .
Човечката психа е доста комплексна работа ,никој не го оправдува . Тоа што ги убил никој не рече браво така треба но кажано е од други соученици дека детето е со години малтретирано и физички и психички , може тебе те шамарале те исмевале и си ќутелс но ете он не. Секој различно до поднесува траума и различно реагира. Многу ви се дебилни примерите И МеНе Ме ЗаКАчАлЕ пА нЕ сУм УбИл. Очигледно е после толку малтретирање и изживување на детето дека ќе се поремети не секој може да трпи такви работи.
Малиов треба да се лечи, во некоја добра психијатриска установа, и обавезно да продолжи на некој начин со образование, да не заостанува, за да може повторно да се ресоцијализира и интегрира во опшеството, бидејќи он ќе сфати што направил после 10 години, кога ќе види дека неговите врсници живеат, а он е зад решетки.. Толку животи уништени, барем неговиот да се спаси..
Никој не треба да посегне ни по свој ни по туѓ живот. Детево е како што читав погоре од угледно (богато) семејство и можеле да му најдат помош брзо. Макар и да го задржат на психијатрија, што е сосема нормално како што се лежи и за физички болести, така и за психијатриски. Ама ете го носеле на стрелање ако не се лажам? Да бидам реална мене ми е најмногу криво за семејствата што си ги изгубија саканите. Тие што ги нема, ги нема. Семејствата ќе патат. Само замислете да е тоа ваш близок? Не знам дали ќе скокате да го браните сторителот ама ова му е ама она му е.
Вистината е таа, не секој може долго да трпи булинг. Си видела ти на Тикток што емитуваат?! Корејски драма school серии каде булингот се преминува секаде. На работни места, во школите,на курс. На девојче во серијата и ставија кечап во косата и ја снимаа со телефоните. Тоа ти е убаво? Епа ова некој го гледа и го применува во реалност врз некој недужен. Едноставно ако бараш виновник барај го во системот и родителите. Се кладам дека поединци не ги ни прашуваат децата како им било на школо, дали јаделе, дали нешто треба да им кажат,дали имаат за домашно. Страшно, и како тргнало ова не е случај за заборав, ова е случај за посматрање и треба сите деца да ги испитаат, тие што му вршеле булинг заедно со родителите во пакет.
Никој не го оправда сторителот ,тоа што го направил секако не е во ред но детето е жртва на еден систем кој не работи. Го тепале му ја пукнале устата којзнае и колку други работи трпел малтретирања па не секој може да го издржи тоа. Жално е што се изгубени млади животи но жално е и тоа што детето трпело со години и никој не превзема ништо. Сеа се крева фама за случајов и по некое време нормално ќе се заборави и ништо нема да се промени. Да беше поинаква ситуацијата да се самоубиеше детето сите ќе бевте леле греоткс и ќе ги напаѓате тие што го закачале и пак ќе се заборсвеше како и многу други работи. Детенцето Алекс во Србија исто што се самоуби тука ми глумите емпатија а се гледа колку ве заболе.
Ајде да отвориме сметка да му уплатиме за студии, стан кога ќе излезе, за возачка и кола. Шо има везе што уништил минимум 50 животи со ова што го направил, ДАЈТЕ ДА ГО СПАСИМЕ!
Срамота е вакви коментари да пишуваш ,мајка си не знаеш утре што те чека. Идмеваш не си ништо подобра од булис. Утре ќе ти порасне детето и да ти доаѓа секој ден малтретирано ,тепано со пукната уста ќе видиме дали пак вака ќе исмеваш.
Само мислење искажав, не глумам ништо бидејќи не познавам никој од децата ни сторителот. Читам црна хроника редовно, што ќе беше тоа ако тажев за сите. Семејствата и нивните блиски си знаат како им е. Се прашувам каква ќе биде казната? Што мислите дека е посоодветно? Јас сум за да оди лечење ама баш долго. Може еден ден да ја сфати сериозноста на делото? Јас не верувам дека е психопат ко што изјавил. Не, не мислам дека е во ред ама психопат не ми се верува. Не знам тука дали им се суди како на возрасни, мислам дека во Америка може така.
Не мислев ништо лошо само сакав да ти објаснам колку плитко размислуваш и тој потсмев колку не е во ред. Прочитај ми го уште еднаш мислењето ако не сфаќаш ,не е тешко да се размисли малце подлабоко.
Коментарав за темата, а ти мешаш мои деца. Тука има милион коментари, а ти се фати за моја фамилија. Ти ги пријавив мислењата. Поздрав до тебе.
Ти кажав само пример не сфаќам што толку те погоди ,гледам за детето смешки дури правиш ама си вицкаста . Фраер да буде.
Некаде прочитав дека законски е до 4 години поправен дом, после тоа може да биде ослободен. Можеби кога ќе наполни 18 години па да му се суди како полнолетно лице. За сега,штом го сместиле на невропсихијатрија значи планираат да го лечат што според мене е добар потег. На крајот мора да одговара за туѓи животи по кои посегна. Бог да ги прости. Лесна им земја.
Излезете до било кое училиште и седете таму 4 часа. Во случај да не сте свесни какви деца и родители има. Слушнете ги муабетите, закачките, анализирајте. Воспитание има на погрешни работи, скроз обратно се учат од се што е морално и полезно за заедница. Зборувам за девојчиња во основно кои не се на плата ама термин на нокти немаат испуштено. За скапи телефони и идоли кои пеат аутотјун за бело, курви, пари. Секогаш имаше шунд, ама сега нема различно. Или си со средината или ќе си отфрлен. Во УСА е вака во public schools, кај нас бар имаше некој ред, немаше толку дегени родители, како се множат, така и станува ужасна таа средина.
Само родителите се криви, никој друг. За секоја постапка на детето, родител е крив. Оти им се дерат за четворки, оти им даваат телефони, оти им даваат да седат на компјутер по цели денови, оти им купуваат се што сакаат, оти мора да им е марка купеното, оти мора у се да се први. оти не разговараат со нив, оти не гледаат ни мајка ни татко цел ден, оти или работат или се на телефони, оти никој не ги прашува каов им бил деноти и никој не се замара со нив. Леб на маса и душман ке ти даде, ама љубов само од од родители.