Темава е комплексна. Прво крв смрзнува од помислата дека детето не можи да ти се врати дома. Втора дека можда детето ти е толку несреќно и то не е адресирано за да дојди до ова. "Добар беше, учеше, мирен, не знам шо му стана" - во пракса. Е сега до прва страна сум со читање ама веќе се спомена булинг. Ако детето беше жртва на булинг, по автоматизам не е ова океј оти онлајн постојано ми излегва реторика дека "па тие го малтретираа, зато". Не. Знајме дека дете кое трпи насилство, евентуално станва насилник. И е жртва во првата ситуација, ама не и во втората. А пак најмалку тој булинг е некакво оправдање. Следно гледав коментари кои ја обвинуваат психолошката и педагошката служба, а за родителот се вели "па океј имал тој оружје ама..." нема ама бе луѓе. Одговорноста за детето и како дете и како ученик е пред се на родителот. Ако родителот немал пиштол - немало детето да пука. Ќе имал пак некој outburst ама не во толкав размер, и ќе можеше посоодветно и навремено да се третира. Башка шо во една смена само колку деца има, и службата и да сака не можи да посвети внимание на сите иако апсолутно можи да се потрудат, барем кај нас, да бидат поќе инволвирани зошто не се доволно. Ова! Дур си дете и те како е крив. Пошто воспитниот процес и одговорноста за твоите настани е целосно на нив. Ако јас го чувам пиштолот на достапно место, и моето дете го искористи - јас сум крива. Ако детето ми врши булинг и јас не го адресирам и попрам то однесување - јас сум крива. Ако не се грижам за менталното здравје на детето и то донеси до то да се повреди само или да повреди некој друг - јас сум крива. Итн. Итн. Белешка за себе: продолжи да читаш од стр. 5
Kosta e zrtva isto kako i ubienite, toa sto razvil sociopatski karakteristiki e kako rezultat na bulingot sto go trpel, site deca sto svedocea pred kamera kazaa deka bil fino i mirno dete. I nikoj ne go opravduva, ne ste popametni ako samo go osudite, problemot e mnogu podlabok otkolku sto izgleda.
Во ред, те разбирам. Значи решението што го предлагаш што е? Сакам да бидам директор ама ќе молчам, за случајно некој да не ми ја отпушти жена ми. Ако има булинг, нека има. Нека се решетаат меѓусебно, ќе пораснат, ќе научат. Која е тогаш неговата улога? Зошто би бил потребен? Зошто тогаш зема плата? Не дај боже на твое, мое дете, да се случи нешто, мислиш дека ќе ти биде гајле за работата на нечива жена? Разбирливо, но не е оправдување. Ајде бидејќи има родители со влијание и врски, да дозволиме децата наши да ги малтретираат. Што не излегол директорот во медиуми ако била до тој степен работата? На крајот од краиштата, ми е гајле за директорот ако безбедноста во институцијата која го праќам детето, а патем е задолжителна, не е безбедна.
Крвта ми се смрзнува од децава мене. Некаде сериозно има некоја грешка, затоа што ова не е нормално. Ова се деца без емпатија, ова се деца кои не само не ги трогнало ова, туку и им е смешно. Страхота.
Ќе каже да ги истепа насилниците Чинам такви муабети имам читано од неа во една друга тема каде што поттикнуваше на насилство да се враќа со насилство.
Знаеш ли што е заедничко на сите вакви сериски убијци кои извршиле масовно убиство по школи? Сите биле интелигентни, културни, мирни и никој не би ни помислил дека се спремни за такво нешто
Мислам дека ти треба помош, не поради размислувањево, не верувам да размислуваш вака, туку намерно одбираш зборови кои предизвикуваат револт кај останатите. Јас би се загрижила за себе и за моето психичко здравје. И да сакаш да тролаш, а тролаш, вака да пишуваш ми дава сомнеж дека има нешто премногу вознемирувачко во тебе. Додека е време, побарај стручна помош.
Колку само родители има што кога ќе има кажат еј детево твое вака и вака прави се закача и они се као неее моето дете не е такво нема шанси мирен е тој. Значи сите се криви и родителите и дистемот и тие што го малтретирале и тој. Никое дете не се родило злобно..
Сакаш сериски сакаш масовен на тебе оставам, вчерашните вести на сител премотај ги може ќе ти се прошири видикот
Зашто имате толку кратка меморија, изгледа стцарно секое чудо за три дена, не се самоубија скоро двајца средношколци кај нас, едно дете од Корчагин, другото од Георги Димитров? Самошто тие биле насочени кон аутодеструктивен чин и затоа очигледно сме ги заборавиле "настаниве", ама истото е, прашање е само на време кога ќе ескалира. И никако памет не ни доаѓа.
Не да носат охоо,еднаш во автобус седев до средношколци ,едниот си извади ноже и почна да го отвара затвора,језа ме фати искрено,арно оти бев со колешка едвај чекав да се симнам.
Трагичното е што не се ни трудат, ич!!! Во конкретниов случај единствено што направиле е дека го преместиле детето во друго одделение. Браво за нив!!! Така уште повеќе го исклучиле и го казниле, пошо не е доволно што го малтретирале насилниците, туку и возрасните да го дотолчат