Па и не мора да значи, секогаш ми бил некако одвратен Сашо ама со последните објави некако се слагам, секое чудо за три дена, детето нема да се гони кривично, син на угледни родители ќе му сменат идентитет и правец странство
И вчера реков Ако гледам дека школото не се замара Абе ќе си го испишам детето Менувал веќе смена. Значи пробано е, не помогнало. Шо поише? Ова требаше да се деси?
Во наше време не изгледаа бе вака деца кои беа предмет на потсмев, ниту пак деца на угледни доктори, овде нешто не ми штима или стварно со новиве генераци нешто не е во ред, ко лик од Јужни ветар ме потсеќа
Toj na sredina jack daniels drzi vo race,od 1200 denari jas na 13 god, ne znaev kako izgleda Jack Daniels
Жално за фамилиите,мислам дека сите не потресе оваа случка и секој си искажува свое мислење,како и да е,дечињата нема да се вратат нема да се смеат пак…се ежам од самата помисла што се се случувало во тој момент и како тие деца утре ќе се вратат во школските клупи,не го оправдувам Коста ама очигледно е дека имал психички проблеми,не секое дете што трпи исмејување му паѓа на памет да земе пиштол и утре да пука,тоа е храброст па дури и со скица на само 13 години…не знам што да мислам ама ова е хорор.Утре ќе си го пратиш детето на школо да не знаеш дали ќе ти се врати живо и здраво.Сите родители се извадени од ум,и со право,еден од друг учат и ги повторуваат истите работи,а има уште еден куп деца во слични ситуации каде што ова може да им даде само поголема храброст. Страшно и жално,да не се повтори никогаш повеќе
Значи ти целиот свој живот ќе ги лечиш последиците, нема да превенираш. Така размислува и системот и затоа се случуваат овие работи. Ако сакаме да бидеме фер кон жртвите (иако не читав ништо на темава а и не знаеме колкав бил степенот на насилство кон убиецот и што сѐ влијаело за да му се измрда либелата), тогаш одговорност има и во оние кои учествувале во булингот кон него, зошто да менува училиште тој ако тој бил хипотетички жртва, насилниците не треба во некоја поправна установа да поседат, тие да се испишат, некакви санкции кон нив не? Живееме живот во заедница, она што мене ми се случува (добро или лошо), директно или индиректно ќе влијае и на тебе. Ако мене некој ме малтретира, јас ќе те малтретирам тебе, ти некој друг и така од кругот нема да излеземе никогаш. Ќе го испишеш и презапишеш во друго школо, таму ќе налета на некој друг вид насилство, нешто друго ќе се случува и така си врви животот, во борба со ветерници.
Иначе, убав пример за споредба беше земен поназад. Имаме ситуација и кога жена, жртва на насилство го убива насилниот були сопруг. Некои жени тоа го прават во моментот, во самоодбрана, некои жени тоа го планираат, да е конкретен ден кога знаат дека ќе се врати пијан па ќе е полесно, да не се децата дома, еден куп околности за предвидување и планови. Нема потреба да се спомне дека тие жени во најголем број случаи имаат поддршка од јавноста. Дали таа жена е автоматски психопат? Дали жали? Не. Бар не во моментот. Јасно е дека масовно убиство на деца е многу болно, трагично и поразително за секое општество. Тоа стои и никој не го негира ниту оправдува. Меѓутоа и тука имаме бавно долго кршење на и така кревка детска психа. Константен булинг и потфрлање од сите страни. Имало скица, и прајмари таргетс, вау. Не мора одма пример шундот да се земе, па во сите популарни филмови со снајперисти на Нетфликс го има тоа за да се земе идејата, не е дека седнал и сам ја смислил. Не ги убил само булите, оти е дете на нецели 14 години, без деловна способност, кое длабоко страда во себе прво од оние кои требало да го заштитат а потоа од сите останати, и не е професионален убиец. Пука од гнев и страдаат невини. Не бидете буквалисти оти и фала богу ниту Законот не е. Како и за примерот од жената погоре, така и во овој случај, Законот ќе ја анализира секоја околност која довела до ова однесување. Не се само 5те знаци за психопатија од Гугл, не е јас сум психопат и готово одма психопат е, ех да беше толку лесно сите експерти ќе бевме. Иначе, џабе викате сте биле булингувани. Поима немате што значи константен булинг и како тоа може да ви ја заебе психата за навек. Да, сите сме биле булингувани некогаш, ама што се дешава во некои кругови е многу повеќе од еДнАш и ЈаС бЕв БуЛиНгУвАн ТрИпАтИ. Иначе, меѓу нас има еден куп тотално функционални социопати, па и психопати кои никогаш нема да убијат и за кои поима немаме/те. Така што и кога ќе го условите со психопат, се гледа дека повеќето поима немате што значи тоа во најголем број случаи. И аман доста везете без врска, никој не го правда, само ви кажуваме дека постојат повеќе околности што ќе се разгледуваат и фала богу што не е како што си мислите оти вие одма би на клада да го стаите.
Види, во мојот случај јас сама неќев да пријавам. Бидејќи ги знаев какви се и знаев дека ако пријавам, дека бетер ќе е. А уопште не беа деца на некои битни или нешто. Него ќе го сфатеа као заебанција. Плус јас бев бубалица и без премирна. Им пишував домашни, есеи им решавав тестови, сѐ само да не ме замараат јас дома да кажев, школоно врз глава ќе им го срушеа моите Фала Богу дека треба да се пријавува и да се има санкции, ама не било негово ДА ИМ ПРЕСУДИ. Напрај им пакост, укради му молив, повлечи му го столот, нешто безазлезно. Ова е МАСАКР луѓе испланирано убиство е ова дечкото не е зафрканција и еве ни докажа. И сеа шо? Нема да го заебава никој, ете ги утепа, постигна тоа шо сакаше. Сеа, ни мајка ќе има, ни татко, и тек сеа ќе биде зборен дека е психопат, и ќе биде избегнуван и? шо постигна со тоа? НИШТО си се измоча у животот
Од која причина воопшто татко му имал пиштол дома? Не му бил потребен за професијата, зошто го поседувал in the first place? Љубител бил? Ако да, во кој контекст зборувал за оружја дома? Дали зборувал со пасија и љубов кон оружјата, или предупредувал дека се зло? Зошто побогу имал потреба својот толку млад син да го научи да пука? Зошто на толку млада возраст? Зошто наместо да го носи на пукање, не го носел да играат баскет или да возат точаци? Као, знам дека на таа возраст многу деца не сакаат да се дружат многу со родителите, ама зошто морало баш со пиштоли да се бафтаат?? Можеби сметал дека така може да се зближи со син му, да се дружат? Всушност, од каде му 2 пиштоли, не еден? Ако неговите го носеле на психолог, од било која причина, не помислиле дека подобро би било да немаат оружје дома? Не го посматрале повнимателно? Што знам, секакви мисли ми проаѓаат. Да немаше пристап до оружја мислам дека ништо од ова не би се десило.
сама си одговори убивање пијаница и силувач и убивање ГРУПА ДЕЦА, не е исто пошо се факинг деца детски мозок не сфаќа шо значи булинг, не сфаќаат дека и тоа ,,ружен си'' ,,дебел си'' дека стварно погодува пошо се деца од 13-14 години и не моеш да очекуваш дека размислуваат како вол од 30-40 години ние повозрасните сме каде каде посвесни за постапките шо ги праиме има и ментални на 18+ фала Богу, или лица стварно со психички проблеми, нивното рацио го ставам на ниво на детски мозок не е решение да ги убие енде
Aко малтретирана жена фати и си ги испоотепа децата и комшиите ни криви ни должни, да - психопат е. Значи убил обезбедување и дежурните ученички на врата што биле, шо не ни биле дел од тие булис.
Мислам дека во секоја паралелка има по едно дете барем кое се одвојува од другите,и било исмејувано било “бубалица”,тоа го имало и ќе го има,децата не знаат веќе што е почит што е дружба,затоа се сите така,срамно е ако учиш а фраерски е да исмејуваш и да газиш други деца,се е до психата на самото дете,не сме сите исти тоа е факт,некој ситница ќе го погоди некој мува не го лази.
Абе остај се Овие деца биле, не знаеле што е булинг, пошо мали нели, ама овој „психопатов„ дека голем да го стаиме на клада?!!!! Се читате ли колку сте контадикторни?
Сега го прочитав фактот дека во тоа училиште учеле само деца на угледни семејства. Еден од корените на проблемот можеби њ тука , оти нели на тие деца никој ништо не им може.И кај нас се глупираат со такви елитни класови .... И детево било дете на доктори. добило кец историја ...башка булингот од веројатно поразгалените, ова е премногу длабоко за истражување и боже премногу страшно....
Не било негово да пресудува, се сложувам, ами на возрасните, бидејќи ти не си кажувала дома, ама во неговиот случај сите возрасни биле до одредена мера упатени, сите знаеле што се случува и кога помошта која ја очекувал (можеби) не стигнала, еве како се завршува. Што ќе прави убиецот мене не ме интересира, си има родители, адвокати, ЈО си има закон, си постои и граѓанска постапка, не знам. Битно е ние родителите и возрасните да извлечеме поука од макар една ваква ситуација (а нема да се деси тоа), да престанеме да минимизираме насилство со оправдувањето дека сите деца се тепаат и дека се тоа детски работи и дека сите сме биле изложени на насилство. Иако е тоа точно, ти твојата психа не можеш да ја контролираш и еден ден последиците од тоа насилство може многу брзо да излезат на површина во секаква форма, тоа е нешто што е непредвидливо, науката нема многу одговори за тоа како функционира човечкиот мозок.
Јас никаде не го реков тоа, додека ти изнапиша еден куп контрадикторности на темава. Башка, бидејќи многу гласно го осудуваш убиствово со најпогрдни имиња, си прилично насилнички склона и со силни насилнички мисли и дејствија!!! Сакам да ти кажам дека со олку изнапишани контрадикторности и глупости немаш кредибилитет
Не е ич исто затоа едниот оди во затвор, а другиот во поправна институција. Значи според тебе, децата на 14 год не се свесни и ок е што не знаат дека дебел си е булинг, ама овој морал да знае и да е свесен што е убиство? Јас па мислев дека деца се и едните и другите не се свесни какви последици може да имаат нивните постапки. Ти всушност правдаш булинг. Овие не мора да се свесни, ама тој мора. И да, аман. Никој не рече дека убиство е решението. Сериозно читајте со разбирање.
пријави ме у полиција слободно иначе, не очекував одговор на претходното мое прашање. Пошо го поставив за да видиш дека не знаеш само ти да ги вртиш работите како шо и пиша. многу се праите паметни а не сте.. абе реков не реагира школото, родителот треба да изреагира луѓе аман не превезма школото ништо, ќе го испишам или мора у најпрестижното школо на Врачар да се учи? за да се куропеца татко му на работа како синчето знае да пука и иде у тоа школо? Као за кај нас у Нова? епа ете им значи прво било директорот и сите вработени да превземат нешто. Ете не превземале, следно било на родителите, и они не превземале. На крај малиов си ја земал работата у свои раце