Куклево уби 10 луѓе и рани уште толку. Коса ми се крева кога гледам дека го сожалуваат, само затоа што имал ангелски лик и изгледа како што изгледа. И сите ме изигнорираа на претходниот пост каде со слики прикачив деца на кои ова им е смешно. Не знам дали тие се жртви на булинг, ама знам дека се потенцијална опасност оти на ова реагираат со аууу браво царе. Пола од нив се со име и презиме, така што родителите треба да седнат и да проверат зошто на нивните деца ова им е смешно. Најмногу од се ме плаши дека ова нема да е последно, туку дека пак ќе се случи. Во Америка лани имало над 40 масивни убиства.
ејјјј ало калмате малце кој рече дека не знаат шо е булинг? не ги знаат ПОСЛЕДИЦИТЕ ја всушност правдам булинг? хахахахахаххаххаха ајде така нека е абе вие мене можете да ме кривите до утре сабајле, моите раце не се испрљани со ничива крв, неговите се. ваше дете да беше жртва, пак ќе речам, ич гајле немаше да ви биде за неговото минато. Пошо знам дека е така и убедена сум, затоа сте ми смешни кога се фејкате овде, демек вие многу разбирливи еве од многу ,,разбирање'' шо се дешава
А за Лазаров, сличен момент шо имаше, 100 страни напишаа како смеел да се смее на силување ама овие добро, шо ако се смееле, у право е малиот, кои се они да го заебаваат? ај нека се смеат сеа 3м од под земја така ли е? абе не знаете само вие да вртите муабети
Не знам зошто сте изненадени. Мене не ме чудат вакви работи, затоа што доволно е да влезете на било која објава или статија на фејсбук и да влезете во коментари, повеќе од 90% од луѓето што коментираат гадости и поддржуваат разни видови насилство и истите тие луѓе се нечии родители, баби, дедовци и треба да очекуваме нормални деца? Директно или индиректно ги учат на омраза, дали на спротивен пол, дали на се што е различно од нив, ги учат дека насилство е океј и е решение. Денешните деца не растат со ниту една позитивна емоција, немаат љубов, емпатија, ништо, само омраза, гнев, злоба, фрустрации пренесени од родителите. Родители од генерација која се удира во гради дека растела во ПОДОБРИ УСЛОВИ, истата таа генерација е најголемото зло што некогаш се случило на ова општество. 'Ќути има и полошо' генерација. 'Ако сум јас несреќен ќе биде и комшијата' генерација. Злоба им излегува од секоја клетка. И после децата се вакви, епа се. Ме чуди само што и почесто нема вакви скандали, веројатно немаат лесен пристап до оружје. Кога би имале би се случувало еднаш неделно.
Децата не знаат бидејќи немаат од кого да научат, не може више со вакви паушални изјави да се изземаат возрасните од одговорност. Ако те научат твоите, ќе знаеш што е дружба, ако си ги научиш ти децата, исто ќе им биде океј. Тоа што родителите не се ни свесни како нивните деца се однсуваат во училиште или во други околности, тоа што сметаат дека е океј некого да исмејуваат, да се тепаат без никакви санкции и без последици е причина зошто ние отвараме вакви теми. Дури и кога има проблем, сите се повикуваат на баналното "деца се, тинејџери се" и не се ни размислува во насока кон тоа дека децата имаат проблеми, многу, како никогаш досега, а возрасните (системот) везат гоблени.
Само нема никогаш да седнат и да ги прашаат своите деца зошто трагедијава им е смешна и чуму коментари на социјални мрежи.
Точно да,ама ретко кој родител седнува и зборува со своето дете,чест за исклучоците,родителите не знаат ни што прават нивните деца камоли па како се однесуваат со други деца,и тоа дете за да седне да ти се отвори треба да ти верува да знае дека може да се потпре на тебе,колку деца познавам какви родителите имаат отворени за секаква тема,ама едноставно детето си е такво не можеш за ракав да го влечеш за да ти кажува нешто во доверба
Колку се криви родителите толку се и децата,проблемот е заеднички,треба да се има желба за комуникација,да му дадеш простор да ти верува,многу често родителите се секогаш презафатени со други обврски па за детето скоро па ич да не одвојуваат време,да не се лажеме голем број се така,дете е ќе порасне дете е ќе научи,нека го тинејџер е,е од тоа стануваат вакви багабонти
Системот, системот, системот... кој систем? Ние сме системот! Родителите се овде најмногу криви. Не само неговите, туку општо сите родители. Премногу им е допуштено на денешниве деца, не знаат за авторитет. Ако ти не си го воспитал твоето дете како да се однесува со други, да почитува, да дели, да сака и ако ти не си го научил дека за се што му се случува треба да каже, оти семејството треба да е најголемата поддршка, и ако ти ништо не превземаш ако детето има некој проблем оти нели дете е ќе помине... си потфрлил многу како родител.
Сфаќаш сега дека нема да заврши проблемот со негово затварање? Јасно ти е дека мора да се најдат причините и да почне да се работи да не се случи и друг масакар? Јас сум мајка на дете кои има 9 ипол години, фаза во која коски ми се тресат како и што ќе биде. Оти Коста може да биде и син ми, а може да биде и настраданите деца. Затоа мене ми е побитно од овој настан да се извлече поука и да почнат и родители, и училиштата и општеството да работат, да се освестат за во иднина нема вакви настани. Кате ова е трагедија, нема кој не го погоди. Замисли дете, го имам дома, да отиде и да убие толку луѓе. Соученици. Па ќе се прво запрашам, што јас направив за ова да се случи? Имаш куп видеа каде деца од училиштето тврдат дека бил малтертиран. Барал помош, не добил. Е ова се случува кога и родителите и институциите се глуви. Штета за сите деца, штета и за него, убиецот, кој милувате така да го нарекувате. Пред некој ден е силувано 8 годишно дете. Свесни сте дека тоа може е новиот Коста? Не. Мене баш ме интересира, а верувам ќе истражуваат и во таа насока, зошто се убиени само девојчиња и се пукани во пределот на генитилиите? Многу работи има овде во позадина, и ќе се откријат. Не знам дали ние како јавност ќе ги дознаеме, ние ќе чекаме во затвор да оди. И сите вие кои сте родители, кои очигледно не ви се важни причините зошто ДЕТЕ решило да си ги убива соучиниците, размислете добро. Оти и нашиве деца може прават булинг на некое друго дете.
Ако некогаш еден ден,моето дете гледам дека прави проблеми има да го седнам и да зборам со него,ако тоа не помага има други институции за тоа,тоа не е срамно,посетата на психолог/психијатар е најнормална работа,само за нас е срамно,недај боже да отидеш ќе ти се смеат..е за тоа сме вакви оти се ни е срамно на нас,социјалните мрежи се ужас,мене ми се згрозува не па на тоа дете од 13/14 години што уште се развива како личност,серии полни со насилство,убиства,абе кога ќе ми текне порано кога емитуваа Долина на волците,се гасеше телевизорот за да не гледаме убиства и насилство,тогаш се смеев ама сега не..
Ова е претрагично. Дете да се носи на стрелање, при имајќи толку многу други невини начини и опции да се дружат со таткото. Вклучително ова е и една од ситуациите што довеле до вакво однесување. Вчера читав артикал на Al Jazeera, вели чувањето дома огнено оружје заедно со деца, ја зголемува шансата до 50% дека детето евентуално може да посегне по него. И уште нешто што ме потресе. Малолетници е забрането да учат пукање. Значи не смее. Татково место да го носи на баскет или пливање, заобиколувал закони за да го носи на пукање. Каков кретен! И тоа допрва ќе се истражува кој се дозволил малолетник да учи пукање. Меѓутоа сепак, се работи за угледна фамилија, па да не ги чуваме надежите високо.
https://shilomagazine.com.au/2023/0...QF1XGYMSb6VCxvbCbWx4ZDGV5E#lh8wtqo7l4mflg5ngd Мхм… кога велам дека само си ја префрлаат топката еден на друг и не превземаат ништо. Еве ви Белград 2.
Нема да е последно, затоа што системот не презема ништо. Да има систем кој ќе ги санкционира децата во основно, нема да има ни булинг, ни масовни убиства. Никој не убива од што му е досадно. Децата не разбираат дека тоа било булинг. Збори 2 јазика на 10 години, знае што е секс до детали, знае еден куп вештини, ама не разбирале што е булинг? Разбираат, само изговор е дека се деца и дека си играат. А родителите се исто такви гомна, па затоа и децата им се дегенерици. Кога јас на булингот ќе вратев со збор, бев исмејуван и понижуван уште толку. Кога ќе вратев со насилство, бев респектиран до максимум од истите тие мангупчиња. Сфаќате дека споредувате многу различни ситуации, и не е реалноста црна или бела туку има еден куп околности коишто треба да се разгледуваат. А инаку, не знам сеа за сите деца од школото, ама после таков масакр ти да снимаш на прозор и да речеш "пошаљи ми слике", или пак да стоиш цврсто на две нозе и мртов ладен да даваш изјава на телевизија, мене не ми е нормално. Јас кога дознавам тажни вести (зависи какви сеа), не можам да се соземам, да разговарам, не ми се живее. Овие мртви ладни изјави си даваат, си коментираат. Тоа кажува многу за голем дел од децата таму. Сите се виновни. Настрадале невини деца, и ми е жал за тоа. Ама многу несреќи и инциденти се дешавале, и ќе се дешаваат, ради систематското уништување на народот. Да има правда и закони, немаше да има криминал. Не е за оправдување чинот на детето, ама да се замижи пред ситуацијава и да речете само дека е ненормален е во крајна рака неемпатично и дебилно. Ако државата не ги казнува силувачите, жените ја земаат правдата во своите раце. Ако државата не ги казнува крадците, оштетените ја земаат правдата во своите раце. Не е во ред масакр, ниту убиство, но кога ќе те притиска и малтретира некој, подолг период, а никој не те штити, тогаш не ти е гајле за никого освен тебе. Ова треба да е страшна, но сериозна лекција за останатите, а и оние кои избегнале смрт, а биле дел од були-децата. Ако тие продолжат да бидат дебили и малтретираат повторно други, да не се чудите ако за брзо време се појави некој нов масакр. А знаете кога були ќе се промени? Само кога ќе осети болка на своја кожа.
Не сакам да донесувам заклучоци, ама мене приказнава со булинг и баш не ме купува. Ако таткото го носел детето на стрелање уште пред во пубертет да влезе што се вика, тоа зборува мнооогу за тоа како било растено детето. И ако инстаграм профилот е навистина негов... Ќе кажете сите деца се однесуваат така, па најчесто тие што се жртви на булинг - не, затоа и се мета на булинг.
Во врска со врсничкото насилство, го имало одсекогаш, го има и ќе го има. Никој не кажува дека е нормално, но најверојатно е дел од нечија човекова природа која треба да се контролира. Јованти исклучително те почитувам како форумска личност, пред се како човек и мајка од други теми за кои сосема се согласувам но тука грешиш и тоа многу. Не секој човек кој искусил врсничко насилство е отворен да зборува особено на јавен форум што и како се случило, кој степен и колку траело, тука се вклучувам и себе си бидејќи се почувствував повикана со коментарот. Намерно или ненамерно. Форум и дискусија за личен живот е надвор од нечија вклучително и моја зона на комфор, особено со непознати лица. Од тука, да секој различно реагира на врсничкото насилство, особено помладите генерации кои имаат пократок фитил, некој ќе плаче кај родители, некој ќе се спротистави. НО, да испланираш масовно убиство со цел и таргети, плус и молотови коктели (мојот мозок сеуште не може да ја прими информацијата дека 13 годишник направил 4 молотови коктели), прецизно да ги погодеш целите во спорните точки (особено гениталии), во никој случај не треба и не смее да се земе за олеснителна околност. За уште поголема осуда и би рекла доживотна казна затвор се родителите на дечково, кои ем не реагирале на пријавеното насилство, ем го носеле на часови по стрелање и како капак на се веднаш по чинот ангажираат адвокат на други масовни убијци. Како е можно мозокот на еден родител не да плаче, да не е стартелд од информацијата за чинот туку ладнокрвно да се јави и ангажира адвокат, не сакам и не можам да разберам. Еве доказ на децениски уништено општество во кое криминалци се херои. Аркан да не беше убиен и ден денес ќе имаше нормален живот како и неговот семејство кое е пример број 1 во Србија. Голубивиќ во подземје па малку во затвор еве го пара невидена прави раскажувајќи за подвизите, Легија е легенда и народен херој, а и дечково полека станува херој меѓу врсниците. И не само овие слики од Кате, туку и коментари под насловот за смртта на учителката по историја како и морбидно смеење на снимките. Ги испуштивме децата колективно од раце, моментот кога се смееа на снимките додека во другата училна некој губеше живот. Денес не е ништо поразлично, прават видеа на тик ток за кликови и лајкови со сензационалистички наслови. Одамна е отиден возот у кукуруз само ние доцна разбравме.
Забораваш дека е дете на доктор и на професорка, каков срам од доктор, па детето не е син на Пеце молерот и Маја хигиеничарката.. Дете на угледни луѓе е, ценети во опшествотото, ако знаеле дека има проблем, сигурно ќе го однеле на психијатар/психолог.. Многу е веројатно дека ништо не знаеле, бидејќи немале ни време да го прашаат и да видат каков проблем има..
Речиси секој масовен убиец и сериски убиец има тажна и нехумана позадина. Најчесто се малтретирани во детството или на училиште или дома... ФАКТИ!!! Секој еден од нив има лошо минато. Не гледам дека велите - да лошо е шо отепал 20 души АМА...... Значи сите имаат вакво или онакво детство, само неколку ќе станат масовни убијци. Ако не пукал сега, ќе пукал во иднина, во средно, на факултет, на работа, може во жената/децата.... Ајде од сега на сите убијци и силувачи да им бараме причина зошто направиле шо направиле. Знаете дека Хитлер бил ментално и физички малтретиран од татко му? Уште на 11 години почнал да скренува. Ај да го оправдаме... греота бил, пукнал чоекот, татко му го тепал.
Апсолутно се согласувам Јуле со све што напиша. Јасно ми е дека грешката е на сите нас, на модерното време, на многу, многу фактори. И јасно ми е дека многу, многу деца се скршнати од правилниот пат, токму заради тоа што не ни има кој да им покаже како треба. Ама искрено од такт ме вадат некои коментари како оној погоре како кукле, ангелче, леле греота. Со тоа се размлакнува делото што детево го направи, се дава слика дека ако некој друг го направи ова пола нација ќе застане и сето ова ќе го препише на булинг. Се става фокусот врз убиецот. Убаво пиша Абел, ако после ова сите седнат и зборнат со децата што коментираат така може и ќе се спречи вакво нешто во иднина. Ама нема да седнат. И мене не ми е јасно зошто има убиено девојчиња и ги пукал во гениталии, и мене ме интересира. Има нешто зад тоа. И мене ми е прејезиво ова. Јас да ми се случи нешо од шок нема да можам да зборам а не па адвокати да барам одма. Ама збориме за родител што своето малолетно дете на пукање го носел и што го научил како да ракува со огнено оружје, така што...
Nije pucao dete Pucao je sistem Pucao je reality program Pucali su medije Pucali su starlete Pucali su ministri , tajkuni I oni: znas ti ko je moj tata? Pucale su silikonske sise i botox usne Influenser zvezde Pucale su glumci i pevaci Pucala je ulica Pucale su banke Kladnice Gostionice Pucao je tik tok Facebook Instagram Filmovi Crtaci Pucali smo svi mi Koji cutimo i gledamo Koji se smejemo jedni drugima A pitanje je Ko ce pucati sledeci? Ti? Ja? Ili neko u nas? Го прочитав ова и морав да го споделам....