Погрешна ти е паралелата. Децава требало да носат пиштоли за да му вратат? На темава копирањето на случајов почнува https://www.b92.net/info/vesti/index.php?yyyy=2023&mm=05&dd=04&nav_category=167&nav_id=2327889 Mladić A. Z. iz Bihaća zapretio je na Instagramu da će izvršiti sličan masakr onom koji se juče desio u osnovnoj školi "Vladislav Ribnikar" u Beogradu On je na svom Instagram nalogu napisao da će ubiti učenike i radnike u Ekonomskoj školi.
Малолетничка деликвенција и Социјална патологија. Мислам дека и него си го слушала. Предметот го разработува сторителот на кривичното дело. Многу е битно и тоа и да како луѓе кои немаат допир со областа ќе им стои чудно и залудно. Ама не е. Факт е, се учи и на факс, дека причина мора да има особено кај малолетник. Зошто и кои девијантни појави довеле до тоа он да се развие како убиец. И на крај, која е целта на казнувањето? Ресоцијализација, излекување и враќање назад во општеството. Ама оддамна тоа го нема. Затоа имаш причини, последици и лекување.
Што и да направиш во животот, најпрво најди адвокат. Со причина постојат. Е да, и Кејси Ентони успеа да се ослободи што ја уби ќерка и', ваков профил на адвокат имаше. Ама во секој случај, што и да е, адвокат прво. Оти ако седнеме и го обесиме малиот, џабе демократија создаваме. Секој правда во свои раце, див запад и тако даље. И мене не нервира "ангелче" моментот и за него и за тие што го малтретирале ама се мртви. За мене не важи "се' најдобро за мртвите". Овде да фатиш родители сечии, од неговите па да до оние што знаеле и те како за булингов, и да тепаш, затвориш, ден да не види никој. Поеќе поука за родители него за деца. Примарна обврска ти е тоа дете бре. Ако не си кадарен аман немај деца. Ама пошо човечко право е нели прокреација, многу повеќе ангажман од социјални служби до школски психолози, педагози, наставници. Овие да биле асални, рецимо социјални работници, после прва пријава за булинг ќе посетеле семејства на булис. Или после првото одење во стрелана ќе дошле кај Коста дома. Ама пошто сите си свиркаат, децава ќе се убиваат меѓу себе. И уште не, не сме ние возрасните криви, никако, децата се. Деца што со причина немаат деловна способност.
нене зборам, ние шо носиме нешто за заштита не сме добри ама овој кога носи пиштол пошто го малтретирале, е греота значи контрадикторни се мене ме напраија будала зашо носам нож у мене, ја им викам за заштита, не да заколам некој тек така а сеа детево, праи масакр, пуздер, ама он не е будала како мене, пошо он е жртва, а ја не знам шо сум глупа крава?
Мое дете вака да напише, на психолог под итно. Ова се случаи за посматрање. Детето одело на психолог, така прочитав неколку пати. Ама не му помогнало тоа. Знаеле родителите дека се соочува со булинг, само не го сфаќале сериозно изгледа. Да му се дава оружје на дете кои има проблем и оди на психолог, фатална грешка. Па не е само булингот овде главна причина за масакров. Не е глупо што напишавме дека сме биле мета на булинг и еве не сме убијци. Има нешто подлабоко што треба стручни лица да си испитаат. Не е наивно вакво планирање масовно убиство, не се споредува никако со примерот што го даде за малтретирана жена. Затоа што е ова свесно детално испланирано, прецизно изведено, ниедна промашена мета, притоа жртви не се само булис туку има и невини. Не сите жртви на булинг стануваат убијци, посебно не вакви ладнокрвни, значи си има психолошка позадина некоја убиецот, предиспозиции. Не е само "долго трпеше и пукна". И други трпеле па не пукнале. Има нешто во главата, дел е и друга траума, запоставеност од родители, генетски нешто, значи јас не можам да тврдам оти не сум стручна, ама дека само булингот е причина за вакво нешто, тоа сигурно не е.
Не знам на што да ти ги препишам мислењава и ставовие, ај на младост може? Детево не е носи пиштол заради заштита, го зима од татко му и оди и убива. Ти носеш за заштита, а забрането е носење на ладно и топло оружје. Сфаќаш колку едното со другото нема врска?
Сите потфрлиле општеството, институциите, родителите, се надевам дека од оваа трагедија сите ќе извлечиме некоја поука за понатаму да не се случуваат вакви работи. Али тешко, ниту еден случај на самоубиство, убиство, силување некако не не допира. Секое чудо за 3 дена, и од утре пак исто.
Масовен протест пред министерството за образование во Србија бараат оставка на сите од министерството и училиштето.
Секогаш ќе страда мирниот, оти дивјаците се повеќе. Повеќе се. Што е тоа да воспиташ дете, да зборуваш со него. Не ми влага во глава и НЕ, ова со стреланава. На негова возраст и јас имав желба да научам да пукам, имав родител со службено оружје и секакви можности да заобиколи закон и да ми исполни ќеиф... ми рече "за тебе е подобро да не знаеш. Ако на 18 уште сакаш, ќе одиме да научиш." До 18 не да ми пројде ќеифот, еве на 32 уште не ми е вратен. МРДНАТА РАБОТА БЕ.
Проблем со жртвите, проблем со сторителот, со училиштето, се освен со менталното здравје. Чувај боже да зборуваме за тоа, гарант не е менталното здравје проблем, проблемот е што може да најдат оружје. /крај на сарказам.
Нема никаква врска ова. Тоа што се доктори и угледни професори не ги прави и добри родители. Луѓе, многу црно-бело гледате. Сите се натегате дали поради булинг може да се убијат неколку луѓе а цело време се пропушта дека сигурно има повеќе причини. И тоа и е најверојатно, бидејќи еден фактор сам по себе не може да е доволно силен да натера 13 годишно дете да изврши масакр. Правата комбинација од гени, одгледување, можно трауматично детство, булинг и карактерни црти може да доведе до ваква кулминација. Колку и да звучи глупаво "толку луѓе трпат булинг па не убиваат луѓе", има вистина и во тоа, бидејќи испланирано убиство не е исто со "му дошло преку глава и земал да ги мава сите со што му дојде". Многу е битна историјата на детето со која се надевам сериозно ќе се позанимаваат и ќе ги откријат вистинскиот мотив и причина.
Мене не ми е јасно како може родителите да не си го познаваат сопственото дете,до толку ли се незаинтересирани??Сега скоро бевме на детско игралиште со син ми и едно постаро дете околу 6 години вожеше тротинет и буквално намерно идеше во луѓе сите деца бегаа од него,детево беше со двајцата родители и ниеден не стана да му каже нешто а не пак да го искара абе просто си седеа на страна,си пушеа цигари и не се замараа.Исто така имав случка каде што моето дете удри друго дете јас станав прашав што,како и проблемот бил заради играчка им поставив правило 5 минути едниот ќе игра со таа играчка 5 минути другиот и се смири ситуацијата.После пола саат пак проблем јас моето дете го ставив под казна а мајкава му вика на детенцето цитирам "па удри го и ти него што ми се жалиш" и после ми се врти и ми вика "подобро да тепа отколку да го тепаат"...Чекај бе малце каде со такво размислување??Јас точно знам зошто моето дете може да удри или е заради играчка или ако некој го баци,земе во раце без дозвола(ова се работи кои што се проблем кај 3 годишно дете,понатака ќе биде нешто повеќе)ама јас не го правдам со тоа "абе дете е" не смее да удира кога нешто не е по негово може да каже ама не и да удри.Е сега дали јас сум бела овца во црно стадо или обратно не знам..Детево во случајов го изгубило разумот ама тоа не е оправдување за неговото дело,а најголема вина имаат родителите и од двете страни..
Точно така. Затоа не ни' е секојдневие, туку е настан што е уникатен за цел регион. Не е една работа кај детево, многу се. Само што, што и да е "работата", сите возрасни потфрлиле, сите до еден што требале и морале да се грижат за него (и останатите).
А мама и тате кај се во приказнава да забележат дека нешто се случува со нивното синче? Или да реагираат до училиштето дека детето се соочува со проблем? Прстот треба да се впери најпрво во семејството. Децата уште во прво одделение немаат општа култура,затоа што потрфлиле родителите. Затоа што немаат време да им се посветат на сопствените деца.
има врска ја го носам за заштита и не сум нормална овој иде да убие, а го праат жртва ја не сум жртва? или дур не се отворам овде ко кокиче како од градинка уште коа ми ја отворија брадата, од пред 3 недели трпам секакви срања од мажите? и после по теми ми викаат агресивна ваква таква таму у темата за пепер спреј ме советуваа на психолог да одам а овде ,,гледате ли шо му напраија'' значи ја можам сеа, поради 6-7 мажи кои трајно ми останаа у сеќавање, пример да идам у Идризово у машкиот дел и да фрлам бомба. Мажи се, сите се криви, пошо се мажи така?
самиот факт дека го носеле на пукање, место на фудбал, тенис, баскет, било кој спорт кој одговара на 7мо одделенец, кажува многу и еднаш и три пати, и 33 пати да бил, не е нормално не даваш пиштол на дете само шо влегло у пубертет и е плус малтретирано исто ко на избањато дете да му даеш да брцне 2 прста у штекер ама нели, на фудбал и остали спортови, идеме обичните смртници у БГ си патат по тоа елитата. Другарка друга, иде на јавање шо кошта Бога оца буквално, ама татко ѐ бил воено лице, не може да иде на пинг понг. Ќе иде да јава у полицискиот хиподром Нема везе шо има секој ден модричишта од шо ја фрлаат коњите, и шо вози 40мин со кола за тоа
Пточитајте го статусот на Миа која и го има испратено мајка која има дете кое е жртва на булинг. Пријавувала постојано жената, а одговор од училиштето било ајде вие сами со родителите решете го приблемот или запишете си го детето на боречки вештини. Искрено еве детево ми трга во школо ако некое го малтретира има сите телевизии и институции да им ги однесам пред школо јасно гласно ќе кажам кое е детето и неговите родители. Истото ќе важи и за моето ако некого малтретира слободно да го кажат јавно. Само така јавен срам му е мајката зошто од иституцииве и државава ништо