О боже Престани плс.... Како ти што носиш оружје за „самоодбрана„ си поразлична од „мочково„ кој исто така се бранел? Се читаш ли колку си контрадикторна? Демек другиве не смеат да носат оружје, ама јас можам?!!! Боже, боже!!! Каде ни отиде младинава!!! Вие сте иднината ли?!!! Тешко нас
Каква врска има чиво дете било?! Само тоа дете ли е таму на угледни луѓе… Работата е дека школото и дома се запознаени со него веројатно пошто било префрлено во друга паралелка, било малтретирано не било прифатено од другите. И школото, внатрешниот кадар не се заинтересирале да му понудат психолошка помош, педагог да поработи на социјализација на децата туку само мудро си молчеле. Може утре некој трет да биде од неугледни луѓе, проблематиката е друга,долга и опширна.
Ок Феминке, терај. Еве по Тик ток се шират видеа, наводно се заљубил, а девојката го игнорирала, пљувала, вреѓала. Истото го правеле и други деца. Барал да биде преместен и бил, ама и таму истото. Коктелите ги направил по формула ид мајката, ама му било страв да ги употреби. Препаметен бил, и родителите и наставниците имале превисоки очекувања од него. Не може цело училиште истото да го зборува, а да не е точно. И пак ќе сме глуви и слепи. А пријавувал и барал помош.
епа сум тоа збориме никад никад не би си дозволила да повредам некого, без причина, од чиста мира, како год речете го. Имам трауми милион, верувајте ми не ми се збори овде чисто да не ме познае некој не знаете шо неам трпено од мажи психички, физички истрауматизирана сум до даска да ми дојде некој на 1 чекор од фаца, јас почињам да се тресам у лифт со машко сум на сец, на никој не верувам АМА НИКАД не ми текнало, било кој од овие шо ми остаија трајни последици, сеа еве си пијам кафе, куцам, и да си речам, ејј молотов ќе идам ќе праам и жив ќе го запалам тоа се реагира у моментот. А и алиби ќе иам. Самоодбрана, крајна нужда итн.. а вака? сум седела, сум пиела кафе, и на Феминка ѝ текна да иде да ги убие сите и шо ќе постигнам?
На 13 години уште играв ластик у двор на школо...ама добро ние сме од 80 -тите ...децава сеа пијат Џек на таа возраст
тешко вас ти реков пријави ме слободно кажи таму, Феминка22 од форум носи нож и поддржува булис радо би да им кажам колку се скапани сите од МВР до СВР до сите министерства у државава и дека ради нивното партиско вработување, нема ЕДЕН соодветен да им стаи крај на ваквите баш тоа го зборам, ја сум мрднатата у случајов, он е жртвата затоа и го спомнав примерот само у мојот случај, неам ничива крв на рацете, и сум на слобода и сум психички нормална особа малиов, и не баш
зашто мајката и таткото не го преместиле у друго школо? 100 пати прашав ако не иде со клас и смена, мењаш школо бе кога ќе го напраеле тоа? на полуматура пиштол од тато формула за молотов од мама милинааа милина иам деца шо нивните се полицајци, воени лица ниеден нема афинитет да нѐ дигне у ваздух чудно
Детето е дете, НО!!! Што правиме кога другите ќе видат дека вакви работи поминуваат без последици? Знам дека е невозможно, но мислам дека за ова дело треба јавна тортура и егзекуција и на детето и на таткото, за да биде ПРИМЕР за други. Исто така казна и за секој поддржувач на интернет кој може да биде фатен, казна со јак ќотек секако. Лично сметам дека Коста не е психопат, едноставно е производ на системот и прашање на време е кога ќе се појави друг Коста ако не се преземе ништо.
Зошто да го местат? Требало да ги санкционираат оние кои му вршеле булинг. Еве на крај он им пресудил. Сфаќаш кој најмногу заебал? Училиштето и родителите.
Мислам дека треба да има предмет "Развивање на емпатија" во училиштата и да го слушаат и децата и родителите, заедно со наставниците. Да имале емпатија, немале да вршат булинг до тој степен и обратно, да имало емпатија детево немало да ги застрела соучениците. Ама кој да ги научи кога и родителите се сите како и повеќето луѓе на Балканов, неемпатични говеда. Тоа може да се види по сите коментари на потресни вести. Па така нека не ве чуди што и децава вака реагираат со вакви коментари и видеа. Сепак се слика на родителите, комплетно оперирани од емпатија. Немаат капацитет да ја сфатат тежината на делото и да сочувствуваат за врсниците. Решението е да разговараат многу со децата, да се запознаени со нивниот живот, чувства, начин на размислување. Ама знаеме колку тоа ќе се случи. Инаку во неколку коментари тука имаше дека не се препознаваат знаци кога детето е тивко и повлечено. Тивко и повлечено е знак. Не е знак дека е психопат, туку дека нешто не е во ред со детето и има проблем што го мачи. Е сега неговите родители на тоа реагирале така што го тренирале да пука. Друго прочитав дека бил кај психијатар/психолог. Дефинитивно тоа била правата одлука, само дали одел редовно, дали имал некоја дијагноза, дали психологот или психијатарот нешто приметиле? И те како е битно се тоа и треба да се истражи. Затоа што ако може да се препознаат загрижувачки знаци, може да се реагира на време. Имале барем еден месец. Еве јас не знам како цел месец детето ти спрема молотови коктели, а ти ништо не приметуваш. Многу треба да се истражи што се и како довело до ова, ама генерално кога сите се заинтересирани само за линч, лесно се ова ќе се прескокне. Казната не знам каква ќе е, ама верувам политички ќе е најниска можна, а сепак народот да се осеќа ко да има нешто превземено. Реално гледано, треба да е доживотна. Нема веќе реинтегрирање кога убиваш 9 души најмалку.
Како криво читате значи... Никој не правда булинг. Треба да има казни. Но, не го бранете. И експерти велат здрава личност не прави вака. Правење детален план како некој терорист кажува дека не е само булинг во прашање. Има нешто во позадина. И татко му што го учел да пука не е здрав. Личните примери од претрпен булинг кажуваат нешто што е вистина. Повеќето жртви не доаѓаат до степен да станат убијци. Или бараат помош или молчат и се самоубиваат. Помал број се случаите кога им текнало да извршат убиство. И зошто упорно се потенцира булингот кога веќе е кажано дека не сите убиени деца го булирале... А, чуварот и наставничката што му направиле? Наводно чуварот му бил како пријател. Не можете да сфатите дека лице кое пукало во наставничка ради кец и други не е нормално. Ај пак. Од моментот кога малолетников ги испланирал убиствава, престанал да биде жртва. Без разлика дали имало или немало булинг, не требало да ги убие. И тој и неговите треба да платат казна. Секое жалење за него е бранење и оправдување на убиствата. Не сфаќате, но така е! Нему не му е уништен животот. Ќе влезе и излезе од установа. Мртвите луѓе нема да се вратат!
тоа зборам де значи пишав позади прво се санкционираат дечиштата не реагира школото? пеки, ќе го отпишам детето значи утреден ако ви го малтретираат детето, и не превземе школото ништо, ќе го остаите таму? чудно ја би го испишала одма. Ако и претпоставените не регираат, значи колективно се удрени па гледам се засекира за мојот акл
За жал и на невини им пресудил, само затоа што тој ден биле дежурни им заврши животот на три девојчиња.
Од многу цивилизираност произведуваме вакви деца. Дури ти филозофираш тука, којзнае колку 13 годишни се мотивирани да убијат некој сега кога знаат дека ќе им доделат психолог да работи со нив и нема да лежат ни ден.
Да да, тој предмет е, така си е, се си е многу битно. Малолетничка деликвенција секогаш ми било една од најинтересните теми за разговор и анализа. Па тоа и ми е муабетот. Ние овде дебатираме многу површно, мислам ок е и тоа не е погрешно оти не сме експерти. Ама тоа е црно бело. Дете пукало во школо и одма ајде убиецот во затвор да изгине. Реалноста е дека Законот ќе ги разгледува фактите од двете страни. Ќе бидат вклучени експерти од повеќе различни полиња и ќе се земат во предвид сите можни аспекти и околности што довеле до ова, ќе се преземат многу законски дејствија за да се истражи целиот случај детално. И не дека јас или ти така викаме туку нели, оти така функционира Законот. @Bitter-Sweet ако ме читаше внимателно ќе видеше дека никаде не реков главна причина, туку сите причини, вклучувајќи го булингот како една од нив. Цело време коментирам дека потфрлено е од многу страни, не е исклучиво само булингот.
Ајдее тргна работава. 9 годишник од Оу "Десанка Максимовиќ" во Белград направило список за ликвидација. Денес во 10 часот наутро директорката на училиштето пријавила дека ученик со кој подолго време имале проблеми, влегол во училиштето и се преправал дека пука во обезбедувањето, потоа ги бркал помалите деца во школото и влегол во училиштето и направил список. Било пријавено во полиција била повикана мајката и нејзината изјава била "Дека он бил добро дете само така си играл". Почнаа да го имитираат малиов психопат... Извор: Plus24.mk