Понекогаш многу ме нервирате со тоа gentle parenting,значи gentle parenting можеби функционира кај деца што се помирни,повлечени и деца што сакаат да сослушаат ама дефинитивно не функционира кај деца што кога им зборуваш фрлаат,гризаат и удираат.Тој начин на воспитување пробав да го применувам пред година две и страшно се заебав,факт е дека строгиот пристап и дисциплина доаѓаат од големината на проблемот.Значи да,можеш да зборуваш смирено ако се работи за мал проблем ама за голем проблем си има соодветна казна и нема попуштање,попуштав коа беше помал и сега морам да бидам дупло построга.Или што би рекол сопругот "ако сега има слобода да навреди,удри замисли што ќе биде на 15 години,нема никаква почит да има ни кон тебе ни кон другите" и во право е ако утре ден моето дете е идиот јас сум таа што израснала и воспитала таков идиот,јас сум таа која што го оформила неговиот карактер и начин на однесување.
Пишува дека демек се скарале и овој го упукал. Можеби човеков видел што детево сакало да направи и се обидувал да го предомисли.
За жал. Види ниедно дете не залужи вчера да биде убиено, макар и да го малтертирале. Не заслужи и он да стане убиец на 13 години. Затоа велам они се сите жртви на родителите им, самото училиште и институциите. Проблем имало, не се решил. Детево очигледно е дека не е психички здраво. На најлош можен начин го исфрла бесот. Можело и да се самоубие. А се можело да се спречи. Еве во САД има смртна казна. Стапката на криминал е намалена? Не. Знаеш често се навраќаме на наше време, ама еве тие се тие генерации кои ги растат денешните деца. И, кој потфрлил?
Ај се кладиме дека овие истиве се оние тинејџери кои веруваат во теории дека општеството "пропаѓа" и вакви потфати ги гледаат како радикални херојски акции. Инаку мене оваа изјава ми звучи крајно неискрено бидејќи човек кој има "психопатски" карактеристики воопшто не се доживува себе си објективно и нема способност да има доволно свесност за себе си за да се посомнева дека нешто не е во ред со него. Веројатно ја кажал за внимание, не ми е јасно зошто луѓето ја земаат за релевантна као еве признал тоа е тоа.
На денешниве деца им е изместена моралната свест. Они имат други цели, други идеали, други идоли , нашиот(порано шо го имавме) морал ништо не им значи и се ова за нив е нормално. За жал, таква е цела идна генерација, и тоа по кривица на претходната која заради сиромаштија и трчање по пари, немаше време да ги воспита.
Протести, пријавување во полиција. Мајката од постот погоре зошто не отишла во полициска станица, внатрешна контрола постои, нека го пријави полицаецот чие дете покажува пиштол. Зошто не тужат? Зошто не приберат докази, ако веќе има снимка, да си бараат отштета? И крајно, не презема никој мерки, чекај го насилникот, опали му некој шамар, па ако за него нема закон, одржи му лекција, нека нема ни за тебе. И да те гонат, ќе ти пишат казна и тоа е тоа. И не се западни вредности, туку ова е балканско дивјаштво и невоспитување.
Во САД има смртна казна за тешки дела, а образованието им се заснова на булшит како gentle parenting и децата им се крајно размазени, е така се произведуваат психопати, оти ќотекот не заиграл на време, оти наставникот нема никаков авторитет. Дури се вртиме во вртлогот на педагози и психолози, секој втор ден во САД има вакви случки. После џабе е и смртна казна, се согласувам.
И ти мислиш дека бесењето на плоштад ќе биде решение? А не на пример воспитувањето од дома? Грижата и посветеноста на родителите? Училиштето?
Поранешниот морал се сведувал на тоа дали си бил културен пред гостите и дали си им кажал добар ден на комшиите. Тоа е стандардот за "добро воспитување" на секоја постара генерација. Никогаш во нашето општество не се негувале вредности на емпатија и почитување на децата, што до некаде и е разбирливо бидејќи историјата ни е крвава и сиромашна и животот на луѓето бил насочен кон преживување и снаоѓање. Ама затоа ние денес можеме да одиме напред и да бидеме реални со себе, наместо да величиме време кое било полошо. И аман више со тоа дека денешното gentle parenting произведувало психопати кои убививаат луѓе. Доволно е две реченици да прочитате од историја, социологија и психологија кои ќе ви го побијат убедувањето наместо да промовирате уште повеќе насилство за деца кои веќе покажуваат насилно однесување. Не си го гледате сопствениот парадокс??
100ка се слагам, па и сликата каде ги преправа раците како да држи пиштол. Искрено, повеќето од младината се влезени во некои “мафијашки филмови” а овој ја надминал секоја граница, ептен има навлезено. Одвратни се сите што мислат дека булингот го оправдува убиството.
Да, но го пиша и ова: Едното, знаеме колку може булинг да поремети психа ама не е само булингот причина за вакво масовно крвопролевање. Знаеме и никој не го негира тоа. Не велиме за "три пати" туку за малтретирање кое траело со години, во цело основно/средно школо можеби, само нема на форум да се исповедаме за тоа. Затоа велиме дека сме искусиле ама не сме полуделе до овој степен. Што значи, не е само до булингот. Ако се согласуваш со тоа, ок. И вториот цитат, споредбата со жената нема врска и никаква допирна точка со овој случај. Пишав зошто.
Па денес сите читаат книги за родителство, ментално здравје, одат на психолог. Не сме ја пробале опцијата бесилка, а од грижата и посветеноста еве го резултатот.
Ок мислев тука сум го ставила може на друго место.. како и да е очигчедно е дека Нешто је труло у држави Данској...