Зошто ме поздравуваш мене? Баш ради недостаток од емпатија се тие коментари. Патем, тоа е и главниот знак на психопати, социопати и нарцисоидни личности - недостаток на емпатија. Ваљда овие ваквите ти си ги одгледала, пошто тоа за тебе се глупости.
Ц ова е резултат на негрижа од родителите и неродителство, никако на грижа и посветеност. А, дека во наше време ќотекот играше, гледам сите сме таман
Емпатија не се учи со предмет во училиште, втор час сексологија, а дома на ТВ Голубовиќ. Систем снова.
Па не се учи во училиште, ама ако родителите дома се исто оперирани од тоа...каде да научи? Од цел мој пост ти се загрижи за воведување на некој мој имагинативен предмет и беше толку потресена од тоа што мораше да направиш комплет дефокус на темата, а тоа што остатокот од постот беше за можна превенција на вакви случаи комплет го изигнорира. Баш си слика за општеството, само линч се бара. Да имаш ти битно некое ослободувење на гнев и некоја сатисфакција. Дали во иднина ќе се спречи ова или повтори, кој го врти.
Кога сме кај Голубовиќ кај Боемот на стори имате доказ дека бил гостин во школото и им покажувал некои вештини. Не ми дава да го прикачам скриншотот, преголем е.
Глуп муабет. Кога ти е дојдено преку глава, ти се споиле жичките, плус и претходно си бил малку ненормален, се ти е рамно, нема тука другар, родител или непријател. Правиш беља се додека не се свестиш, а тогаш е прекасно. Секогаш во вакви инциденти страдаат невини луѓе. Кој е крив? Државата, институциите, мангупите. Да немало булинг во неговото школо Ако се самоубиеше, немаше ни да се спомне во јавноста, ќе се премолчеше. Тоа ќе им дадеше повод на тие мангупи да им направат чистка на сите што се помирни и попаметни од нив. Искачаат на ТВ, даваат изјави, се снимаат, наместо да плачат, врискаат и да се тресат од страв, болка, жал. Тој па едниот, сите го знаеле во школо, не знае зошто бил на списокот. Дегенерик. И кај мене на родителска во основно, тепаните деца плачеле онака ради реда, овие мангупите си играле со нив, не сакале да ги повредат. Имаше исто друга мисла - Kad bogati kradu od siromasni onda je biznis. Kad siromasni uzvrate onda je kriminal! Кога були-децата тепаат, тогаш е игра. Кога жртвата враќа, тогаш е ненормален, психопат и слично.
Стварно е ова? Подземјаш бил гостин во школото. Болно друштво,тоа е. На 100 метри од школото има мурал на Ратко Младиќ човекот кој го нареди геноцидот во Сребреница. Родители кај кои вакви личности беа херои ги воспитуваат денешните генерации деца.
Да де, јас го пишав тоа. Мислам дека не ме разбираш. Не знам зошто се пронаоѓаш и пишуваш во име на сите? Дали им ја знаеш ситуацијата на другите? Ок, ти си била булингувана рецимо во права смисла на зборот, има дел што ќе пише па и јас бев булингуван па ништо не ми фали, и тие се или небулингувани, или некој некогаш нешто им пререкол и мислат тоа е тоа. И не не е само до булингот, ама многу работи почнуваат со него. И тој факт често се занемарува.
Повеќето од децата во денешно време се растени без љубов и внимание од родителите. За родителите е се’ поважно од децата. Дај го мобилниот, таблетот, пушти му цртан на тв и “нека крши глава”, буквално. Носи го по дневни престои, други да го воспитуваат и да го учат додека родителите се во трка за пари, кариера или којзнае што друго. Тоа дете, заради недостаток на внимание, ќе почне да прави работи за да им падне во очи на околината. Ќе малтретира други деца, ќе прави глупости и ќе му се качува на глава. За него не постои авторитет, родителите дома потфрлиле, па сега од наставници ќе се плаши ли? Во случајот малтретирано ќе е дете кое од дома е научено да биде мирно и да не се расправа. Да биде љубезен и културен. И ќе трпи булунг, ќе трпи и трпи, неспремно да возврати со иста мера бидејќи од дома не е воспитани да биди дебил. Ќе кажува по родители, по психолози и педагози ама сите ќе креваат рамена и ќе ја префрлаат топката од еден на друг. И ќе пукни. Собирај, собирај и ќе експлодира. И ќе дојди или до самоубиство или до ваков масакр од невидени размери. И кој е крив сега? Немам дете ама многу се плашам во иднина од генерациите што идат, се полоши и полоши се. Според мене голема грешка е да се воспитува во денешно време едно дете да е мирно, тивко и културно, затоа што повеќе такви вредности не се почитуваат. Најправилно е да се воспитува да не почнува прво да се расправа и да не малтретира невини луѓе. Ама, ако некој му прави нешто лошо, да му врати со иста мера, никако да трпи само за да испадне културен и добар.
Не лупајте за Кристијан Голубовиќ дека бил гостин. Бил во школото затоа што снимале спот за црни церак (српска рап група) човекот си бил за работа таму, глумел професор во спотот. Сега ајде се поврзете со настанов, може и он му рекол на детево земи метак у чело на сите и реши проблем. Премногу преувеличувате и си додавате, без да знаете некој работи.
Очекувано беше дека сега на повеќето деца, дали што трпат булинг или слично дека овој масакар ќе им биде ветер во грб да постапат исто. Господ нека ги чува сите, и да не се повтори, иако чисто сумјам.
Па кога реков поназад ептен се уфилмани децава денес, кул е да си негативец, така ги учат медиумите… не било така ми рекоа. Еве сега десетици илјади деца го величат на нет, помалите го имитираат, херој им стана. Ама ангелче бил… не како кукле беше де.
А зошто па ти па минимизираш? Бил во школото и да, се дружел со децата. Небитно дали држел предавање или само неформално разговарал со нив поентата е дека осуден затвореник и криминалец со тапија доаѓа во училиште и се поставува како да е идол на деца Имаш и видео од негов инста профил каде што ги снима децата во клупи додека он е со нив во училна. Стварно не ме занима од која причина бил таму, не смее таков профил на луѓе да биде во школо, во училна со деца. Не знам дали вие разбирате.