Родителот е крив ако не го чува пиштолот заклучен. Еве ти викам имам блиска во полиција што работеше и ми кажувала колку им е строго со оружјето и за службени оружја и за приватни.
Треба да се погледне малку поголемата слика. Прво прашање ми е како едно дете 7мо одд знае да ракува со пиштол и притоа да го наполни и да пука ? ( испукал мимимум 17 куршуми ) Второ прашање ми е неговото психичко стање ? ( Кога би упуцал само еден човек ти следи шок и застануваш, а ти да продолжиш масакар да направиш без око да ти трепне поготово на овие год сигурно нешто не е како што треба )
Не е само тоа, како тоа дете знаело да репетира и да полни шаржер на пиштол? Како воопшто некој имал желба да го научи?... Зашто која е потребата...
Безбедно да, да не се плашиме дека некој ќе ги изрешети заради кец по историја. А дека булингот ќе престани, ни било некогаш, ни ќе биди, за жал. Не само кај нас, секаде. Јас децата ги учам дека некои деца знаат да бидат сурови, и да не се потресува, да не дозволи да допира тоа до неа. Еднаш во паркот дојде ќерката со плачење оти некое дете и рекло бебе, мажот ми и вика - што не му ја шлапна една. Ете така се создаваат одмаздољубиви деца. Му се развикав за лошиот совет, и му реков такво нешто не сакам да слушнам повеќе. Јас и објаснав дека треба дека не треба да допира до неа тоа.. и објаснав со неколку зборови, и така се смири ситуацијата. А со мм се разбравме за во иднина да не дели такви совети, оти не е само тој, секој втор родител би рекол така, и затоа ќе има вакви трауматични ситуации. Треба да се гради самодовербата кај децата, не да ги учиме на уште повеќе насилство. А дека булингот ќе исчезне некогаш, многу тешко подобро да ги учиме децата да се справуваат како што треба оти бегање од тоа нема.
Па тоа ми е прашањето. Јас сум 33 год и како прво појма немам колку куршуми може да собере во еден пиштол. А не пак како се полни, како се репетира, како се држи, нишани итн . Ти да упукаш 9 луѓе мора да знаеш да го користиш тој пиштол, односно како се држи и нишани, а притоа рака да не ти се тресе иако гледаш како убиваш деца.
Сега ја следев прес - конференцијата и згрозен сум. Детето со себе имало пиштол земен од станот на татко му и 4 Молотови коктели. При влезот во училиштето веднаш пукал во чуварот и 3 - те дежурни деца коишто само мирно седеле (со што ги убил), по што се упатил во училницата по историја (попатно повторно го наполнил пиштолот со муниција) каде што час имал неговиот клас (VII²), директно пукал во наставничката, по што почнал да пука и во соучениците, потоа излегува надвор и се предава на полицијата. Она што особено ми ја заледи крвта е дека детето има листа на ученици коишто планирало да ги ликвидира, плус скица на училници во кои треба да влезе, редоследно како што планира и со наведени класови кои би имале час во училницата. Сликите од листата и скицата ги објавија на прес - конференцијата, планирано било да упадне во 5 - 6 одделенија. Сето ова да го направи дете кое уште ни нема 14 години е... не знам. Убил чувар, 8 деца родени од 2009 до 2011 од кои 7 девојчиња и едно машко, повредил 6 други деца од кои 4 машки и 2 девојчиња плус наставничката по историја која се бори за живот, заедно со две други деца.
Баш Мене еве искрено ми е страв пиштол да држам. Би сакала да пробам да пукам ама нели на стрелиште пред очи на инструктор. А вака нема шанси. Језа ме фаќа дека некого ќе повредам или себе. Не па стварно да испукам. А посебно дете. Нема шанси ладнокрвно да отидеш да убиеш 10 души ама да ти било од булингот само. @Ahoy според пишаново не е само од булинг Некој во афект изнервиран од булинг очекувам да вика или најмногу удри шамар или бокс. Не плански цел масакр да изведе
Сташно. Ова крвта ја заледува. Поновиве генерации од 2007 нагоре општо се позовриени, далеку далеку пораспуштени од сите граници. Без разлика кој бил поводот и причината за ова. Тешко за родителите.. Тоа што ни беше чудно што се дешава во големиве држави, сега и овде стана реалност..
Znaesh deka ako neshto ne znaesh,ima koj da prashash-Google,YT,taka da Sepak stanuva zbor za dete koe pokazuvalo solidni rezultati vo shkolo i na natprevari Ako znae da reshi zadaca matematika na natprevar,mislish problem mu e ova da go nauci? UZAS e se shto imam da kazam
Лоши оценки, исмејување од соучениците, проблеми во семејството и сл. не смеат да бидат оправдување за ваков масакар. За секој проблем има решение, ако личноста побара помош, само изгубениот живот не може да се врати. Бог да ги прости починатите.
Страв ми е да видам пиштол а не па да користам... не сакам воопшто ни да пипнам нит па да знам нешто во врска со пукање.
Да ама треба да го има пиштолот во рака да научи на него, за да може да знае... сигурно не го фатил сега пиштолот.. не знам УЖАС е мал збор.
Или - чекај тато да ти покаже како се пука со пиштол пошо треба да си муж, а ние алфа мажјаците не се заебаваме, сите имаме по некој пиштол по дома.
Гледам и јас сега прес. Значи месец дена се спремал за ова и имал список кого сака да убие. Две три анкетирани деца рекоа дека бил мирен, културен и дека трпел булинг. Веројатно ги таргетирал тие што го малтретирале. И да, во Србија си има строги правила ако сакаш да поседуваш оружје со дозвола. Моја роднина по смртта на сопругот го подари пиштолот на полицијата, да не се замара со процедури. И Балканот стана небезбеден. Во Црна Гора на 500 метри од мене од возило во движење пукаа и убија криминалец од некој си клан. Балканот има доста проблеми, уште ова му фали.
Видеата со мали деца од 3-4 години како пукаат со пиштол на прослава(пример слава) сте ги виделе? И со натпис син на татко, да се знае што е маж и слично Ете од таму знае. Немам друг коментар за оваа трагедија.