1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Масакр во училиште во Србија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ahoy, 3 мај 2023.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.706
    Допаѓања:
    274.034
    Психопатија не се дијагностицира кај бебиња, тодлери, дечиња. По пат да си кажеме. И нема терапија за психопатија, такоѓе.

    Не знам како замислувате дека изгледа психопат, ама ај погледнете наоколу, веројатно некој најбејзик лик е. Не расте рог на сред чело.
     
    На sj *O*, dipsidipsidipsi, VDT2906 и 9 други им се допаѓа ова.
  2. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    4.104
    Пол:
    Женски
    Те читам повеќе пати раша зошто не го преместиле во друго училиште?
    Дали си свесна дека детето така се чуствува дека е поразено? Дека победиле лошите ?
    Уште повеќе психички запаѓаат така.
    Не сум паметна што е најсоодветно решение во ситуација на малтретирање на дете, најискрено.
    И јас како тебе размислував , сега како мајка го потврдувам дека би превземала во свои раце ако нема реакција од надлежните.
     
  3. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    3.648
    Пол:
    Женски
    „Ме казнуваа кога бев дете и добро ми е, ништо не ми фали,“ рече човекот кој секојпат кога ќе направи грешка, за себе го мисли и вели најлошото како облик на самоказнување.

    „Кога ќе станев хировита како мала, тогаш татко ми ме заклучуваше во соба да учам сама. Затоа сум тоа што сум денес,“ рече жената која пати од анксиозност и не разбира зошто толку многу се плаши да биде во мали простории.

    „Кога имав напади на бес, родителите ми велеа дека ќе ме остават и дека ќе ме дадат на непознат човек. Сега тоа ми е смешно, па сигурно немам последици,“ рече жената која постојано моли за љубов и простува неверства и непочитување, само за да не се чувствува напуштено.

    "Доволно беше да ме погледнат родителите и да знам колку е часот. Затоа сега сум човек!“ рече жената која не може да воспостави контакт со очите со лица со авторитет, без да се почувствува посрамотено.

    „Како мал добивав ќотек со ремен и денес сум добар човек, успешен и вреден,“ вели човекот кој комшиите го пријавиле во полиција поради пијанство и физичко насилство врз сопругата.

    „Моите родители ме тераа да го учам она што може да ми донесе добра заработка и благодарен сум им за тоа,“ рече човекот кој сонува за викенд во текот на цела недела, бидејќи е очаен што секој ден прави нешто што не го сака.

    „Кога бев мала, ме тераа да седам мирна додека не ја изедам целата храна во чинијата, а некогаш дури и насилно ме хранеа – не беа вака попустливи како денешните родители, имаа став,“ рече жената која не разбира зошто храната ја користи како утеха и има пореметување во исхраната.

    „Благодарен сум им на мама и тато за секој удар и секоја казна, бидејќи да не го правеа тоа порано, којзнае што ќе беше со мене денес,“ рече човекот кој никогаш во животот немал здрави меѓучовечки односи и неговиот син го лаже бидејќи му се плаши.

    И така... одиме низ животот, слушајќи ги луѓето кои тврдат дека се добри луѓе без трауми, а парадоксално, живееме во свет полн насилни и ранети луѓе.

    Ова е за сите оние кои велат "и јас трпев билдинг па види ништо не ми е, ни психолог ни психијатар не ми треба, супер сум си" .
     
    На Lianna Anna, Lovebug01, Bezimenka90 и 25 други им се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Никогаш нема да прифатат дека нивното дете е були и му треба помош. Бидејќи се полни со самоувереност и е срам за нив да се признае дека потфрлиле.

    Не сум видела до сега мајка да рече “син ми треба да посети психолог” нема да го чуеш тоа никогаш, никаде.
     
    На Harper, Lianna Anna, Bezimenka90 и 11 други им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.706
    Допаѓања:
    274.034
    Знам. Како општо слепило и глупавило да ги фаќа.
    Девојчето за кое што зборев, децата што ја малтретираа беа викани кај психологот. Џабе беше затоа што немаше соработка од родителите.
    "Ај бе деца се" и "Да бе, она фина, сите лоши, како да не".

    Нема опоравок од тоа. Кога ќе сносат последици прво родители, па деца, можда.
     
    На Bezimenka90, smooch, sj *O* и 8 други им се допаѓа ова.
  6. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.524
    Допаѓања:
    38.737
    Пол:
    Женски
    Треба да се зборува за се и да се сменат многу работи и треба никогаш да не се повтори ова, ама дека причините ја намалуваат монструозноста на стореното не треба ни да се помисли.

    И да многу сме почувствувале булинг, некои сме биле и сиромашни во детството, сме немале за нова облека, за велосипеди, за одмори и ни се потсмевале, мене конкретно за акни во пубертет како лепрозна ме третирале и не ми пукна филмот да убивам луѓе.
    Како може да се споредува булинг со тоа што родителите си ги немаат повеќе децата живи, никако во мозокот не ми иди.
     
    На MeowMeow и Black girl им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.706
    Допаѓања:
    274.034
    Не се споредува и не се оправдува.
    Ниедно дете овде не е криво.
    Родителите на сите се.

    Што и да му направат на Коста, еве сите тукашни не помалку монструозни идеи да се исполнат, освен одмазда за овој случај, ништо нема да се случи.
    Само ќе покажеме зошто постои "Коста". Од нас искачаат тие "Коста".

    Прашањето е превенција. Оти лек нема. Ништо нема да ги оживее децава. Ниедна одмазда. Ниедно насилство кон Коста ниту од гроб ќе ги стане децава, ниту ќе спречи во иднина сличен настан.

    Тоа се зборува. А не дали мене ме закачале или не како мала.
     
    На Harper, Lianna Anna, Bezimenka90 и 12 други им се допаѓа ова.
  8. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.000
    Допаѓања:
    117.337
    Пол:
    Женски
    Па нормално да ја затвориме. И на слобода да е и во психијатриска болница да е и во затвор да е и на клада да е, на оние 8 фамилии шо децата не им се вратија дома од школо ич нема ништо да им смени и не знам шо не ти е јасно.

    Го жалат дека бил мета на булинг, а девојчињата што не му вршеле булинг дека за ич ништо црви ќе ги јадат под земја не ги жалат.

    Да се чуди човек :puke:
     
    На M.B., Bitter-Sweet, crimson и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.961
    Допаѓања:
    13.679
    Ама нив во афект ги убил па ти. Му пукнал филм и не гледал кого убива. :x
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.706
    Допаѓања:
    274.034
    Ако најдеш вакво мислење во цела тема од кого било, посочи.
    Бидејќи ја читав од почеток пред да коментирам, вакво мислење не видов.
     
    На Harper, Lianna Anna, potatoface и 14 други им се допаѓа ова.
  11. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    20.540
    Пол:
    Женски
    Не дека сум за строги казни кон децата, да не ме разберете погрешно... ама па и од овие неказнуваните, разгалените, што мислат дека никој не им може ништо и дека се светињи - многу арни испаднаа.
    По муабетов горе испаѓа дека никакви граници не смее на дете да се поставува? Ремени, шамари не признавам... ама може бе луѓе да има некаква средина на работите? Како претставувате се црно и бело - то е.
    Од една страна остај ги децата што сакат нека прават, да се изградат во свои личности... од друга страна - леле разгалени дечишта насекаде, родителите се им дозволуваат нема никакви граници.
    А пример да збораме дека ќотекот дома не е во ред... ама и почит и граници треба да се има?
    И јас ги учам да јадат мирно на маса, и да учат на училиште, некогаш и со сила домашно ја терам ќерката да напиши. И да, кога се треска малиот од земја за глупости, доволно е некогаш да го погледнам само да знае дека претерал. И шо сега?
     
    На MeowMeow, VDT2906, Bitter-Sweet и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.870
    Не треба ние на улица Каме да ги дијагностицираме.
    Не треба ни да знаеме дали е психопат или не човек што може да го сретнеме на улица.

    Детето е дел од образовна институција со педагози, психолози и просветни работници кои тоа буквално им е пола ако не и цела работа. И има родители кои може не можат да го дијагностицираат, ама треба да се заинтересирани за отстапките во однесување кое детево очигледно ги имало. Значи не било интроверт, интроверти се многу деца, а особено тинејџери. Детето било изолирано, проблематично, според ова што читам стварно очигледно било дека нешто не штима. Дури и само булинг да бил во прашање и со тоа може да се работи и да се научи човек да се бори за себе на неесктремни начини.

    Иако секое дете е индивидуално, раст и развој, психички и физички можат да се следат кај секое дете и да се забележат проблеми или отстапки и да се работи на нив.

    Ама Балкан е ова, кој родител ќе си признае дека детето му е за на психолог. Тоа за возрасни е табу тема, не за деца.
     
    На Lianna Anna, Bezimenka90, tanjaaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. LanaDelReyQueen

    LanaDelReyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    За ова и јас зборувам.
     
  14. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.901
    Допаѓања:
    25.540
    Пол:
    Женски
    Чекајте луѓе , тука има многу работи кои влијаеле на ова што се случи .

    Голема трагедија за " убиецот " , убиените , ранетите , родителите и сеопшто за нас како народ . Бидејќи ова што се случи во Србија , не ја засегнува само Србија како држава , туку цел Балкан . Искрено сите сме мање више тука некаде со менталитетот , законите ни се многу слични , системот закржлавен и тука и во Србија . Мораме системски да менуваме се од корен .

    Момчето пријавило булинг кај директорот , кај психологот и ништо не направиле ! Во најмала рака требало да ги известат родителите на тие деца кои му вршеле булинг . Знам , и јас кога учев бев во слична ситуација . Никој ништо , ама баш ништо не презеде . Јас имав среќа што кога го сменив класот , навистина ме прифатија во новиот клас . Никој не ми вршеше булинг таму . Затоа и успеав да го надминам тоа . За жал ова младо момче ја немало таа среќа .

    Послушајте го видеото на Магични Видео на јутјуб , бидејќи подобро објаснување за тоа како функционираат институциите во Србија , ќе добиете од него кој лично се нашол во таква состојба - да сака да убие други луѓе . Дечкото отиднал на психолог , и она што после објаснување на неговата ситуација го добил како понуда е - сакаш лекови или не сакаш ?

    Ова ли е институција ? Ова ли се смета за психолог ? Пу . Срам да ни е !

    Дајте луѓе додека не се случи вакво нешто и кај нас да менуваме нешто додека е време ! Ве молам обратете внимание на децата , што гледаат , со кого се дружат , дали трпат врсничко насилство , ако треба заканувајте се директно на родителите кои му вршат булинг на вашето дете .. Јас лично го сторив тоа ! И не се каам бидејќи имаше влијание тоа , детето не доаѓа дома нервозно веќе ! Повторно би го сторила истото ако треба .

    Не е само момчето од Корчагин , не е само Коста , не е само Алекса ( момче кое поради булинг се самоуби пред неколку години , исто така во Србија ) .. Сите наши деца , па и деца на нашите деца во иднина се засегнати ! Мора да се воведат казни кон деца кои вршат булинг ! Не да добиваат булинг за возврат , бидејќи сепак не знаеме и самите низ што минуваат . Да добиваат казни како на пример до крајот на годината да прават редарство во училиштето , без финансиски надоместок .

    Родителите изјавиле дека пиштолот бил во сеф . А што ќе му е пиштол на еден доктор ? Да му беше професијата полицаец или војник , ќе разберев ( и за тоа нема оправдување ! Маж ми е специјалец , па не носи дома никакво оружје ! Се знае каде му треба истото , на работа ! Не дома ! ) , ма да и во тој случај , не требало детето да знае како да го отвори сефот !

    И конечно , психолозите да си ја сфатат сериозно својата професија , а не да се оградуваат кога ваква трагедија ќе се случи ! Тогаш секој знае да каже дека не е виновен , дека не знаел . Аха , да . Сите знаеме , но молчиме ! Сите сме виновни , за секоја една невина солза !

    П . С . Сочувство до семејствата на децата кои настрадаа , до семејството на чуварот , до сите оние кои некогаш изгубиле близок поради булинг ! Потфрлуваме како нација и тоа е се поочигледно !
     
    На sj *O*, FridaodaMk, VDT2906 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Dilajla123

    Dilajla123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2022
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    1.372
    Пол:
    Женски
    Сакав да ставам мислење ,ама Јоци на фб го напишала веќе она што јас сакав да го напишам,да не преземам прочитајте.Симптоматично е и што убиени се девојчиња.Овој случај може да покрене верижна реакција на психопати, да ги разбуди демоните,тоа највеќе ме плаши.
    FB_IMG_1683209447797.jpg
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.706
    Допаѓања:
    274.034
    Генерално си во право, но сепак детето до сега било мирно - никој не го пријавил за насилство, учел, немал проблеми со поведение. Од она што знаеме ние нели.

    Самиот се жалел дека го мачат, затоа го преместувале, носеле на психолог итн.

    Значи зборувам за она што е забележано како факт во школото и полиција. Плус изјавите на учениците дека бил мирен и не се закачал.

    Да не зборам дека е толку изолиран случај на ваков outburst на детско насилство, не се памти на овие простори, уникатен случај е.

    Тука се неговите најнајнај виновни, од достапноста на оружје (ниедно дете не смее да има), до тоа што бил учен како да користи оружје, до тоа што месец дена дома спремал молотови и никој не видел :^)

    Да се неписмени родителиве па да ги лажел хемија проект прави, ама двајца научници дома (без оглед која дома), и двајцата к*р ги болело уствари.

    Колку и да се работи со деца, за дете да добие "тапија" психопат, буквално треба нешто вакво екстремно да направи. Не е баш "дијагнозичка".
     
    На Harper, senjorita-v, VDT2906 и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.775
    Допаѓања:
    40.575
    Пол:
    Женски
    Психотерапија, колку толку нели?
    И не мора рог нели, се подразбира што збориме, ама во склоп на семејството може да се забележи дека нешто не штима или промени во однесување. Ама знак прашалник е и тие какви биле и колку биле вклучени во неговиот живот.
     
    На Bezimenka90, sj *O*, VDT2906 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.762
    Допаѓања:
    41.724
    Пол:
    Машки
    Денес:

    • Објавени скриншоти од пораки на Коста до својот другар, каде го најавува своето монструозно дело;
    • Ученик од Бихаќ најавува слично дело;
    • 9 - годишно дете од основно училиште во Белград има список за ликвидација исто така, училиштето подолго време има проблем со него (при секој влез во училиште детето симулирало како пука во обезбедувањето). Мајката вели дека детето само си игра.
    • Малолетник од основно училиште во Обреновац утрово после едноминутното молчење извадил пластичен пиштол, при што покажувајќи му го на другарот мафтал со него кон другите деца.
    • Ученичка со нож нападнала ученик и професорка во средно училиште во Белград.
    • Во основно училиште во населеното место Калуџерица близу Белград, ученик ги имитирал постапките на Коста Кецмановиќ, по што е повикана полицијата и други надлежни служби.
     
    Последна измена: 4 мај 2023
    На Harper, MeowMeow, Bezimenka90 и 16 други им се допаѓа ова.
  19. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.385
    Пол:
    Женски
    Ма немој
    Ќе се осеќал поразен
    Абе ја ако сум нормална и гледам дека не превземаат ништо, ќе го отпишам
    Еве сеа он ги порази трајно, 9 души у ГРОБ. Со камата им врати
    Ама сеа, освен психопат е и сериски убиец
    Е тек сеа колку нејминг ќе јаде и ремет
    Па да го видам следно шо ќе напраи
    Бомбашки напад?
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  20. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.000
    Допаѓања:
    117.337
    Пол:
    Женски
    Каква психопатка човече :doh:
     
    На sunshinebabe, Feminka22 и Ahoy им се допаѓа ова.