Јас се надевам ќе извлечат поука. Ама според "вознемирената" ако како неа реагираат, моево кротко јагне, твоето е никакво, можеме само да чекаме следно.
Господ на помош, што да речам. Новото КУЛ кај децата во Белград. Ете не го жалете детето, си постигна цел - ете не е повеќе малтретиран, ХЕРОЈ е...
Се слагам горе долу, ама реално мораш да признаеш дека мора да има нешто заради кое што детево воопшто можело да изврши убиство со предумисла. Значи, како да кажам, мораш да го имаш тој левел на насилство во себе, стекнато или не. Не ми се допаѓа мене лично тој наратив на тоа дека детево е жртва. Тој може да е жртва на недостиг на воспитување, ама на на тие години поприлично добро знаеш да расудуваш добро и лошо барем за вакви екстреми. Значи не може така да го апсолвираме од одговорност, пошто во тој случај треба да апсолвираме од одговорност и други 17 годишњаци што силуваат деца. Пошто реалноста е дека и они со причина станале такви, може и они доаѓаат од проблематични семејства. А од друга страна имаш деца со проблематично детство кои не станале насилници. Значи нешто има. И секој, па макар и детево, треба да си сноси последици за своите акции. Не можеш да усмртиш во 10 минути толку луѓе, притоа планирано и после да речеме епа жртва е. Оправдување нема, детево нема да има пристоен живот и тоа е во ред, пошто не треба ни да помине ова како ништо да не се случило. Човек, па макар и дете што извршил масовно убиство нема ни како да го реинтегрираш да живее нормално, пошто како ќе знаеш дека на следен тригер нема да убие пак? Ама очигледно е дека има системски проблем, ама дали е решлив во земји со толку потонато општество како Србија, нас, Босна итн, не знам.
Добро еве да речеме Коста бил малтретиран од врсниците и тоа е тригерот да направи нешто вакво.Што е со другиве деца,со коментариве на тикток,со поддршка,креирање страници, лајкови??Генерацииве се катастрофа а родителите не се ни свесни какви деца (не)воспитале,колку само се незаинтересирани,не ни знаат децава што пишуваат на социјалниве мрежи они за мама и тато се ангелчиња.
Додај го и ова на листата https://makfax.com.mk/svet/region/поранешна-ученичка-со-нож-нападна-уче/ Како сакате вртете го, шо сакате анализирајте, ова е регионална криза и треба многу внимателен менаџмент. Да, во комунистички манир, кој верувале или не, функционира на трулиот запад, и се вика - истрагата е во тек, разлаз. Овде од клик-бајт, од желба за популарност, ќе се развлекува и мултиплицира приказната до 1001 и назад. И да, насилство раѓа насилство, медиумски популаризирано насилство прави ехо ефект и случаите може да се множат наместо да се стави крај. Ако има некој памет, да си го стаи прстот на чело не ќе биде лошо. И еден господ да ви ги изварди децата деновиве.
Ту мач Џокер, без да се сфати поентата на филмот. Што е иначе екстремно добар филм. Само што гледам дека и во темава кога се спомнува, возрасниве не го сфатиле, не па деца. Хинт, Џокер е антагонист.
А од каде знаете дали стварно го малтретирале? Може има нешто ко шизофренија и замислува или преувеличува ствари. Мислам, очигледно нешто му фали. Познавам деца на таа возраст (нормални нели) што од желба да се популарни и прифатени од сите (секој си има своја екипа, не може да си замислиш дека припаѓаш во едно друштво и само таму да ти е фокусот), секоја мала негативна реакција ги боли да срж. Сакал пример во друштво со фудбалерите да е или тие што свират гитара и ако не го прифаќат во екипа се му личи на булинг. Е сега помножи го тоа чувство со некаква дијагноза и ете ти. Само опција, кога веќе сите си кажуваме свои верзии.
Е така де... оти ова никој точно не го знае. Знаеме колку што има records и изјави на други ученици. Нема белким цело школо да вика ама мирен беше, ако бил насилен. Нема логика зошто би викале дека не бил проблематичен самите деца.
Истово и го реков поназад. За ова конкретно дете нема "назад". Нема реинтеграција. Иако дише, самоубиство си направи. Да дојде ден да биде навистина свесен, нема да може да живее сам со себе и ќе биде суициден (и веројатно веќе го посматраат и од тој аспект). Никој не бара "да му простиме". Туку да дознаеме ЗОШТО, со цел да превенираме. Не станал сабајлево ај од разонода ќе си играм Кантер. Сите фактори ќе се испитаат, назад од ова за никого, ни за него нема, поентата е како да не се повтори. Дури поназад напишав дека иако сурово, "подобро" ќе било да впери пиштол кон полиција и да го ликвидирале. За ова дете животот е завршен.
Зошто ви е поприфатливо дека бил малтретиран, а не и психопат? Зошто потреба да му се оправда и релативизира тоа што го направил? Двете опции се можни и двете може коегзистирале. Можеби бил малтретиран и избегнуван од деца и немал пријатели, затоа што не бил ок и првично он не се однесувал нормално, што е многу веројатно. Што ако бил одличен ученик, тоа нема врска со карактер, впрочем скоро сите психопати имаат високо IQ и се мирни и тивки. https://www.momjunction.com/articles/signs-of-psychopathy-in-kids-causes-treatment_00762512/
Имам едно комшивче такво, мало е уште, ама не знам како ќе биде поголем кога ќе е. Кога го чував секој ден со плачење идеше, ќе го прашав што е, ќе ми кажеше некои банални работи - децата ми се смееја оти ми се потроши тетратката. Кои деца ти се смееја, сите? Да - сите. Како бе ти се смееја? Така оти ми се потроши тетратката. А чекај, другарите тој и тој, ти се смееја? Не не тие не ми се смееја. А другарките тие и тие? Не ни тие не ми се смееја. А чекај уствари кој ти се смееше и како ти се смееше... за на крајот да испадне дека нема врска муабетот, никој не му се смеел, тој така си замислил. И тоа уз муабет онака другарски ќе го земев да дојдам до информација. И да - секогаш беше преувеличено, и секогаш на крајот испаѓаше дека не е ништо страшно или воопшто не се случило. Не дека не се дешава, ама низ разговор секогаш треба да се утврди дали децата поради ниска самодоверба си замислуваат дека некој им се смее, или вистина е (не зборам за екстремни случаи на булинг, со тепање, вреѓање и сл). И на ќерка ми и се има случено - првите денови на училиште иди ми вика сите женски ми се смееја. Како, бе мама... шо ти рекоа? Ништо, ама ми се смееја. Тебе ти се смееја? Ами не знам, седеа и се смееја, мислам мене ми се смееја. Покажуваа на кај тебе? Ти рекоа нешто? Гледаа во тебе? Не, ама се смееја, јас не бев со нив, значи мене ми се смееја. Па така почнав почесто да работам на самодоверба со неа, оти не сакав да мисли дека сите неа ја мразат, или ја понижуваат, оти реално, не е секогаш така.
А што е со оние деца ,што си го одзеле животит поради насилници во школо?!Никој не родил дете некој да му пресуди така,ама па и не родил дете ,да му го малтретира некој и да лечи комплекси од дома.Се почнува од дома!!! Додека опоравдувате насилници, безобразни деца и им давате ветер во грб ќе има вакви работи.Сите на темава што имаме деца ,треба да се преиспитаме.А не моето е ангелче....ама го гуши детево од одделение "остај хиперактивно е " Имам братучедка 14 години,сакате да кажете дека е ок да џапа по 4 ракии на екс?!Такво и било друштвото,ако не била и она ќе била глупа.Од малечко и попуштаа.Нема никаква почит спрема нив дома.Ова е колективен проблем.Не е само роди го остај го само, или да ги дичиш неговите глупости. Разговор, блискост, љубов и потпора,критика кига ќе згреши.Ретки се децата што се раѓаат со арушена психа, обично стануваат такви од средината.Може и да измуслуваат и глумат жртви...може и се жртви а ќутат...Зашто ние сме потфрлиле.
Затоа што тоа децата до сега го изјавуваа. Не излегоа да речат чуден беше, напорен беше, ваков или онаков. Децата сами велат дека бил мирен и повлечен, одличен ученик, не закачал никого. Допрва ќе испитаат што и како, ама зборуваме што знаеме до сега од луѓе што имале интеракција со него.
Абе тоа-сите деца вака, сите деца ова она...перцепцијата на реалноста им е таква, и едно да е, ако е тоа едно во нивни очи битно, станува сите. Тешка работа е одгледување дете, потешко од тоа нема...и затоа се тие деца, а за нив (би требало да) се ОДГОВОРНИ возрасни.
На крајов ќе излезе дека си замислувал булинг според муабетиве ваши. И не само он, туку и соучениците негови што даваа изјави исто замислувале Колективно лудило
Еве јас имам над 30 години и знам за најмалку два смртни случаи на дете од огнено оружје од пред 20-ина години. Едното детенце го погоди куршум испален при прослава на нова година, другото беше убиено од другарче што играло со службениот пиштол на татко му. Мене ми има залутан куршум направено дупка во колата пред 15 години, среќа па ме промаши. Така да не ми го правдајте оружјето. Тоа служи само за една работа - да убива!
Па и тие деца сметам дека останале пропуштени од родител некаде. Иако звучи сурово. Како може да не знаеш што ти се случува со детето во школо, има видливи знаци на дете кое трпи булинг и со такво дете треба да се работи и да се ескалира ситуацијата кај надлежни / неговите родители / професори. Да се побара помош. Да се работи со тоа дете. Па ако ми го малтретираат детето сигурно нема да седам со скрстени раце и да чекам некој друг да го реши проблемот. Ама не е секој за родител. Исто знам дека звучи брутално ама вистина е, сега кој сака да си признае само.
Абе и пред неколку години тој што уби 12 соседи исто во Србија го кажуваа за мирен, се чудеа како извршил такво дело.