Масакр во училиште во Србија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ahoy, 3 мај 2023.

  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.975
    А кажаа децата дали бил малтретиран?
     
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.720
    Допаѓања:
    274.050
    Абе да, тоа и го кажувам, зошто ми е поверојатно дека не бил "напорен". Оти децата не го опишуваат како таков.
    Допрва ќе ги испитаат сите и нивните интеракции.
     
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.720
    Допаѓања:
    274.050
    Да. Пред камера. "Знаеле дека бил закачан".
     
  4. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    957
    Никој не го оправдува, туку го разбира зошто тоа го направил. Може да бил малку поразличен од другите, но со помош на булингот му се активирала некоја жичка која била фатална. Како и да е, свесно не сакате да прифатите дека булингот е доста штетен за една беспомошна човечка единка. Не само што она директно се гледа како исход треба да се казнува. Многу е подлабок проблемот од тоа "будала убил 9 души". И во Америка секој втор ден има такви масакри. Не затоа што така им текнало, туку дека системот им е за никаде. Кога гледаш нешто дека е карактеристично за одредена група на луѓе, сметаш дека систематска е грешката, а не инцидент. Убијците се само производ на повеќегодишно малтретирање кое не можат да го издржат.

    Упорно фокусот е врз самото дејство, наместо да се погледне наназад и да се види што довело до тоа. Самото дејство не е ни толку трагично*, кога ќе видиш уствари дека ова е тек почеток, и допрва ќе станат нормални вакви појави.

    *не ја намалувам сериозноста на проблемот, споредувам со тоа што не чека во иднина.
     
    На deniz333, sj *O*, IRBBB и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.975
    Мирен однадвор, во глава лудница. Којзнае какви филмови вртат дури ќутат.
     
    На sj *O*, senjorita-v, VDT2906 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.359
    Допаѓања:
    9.321
    Пол:
    Женски
    Социопат и психопат не се исто.
    Психопатите се тие што немаат емпатија кон другите, но и те како имаат емоции ...кон себе на пример. Нарцисоидноста е честа кај нив.

    Слушнав дека се пријавил во полиција зошто чудно му било неговото сопствено дишење и тоа и го кажал и на полицијата. Мислам дека повеќе се пријавил од грижа за себе него од грижа на совест.
     
    На sj *O*, senjorita-v, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  7. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.487
    Пол:
    Женски
    Не дај Боже да е мое или ваше дете. Тогаш нема да бараме и најмало оправдување за детето, први овде ќе сакаме да го уништиме. Верувајте нема да размислувате исто како и сега, со ладна глава.
    Не барам никакво објаснување во оваа злодело, и не сакам да чујам. Сфаќам булинг ама има многу решенија подалеку од убивање невини деца и чувар за кој сите имаат само пофални зборови. Сите тие деца некој ги чекаше дома.
    Нека им е лесна земја:u:
     
    На mkdvesna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    20.540
    Пол:
    Женски
    Taка е... и разговор, многу разговор. Да се испита ситуацијата, да се разгледа од сите страни, да им се објасни. За тоа сме ние.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.840
    Допаѓања:
    25.752
    Пол:
    Женски
    Разбираме булинг, ама разбираме и дека масовно убиство не е решение и не би направил некој со нормална психа. Ги има многу како него, гледаме еве по коментари и видеа.
    Да го жалам? Немам намера. Ако му работел мозокот толку добро и детално да испланира ова све, можел да му проработи и да размисли два пати дали е ок тоа што го планира. Ама не направил тоа, знаеш зошто? Зошто е болен.
     
    На Pixi5, MeowMeow, azelea и 9 други им се допаѓа ова.
  10. butterfly_91

    butterfly_91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2020
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    После трагедијава ,се што било гној од тоа школо ќе исплива ,а се молчело.Од директор,наставник,психолог,
    родители...Ќе испливаат и кај нас.Сите премолчани случки на пријавувани насилства.
    Брат ми во средно бил рекетиран од багабонт ,што паѓа три години по ред.Мислите само он бил ?!Не ,и сите други помирни деца.Добро е што мајка ми ,примети дека нешто е чуден.Не кажал му било страв.Багабонтов носел и нож.Со такви насилници укор и разговор е помината работа.Родителите дигнале раце ,или не се замарале.
    Треба овде да се уведе закон, да работат како отплата на штета.Нека собира ѓубре ,чисти улици, илислично.
     
    На sj *O*, IRBBB, ZAHRA и 3 други им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.720
    Допаѓања:
    274.050
    Не дај Боже сите викаме.
    Ама Коста не е дете на ванземаљци.
    На родители како многу други е.

    Колку сте сигурни сите дека не чувате иден Коста и колку нема да го бесите, колете, влечете со коли, уништите, смачкате и не знам уште што.

    Баш родители треба да стават прст на глава и малце да мрднат од тоа "моето е најдобро на свет и најангелче".

    Може баш твоето е сурово и ужасно, ама не гледаш.

    *не е лично за тебе.

    И точен пример дека не сите родители знаат/мислат најдобро.
     
    На sj *O*, senjorita-v, IRBBB и 9 други им се допаѓа ова.
  12. notloyal

    notloyal Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2023
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Страшно е што се случува. Ние што сме тинејџери моментално растеме во систем на испревртени вредности, каде секој пробува да се покаже кој е и што е, да издоминира над некого... Не само што симулирале ваква ситуација, туку и почнале и видеа да снимаат како "демек" се убиваат во училница меѓу себе, не знам дали го видовте видеото, ако го најдам ќе го прикачам. Веќе се случи тоа што се случи, луѓето наместо да покажат малку емпатија, тие сеири си тераат со оваа ситуација, а некој дома плаче за своето чедо, братче, сестричка, другарче.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.885
    Допаѓања:
    36.639
    Пол:
    Женски
    Screenshot 2023-05-04 at 17.13.21.png Screenshot 2023-05-04 at 17.13.16.png
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.385
    Пол:
    Женски
    Знам знам
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    8.428
    Да не се коментирало на темата, немало потреба од анализи.

    Точно, бидејќи во пракса и традиционално прифатливо ни стана ученик да се самоубие и мирна глава на сите.

    Досега колку деца и таму и тука се самоубија. Тоа е тоа буткање под тепих, што сега за жал се случи да ескалира вака во спротивна насока.

    Сите возрасни, родители, школо, наставници, педагози се одговорни. Правењето деца ради реда и не замарањето со истите треба веќе да се искорени.
     
    На Bezimenka90, sj *O*, IRBBB и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Keiner

    Keiner Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2018
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Што е вистина, си доживеала ли лично булинг па вакви изјави да даваш? Очигледно е дека не си, не сум ни јас ама затоа знам како ја малтретираа сестра ми во основно и што се поминуваме дома. Никој не седеше дома со скрстени раце, правеа нашите се што можеа, одеа по сто пати кај психологот и кај директорот во школо и немаше апсолутно никаква реакција. Ги викаа и родителите на тие што ја малтретираат ама џабе и они не можеа да си ги средат децата дома. Неколку пати ја спасивме сестра ми од самоубиство, замисли што ќе беше поради нив стварно да се самоубиеше... Или пак да се исклучеше и да фатеше некој додека ја малтретирал, да го ударе со стол или друг предмет и да му се случеше нешто, кој ќе беше во оваа ситуација крив, пак она нели (а не тие што секој ден психички и физички ја малтретираа)? Не сум за некој да изврши убиство ама исто така и не сум ни за некој постојано да врши булинг врз некого и да го правдаме дека нема никаква вина..
     
    На Lianna Anna, Bezimenka90, sj *O* и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.778
    Допаѓања:
    22.839
    И тој што убиваше кучиња во Струга му имаше пукнато филмот.
    Тоа не беше решение, нели луѓе сме со разум.
    Епа и ова не е
     
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.720
    Допаѓања:
    274.050
    Никој не рече дека е.

    Едит.
    Со тоа што заборавате дека Коста е ДЕТЕ.

    Значи ДЕТЕ што уби ДЕЦА.
     
    На IRBBB, Medea. и JuLleE им се допаѓа ова.
  19. notloyal

    notloyal Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2023
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Ги видов и јас сликиве на тик ток, искрено да не се повторувам од претходниот пост. Наместо да се оддаде почит кон починатите кога веќе никој ништо друго не може да стори во моментов, децата мајтапи си тераат и кажуваат кој бил крив кој не. Повеќе виновници се во оваа ситуација точно, но главниот виновник е вршителот на дејството. Веќе после тоа се отвараат повеќе дискусии за тоа низ што се поминувал, како бил воспитуван, што му се случувало.
    П.с повеќе ми е верно дека сликиве се препраќани меѓу деца или некој што си има спам профилче ќе си направи еден разговор сам со себе, па за да собере некој лајк повеќе ќе шири дезинформации. Знаеме дека секој може по 2 профила да отвори на инстаграм, повеќе не би да дискутирам.
    Ако е за верување дека навистина бил малтретиран тоа е од изјавите на други ученици пред камера. Сликиве ништо не значат, може да се од било кого.
     
  20. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.798
    Допаѓања:
    25.952
    Пол:
    Машки
    Голем дел од напишаното не ти е точно. Многу ретко жртва на булинг кажува дома дека е жртва на булинг. Како дете бев многу мирен, и дома а и надвор, не ми се слушаше глас. После којзнае колку време трпење кажав дома, кога веќе ми беше страв дека ќе премине вербалното во физичко, се возевме со ист автобус секојдневно. Зошто не кажав? Оти ми беше срам. Не требало да ми биде срам, ама тогаш мојот мозок не функционираше на ист начин како сега. Некогаш вербално малтретирање боли повеќе од физичко, и не секогаш можеш да познаеш дали на твоето дете му се случува нешто такво.
     
    На Lianna Anna, Bezimenka90, sj *O* и 10 други им се допаѓа ова.