Масакр во училиште во Србија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ahoy, 3 мај 2023.

  1. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.762
    Допаѓања:
    41.724
    Пол:
    Машки
    Чекај чекај, разбирате зошто е НАПРАВЕНО масовно убиство на деца, другарчиња, соученици? Планирано детално како терористички напад? Сериозно?

    Што знам, тенка е линијата од разбирање до оправдување. Јас не гледам што е за разбирање, ќе беше за разбирање и ќе го разберев прв јас, не знам... да се степаше, да турнеше некого во афект, да искршеше инвентар во школото, ама да убие? И тоа не еден, 9! И тоа не случајно, напротив, планирано. Ладнокрвно, тактички и максимално прецизно. Со претходно потсмевање дека ќе им приреди изненадување кое мисли дека ќе им се допадне, односно пиштолот кој го фотографирал и пратил.

    Не е виновно само детето, ама не се ни виновни (само) загинатите.
     
    На MeowMeow, Lianna Anna, Bezimenka90 и 18 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.720
    Допаѓања:
    274.059
    Јас поинаку го сфатив мислењево.

    Причини - последици.

    Со тоа што сите причини не ги знаеме, ама разбираме (сфаќаме) дел од причините што довеле до последиците.
     
    На sj *O*, IRBBB, Medea. и 2 други им се допаѓа ова.
  3. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.487
    Пол:
    Женски
    Не знаеме дома што им се дешава. Може се многу добри родители или па се најлоши. Секој родител треба да почне од своето, да, ама да пазиме нсшите да не настрадаат зашто некој не пазел на своето. Треба да збориме со децата пред да биде доцна. Кога веќе се случат вакви работи не барам објаснување, требало да биде посветено внимание на тоа пред трагичниот настан. Колективно се криви, и детето, и родителите, и наставничкиот кадар, и сите можни.
    Невини деца умираат, можеби никогаш ништо лошо не направиле, ама животот им е скратен, заради туѓи "проблеми" и фрустрации
     
  4. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.732
    Допаѓања:
    8.948
    Пол:
    Женски
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ivanamackica

    ivanamackica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2018
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    1.053
    Пол:
    Женски
    Малиов не е арен психички и тоа е факт! Кој бре при здрав разум би направил убиство, би ги убил своите соученици и некои од вработените, ни криви ни дужни луѓето??? Па згора на се уште планирал малиот месец дена унапред како да го направи тоа. Трпел булинг... И ја сум доживеала булинг бе, кога сум била мала и сеа што? Нека скапе во затвор за малолетници или во психијатриска установа!!!
     
    На Anamaria1, LovelyGirl3 и Misskirova им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.720
    Допаѓања:
    274.059
    Да де, тоа и зборуваме.
    Само што во "замислете да беше вашето" пробај замисли "вашето" да е Коста.
    Оти не е невозможно да ти е баш твоето болно, насилно, сурово.

    И може се' ќе направиш на светов што знаеш, пак нема да спречиш хорор.

    Затоа велам полека.

    Како сведок на најмалку 30 пара родители што беа слепи за суровоста на сопствените деца, не би се согласила дека се нешто премногу свесни дека баш нивното е "лошото".

    Да се убиеше сам себе ради нечие туѓо дете, ќе го бесевме булито? Ќе го каменувавме? Ќе го запалевме?

    Наместо да се свестите дека децава имаат паралелни животи, ајде да го утепаме Коста и викаш, ќе го решиме проблемот? Нема да се повтори?
     
    На sj *O*, senjorita-v, IRBBB и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.762
    Допаѓања:
    41.724
    Пол:
    Машки
    Каме не мислам дека си во право.

    Не можам да прифатам дека има толку "добра" (мех, не ми текнува посоодветен збор) за извршување на убиство/ убиства, планирани и организирани. Да, самоодбрана може да биде, ама во изолирани случаи каде директно е загрозен животот, ама и тогаш исклучиво во афект кога се работи за живот или смрт. Тука не било така, не било во афект, тука се планирало месец дена, ако не и повеќе. Тука не се работело за живот или смрт, тука детето живеело, постигнувало успеси, може да се забележи дека имало и другари, а веќе е познато дека имал и девојка, која го оставила, што е пак нормално.

    И терористите што го извршија нападот врз Кулите близначки сигурно имале причина зошто го направиле тоа, можеби и тие не биле прифаќани и биле исмејувани како припадници на вера, раса или нација, или пак некои други сосема (за нив оправдани) причини. Истото важи и за други извршители на убиства, сериски убијци и терористи. Ама барем јас не сум сретнал дека некој ги оправдал или разбрал.
     
    На MeowMeow, Lianna Anna, Bezimenka90 и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.778
    Допаѓања:
    22.839
    Све океј бе дечки ама никогаш за фемициди или силување не сум сретнала вака да разглабате причини и превенција.

    Океј не оправдувате. Ама зошто тогаш не се вртат истите муабети и за други дела?
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.305
    Допаѓања:
    11.694
    Пол:
    Женски
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.720
    Допаѓања:
    274.059
    Можеби погрешно му го сфаќам мислењето негово, зборувам за себе.

    Ако бараш причини не значи дека емпатизираш или оправдуваш. Бараш причина, корен, за да спречиш или препознаеш.
     
    На Lianna Anna, sj *O*, IRBBB и 3 други им се допаѓа ова.
  11. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.000
    Допаѓања:
    117.339
    Пол:
    Женски
    Ми замрзна крвта нек си еби матер све :|
     
    На ZAHRA, Just.do.it, Feminka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.540
    Допаѓања:
    121.322
    Пол:
    Женски
    Ова ќе биде малку подолг пост ама ова е само мое мислење.

    1. Се ова се случува во едно основно училиште кое е Огледно, т. е училиште во кое се учи и зборува на француски, во кое не се работи по наставни планови како во другите училишта и во кое не може да се запише секој. Учат деца на доктори, бизнисмени, новинари, јаки фаци, или што би рекол Вучиќ creme de la creme на српското општество. Во кое булингот од секогаш бил присутен и толериран.

    2. Децата кои го малтретирале 90% биле нечии деца и што мислите, колку тие деца биле казнети? Па побогу таму учи ќерката на Зоран Кескич кој го ренда Вучиќ на национална тв и никој не му може ништо. Да е неговото дете були ( што не велам дека е), мислите дека ќе биде казнето, или тате ќе среди да помине со Па деца су то.

    3.Таткото на Коста е страствен собирач на оружје со дозвола кое го чува дома. Го носи својот 13 годишен син на стрелиште и го учи да пука. Извори од стрелиштето велат дека бил страшно прецизен. Дома е растен во духот дека секој мора да има оружје, дека тоа е најнормално.

    4. Веќе посетувал психолог. Психата му била нарушена, таткото не го тргнал оружјето од дома и покрај тоа што син му е лабилен макар за негово добро да не се убие.

    5. Детето е опседнато со серијата Purge во која постои еден ден во годината кога можеш да убиеш кого сакаш и да не одговараш за тоа.

    Имало доволно знаци за родителите да видат што се случува со детето, да спречат вакво нешто.

    Детето прави план, родителите имале месец дена да видат што се алучува со детето. Цртежот и списокот најдени се во неговата соба. Зашто никој не ги видел?? Оставени биле на бирото.

    Така да Коста е жртва на родителите посебно татко му кој буквално го учел како да убие човек, на школото, на системот на се. Ја обележи и сестричката која била во истото училиште кога он пукал. Мајка му исто. Цел живот ќе биде мајка на убиец..
     
    На Lianna Anna, sj *O*, senjorita-v и 9 други им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.720
    Допаѓања:
    274.059
    Затоа што е дете.

    Ајде пак.

    ДЕТЕ.

    Зошто тоа што силуваше 13 годишното не е исто со 23 годишен силувач? Или исто е?
     
    На sj *O*, senjorita-v и Medea. им се допаѓа ова.
  14. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.279
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    Пред 15 години да се случеше ова, сигурно ќе се проговореше дака е можеби и секта во прашање, дека некој го инструирал, дека е можеби програмиран да предизвика ваква трагедија. Врвни невропсихијатри и криминолози ќе истражеа, Србија има кадар обучен за тој вид на злосторства.
    Но, денес веќе нема секти, тук таму Јеховини сведоци како за потсмев.
    Каде исчезнаа хмм?

    Детево одело две години на airgun тренинзи со татко му, одлично било за ослободување од стрес....во стрелана само неколку пати да си ја потврди обуката.
    Можеби не сум видела, излезе ли директорот на училиштето за елитни, психологот, педагогот...нормални училишта ќе распнеа, овде се акцентира нешто друго.

    Додуша секогаш постои варијанта дека е психопат и готово....
     
    На IRBBB, VDT2906, Tajnaotrovna и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.778
    Допаѓања:
    22.839
    Ама и силувачот бил некогаш дете, малтретиран, и све тоа. Рајт?
    А после само пораснал во таков човек.
    Не е дека на 20 години автоматски стануваш добар човек колку и да си имал срање детство
     
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.720
    Допаѓања:
    274.059
    Мислиш нема причина што децава немаат деловна способност?
    Да ги викнеме да гласаат ако не.

    Дете или маж, исто се фаќа.

    Не зезај.
     
    На sj *O*, senjorita-v, An-na и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    957
    Да, разбирам, бидејќи кога си подолго време во агонија, бес, лутина и страв, можеш да направиш незамисливи дела. Еве, тебе некој да ти убие близок, нема да направиш сѐ што е во твоја моќ за да се одмаздиш? Не сакам да дојде до тоа, ама одење од институции до институции не е решение во тој случај.

    Најлесно ќе беше да се убиеше сам - тогаш ќе имаше некој статус срцепарателен и тоа е тоа. Вака сега е осуден од цела јавност, без да се види целата слика, и причината поради тоа до кое довело ваков масакр.

    Не знам како да ви спореди човек, не е црно или бело, многу нијанси на сиво е случајот.

    Ќе направам глупа споредба, ама некој може ќе ја долови поентата. Ако јас лично убијам 5 луѓе, би направил помала штета отколку да исфрлам отровни супстанци во вода/воздух. Така индиректно ќе убијам/отрујам 100-тина, а ќе влијаам штетно по здравјето на илјадници. Е истото се случува и со булингот. Нема директни жртви, ама се уништуваат животи за навек, и тоа кај илјадници луѓе, секој ден, во светов. Не знам како ова не го разбирате :)

    И вие прво би ме осудиле за убиство на 5 луѓе, отколку за труење на илјадници.
     
    На potatoface, sj *O* и Medea. им се допаѓа ова.
  18. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.778
    Допаѓања:
    22.839
    Ама и овде збориме за 14 години, не за 5.
    На 14 можеш сам да остануваш дома, да си правиш веќе јадење, да шеташ сам надвор.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.720
    Допаѓања:
    274.059
    13 има, нема полни 14.

    Колку и нашиот силувач.

    Дали стварно мислиш дека нема разлика меѓу мозок на 13 и 23 годишен човек?
     
    На sj *O*, senjorita-v и Polyincognito им се допаѓа ова.
  20. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.840
    Допаѓања:
    25.752
    Пол:
    Женски
    Се вртат за жал.
    Го изневерила, ја убил - коментарите: ако, заслужила.
     
    На sj *O*, KateKane, crimson и 2 други им се допаѓа ова.