Оф мори мајко. Дечки, ви го разбирам јас понесот, ама дури и Законот ќе ги разгледува сите факти оти некој многу попаметен од вас еднаш решил дека подобро е да се разглабаат сите можни фактори на влијание што предизвикале такво девијантно однесување, за во иднина да знаеме како да ги препознаеме, како да им пристапиме и како да делуваме, место само да ги покриваме со бел чаршав. Утре тоа дете и тие деца може да се моите, или било чие ваше дете, за вас најлесно е дај фрлај во зандана или на клада, шо има врска што ќе немаме поима што може да е тригер за идните генерации, и само ќе го продолжуваме циклусот на тотална и апсолутна небезбедност. Сме го тупеле. Допрва ќе го тупи Законот, властите, експертите и институциите оти гес ват, така е правилно. Оти да го имале убаво иступено до сега, многу работи ќе беа превенирани и немаше да бидат толку раширени. Сеа место да се молиме сите засегнати да го иступат многу убаво, за нашите деца да растат побезбедно они би све тоа да се прекрати оти тој веќе убил. Каква логика! А забораваме уште колку има меѓу нас што секојдневно им се затега тригерот околу врат и не знаеме во кој момент ќе прснат. Никој не го оправда и никој не рече дека убивање е решението ставете си го тоа во главите. Мајки сме поголем дел, морате да сфатите дека целото зло на светов не може да исчезне и инциденти секогаш ќе има, ама се додека не го санираме коренот, последиците ќе бидат со многу покатастрофален исход. Не туку само си меткајте под тепих оти сите имаме некој Коста во близина.
Го вртиме истиот муабет од завчера Џабе е сега, сторено е веќе. Сега мора да се согласам дека на институциите НЕ им е гајле ако си малтретиран, или имаш насилнички тенденции можеби и самоубиствени, пак нема да им е гајле. Бар кај мене во градчево е така. Оди на психијатар жали се ова ми е она ми е, имаш пет реда муабет, штрак дијагноза дека си депресивен и апчиња голтај си. Не те шибаат. А за школски "психолози" не ни зборувам. Џабе плата земаат. Како пример земам искуство свое, сигурно негде подобро е.
Има. Онака цели науки постојат. Не случајно. И затоа не можам и не сакам да споредувам возрасни луѓе и деца.
Зашто мислиш дека детево на 23 би бил нормален ако сега не е? Ако не булингот, шефот ќе го испровоцирал утре
За тука уште нешто, не сум пукал со пиштол, ама од туѓи кажувања и видено, тоа е оружје кое не е така лесно за контролирање и држење во рака, зборувам за возрасни луѓе. Сакам да кажам дека за да 13 годишно дете биде способно прво физички (а и ментално секако) да држи и ракува со такво оружје е потребен дебел тренинг, не три одења во стрелиште. Плус детето колку и да е физички силно, не може туку така да земе и прецизно да усмрти 9 лица на лице место уште при прв истрел, мора да е тренирано ептен добро, не 3, 13 пати се малку.
Апсолутно се сложувам. Мене пиштол да ми дадеш ќе се стресам цела, ќе го фрлаж далеку од мене, а детево мењало шаржери како професионалец.
Тоа и ја се чудев Имам држено и Глок и Валтер неколку секунди, рамото ќе ми се откачеше Поготово шо пиштолите тресат кога пукаш, ти иде нагоре Со мушки сум се тепала како крава, и пак ме болеше раката. И тоа на 19, 20 год Која сила ја има дете од 13год да испука факинг 57 куршуми???
Ти направи споредба со тој таму кучиња што убивал. Јас ти викам дека не можеш маж со дете да споредуваш, ти дадов посоодветен пример за споредба. А што би било кога би било не знаеме, единствено знаеме дека ќе било единствено правилно да не чувале дома оружје, ниту "здраво" или "нездраво" дете да знае да го користи.
Читајте го ова https://twitter.com/paxstappen/status/1653896209537417217?t=1eb1dkpwqiCD9jv3LA2qxA&s=19
Тикток колку и да сакав да го забранат претходно, може е добра идеја. Сами си се кажуваат будаливе. Добро е да знаеме, да ги избегнеме.
Истото ко ја шо реков Дека тие шо го малтретирале, иако не е океј, биле ДЕЦА не е исто ја сеа со 20 пуни да ве рендан вакви такви, пошо сум свесна дека некоја од вас може да се утепа. ама они не се
Зашто пубертетска реакција за таа возраст е да удри бокс, да скрши нешто, или слично. Ова апсолутно не е резултат на незрелост или избрзана реакција.
Мхм, примерот со соученичката моја. Не беше наглува, огромен диоптер носеше. И така се' фино "ама деца се" некои 3 години, додека не "полуде". Среќа па немаше пиштоли, со моливи ги гаѓаше. После само бегаа од неа, и повеќе збореа, ама беше "лудачата" па барем ја избегнуваа.
Да де Феминке, сите се деца. Деца убиваат деца. Деца мачат деца. Деца се самоубиваат ради други деца. И така.
Па не мислам дека ќе земам да правам скици и да анализирам кого, кога и како да убијам. Бес и лутина не траат долго, месец дена сигурно не. Тага трае, ама не ја гледам како повод за сериско убиство. Плус тука не се работи за ништо такво какво што опиша, туку за малтретирање, поточно исмевање на дете, кое верувајте, иако не сакав да споменувам, добро знам што значи бидејќи сум го осетил на своја кожа и тоа не еднаш, не двапати, туку цело основно образование од старт до крај. Исто така дома имав и лице со службено оружје, ама ниту знаев каде е (и ден денес не знам каде било, ниту каде е сега), ниту ми било споменато дека постои, ниту пак сум се интересирал, а скраја да е да ме носеле да учам да управувам со истото.
Па и децата што го задевале се деца. Може и нивното потекнува, има влијание од некаде. Зашто за неговото убиство се бара коренот ама за нивното малтретирање не?