Токму тоа ми е поентата, откако бидна бељата, сите знаат кој е психопат, а кој не. Тоа не е моја дијагноза, жената во видеото искоментира дека родителите биле ептен фини и за ништо не биле криви, а он си бил психопат. На тоа се надоврзав.
По се' што се случува во светов,не е ни чудно и ова да се случи. Детето очигледно имало некој поголем психички проблем,а освен тоа колкава ретарда треба да си да направиш листа за да пукаш луѓе без причина. Од друга страна,може и тие децата што ги убил му правеле булинг,го исмејувале,па затоа ги убил. Гледав дека некои правеле римејкови на настанов(демек како изгледал)и не се единствени.Во нашето училиште сите велат дека би било убаво да се појави некој таков па да не одиме во школо.Исто се збори дека со право ја убил наставничката по историја и дека истото ќе би го направеле на негово место.Кои ретарди.
Како не се бара? Кој не бара? 45789499 пати кажавме во темава не бидете сигурни дека децата не ви се малтретирачи. Ако се, треба да се работи со нив. Дома може се срцки, ама во школо хорор нечиј да се. Само што децата што се булис, 99,99% од времето се од родители булис, па оди ти на таква гнида родител докажи дека детето му има проблем со понашање.
Зли се децата. Зато и не сакам да имам. Утре ќе ме убие оти не сум му купила нешто. А и порано често ме закачаа на улица иако бев 20, 21 год. Зли. Воспитај го како сакаш, не можеш до толку да му навлезеш во психата. Хммм...
ај да одиме постапно гледам сите лошо ме сфаќате 1)булинг не е океј. Ама за жал секад ќе го има. Секад еден ќе се најде најпаметен и ќе пљука 2) децата треба да се учат дека е океј коа сме различни 3)ако веќе има булинг негде, треба да се реагира. А не ,,деца се ќе помине'' 4)ако школото не реагира, ИСПИС 5)убиство не е решение за булис факинг деца се аманте луѓе не е исто коа Трајко 40год ќе ја силува Петранка 35 год и она ќе реши да му ги стаи муките децата не сфаќаат тоа нивно јадење трици дека може да дојде до ова ама, големо ама е сите шо заборавате дека малиов није арен. Едно е да си љут и да се степаш, да напраиш пакост овде збориме за СЕРИСКИ УБИЕЦ и терорист у покушај. пошо за мене, не е нормално 13год дете, не малтретирано, какво сака нека е, да му отиде мозокот толку далеку, молотови коктели да праи прво сам може да се запали
Имаше некаде изјавено дека посетувал психолог редовно. Ако да, каков е тој психолог што не можел да забележи какви намери имало детето, а тоа е баш негова работа? 1 месец само го планирал ова, а сигурно со месеци, и години тлеело во него. Како може никој да не забележал?
Ај малце олабавете со ова сега. Партизан е службен стрелачки клуб, си постои стрелачки спорт, Федерација, Репрезентација, впрочем нашите единствени Олимписки медалисти се стрелци, и замисли, цел живот тренираат, и никому не паднало на памет да пука во други луѓе. Во стрелачкиот спорт постојат кадети, јуниори и сениори и да, се почнува со тренажен процес од 7-8 години, некогаш и подоцна. Стотици илјади спортисти во светот ракуваат професионално со воздушно и оружје од мал и голем калибар, Партизан како клуб има репрезентативци и светски медалисти и никој никого досега не убил, иако знаат како се ракува со оружје и не, тоа што тренираат стрелаштво (олимписки спорт) не ги направило убијци. Впрочем јас сум порасната на стрелиште Партизан (кај што сега чмае Сити Мол), знам да ракувам со оружје до 25м и еве, уште никого не сум рокнала.
Види дури и да приметел психологот, она што кажав поназад, со сила не те оправа и не ти помага ако сам неќеш.
Незаконско е колку што знам деца да се учат да ракуваат со огнено оружје, поправи ме ако грешам. Дури и да одат на часови, да речеме, апсолутно е незаконско и ван памети дома да чуваш оружје на дофат на дете.
На 19, 20 години си се тепала со мушки?! Уау... зошто? Треба да те осудиме дека нешто ти фали? Заради родителот. Зошто луѓето во униформа имаат поголема свесност и ги едуцираат своите деца. Разликата е во родителот, а не во детето. Запознавање на оружјето го губи љубопитството, последиците од истото исто така. И не го користат како начин на "јачање" на детето, туку сооосема обратното. Инаку, ќе те корегирам - во Македонија има неколку самоубиства на деца на луѓе во униформа. Така да... Твоето копање по кутрите деца те прави без почит и емпатија. Од вчера играш детектив и споделуваш четови. Ова тебе ти е забавно?! Тие луѓе се во траума во моментов, процесираат уште во себе...
Тоа сакав да кажам, да, ако отидеш на стрелиште, прво те учат на безбедно ракување и однесување во стрелиште од затворен/отврен тип и те учат како да ракуваш со оружје. Меѓу другото, во Србија е прилично популарно стрелаштвото, имаат многу силна репрезентација, одлични клубови, па една Јасна Шекариќ е прогласена за спортист на минатиот милениум, и е стрелец со спортски пиштол.
Како не? Првична работа на психологот е да го увиди психичкото здравје на пациентот. Ако увидел дека има тенденции за убиство, дека е психопат, а имал, тоа се гледа сега јасно, требало да реагира понатаму, да го префрли случајот до психијатар, да се спречи со време и да се пристапи по алгоритам за такви случаи. Ова е огромно потфрлање на службите. Огромно.
Другово не ти оправам, ама малиот не е сериски, масовен убиец е. Чисто да знаеш дека по дефиниција не се исто.