@Feminka22 Сакаат да ти кажат дека кај тебе се познава, а и сама имаш пишувано честопати за агресија, ќотеци, пичке материне...дека, си дел или си била дел од проблемот - проблематична младина. Ок, не сте убиле никого, не ќе мериме сега се во масивни убиства, ама сте биле дел од срање што сами сте го предизвикале. Вие сте дел од тие насилници за кои тука збориме.
зашто? Првиот ќутек го изедов у градинка, 2 недели на попара со конци во устата 4-5 години у основно психичко и физичко малтретирање Пробаа на 17 год да ме злоставуваат Напад од крадец Закани по живот од бифшиот шо исто не е добар ко малиов Ме имаат до дома следено Ме имаат надвор следено На улица манијак ми има доено Среде бел ден сред Центар исто пак манијак Шо мислиш, зашто? Дали мислиш дека мене ми е убаво секое сабајле коа станувам и не знам уше шо може да ми се деси Кај мене е доено до степен да се плашам од сопствената сенка А не да праам скул шутинг
Вежбал или не, небитно. Што е базата е важно, последицата е последица. За болдот, не е точно, има таленти повеќе од што мислиш. На второ гаѓање, успешно погодив мета со поголем калибар повеќе пати, понатака само ми стана рутина. Не беше среќа, туку некои луѓе имаат таква способност, од лесно фаќање тежиште, до предвидување на движење на мета. Истите тие се и добри спортисти каде што треба да погодат гол/мета и слично. Не ме прави психопат кој вежбал со цел. Небулози пишувате. Родителите, училиштето - толку. Класична психоза како последица од нешто. Нештото е важно. Дај молим те, виктм шејминг... глупости во боја. Сите деца се важни во ситуацијава. Родителите и училиштето, тие се виновни! Толку! Со се родителите на останатите деца, не само неговите. Се додека вака правиме, нема трајно да го решиме проблемот.
Ахаааа... значи си се спремала да се заштитиш. Еве, и јас сум трпела булинг, па никогаш не се припремав физички за одбрана. Што не било во ред со тебе тогаш? Поентата на ова е што сите различно трпиме траума... дец ит. Ти си влегла во анксиозност, тој во психоза, јас во физички болести од акумулиран стрес. А факторите се различни - семејство, пошироко семејство, околина, училиште.
Зар девојчево нема трауматски последици откако е ранета? Зошто објавува на тикток? Зошто не сфати дека е среќна што преживеала и можеби поинаку треба да гледа на животот и да не малтретира никого. Веома чудновато.
Молам???????? Дали тој психолог има написмено дека детето не било за кај него дека е за психијатар? Ако не одма да му се одземе лиценцата. И како така бе што му може он? Па затоа и низ 200 страници се врти тој муабет дека требало да му се помогне да се разговара. Значи одлучете се му имало помош или не??
Сите ние во некој момент сме биле испровоцирани па не сме зеле пиштол и да убиваме по ред. Детето е психопат. Нема што друго
Со мене не е во ред шо јас тоа сѐ го памтам. Али ја не сум го праела тоа за да идам и да ги тепам сеа тие шо ме повредиле или ме довеле во ваква состојба Него за не дај Боже, ако можам да се спасам колку можам Тоа и зборам Убивањето не е решение И ја сеа сите машки да ги убијам шо ќе напраам? Ништо
Го видов на тикток јас. Ќе пробам да го најдам пак. Имаше коментари доле дека е точно... а ја имаше и на сликите вчера...
Требало да му се помогне. Многу битен фактор е дали детево сакало да си помогне, не знам колку пати да повторам.
Мајката на едно девојче кое било на списокот викаше дека тој доаѓал во нејзината куќа, дека бил разгален и слично. Зарем мислиш дека е нормално да одиш во куќа кај некој што те малтретира и притоа да го ставиш тој некој на список за убивање?
Боже мили, не ми се верува. Абе мое дете да е, после ваква објава ќе го искршам од ќотек без разлика што преживеало масакр. Не се арни децава. Не верувам дека е фејк, верувам дека на децава нешто им фали во мозокот.
Се пронајдов искрено, јас со едно апаратче бев и многу ме исмеваа, ме нарекуваа со секакви имиња, глува, требало да те абортираат, глупа. Татко ми ме зимаше и носеше во школо и тие ми се смееја за тоа. Ама истрпев многу, не ми доаѓаа налудничави идеи затоа што имав мајка која работеше со мене да го совладам тоа, нонстоп плачев, нонстоп под стрес. И додуша добивав ужасни зборови како дека се срамеле од мене, сум го срамела одделението, како не требало да примаат деца со хендикеп и такви мити ствари. Бев примерна ученичка со одлични оцени, не пиев, не пушев сонував за нормална средина, друшство и прифаќање. И да, многупати се запрашував што ми фали мене што ме двои од другите, често мислев дека Бог не ме сака мене, но на крајот сфатив дека не е до мене туку до нив и затоа денес ме молат да идам на годишнини од матура а јас учтиво ги одбивам. Она што сакам да кажам е дека не знам што носи животот и многу е болно некој да ти рече глув, дека е посвоен. Тоа се многу осетливи теми. Мојата мајка на родителска се жалела на класната, а класната повеќе ја тормозела дали имам вошки ( немав). Затоа велам дека проблемот е комплексен и влече корени, е сега коренот пораснал и време е да цвета. Едит: Често им помагав со задачи и ако добиев оценка поголема од нивната, ми се нафрлаа. Ако не знаев некоја задача нивна бев малтретирана. Ученикот што седеше до мене со сета сила ме заби до масата што не можев да дишам и ми рече “кучко за ништо не те бива”. Се сеќавам на сѐ. Кога бараме помош никој ништо, кога ќе се деси нешто упс ние криви малтретираните.