Остај, тоа е некоја нова христијанска доктрина- око за око, заб за заб. Абе сите даски ви се на број или ви фали некоја, м? Притоа-дисклејмер- претпоставувам дека комуницирам со возрасни единки овде. Ако не е така отворена сум да ви објаснам што ви е грешно во перцепцијата-како на мало дете.
Не знам. Јас имам против. Ама јас живеам во идеален свет, остај. Насилници имало и ќе има мислам. Разликата е дома. Читам некои членови не кажувале дома за булинг. Јас се им кажував. Мајка ми не отиде да се кара со никој. Ме седна мене и ми објасни дека јас сум убава, јас сум паметна и дека тие што не се убави во душа така прават. И ко почнав да ги игнорирам, не бев интересна. Престанав да плачам, да се карам, на сите им викав дека тоа го прават затоа што они не се убави. Не мислите дека ако некој направи ваков муабет со детето, дека тоа дете ќе се заштити и дека нема да стане Коста? Ако му кажеш на дете јас немам против да ги убиеш сите што те нервираат.... Прилично сигурна сум дека ќе го направи тоа.
https://centar.mk/blog/2023/05/04/v...htol-na-uchilishte-po-ednominutnoto-molchene/ Погледнете го видеото на твитер. Толку се изначитав коментари статии.... Баш и со колешките на работа разговаравме, покрај случкава и за случувањата со нашите деца на училиште... На крај се сложивме дека во времето коа "играше стапот" и беше строго децата беа попримерни, се знаеше кој е кај е и кого треба да се почитува и како да се однесува (мада и тогаш имаше исклучоци ама беа ретки и булингот беше минимален и без вакви последици). Кога почнаа "ќотегот излезен од рајот" да го сметаат за психофизичко насилство врз децата, се зголеми насилството на деца кон нивни соученици. Последицата од "мазење" на децата и влевање премногу самодоверба резултира со - јас сум главен мене сите ќе ме слушаат никој ништо не ми може ја палам ја гасам. Немањето време на родителите да се посветат на децата поготово во пубертетски години е најлошото нешто што може да остави последица кај однесувањето на децата. На ова ќе се надоврзам дека освен првично домашното воспитување и работата на родителот со децата, во училиштето треба да проработат и педагогот и психологот. Не се таму само за плата. Не може некој да трпи насилство бидејќи кога сме се пожалиле во службата во школото ни рекле - ај нека се трга настрана што да правиме тие се од висока класа да не правиме проблеми.... И друго, никако не ми е јасно како може родител, чие дете се задевало и притоа завршило кај службата, да се заканува. Значи штом е детето криво не може да го браниш. Значи на децата повеќе литература помалку социјални мрежи и работа и од дома и од школо. Само така може да се поправи општеството.
Е главното прашање што си го поставувам од вчера е дали службите во школо се како што беа некогаш? Нас кога ќе не пратеа кај педагог, скраја да е кај психолог да завршиш, абе таму држат лекции по 5 саати зашо си кажал нешто. Лично сум седела таму со дете што ме задеваше и му пееја убаво до расплакување на детево. А сега? Постои некој во тие кабинетите што си ја сака работата мме?
се сложувам. И јас сум одела. Ако нешто има прво и кажувам на учителката, таа реагира на родител. Ако се повтори за уши ќе не фатена и кај психологот/педагогот. Некогаш и директорот идеше. Ако го слушнеме зборот директор сите сме имале страв. Да не речам тие служби беа Господ за нас во школото. Па недај боже да дојдеше директорот во училница да те прозива и да те викне вканцеларија. Ова сега е башибозук
Westworld Season 1 и се ќе биде јасно. @Feminka22 Забранет е тик-ток во многу земји, затоа што претставува огромна опасност по националната безбедност. Софистициран сајбер криминал, меѓу другото. Кинезите се многу прљави.
За стрелање и јас сум вежбала по ОНО во прва средно. Дури и не оценуваа во зависност од прецизноста. За мајката која што се дереше на видеото јас сфатив дека нејзината реакција е предизвикана од натпис на кој пишуваше разговарајте со децата (веројатно така нешто колку што видов и разбрав). Сакаше да каже дека родителите на детето непотребно биле обвинувани, дека биле прекрасни, го растеле со љубов, внимание, разговори. Дека тој бил добро дете и дека тоа што ќерка ѝ пушела него му сметало со што сака да кажи дека бил примерно дете. Бил сакан и од девојките. Да не се обвинува системот, да не се обвинуваат родителите, едноставно тој бил роден психопат. Значи се било нај, од воспитување до однесување ама сепак имало некое зло во него што никој не го заприметив па ова се случило. Не верувам некој од страна да го знае цел воспитен процес на родителот и дали тој греши некаде или не. Вака надвор прилично сите родители делуваат ок, но колку време поминуваат дома со децата разговарајќи и колку децата споделуваат тоа не може никој да го знае. Сигурно дека некаде родителите потфрлиле најмногу, блискоста која еден родител ќе ја оствари со детето е најбитна, а таа се создава уште во градинка. @LiquidLuna Ништо не е исто со порано. Пак ќе речам до родителите е. Што ако дете е пратено кај психолог или педагог, а родителот не соработува, во денешно време не смее учителка лош збор да каже за нечие дете, нели нивното е се нај. Со таков родител и детето нема да сфати сериозно, немаат ни страв, ни авторитет им е важен. Во мое време зборот на учителката беше последен и родителите и децата ја почитуваат. Имам блиска пријателка учителка вика повеќето родители се вреѓаат кога им кажувам за некое дете дека е немирно на час или не учи, наместо да поработат на неговото однесување тие го креваат носот и го бранат.
Па службите порано и не беа ко што треба. Педагог и психолог беа казна. се закануваа,кој не слуша ке оди кај педагогот. И не мислам дека сега е различно. Разликата е што тогаш интернет немаше.
Се расфрлате со психолошки/психијатарски анализи ко да се имате обучувано. Јас што се образував за тоа не сакав толку да навлегувам во ова, ама не фемина експертите знаат се. Ќе прокоментирам скроз лаички и на база на претпоставки со оглед на тоа што се врти во медиумите, оти реалноста не ја знаеме. Како знаат дека 1 месец го планирал ова? Правење на листа од имиња, молотови коктели и оној цртежот за влезовите во училиште може да се направат во еден ден. Друга теорија, ако веќе планирал месец дена тогаш скроз ви отпаѓа теоријата на тоа дека бил во психоза па затоа се десило ова. Ако личност толку долго е во психоза шанса нема некој да не го забележи, а посебно па со оглед на тоа дека имал психолог. Не знам дали сте виделе личност што доживува психоза, ама колку и да сакаш да игнорираш некого шанса нема да ги пропуштиш знаците. Дополнително, психоза може да биде тригерната од стрес/непријатен настан. Е сега да одиме кон прашањето зошто психологот не забележал ништо? Многу едноставен одговор, затоа што детево е премногу интелигентно и како многумина кои имаат психопатски/социопатски тенденции може да го манипулира психологот. Законски, психолог/психијатар ако увиди дека неговиот клиент претставува закана по себе или по било кој друг должен е да пријави на родители/старатели/полиција. Најверојатно психологот не го установил ова. Друго што нејасно ми е, кружи на интернетов слика од наводен разговор на детево со некого, веројатно соученик дека се подготвува за напад и испраќа слика од пиштол. Зошто тоа дете не реагирало никако?(под претпоставка нели дека тој разговор е реален) И немојте да речете дека мислело дека е шала, fucking пиштол му пратил. Моја претпоставка е дека на детево со години му се собираат непријатни настани, има одреден тригер, има дома достапно оружје и се дешава тоа што се дешава. Дали е психопат можеме само да претпоставуваме, од тоа што се знае и е споделено до пред настанот немал никакви знаци кои укажуваат на психопатија, од типот измачување животни и сл. Тоа што бил мирен и повлечен искрено не значи ништо, еден куп деца се интроверти па не убиваат луѓе. Меѓутоа немањето емпатија, ладнокрвното убивање, делот кај што пријавил во полиција затоа што тешко дишел(нарцисоидноста и загриженоста за себе) се знаци кои може да укажат на психопатија. Верувам дека моментално е детално проучуван од колегите, се надевам дека ќе има извештај што ќе ни ги разјасни нештата. И уште нешто, и во Америка а сега и тука, се прави глорификација на убијците. И потоа како последица за 5 минути слава и внимание ќе се јават уште еден куп слични случаеви. Доказ се и денешните неколку случки со дојави за намери за пукање во школите од учениците. Наместо да се зборува за жртвите, толку многу внимание се посветува на убијците. И на крај за булингот, апсолутно се согласувам дека може да доведе личност до крах, посебно па младо дете. Меѓутоа секое дете е различно и не реагира на ист начин. Системот и те како потфрла со занемарување на менталното здравје на децата, меѓутоа и родителите си земаат премногу за право со лутење, викање и закани дека нивното дете никогаш не би постапило негативно, до степен што наставници/стручна служба не се ни осудуваат да им кажат за проблемите.
Како да не ))) Туку стана препопуларен. Опасност за национална безбедност? Како објасни? Тикток во моментов има најслободен говор, и пристап до многу информации. Зависи за што го користиш тоа ќе ти излегува.
Ама баш е сето горенаведено. Живеат во виртуелен свет. Кои вредности таму им се сервираат? Родителите потфрлиле. Тој па будалата што го носел на стрелање, тој, кои вредности му ги сервирал (мислам настрана од стрелањето)? Системот. Кој систем молим те, самата го опиша понапред. Булинг - кој не го доживеал, нека крене рака. Дали имал психички проблеми- дефинирај психички проблеми. Ништо од ова не е оправдување и се ова е испреплетено. И да го осудат и да не го осудат, никаков проблем не се решава. А проблем не да има, поголем од слон е проблемот. Е сега, како да не се повтори, како да не стане секојдневие? Ете, контрола на оружје-пеки, ама ножеви, камења, сите имаме, гледам и пристап до инструкции за направи-сам молотов коктел. Ако колективно е заебана психата на еден народ, тешко, многу тешко. За почеток, пак ќе повторам, да се прекине тој наратив крем де ла крем. Јеботе крем де ла крем, јеботе. Еве, ќе мислам уште... @Lilit аман со глорификација на тик ток. Прво, твојата перспектива не е иста со на дете. Второ, тик ток само надвор од Кина е без контроли. Ако можат кинезите да го лимитираат, ние што сме, експериментални глувци во обид за самоистребување?
Порано се знаело што е ред и поредок, дисциплина, постоело булинг но бил далеку помалце изразен од ова што го гледаме денес. Излегуваја здрави генерации бидејќи беа воспитувани во потрадиционален дух треба а школото беше прво дисциплинска а тек потоа образовна институција. Како што кажа кога ќе се спомнеше педагог или директор имаше страв и трепет кај децата а наставниците знаеја онака да удрат и по некоја воспитна ако нема ред и дисциплина во класот. Но знаеш што се случи после распадот на Југославија особено рани 2000дити влегоја овде разни невладини и соросоидни испостави и почнаја да вршат разни пропаганди како да си ги воспитуваме децата, не требало да се тепаат тоа било лошо по развојот, па детски права, животински права овакви онакви права плус наплив на озрачени деструктивни трендови од социјални мрежи,насилни игри, филмови, музика форсирање на децата на образование и притисок од родителите да учат... Сето зло од западот се инсталира на нашиве простори и затоа резултатот го гледаме сега.
Се додека се вработуваат партиски кадри- нема да биде како трева. Па и - родителите трчале по пари и кариера, децата биле запоставени. Пуфффф...по ЕГЗИСТЕНЦИЈА трчаат. Оти школувањето НЕ Е бесплатно. Само последниот месец не чинеше 2800 ден. Грото од родителите не прават купишта пари туку за гол живот печалат. Патем, каде имало петиција за блок ма тик ток?
Па не знам, јас кај што учев беа авторитет а не казна. Додуша кај нас психологот објаснуваше за менструален циклус кога почнаа повеќе девојчиња да добиваат, а педагогот им држеше лекции на машките како да се однесуваат спрема девојчињата ако им претече и слично. Да не им се смејат туку да им кажат, да ги покријат со дукс... Во случај дома да не им објасниле. Не викам дека сите деца го почитувале тоа и дека после тие лекции немало исмевање и слично ама додека тие луѓе зборуваа се ќутеше и се слушаше. Казна беше за тие што малтретираат, ама имаше и убави поучни работи од нив кажани. И со нас малтретираните се правеше убав муабет, и никој не ми кажал да вратам. Не знам што е правилно искрено ама знам дека душава ми е на парчиња од вчера
Забранет е затоа што им е страв од кинези for some reason. Истото и со Хуавеи беше. Ако забрануваа за дезинформации, први британскине медии ќе летаа.