Ц Од една, во друга канцеларија се шетаат за да им помине време. Ај, што не си ја сакаат работата, туку и добар дел од нив не се ни стручни. Нас психологот од училиштето на ќерката не „советуваше„ да ја префрлиме во друго одделение за да „проба„ како ќе и биде, можеби „ќе и било подобро„ Детево мое, експериментален глушец! Ај, ќе пробуваме Јас што не сум стручна, лаички знам дека со преместување во друго одделение само се казнува детето т.е истото се чувствува дека нешто згрешило. А тоа е така, бидејќи службите ниту се стручни, ниту сакаат, ниту пак се трудат да го решат проблемот. Во нашиот случај имавме проблем со настанвичката. Сега е подобро, ама тоа е така затоа што јас им дишев во врат. Буквално!!!
Тоа зошто е забранет е политика која не ме интересира. Тоа зошто треба да биде забранет, особено за деца е друга работа. А пошто ни од џеб ни в џеб, како општества, ич не ни треба. Акционерите нека му ја мислат, ние имаме деца за мислење.
Да, да апсолутно. Имам правено муабет со други на оваа тема. Во Америка кај тинејџери кои станала зависни од апликацијава им се јавуваат симптоми на психоза.
"Мајката на убиецот од документарниот филм ја изедначи со неговата, бидејќи веруваше дека „нема симпатии за неговите проблеми“. Всушност, тој сакал да страдаат мајките на неговите убиени пријатели, но и неговата мајка. Тоа страдање, како и плачот на исплашените и ранети деца, го гледал како еден вид надомест за неговата душевна болка." https://a1on.mk/region1/zhal-mi-e-s...to-koe-go-izvrshi-masakrot-ja-zaleduva-krvta/ Ако е точно ова, не знам само како излегуваат детали во јавноста кога се работи за малолетник и јавноста е исклучена, ама да кажеме точно е. Пишав дека, всушност претпоставив дека голема улога има мајката. Еве, сепак е односот со мајката.
Виртуелниот свет ке си остане, не може да се тргнат од таму. Телефоните никој нема да им ги земе. Јас на друго место го гледам проблемот. Воспитанието и примерот дома. И за емптијата. Ако не била “вежбана” дома ќе ја нема тоа дете. Така ќе создадеме и психопати и нарциси. Бев во воспитно образовна установа и во образовна. Разликата со поранешни генерации е што децата денес се воспитуваат поинаку од порано. Не смее наставник да ги погледне попреку. Родителите ги бранат и кога не треба,се нема авторитет, децата се родители на родителите. Ги учат да не почитуваат, не се дозволува дисциплина. Мали деца од 4 год нагоре не е*аваат никого, а родители молчат за да не им се наруши самодовербата и посебноста. Да газат преку други деца за да стигнат до целта. Се додека нашето е најпаметно,најдобро и најпосебно,а другите не чинат ќе оди возот во кукуруз.
Ми личи на сериозно психичко заболување, не знам, шизофренија. Ама покрај лекар дома да не приметат. И всушност он е гневен на мајка му и сака да ја казни нејзе и сите мајки. Зошто? На крај сепак родителите се најмногу виновни. За булингот, не знам, и децава ли лажат?
Сега кога прочитав и ова. Значи ако му се вистина тие искази. Се вели дека не е крив и не треба да одговара дека е дете, дека не е зрел итн. Ама дали едно просечно дете може толку мирно и ладнокрвно да поднесе крв, мртви тела, пукотници, ракување со оружје? Не верувам. Како за да биде крив е дете ама за ова се однесува многу поразлично од едно дете? Значи како да ви се каже дека дури и стварно да му дошло преку глава, нормален човек (тек па дете) колку и да неќе, од мртво тело пред себе ќе се шокира, ќе вриска. Нема лагано да продолжи да си пука. Јас тело од сообраќајка ми беше језиво кога видов, не па јас да убијам.
Очигледно со причина никој не го дружел, типичен психопат, како по книга. Штета и пропуст е што надлежните(училишен психолог, наставници) не го забележале на време и да се интервенирало.
O Боже, што прочитав замислете да успеел да го направи тоа што го намерил до крај ако е ова точно што го прочитав, ми се слоши... ептен се вознемирив.
Ќерка и била на списокот. Колку требало да заврши како убиените. Што и се случувало во главата во моментот кога ги гледала другите родители чии деца беа убиени. Пробај да ја разбереш. Во такви ситуации човек може да изгуби разум, не пак да внимава што зборува, посебно ако го познавала од претходно. Не знам, бура од емоции за двете страни. Дали можело тоа да се спречи и како?!
Има видеа по тик ток од соученици дека бил. Има и пријавувано. Сите знаеле. Ми се чини дека мајка му не верувала, не ги слушала неговите потреби и проблеми. Детето имало проблеми, очигледни. Сакал да ја казни нејзе. Многу ви е тешко да прифатете дека бил жртва на врсничко насилство. Еве и на мајка му и било очигледно. И се случи трагедијата. И пак ќе игнорираме,се до некоја следна трагедија
Не била. Децата околу плачејќи кажуваа дека не била. Класична драма квин. Само она паметна изјава дава за новинари... глупости изнакажува. Да, можело. Потфрлиле возрасните!