Токму така. Како што и пишувавме на темава од сам почеток. Не сакам ни да замислам после ова колку ќе има што ќе се обидат нешто слично да направат со оглед на тоа дека детево стана преку ноќ "популарно" на друштвените мрежи. А сигурно ќе има и такви кои ќе го злоупотребат законот и ќе врбуваат малолетници да им шверцаат дрога и свашта нешто. Под итно мора да се смени законот и да се намали возрасната граница. И случајот со преживеаната девојката и видеото што одма го избриша - јас сум убедена 100% дека беше објавено само заради прегледи и популарност. Родителите на било кое детр ако после ова не земат озбилно да ги прочешлаат своите деца што праат по интернет, на какви ликови се угледаат кои им се идоли, што постираат и коментираат ќе бидат подеднакво исти како и овој Коста. И да, за се е криво на прво место домашното воспитување. Прво се поаѓа од дома па после школо па друштво. Немаат авторитет самите родители над своите деца.
Не ни е тешко да прифатиме, еве бил. И? Треба да го сожалуваме или што? Сите показатели и еве најново неговите изјави посочуваат дека детето има тешко психичко пореметување како основа. Не убил зошто бил(?) малтретиран, убил зошто има болна психа. Зошто бил таков, не знам, некои се раѓаат психопати, еве читнете: https://www.theatlantic.com/magazine/archive/2017/06/when-your-child-is-a-psychopath/524502/ Е сега, зашто на Балкан е срамота да се оди на психијатар родителите дури и да забележале знаци ги игнорирале, јер срамота и никако не е нивното дете за на психијатар.
Од каде знаеш дека профилот е негов ? Ко што гледаш сликата е од пинтрест Вакви безврска скринови не ми е јасно од кај ги копате , од нерелевантни извори. Source : trust me bro.
А кој зборува дека треба да се сожалува? Зошто упорно зборувате за тоа? Не, туку веќе не се работи за не знам какви неправди па ајде да кажеме ќе помине, се работи за масакар на 9 лица, 8 деца и се започнало замисли од булинг. Да, детето очигледно е дека има проблеми со психата, ама за тоа и те како влијание имало и булингот. Најлесно е да кажеме беше психопат. Да беше, ама зошто? Зошто тоа дете стана убиец?
На сите српски медиуми истото го пишува https://www.republika.rs/hronika/hronika/432482/kosta-kecmanovic-izjava-nakon-ubistva
Глуп е малиот, требаше да се убие сам. Кој му е крив што не знае да трпи врсничко насилство. Сакам само овој случај да се истражи темелно, сите деца да бидат сослушувани, да им бидат прегледани мобилни, лаптопи, да се читаат сите разговори каде што се спомнува К.К. Само така ќе излезе вистината на виделина, и која била причината за ваков чекор. НИКОЈ НЕ ОПРАВДУВА МАСАКР, ама ова е класично - тражили сте, гледајте. Потфрлиле родителите и институциите, потфрлиле и неговите соученици. Типот сигурно имал некоја фалинка, тоа што најверојатно го малтретирале уште толку го предизвикало да го направи тоа што го направил. Треба да се посвети повеќе внимание на проблем како булингот, а не да се стимулира од страна на родителите. Али родителите не се ништо поарни, ова е резултат на нивното куроболие.
Работава е дека и без булингот, со детево нешто не било во ред. Тоа се збори упорно од некои Булингот одлучил сами каде и кога ќе се случи немил настан. А некогаш ќе се случело секако.
Нормално дека е психопат. За овој доживотен затвор треба, не знам што се дискутира овде уште, овој бил виновен, оној бил виновен, па уште ќе излезе оти жртвите си го барале.
Почнаа српскиве медиуми со иста шема. Со извори со шпекулации и сл. Нашите превземаат се. Допрва следува истрага и ќе излезат вештаци ке кажат.
Детево ќе лежи секако. Еве полесно ви е сега? Знаеш зошто треба да се истражи до крај? За да нема друг сличен масакар. Затоа. А не дека некој го сожалува или оправдува. За да не гледаме исти сцени.
Кога работев во школо, се случи да некако деца украдат тестови кои наставникот ги печател. И ајде кај психолог, а она, мислам сега ја гледам како посрана и со пола уста - е оти бе деца така правите И толку беше од психолошкото 'советување'. Во однос на случката, кој е крив...од вчера од кога дознав, размислувам и не можам да се одлучам... Сите се криви, ама детево дефинитивно си го имало лудилото. Па што и да ти направат, онака да отидеш и со неколку потези да лишиш пола клас од живот без око да ти трепне, да не бидеш потресен на распрашувањето...не си со сите и крај. Па мене 'другарка' со сестра и' кај куче огромно ме затворија и ете јас не грабнав да ги изрешетам. И воспитување и служби, ама ако човекот си е створен психопат, тоа е тоа. Ставот отсекогаш ми бил дека 90% е до човекот, 10% останатите фактори во кои расте и делува.
Сите жртви не, ама веројатно кон тие што имал замислено, си го барале. Тие деца не се рандом избрани. Не отишол во трговски да се одмаздува, туку имал цели. Сакам да бидат испрашани сите деца, па ќе дознаеме многу работи за некој месец. Ама според изјавите вчера, гледам дека не се ништо поарни од него во паметот. Ги дели само тоа што немаат направено толку страшно дело.
Ама од кај знаете дека бил психопат? Има досие, има белешка? Има испитувања? Психопат не се станува со помислата дека сакаш да убиеш некого.
Е така де. Психопатите се родени такви, гледаш покажувала тенденција од многу мала. Препознале - превенирале. А кај нас имаш - она така си игра и слични изговори. Психопатите се насекаде околу нас. Има и такви кои се видни луѓе кои супер се вклопуваат во општеството, не даваат лоши поведенија или даваат, ама не се убиства туку се незгодниот шеф, малку љубоморниот маж, разгаленото дете, малце строги родители и слични фини називи. Исто така психопатите деца се страшно шармантни и често способни да се многу популарни, со баш манипулативна природа ако имале среќа да се родат во нормално семејство. Често се и булис зошто уживаат, не убиваат, па после се појавува некој Коста... кој можда имал милион предиспозиции, неразбрани родители, авторитети кои го стискале на перфекционизам, па затоа можда имал субјективно чувство на недоволност, па уште и незрели надворешни трзаи и булинзи...и толку е, пука осигурачот. Такви психолошки рани се прават од долготраен стрес... Се нарекол самиот - психопат. Психопатот има грандиозно чувство за себе и не е свесен за себе дека е тоа, да е, немало да се самонарече така. А во случајов, кој што направил? Никој ништо.