@Medea. Го прочитав, сакав да кажам од едно место дека се копирани сите вести, не е дека е релевантно или нерелевантно, тоа што се објавува се коментира дури нема официјални вести од надлежните.
Добро се читате ли со коментариве какви работи зборувате ,мајки сте бе . Се тука ќе се пише ама ако се работеше за твое дете ќе видам дали вака ќе размислуваше
Зошто е психопат аман јуле. Тој психологот кај шо одел нека си избриши задник со дипломата. И треба работа на децата ама заедничка ние како родители и учителите ко педагози. Не да се правиме дека аман онаа учителката ли ќе ми каже како со моето дете. Таа го гледа во школо. Ти го гледаш дома. Ме плаши малце ова да бидам искрена.
На детето му е најголема грешка што не станал були кога бил помал. Најверојатно така би бил херој во очите на јавноста.
Покрај сите изјави од негови соученици дека бил малтретирано физички и психички ставате скринови каде што пишува дека не бил... Немам коментар
Баш дека сме мајки, еве јас со анксиозност сум и денес дури си дојде поголемото дете од училиште со тахикардија и паника бев секоја секунда. Па и ко слушнав дека полиција имало во училиштето уште толку. Сочувствувам со родителите на загинатите премногу и ми е жал. Да беше мое дете на местото од убиецот не знам што ќе направев, ама сигурно немаше да го бранам.
Јасно имаше денес и на РТС и на повеќе медиуми дека физички не бил малтретиран никогаш . Освен некои деца што не сакале да го дружат.
Очигледно е дека читаат само тоа што сакаат да го прочитаат. Никој не покажа со прст дека тоа што бил малтретиран е причина, туку онака си го коментираа. Ако ме прашувате јас би избрал едно здраво млатење, отколку месец дена психичка тортура.
Ne znam koj kaza ponazad najloso e koga se spekulira i se iznesuvaat pogresni informacii i vrz osnova na toa se pravat amaterski analizi. Se znae kako objavuvaat mediumite i srpski i mak, 5% vistina ostanatoto izmisleno.
Да, вака размислувам и за моето, мене не ми е психијатар табу и ако забележам кај моето загрижувачки симптоми, ќе го предадам на стручни лица. И не сакам моето дете утре да биде ниту Коста, ниту жртва на некој потенцијален Коста чии родители се срамеле од комшии да го носат на психијатар.
Не видов изјава дека физички бил малтретиран нигде. Психички повеќето сме биле, тоа е поентата, а колку од нас сме ладнокрвни убијци што пукаме 57 куршуми без грижа на совест.
Никој не го брани и не рече браво за тоа што го направил. Детето е жртва на лош систем и тоа е факт. Малтретирано со години ,којзнае колку требало да го малтретираат и да го пореметат за да дојде до ова. Тоа што го направил не е убаво ама уште по неубаво е тоа што никој не превзема ништо кога требало сите подмижуваат на такви ситуации и после кога ќе дојде до нешто поголемо тогаш се крева фама неколку дена и после пак исто. Еве да се самоубиеше како Алекс од Србија пред некоја година тука ќе глумеа емпатија и ќе го "жалеа" ама он не подлегнал по неговиот живот затоа што секој различно реагира на злоставување.
Моментот кога кажа "мене ме закачаа ама ми беше гајле што не сум вклопена, ете ќерка ми е таква, сака да е вклопена" Лол, сопствени средношколски фрустрации на 50 години истура. Онака преочигледен механизам е "јас во свој свет ќе си живеам неразбрана" Секое дете сака да припаѓа и да е разбрано. Ми идеше да и' го гушнaм внатрешното дете што се дереше од неа.
Па место без врска да се стресираш и фокусот да го ставаш на себе, дека баш ти си анксиозна, малце погледај пошироко како се случува тоа. Наместо да ги гледате сопствените деца како жртвите на Коста, за промена почнете да ги гледате како потенцијален Коста, а после тоа запрашајте се ако не е Коста, дали можеби е були?! А после така фино себе запрашајте се, што пример давам за своето дете и дали е среќно со мене како родител? Дали го научив да регулира емоции правилно или ме гледа мене во стрес и дерегулација проектирајќи му ги моите стравови? Е, тука веќе ќе збориме за промена. Од кај знаете што вашето дете носи во себе?! Утре може мал тригер целиот живот да ви го загорчи. Секогаш поаѓате од точка што ако вашето дете е жртвата, а никој не помислува дека може да биде извршителот. И тука е проблемот... И Коста бил примерен, фин, петкаш... па ете... знаци по патот НАВИДУМ немало.
Како што кажав човековата психа е многу комплексна и секој различно до поднесува малтретирање ,трауми секој различно реагира. Не се сите исти и не треба да си многу паметен за да го знаеш тоа.