Ова што го опишуваш НЕ треба да биде работа на психолошки и педагошки служби. Пред не толку одамна излегов од школски клупи и исто беше, додуша во средно беше подобро зашто асално беше школото, ама во основно вака работеа и секако дека немаше никаква придобивка. Ја стварно не знам дали сте озбилни. Децата да побараат помош, ама во исто време да бидат преплашени да не завршат кај психолог. Нзс? Нема. Мора да бидат тие вработени достапни и професионални, не страв и трепет, не административци.
Kosta moze da e roden psihopat a moze i da e nastanat sociopat radi bulingot, neka kazat psihijatrite sto go ispituvaat.
Не, туку што сам себе не се убил. Да го пожалевме 3 дена, греотичка, што ли му беше. И ајт под тепих. . Мајки на темава, ако вашето дете го трпи тоа што го трпело ова дете, процентуално шансите се дека нема да изрешета соученици, туку ќе посегне по својот живот. Без оглед, сведоци сме на самоубиства поради врснички булинг, ова е единствен случај, нема друг ваков. Берете акл. Коста може да е секое, ама секое дете, берете акл затоа што може поима да немате предолго. И не ги отпишувајте од школо и префрлувајте, така им кажувате дека кај нив е "грешката" што се малтретирани. Најтешко е да се избориш со родители што се слепи на суровоста на сопствените деца, ама оној момент кога вие нема да му ги уважите чувствата, ќе го "казните" и префрлите, во моментот му кажувате дека лошите победуваат. Едноставно, немојте. @An-na не си ни свесна колку редок случај е да се избориш детето да ти остане во одделението. Мислам искрено секоја чест, префрлањето за малата ќе било "ти не вредиш, чим ни мајка ти не се бори за тебе".
Како и да поднесуваш малтретирање, нормално е сега после се што направи детево, да изјавува дека ЖАЛИ што не ги убил сите на списокот??? Со колку ќе ја задоволел својата болна желба за да страдаат другите? Уште 8 мртви, 10, 15? Да, децата денеска знаат да бидат и повеќето се сурови, одвратни, егоцентрични, невоспитани, лигави, ама сепак, Коста имал нешто во себе што не секој го има.
Па тоа зборувам Фана и јас. Оти и јас се плашам детето еден ден да не ми стане Коста или жртва на Коста. Сериозно. Најлесно е сега да го направиме психопат и да се затвори случајот. Мене ми се смрзна крвта кога читав во што се претворило детето. И колку сите околу него потфрлиле.
Мене лично универзитетски професор еднаш ме праша што е тоа анксиозност, а девојка што ја познавам, која дипломираше психологија ми рече "не сум добра со зборови" Верувам во Србија не се ништо повеќе од овие овде нашите. И тоа е еден од проблемите во тој систем. Кој да ги оправи, процени, разбере и насочи тие деца кога самите возрасни се професионалци во нестручност
Што е трагично, имајќи во предвид дека во регионов нивните се најкадарни. Како научници. А систем бетер диви запад од нас се. Онаа статистика за оружје по глава на жител, кај што Србија е после САД, баш фино објаснува кој колективен шиз им се дешава.
Не можам да ги исчитам сите страни наназад и не знам дали е веќе пишано ама ако не сте го погледнале лајвот на психологот Данијела Остојич да си го изгледате. Прекрасно објаснето, сурово искрено и право во целта. Кој не го изгледал, обавезно да го изгледа, мора да сфатиме колку длабок е проблемот.
Како типично балкански од трагедија сите сега прават сензација. Куп шпекулации приказни како сите да уживаат и се хранат со што поголема трагедија. Кога стасаа тие од ЦСР да раскажат што изјава дал.
Наводно сликата од паркот пред школото е направена после убиството. Ova stara fotografija iz parka pored osnovne škole Vladislav Ribnikar je poraz društva, a svi koji su doprineli da deca ovi pišu svom drugaru proteklih godina ili na to nisu reagovali, iako im je to posao, slobodno mogu da preuzmu i deo odgovornosti. Čekamo vas!
Што предлагаш како решение? Јас би го отпишала детето од тој клас ако е жртва на булинг. Што треба да се докаже и на кого? И јас бев жртва на булинг па подобро да ме преместеа во друго училиште. Се уште имам лузна од тие денови. И ти ќе работиш со едно дете, но кога станува збор за чопор, тешко е да го контролираш. Треба да се почитува изборот на детето. Најважно е да слушаш и да бидеш онаква мајка на која детето може да се потпре, а не да чувствува срам или страв. Нема да му докажувам дека насилниците се победници и да го оставам во тој клас, а да ме моли да го префрлам. Зошто дополнителна штета да правам. Најважно е што моето дете сака, а не што јас сметам дека е правилно или исправно.