Масакр во училиште во Србија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ahoy, 3 мај 2023.

  1. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    725
    Пол:
    Машки
    Тие што прават булинг и треба да бидат преплашени со опција да бидат избркани од училиште. Баш поради вакви лабави мерки и некакви детски права доаѓа до булинг и вакви немили настани. Тој што врши булинг ако биде потврдено од повеќе ученици треба одма да биде повикан на разговор кај педагог заедно со родителите да бидат добро испеани па да видиш како тој мајмун што малтретира ќе се подразмисли пред да го прави тоа кога ќе постои опција да му биде намалено поведение и да биде префрлен во друго училиште.
     
    На *Amethyst*, Bitter-Sweet, sj *O* и 5 други им се допаѓа ова.
  2. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.001
    Допаѓања:
    327.948
    Пол:
    Женски
    На *Amethyst*, elenaa0805, Polyincognito и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.211
    Допаѓања:
    189.305
    Ништо од клик бајт вестите не отворам и не читам.

    Ај сега да не забегувам во утопија, ама сакам да верувам дека и онлајн светот може и мора да се регулира.
    Тоа настрана, пак не збориме за емпатија. Тоа се елементарни постулати на воспитување кои недостигаат. Не може да одгледуваш дете кое не разликува добро од лошо, кое ќе повредува мачиња, кучиња, ќе се исмева на деца со инвалидитет, или деца што се викаат Петранка... и после да се чудиш, абе оти вака?
    А за авторитетот, се согласувам. Ама... кој е авторитет уствари? Тој мора да постои, на децата им е неопходен, ако реално отсуствува, ќе се најде некој рандом, некој Голубовиќ, Тејт, Пиздесиматеровиќ...кој прв ќе се појави на видик. Со тоа шо праиме?
     
    На FridaodaMk и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.001
    Допаѓања:
    327.948
    Пол:
    Женски
    IMG_7911.jpeg
     
    На TheFiend, CameliaMiller, Bratot и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.952
    Допаѓања:
    17.066
    Пол:
    Машки
    За кликови сега порталиве се и сешто ќе пишуваат, прашање е колку од се тоа е вистина.
     
    На sj *O*, CameliaMiller, Cosmi и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.774
    Допаѓања:
    41.783
    Пол:
    Машки
    Единственото убиено момче, срце ми се кине :u:


     
    На Pixi5, MeowMeow, Bitter-Sweet и 15 други им се допаѓа ова.
  7. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    420
    Допаѓања:
    1.043
    Пол:
    Женски
    Многу е лесно од страна да се коментира но во реалноста не е толку едноставно.
     
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.818
    Допаѓања:
    40.908
    Пол:
    Женски
    Секако дека не е толку едноставно.
    Добро си бил во школо?

    Ко што кажав средното ми беше асално и освен некои деца на овој на оној што уживаа привилегии немаше сериозен булинг во вистинска смисла на зборот. Барем во мојот клас.

    Ама во основно имаше, и таргет на тие неколку деца беа неколку други деца за кои заедничко беше тоа што беа неприфатени, скоро осум години.
    Истите тие булис беа деликвенти и освен што малтретираа деца малтретираа и наставници.
    Погоди што се случуваше?

    Токму ова што ти ми го кажуваш како идеално - плашења од педагог, психолог, родител викање, укори, намалено поведение бла бла...дали тоа нешто промени?

    Не, освен што продолжија исто, а подоцна и запаѓаа во проблеми со закон.

    Зошто, затоа што со вакви мерки кои ги предлагаш како идеални, не се третира причината, туку само се казнува некој колку да се каже дека има систем. Небитно што е нефункционален.
    Длабоки рани што се манифестираат со такво однесување не се бришат со префрлање во друго школо.

    Да имаше посериозен пристап со нив наместо "ај ќе им дадеме генеричка казна колку за памет и доста е, и така ништо не им помага", можеби некој навистина ќе се подобреше. И еден да е - бидејќи секако не може да се сите - и тоа е успех.
     
    На sj *O*, Lella, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.769
    Допаѓања:
    162.879
    Фино.
    Истото, ама во целост истото што веќе втор ден се обидуваме да објасниме.
    Дури и идентични примери даде...
    Дека се "расфрламе со поими, а неедуцирани"...
     
    На *Amethyst*, IRBBB, elenaa0805 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.774
    Допаѓања:
    41.783
    Пол:
    Машки
    На MeowMeow и Feminka22 им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.769
    Допаѓања:
    162.879
    Срцка преталентирана е... жално.
    И компонирал, па и делото се вика Емоција, не може да е поголема иронијата.
     
    На smooch, *Amethyst*, sj *O* и 16 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.821
    Допаѓања:
    274.929
    Линија на помал отпор е. И не зборувам кога детето САКА.

    Најчесто детето не сака, на сила ги префрлаат.

    Што ќе правиш? Ќе се наоружаш со сите методи што нашите родители ги немаа и ќе се бориш. Со наставници, педагози, психолози, ќе пријавуваш и во полиција ако треба, ќе одиш со адвокат ако треба, ќе тужиш школо ако треба.

    Ќе бараш правда за тоа дете. Тој "чопор" може да биде санкциониран.

    Ти си знаеш, на крајот.
    Најдобрата другарка одвратен булинг трпеше поради физичка пречка, додека не се активира мајка и' и не го дигна во вис цело школо. Прво пробуваше со убаво со родителите, па со класната... е на крај кога им дојде со адвокат кој објасни дека школото ќе го тужи, а со тоа и сите надлежни, брзопотезно се изнајде решение да не ја малтретираат повеќе.

    Што точно дома им кажаа на децава не знам, оти и јас бев дете. Ама дефинитивно не ја преместија. Тие 5-6 деца денес се ок луѓе иначе, ама пред да дојде до овие мери школото и родителите беа "деца се де" и "нека се челичи за понатаму".

    Дете се воспитува на емпатија, ти си огледалото. Се воспитува и на самопочит, борба за себе. Едноставно, не дигај раце и не оди по линија на помал отпор, за долгорочно добро.
     
    На smooch, *Amethyst*, sj *O* и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.774
    Допаѓања:
    41.783
    Пол:
    Машки

    Некаде се вели 7 повредени, некаде 15. Се шпекулира дека има и две жртви, можеби и полицаец. Меѓу ранетите неофицијално имало и деца. Напаѓачот според информациите 21 - годишен.

    Јас не знам повеќе, ова уште толку ме растресе.
     
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.211
    Допаѓања:
    189.305
    И двете ве лајкнав оти и двете сте во право.
    Ако на дете му е негде лошо,нема зошто да не сака.
    Сега, тресам глупости, ама му сменив група на дете во градинка, оти патеше нешто од учителката/воспитачката. Сега да се деси нешто недајбоже, пак ќе ја слушам што има да каже, не само со уши, и со срце. Повеќе од тоа не можеме.
     
    На sj *O*, Billy Idol, fana и 5 други им се допаѓа ова.
  15. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.315
    Допаѓања:
    33.657
    Пол:
    Женски
    Ова сакав да кажам. Во основно 3 девојчиња од мојот клас (12-13 год) одеа на спорт стрелаштво. Едната од нив и ден денес оди и по натпревари.
     
    На Medea. и Polyincognito им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.821
    Допаѓања:
    274.929
    Секоја ситуација има повеќе фактори.
    Децата се деца и не се разумни, затоа возрасните се тука да бидат нели, разумните.

    Посебно кога е веќе во школо детето, создава врски со врсниците, важни му се.
    Преместување треба да е последна опција, а најчесто не е, затоа што постојат механизми да се заштити, има многу "можеби".

    Ниедно дете не е лошо, како што кажав во првото мислење, не можам да демонизирам деца. Без оглед дали се малтретирачи, деца се.
    Тоа во себе од дома го носат. Со тие деца треба да се работи и може да се работи, ако родителот не сака да соработува државата има механизми да го натера.

    Ама навика ни е тоа "децата се деца" и го мантраме, не гледајќи ја подлабоката слика, дека најчесто детето што малтретира друго дете/животни, самото е малтретирано.

    Во иста линија со тоа што јас кога бев основно, машките не удираа по газ и кога ќе пријавевме, педагогот имаше волшебна реченица "дур мачката не мрдне со опашот...". Со други зборови - сами си го барате.

    Мислам, извини што постојам, што сум во пубертет и ми растат цицки, и што машкиве се во пубертет и не знаат како да се носат со истиот.

    Ни едно машко евр не беше повикано на разговор, ни пак родител. Се' се сведуваше на "boys will be boys".

    Еднаш за 32 години се имам степано, во 7мо одделение. Детето, машко, после 2 месеци малтретирање не можев веќе да го трпам да ме допира. Насилно, пред другите деца, на машките да им е смешно нели. Сите девојчиња исто трпевме.

    Еден единствен пат физички се одбранив, долго носеше лузна од мене. Можеше лесно да бидам "кривата" ама пошто пријавувавме упорно и беа запознаени, и ова се сведе на "деца се деца". Односно, не ме ни пријави кај педагог.

    Само што истиот од 7мо одделение до ден денес ми се нема веќе обратено.

    И ова не е начин да се решаваат проблемите. Само веќе немаше начин да се решат кога никој ништо не правеше.

    Среќа што денес малце посвесни сме дека сексуалното вознемирување е да, да те фаќа кој сака за газ оти така покажува дека си му симпатија.

    Пред само 20 години, не беа баш свесни.

    И најголема болка во тој момент ќе ми беше да ме тргнат мене. Ако некој требаше да се тргне, не бев јас.
     
    На *Amethyst*, sj *O*, Yowannty и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Aнонимус_

    Aнонимус_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2022
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    1.586
    Пол:
    Машки
    Некаде прочитав дека најдобар другар му бил.
    Наводно од претходниот клас го малтретирале а он се одмаздил на овој клас. :|
     
    На Bitter-Sweet и Ahoy им се допаѓа ова.
  18. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.025
    Допаѓања:
    48.352
    Пол:
    Женски
    Гледај само изворот да не е Сител, НАВОДНО, а иначе целиот список му бил со негови другари со кои се дружел
     
  19. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.774
    Допаѓања:
    41.783
    Пол:
    Машки
    Изгледа е отворена пандорината кутија.

    Вечерва во Младеновац официјално убиени двајца, повредени повеќемина, се пишува за 7, се стравува за повеќе.

    Во моментов цела српска полиција е на нозе, бидејќи напаѓачот од Младеновац бил во бегство. Блокирани сите влезови кон Младеновац. Буквално има видеа каде на српските автопатишта единствено се гледаат ротациони светла од полиција и брза помош.

    Од ненормално прераснува во ултра ненормално. И ултра страшно.
     
    На *Amethyst*, sj *O*, elenaa0805 и 7 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.821
    Допаѓања:
    274.929
    И ти си ми чуден што се чудиш.
    Абе мајки, татковци, дедовци, баби на оваа генерација деца какви гадотии пишуваат по фејс, какви деца очекуваш да бидат?
    Емпатични?
     
    На smooch, Bella •••, sj *O* и 10 други им се допаѓа ова.