Еве ја листата и планот во кого и каде да пука, плус си имал primary targets https://twitter.com/namiiiiiiiiii2/status/1653736392973770754?t=pjZjSFx6XRfhTz-84DXuLg&s=19
Не само што треба поголема контрола кој и како може да поседува оружје, туку и психолози и педагози треба на годишно ниво да вршат прегледи и проценки на учениците, а не само за украс да се.
Психопати не може да се препознаат така лесно. Најчесто се преинтелигентни и бидејќи немаат социјални скилс имитираат од другите за да изгледаат "нормално". Детево дефинитивно имало психички проблеми, меѓутоа огромна кривица имаат родителите. Прочитав дека детето се борело со депресија. Ако како родител си свесен дека детето не ти е океј треба да му обрнеш внимание и да е под надзор, а не да го носиш на обуки за пукање и уште да оставаш пиштол/и достапни за дете. Мене целата ситуација ми е прежална и за родителите и за децата, од училиште кое што треба да е safe space за децата да дојде до ваков хорор. Какви трауми сега ќе имаат пустите...
Неизбежен е булинг можеби ама ваква реакција не е неизбежна. Не живеам во розев свет, не рипај без потреба. Сум била јас жртва на страшен булинг во средно, професорите гледаа, ништо не превземаа. Не беше физички, но психички. Инте како можеше да се избегне ако на прв обид се реагираше ама не. Не е неизбежно дете да земе пиштол и да го испразни во други деца. Родителите и стручните служби треба да си ја работат работата.
Па за булингот пишевме дека е неизбежен, не за пукањево. Не ми измислувајте нешто што не реков. Демек шо, се исполни оти ми измисли дека сум рекла пукањето е неизбежно? Ти што измислуваш некој што не рекол нешто за интересна да се направиш булинг е?
Родителите се криви зошто не си ги воспитуваат децата од она не мора детето ништо..не мора да знае што е почит, емпатија. Како смее наставник да викне или да стави ниска оценка на "малите генијалци". Деца буквално немаат никаква почит никакво воспитување распрдена команда. Маж ми има тетка и снаа наставнички правевме муабет викаат не смееме на децата да им дадеме домашно за викенд зошто некој родители се бунеле, како тоа они треба да одмараат не домашна да пишуваат. Родителите се криви зошто дома ако имаш оружје детето не ни треба да знае, тоа се чува на сигурно место. Маж ми има од работа децава не ни го виделе не ни знааат. Башка детево знае да ракува со оружје, а тоа мора од возрасен да научи, што има дете да знае како се ракува со оружје? Која е потребата од тоа? Жално за децата и вработените кој го изгубија животот.
Ау страшно баш сега слушнав ми се наежи кожата. Овие генерации се страшни да ти е страв што ќе направат следно. Кога бев мала вакво нешто не сум слушнала од моја или блиска генерација. За булинг секаде е имало и мене се ме малтретирале ама ете не сум убила никој ниту пак сум помислила на такво нешто.
Ова мириса на терористички напад, нашле дете кое е малтретирано лесна мета за перење мозок. Ајде пиштол од татково нашол ама бомби, зарем дома и бомби имале? Треба да се испита од корен за да не се прикрие нешто.
Имал молотов коктел, тоа не е бомба, бомба класична, него сам можеш да ја направиш, буквално има на гугл како.
Крива е целата генерација родители на денешните деца што дозволија да дојдат децата до ова. Срамно било да се оде на психијатар и психолог, па детето ако покажува знаци на депресија или слично, ќе му дадат два шамара и марш во соба. Е не бива така. Треба да се разговара со тоа дете, што го мачи... Криви се и педагошките служби во училиштата што не си ја вршат должноста туку се натпреваруваат кој повеќе кафиња ке испие.
Многу од нас сме биле жртви на булинг, особено оние кои бевме помирни и учевме, но јас ќе се дадам како пример моите родители ме советуваа како да се сносам со таквите личности и таквите ситуации, и еве ден денес немам никаква последица од зборови што ми биле упатени. Затоа родителот е оној кој треба да знае што се случува со детето. Секое однесување кое отстапува од нормалното треба да биде препознаено, ама не он одлучува да оди да учи дете да ракува со огнено оружје. Дете од 14 години треба да е дете да учи, да игра, а не да пука со пиштол. Треба да имаш некакво психичко растројство за наместо да најдиш решение на проблемот, ти да испланираш масакар.
Slushav tonski zapis od nastanot Na kraj edno devojce veli NIJE NISHTA SMESHNO,STVARNO Uzas na takva tragedija nekoi od ucenicite se smejat
Тоа е точно педагозиве се за украс само, јас кога бев основно и средно ако направевме некоја беља одма кај педагогот не праќаа и одма родител на разговор. Се сеќавам во средно еден период многу бегав од часови ( заради дечко) ме повика педагогот да разговара со мене да види зошто не одам на часови. Сега пак ќе речам се е до родителите ако пратат дете на педагог револуција креваат и се расправаат. Има случај овде во школово кај што ќе оди малиов, родител ги дупнал гумите на наставничка зошто ставила единица на детето негово..
Навооружен до заби што се вели. Обучен да пука не е од булинг да се разбереме. Ова е мислено , спремано одамна. Мене терористички напад ми стои. Не знам што да речам, се е отидено у неповрат. Да не му текне на некој тука да земеме дома децава да го пособереме малку. Со страв ли ќе ги пуштаме на школо.
Мене ми личи на игра од плејстешн со примеси на документарци/ вести за сериски убијци кои ги гледаме во Америка.
Видов на Фејсук на некоја страна адвокат некој кажал демек дека е малолетно па не може кривично да се гони.... И што ако има 14 години, заслужил....