Реков и вчера , од ова ништо добро нема да извлечеме како поука.. Само ќе послужи како поттик и инспирација за други. Инаку родителите на детето се разведени, по тоа што успеав да го видам на социјалните мрежи најверојатно таткото има живеено со момчето, а мајката останала со девојчето. Можеби поради отсуството на мајка му се родило чувство на гнев спрема нејзе со што мислел дека така ќе ја казни. Друго што забележав, овие децава се чудо. Незнам како се во состојба да објавувават сториња со шерови, во ситуација кога пред неполни 24часа доживеале таква траума.(ова посебно се однесува за девојчето за кое беше погрешно ставено во листата на починати). и на крај, премногу различни верзии се јавуваат. Еве девојчето кое преживеало напишало дека сите се дружеле со него, мајката вели дека ќерка и се дружела со него. Додека другите од училиштето велат дека бил малтретиран.. а таа госпоѓа драма квин е чист пример од оние "моето дете е најнај.., тоа ни на мравка не би згазило, нема шансии". А на ќерката и дозволува на 13г да пуши и пие.. Па уште кога ги прочитав коментарите под видеото како и се восхитуваат..
Mrazam bullies, ne podnesuvam takvi stvorenja, ama detevo stanalo kako niv so toa shto ubilo nedolzhni. Otkako izgubil kontrola vrz situacijata, pochnal da eliminira random devojchinja, shto e odvratno i rezultat na vkoreneta omraza kon zhenskiot pol. Moe mislenje e deka nego go razbolele drugite, sredinata. Na 10 godini da te pretepaat, da ti ja rasechat ustata, ne e mala rabota, poishe od pola lugje bi se poremetile koga bi dozhiveale takvo neshto. Onie shto mu go pravele toa se bolni i uspeale da go pretvorat vo nekoj nalik niv. Nasilstvoto e magjepsan krug.
Види, он може и до тенк да дојде. Не разбирам како успевате 2 неповрзани теми да поврзете и да разводните тема. Темава е масакр во училиште во Србија. Нит е овој малолетен, нит има врска со темата. Ништо лично кон тебе. Ај таму црна српска хроника и нова дискусија. @RainBow ?
Никој не ни рече дека има право Само се надоврзав на претходниот пост, што беше во контекст на прашање од каде им е оружјето на овие млади луѓе.
Ајде сега и овој во Младеновац напрајте го булинг па така да се собереме сите и да ги жалиме психопатите и да им викаме браво за храброста. .
Ова заедно со видеото што го видов дека сите слики од детето што ги користеле се лажни работава смрди корни на намештаљка нешто длабоко не штима во приказнава не земајте се здраво за готово што кажуваат медиумите мислам дека е скроз лага дека ова е изјавата што ја дал
https://m.novi.ba/clanak/400113/zao...v-u-zilama-uzivao-sam-da-slusam-njihove-krike Еве уште една лажна слика од детево на објавава сликава воопшто не кореспондира со сликата од претходните постови иако покриен ликот апла се познава дека се работи за повозрасно лице а не дете од 13 години
Не е секогаш така. Пишав баш за мојот внук. Имаат дете во класот што ги малтретира сите. Не една, 10 родителски беа свикани. Зет ми доаѓаше кај класната и замисли мајка му сред час правеше скандали и сите деца ги расплака. Некоја тешка шлакната патологија е таа жена и очекуваш нормален човек од тоа суштество што не знам како некој ја подарил со дете. Детето со години е таму и ги малтретира. Пола одделение се отпиша. Еве моево глуми отпор. Сепак и ти зборуваш од туѓо чице што е подобро. Јас ти кажувам за себе, од прво лице. На местото кога некој едноставно не те сака и некој авторитативен да дојде и да ги натера останатите да не те малтретираат, пак ќе се чувствуваш осамен. Не можеш да натераш некого да се дружи со тебе. Дружбата е од желба, не од тоа што наставникот го бара од тебе. Зависи и за какво малтретирање и во колкава мера. Дете се воспитува во моментот. Џабе се сите планови пред време. Ти може колку сакаш да бидеш навооружан со мудрости, факт е дека никогаш нема да бидеш спремен како да постапиш во дадена ситуација ако ти не го искусиш тоа. На крајот, пак ќе го заебеш детето Затоа што сите функционираме со погрешни одлуки и со фалинки поради некакво воспитување од страна на родителите. Пред се сме луѓе, тоа не прави грешници. И ќе грешам, и ќе грешиш. И детето ќе порасне во индивидуа што ќе прави грешки, затоа што ти си згрешила некаде во текот на воспитувањето, затоа што влечеш некои грешки наметнати од родителите. Викај го ланчана реакција. Инаку да, се согласувам дека се воспитува на борба и на самопочит. Но, лесно се руши самодовербата. Особено кога си сам против сите. Ќе се бориш со ветерници. Јас ќе кажам. Не дај боже да се случи. Јас уште сега стравувам што ќе биде со моето дете. Ќе бидам и рамо и потпора. Ама јас можам да се контролирам себе, а не околината во која ќе биде.
Растени во виртуелен свет, живеат на постови и сторија, плус инспиритани од јутјубери и инфлуенсети кои направија тешки пари од постирање видеа на интернет. Не можеме ние да сфатиме ама за нив за жал е "нормално". Не го споредувајте вториов случај со првиот, 21г е веќе возрасна личност не дете во развој. Не ми се чита веќе, милион верзии, милион приказни и мислења, никој не знаеме што е позадината. Да не се повторува само, службите нека си го тераат случајот ние да си ги гледаме децата по дома.
Дете бивши ученик од училиштево каде што се случија убиствата, кажува како и он бил жртва на булинг во тоа школо. Дека таму буквално ништо не превземале иако се жалел посебно ако тоа дете кое малтретира е дете на некој битен. Малиов се преместил во друго школо каде вели дека таму ако има некој приблем одговорните одма реагираат и се зборува и се трудат да изнајдат решение. Се е до системот т.е возрасните, возрасните се одговорни за децата, а не обратно.
Ама ти ептен се фати за тоа ко стап за гз. Претеруваш веќе. Овој од Младеновац не бил булингован, не знам како не разбираш дека булингот е опасна работа за лабилни карактери. Доста веќе со тоа сме ги бранеле психопатите, никој никого не брани него сега исплива вистината. Како што читав се скарал со полицаецот прво и заминал дома и зел пиштол. По селата чуваат пушки и пиштоли што ве чуди тоа?! Се заштитуваат луѓето од можни грабежи и не дај боже ситуации. Е сега кој како имал дозвола за истото не знам. Друго, мислам дека има нешто повеќе овде, и некако се поврзани. Јас се надевам ќе го фатат пред да згаснат повеќе животи. Нешто се случува тоа е сигурно и Србија е мета. Бог да ги прости.