Го уапсиле изгледа. https://www.rts.rs/vesti/hronika/5185679/srbija-mladenovac-policija-pucnjava.html#shortStory-333236 Јас сум толку многу вознемирена, не можам ништо друго да напишам, да се соземам па ќе коментирам.
Уствари Србија била трета во светот по поседување на оружје во домашни услови. Што ќе им е дома оружје болни умови
Ненавремено решавање на менталните проблеми плус пристап до оружје - равенка за масакр. Ако е вистина дека Србиве имаат толку многу оружје по дома, ова допрва ќе се дешава. "Куклето" ја отвори пандорината кутија, мораат многу внимателни да бидат како ќе постапат следно и како ќе го казнат, зошто мислам дека масакрот во школото на некои психопати ќе им е ветер во грб.
Искрено треба да се воведе смртна казна, овие двајца и Коста и другиов да бидат казнети на тој начин. Без разлика што едниот е дете, тоа дете по сегашниве закони нема да одговара освен ако не сменат нешто. Тоа дете утре ќе излезе он е обележан за цел живот, тек сега никој нема да сака да му се доближи. Ниедно училиште нема да сака да го прими тек сега навистина ќе биде целосно отфрлен од општеството. Тоа е многу голема шанса повторно да го направи истото дело дури и пострашно. Тој никогаш нема да биде доволно нормален за да биде меѓу луѓето.
Тоа е страшно , бил дете и сега нема да биде осуден а тоа дете што ке направи за 10 години од сега ....
Моја претпоставка е дека сега ќе го држат на психијатрија и после ќе го извадат некаде од Србија. Он овде не останува, без гајле. Ако иде во затвор ќе го отепаат. Ако го пуштат ќе го отепаат. Така да...
Ајде да сумирам нешто околу дискусијава, најкратко. Како што реков вчера, настанот само ќе инспирира слични Костовци, затоа што наративот и акцентот беа ставени на булинг како можен мотив и некој вид на морално оправдување, а не и на казна и последица за сторителот. Кога златен стандард ќе стане казна и последица за вакви дела БЕЗ РАЗЛИКА НА МОТИВОТ, дури тогаш може да се фокусираме на исправање криви дрини, на булинг, на развод, на тикток, на Америка, на видео игри и слични потенцијални тригери. Ете толку е просто.
900,000 регистрирани парчиња има во Србија. 750.000 мислам беа лица кои ги поседуваат. Е сега додај и нелегални колку има...
Она што го зборев вчера за глорификација на убиството и постојано споделување на сите можни медиуми ете до што доведе. Нов shooting, нови жртви. Во психологијата се вика domino effect of violence. Ќе споделам еден психолошки артикл, ѕирнете го https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC5296697/. Медиумите направија сензација од убиецот и тука е најголемата грешка. Мене искрено во моментов ми е страв дека истото не очекува. Трагично е ова што се случува, нека почиваат во мир жртвите...
Булинг не е причина за да одиш да отепаш некој. Разбираме шо е булинг. Сочувствуваме и гротото тука активно се залагаме против булинг. Има две ситуации кај детето. 1) Каде е жртва на булинг и 2) Каде е убиец. Во првата ситуација е жртва. Во втората е насилникот. И првата не ја оправдува втората никако. Следно, зборање за булингот сега и обвинување страхотно на булис е бесмислено. Зошто? Оти децата се мртви. И за нив има две ситуации: 1) каде се булис и 2) каде е пукано во нив. Во првата се насилници и носат вина и требаше да се санкционирани и во втората каде се жртви. И само оти се случи ситуација 1, не ја заслужиле ситуација 2. И фокусот треба да биди на зошто се мртви и кој напрај да се мртви, а не да им се суди. Булингот е лош. И имало и ќе има пак теми за то, зошто за жал е многу широко распространет и доста сериозен. Не секој "психопат" убива. Не секој шо убива е "психопат". И нема да можиш така лесно да се откажиш од дете ако напрај вакво нешто пошто родителите се основа за то шо детето прај и дур е малолетно носиме одговорност за него и неговото однесување. Ова! Ќе додам само дека дежурните и чуварот само биле на патот. 1 | 2
А вашата одговорност во училиштето? Си ја ишкате од себе? За однесувањето на децата во училиштето сте одговорни вие наставничке!!! А, не да се правите наудрени со муабетите, деца се! Всушност, зависи и за кои деца се работи! Ако се деца на видни родители, тогаш им се прогледува низ прсти, додека децата кои не се „крем де ла крем„ може да се санкционираат! Ај, ве молам, еднаш барем преземете одговорност и работете ја работата за која сте „обучени„ и платени!!!
Буквално! Упорно се релативизира секакво зло со "леле греота, имал тешко детство/бил булиран/трауматизиран... Тоа си стои, ама и злово стои и МОРА на тоа да се стави акцент, зло е зло!
Не. Шо беше крив чуварот и дежурните ученици ко веќе сакате да кривите луѓе во кои е пукано? Дали од дежурните ученици кои само беа на патот, преживува, сега треба да земи пиштол и да пука во насилникот? Ајде. Знајш како се вика то. Зато имаме закони.
Јас не зборувам за моето потенцијално дете, туку за детска психологија. Ни за твоето дете не зборувам оти ни тебе, ни детето не ве познавам. Не мора ваљда дисклајмер на секое мислење дека се зборува воопштено за деца? И да, шубо си објасни, цела поента: проблемот е во возрасните, не во децата.
Полека,смањи доживљај Јас само пренесувам како е во реалноста. Иако дел од родителите имаат некакви очекувања,еве пиша и една членка дека на родителска одат околу 60% од родителите. Тоа се родители најчесто на примерните ученици,додека до останатите не можеш ни да допреш. Нив не ги интересира што се случува во класот. Кога ќе бидат повикани на индивидуална средба, нивните деца дома се мирни,дружељубиви,не им се верува што слушаат и после наставничката е крива го мрази детето бидејќи кажува негативни коментари за него. Секако дека ако се случи некој поголем проблем ќе биде запознаена и стручната служба,меѓутоа многу ситници доведуваат до нешто поголемо,а за нив родителите не сакаат ни да разговараат. Ај ве молам да не ја ширам дискусијата,денешниве родители доаѓаат со забелешки ако ученик е казнет зошто по направена беља стоел пред табла половина час. И после барате да има авторитет наставникот, како е тоа можно кога од дома поинаку се воспитани,која е "таа" на тој начин да казнува,тато ќе ја искара.
Јас зборувам за тригерот. А тригер биле насилниците, потоа се отишло неповрат ваљда. Тоа ми беше муабетот уште на почеток, детево го ставија на клада, а за насилниците кои малтретирале се најдобро
Зошто имам некое чувство дека некој или нешто ги поттикнува убијциве, и дека тоа нема врска со булинг и трауми? Денес ми е страв дете да пратам на училиште стварно, да не му текне и на некој тука да ја земе пушката/пиштолот од дома. Забега младинава И да, родителите се криви!!!