1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Масакр во училиште во Србија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ahoy, 3 мај 2023.

  1. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.718
    Допаѓања:
    98.660
    Како немам врска???
    Наставник си кажа негов став и искуство со работата и родителите на учениците во секојдневието, ти одма рипна. Така правите и во реалноста.

    Јас МНОГУ ДОБРО ЗНАМ колку е се труло, ама стварно, значи стварно, вие родителите не се трпите.
     
    На christinnn, mareane, Ugly Duckling и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    4.679
    Пол:
    Женски
    А мислиш дека ние подобри сме ? Па што гледат србите и ние тоа го гледаме, истите песни, истите емисии, истите филмови дури и полошо микс сме од турски сапуници со мафија плус задруга.

    Не дај Боже некој да се охрабри и кај нас за вакво нешто, а страв ми е дека ќе има обиди ние сме поведлива нација. Ќе видиш дека сме исти во се и во оружје и во менталитет и начин на воспитување. Жена султана у градинкава ?

    Они имаат само една позитивна работа, тоа што се сложни како нација, ако кажат протест искачат сите и се залагаат вистински за промени, додека ние пиушуваме паметуваме и се расправаме какво ни било општеството и власта и системот.
    На протест никој, да даде отпор никој е тоа кај Србин нема. Одма викаат новинари и ја прават големата.

    Дечково што беше во бекство го најдоа и го уапсија, се кладам дека кај нас никогаш немаше да го фатат .
     
  3. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.840
    Допаѓања:
    25.752
    Пол:
    Женски
    Ама од каде сте толку сигурни дека тоа му бил тригерот? Од каде знаете дека е нормално мило детенце и НЕ е психопат? Може разводот го тригернал и е мало мизогино копиленце што мрази жени, hence и затоа претежно пукал во женски.
     
    На MeowMeow, Bitter-Sweet, The_Doctor и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Tajnaotrovna

    Tajnaotrovna Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    33.889
    Пол:
    Женски
    Уште го браните и се обидувате да оправдате ваков монструозен чин?
    Според изјавите нема трунка каење, последно слушав дека изјавил кога ќе излегол на слобода ќе продолжел таму каде што запрел.
    Болест.
     
    На MeowMeow, Bitter-Sweet, The_Doctor и 11 други им се допаѓа ова.
  5. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.324
    Допаѓања:
    19.729
    Пол:
    Женски
    Порака од учителката во вибер групава кај детево од градинка. Децата денеска викале и си зборувале меѓу себе "Ајде да ја убиеме наставничката". Мочковци од 6 години... И сега што да правам што да му кажам како да реагирам и да разговарам со детето за ова?
     
    На Oneo, sj *O*, Konfetka и 6 други им се допаѓа ова.
  6. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    62.227
    Пол:
    Женски
    Никој не го оправда, кај го реков тоа. Ама го сожалија многу луѓе, дека им е жал што е жртва на систем и булинг. Некои дури и со анеглче и кукле го ословија. Имаше коментари дека ги убил и жртвите ама се убил и самиот себе. Епа не е така, тој ја има привилегијата да живее, починатите ја немаат.

    Цело време се пробувам едно нешто да кажам, не знам оти не се разбираме. Во моментот кога ќе не фати жал за ваков поединец кој е спремен на вакво нешто, групно како нација даваме илузија дека што и некој да направи ние ќе се фокусираме повеќе на тоа, отколку на фактот дека изгина еден куп невин народ.

    Точно е дека треба да се работи на подобрување во условите во училиштата. Ама не на оваа тема. Оти е дефокус. Од ладнокрвен маскр.
     
    На Pixi5, senjorita-v, mkdvesna и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.718
    Допаѓања:
    98.660
    Си бил он опседнат и со такви серии, филмови.
    https://a1on.mk/region1/zhal-mi-e-s...to-koe-go-izvrshi-masakrot-ja-zaleduva-krvta/
    Еве подетално што гледал и која наводно му била целта.
     
    На senjorita-v, fana и MandyLane им се допаѓа ова.
  8. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.909
    Допаѓања:
    36.741
    Пол:
    Женски
    Наставничкава оди по линија на помал отпор. Тоа им е цело време реториката, да се жалат по кој стигнат, без притоа да преземат некакви чекори.
    Има решение за незаинтересирани родители, а тоа се стручни служби, кои пак се толку незаинтересирани, та тоа е чудо едно. Ама, наставникот е прв кој треба да реагира, а во најголем број слуачи, како што реков, уво не им чуе, туку чекаат да дојде нож до коста, па после да се жалат. Добар наставник и педагог знае како да се справи и со незаинтересирани родители и со невоспитани деца, додека другиве само клатат врата за да им помине денот. Толку!!!
    Што се однесува до твојето етикетирање за тоа каков родител сум, пак ќе те замолам НЕ СЕРИ, оти врска немаш каква сум, ниту каква била ситуацијата со ќерка ми и наставничката, во која што патем беа вклучени поголемиот дел од родителите. Изглеа сите сме боже сачувај, само вие просветарите цвеќенца!!!
    Ќерка ми е научена да почитува наставници и нивниот авторитет, меѓутоа од последната случка, ја научив и да ги знае кои и се правата, не само обврските ;) за да во иднина ако ја малтретира и навредува просветар, да знае да препознае и да ми каже дома.

    п. с Баш ме интересира ти каков родител ќе бидеш? Судејќи по искуствава што ги имам, ти ќе бидеш пута 100 од нас кои не се трпиме :D
     
    На *Amethyst* и LizzyGrant им се допаѓа ова.
  9. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    23.636
    Пол:
    Женски
    Не ме разбираш добро, ние ја немаме историјата што Србите ја имаат, немаме извршувано геноцид и потоа да го негираме и да ги величиме особите кои го направиле тоа. Србија би го срамнила цел Балкан да можеше. Потенцирам дека е насилен народ кои ги величи своите дамки во историјата и тоа воопшто не е исто со наше гледање на турски серии со оружја. И нема да одат на протест затоа што... не гледаат проблем во нивниот систем. Луѓе, збориме за народ кој излезе на улица да го подржи Путин кога ја нападна Украина.

    Далеку од тоа дека кај нас не владее омраза, исфрустриран и агресивен народ до срж, но не е исто.
     
    На Pixi5, ZAHRA, nena2010 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.870
    Не знам, ти ја разбирам поентата ама и Германците се пример, поприлично геноциден народ и не зборам во историска смисла, туку имаат огромен наплив на нео-нацисти, со исти такви изреки како во Србија, со хејт спрема дојденци и се, како и низ голем дел од земјиве во западна Европа, па пак стапките на масовни убиства во Европа се значително помали од тие во Америка.

    Се сложувам дека општеството секако влијае и на поединецот, секако, ама претерана симплификација и генерализација е да речеме, епа ете дека србите се таков народ затоа се случуваат вакви работи. Во тој случај би имало и во Хрватска, да речеме, слични случаи, каде исто се форсираат националистички идеи.

    А сепак, пак стои дека на Балканот ова е прв ваков случај што јас сум чула, досега имало индивидуални случаи, а не масовни, значи да било до тоа дека србите се таков народ, вакви случувања ќе имало и досега.

    Но се слагам за делот дека за било кој народ, има деца задоени со омраза и нетрпеливост.
     
    На Lianna Anna, Billy Idol, Amellie13 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.386
    Пол:
    Женски
  12. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    20.539
    Пол:
    Женски
    Како бе не се пази што се збора дома пред децата? Па ние дома пазиме да не опцуеме пред нив, не па за деца што убиваат да зборам, Бог да чува. Значи моите деца ни короната ко беше не знаеја што е тоа, ни за светски гнасни громорозни настани.
    И после пореметени биле децата.... кој кур пред деца од предшколска возраст дома збораат за деца што убиваат соученици и наставници? Зарем треба на син ми фобија од училиште да му направам уште од сега? Пореметени, мајке ми... све е за лечење :(
     
    На Lianna Anna, Oneo, sunshinebabe и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.718
    Допаѓања:
    98.660
    Далеку сум од просветар долги години, фала им на сите светци за тоа:)

    Значи по твоево испаѓа дека ниеден наставник не е добар?
    Јас знам дека невоспитани деца беа такви и кај мене како млад наставник и кај наставници што важеа од времето за алфа и омега во училиштето.

    Кое е тука решението по твое?
     
    На fana и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  14. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    1.924
    Пол:
    Женски
    Зошто деца од 6 години користат вибер и телефон? Наречете ме стара, за мене тоа е недозволива алатка на неоформено мозоче.
     
    На Pixi5, TheFiend, sj *O* и 14 други им се допаѓа ова.
  15. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    4.679
    Пол:
    Женски
    Да ние ставаме споменици и луѓе на власт кој ,,ни пукале ,, у наши деца. Али тоа е друга тема , да не навлегуваме во овие работи.

    Оваа убиство нема врска со нација и агресија, Германци, Евреи, Бошњаци, итн
     
    На *Amethyst*, Bratot и Aнонимус_ им се допаѓа ова.
  16. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.372
    Допаѓања:
    18.598
    Гледаш дека и самата добро си ја разбрала хиерархијата.
    Петко прави сериозен проблем, наставникот пријавува кај стручна служба. Доаѓа родител на советување и се изнаоѓаат со стручниот соработник(а може и директор) по партиска линија. И следува кафе муабет,наставничката е од друга партија, го мрази детето си е супер.
    Проблемот под тепих.

    Во секоја професија има работници и неработници. Но за да биде успешно работата завршена влијаат повеќе фактори,односно се вклучуваат повеќе професии. Секој со секого треба да е координиран за да се реши проблемот.

    Не ги ставај сите наставници во ист кош.
     
    На CameliaMiller, Bubish26 и Iris-1234 им се допаѓа ова.
  17. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    4.116
    Пол:
    Женски
    Мојата 8 годишна ќерка не знае за ситуацијава ( сигурн ќе разбере од некое дете), за малата од 5 год па ич.
    Мора внимавање што се коментира пред децата , и што се гледа дома.
     
    На VDT2906 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.045
    :puke:

    Јас кога зборувам дека и те како е битно што музика слушаш, што серии/филмови гледаш, што книги читаш (ако читаш), итн, повеќето ќе кажат, нема врска, површно размислуваш. А тие нешта и те како кажуваат што човек си.
     
    На simoncelicius, mkdvesna, Ahoy и 2 други им се допаѓа ова.
  19. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.460
    Допаѓања:
    12.261
    Пол:
    Женски
    Нема врска дали масакр се случил во Србија, Германија, Америка. Секојдневно гледаме како децата стануваат насилни, никој не смее ништо да им каже, па како така тоа се најмирните и најмили деца на свет. Наставник не смее да им пише кец, да ги избрка од час, да им пише неоправдан. И да сакаш да направиш промена треба да имаш поддршка од целиот систем. Како поединец кога си поттиснат од моќниците ќе седиш и ќе ќутиш затоа што на крајот ти ќе си виновникот. Треба круцијални промени во општеството. Овој случај не е многу поразличен од детето што изврши самоубиство од Корчагин. Овде посегна по свој живот, Коста по туѓ. Сите се виновни од директор, психолог, наставник и родител. Не смејш на родител да му кажиш дека неговото златно дете е немирно, дека не учи, па цело школо ќе го крени на нозе за да му пишиш висока оценка иако тоа не заслужува. Реалноста е таа каква што е, а промени требат, некои работи треба од корен да се сменат.
     
    На *Amethyst*, CameliaMiller, Konfetka и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.361
    Допаѓања:
    90.303
    Пол:
    Женски
    Не се пример.Германците имаат имаат поминати долги децении со дистанцирање и прочистување од злосторствата кои ги направија,Хрватите ги почувствуваа на своја кожа и војната и последиците,затоа кај нив нема.
    Има некаде мурал на Хитлер во центар на Берлин или било каде?Нема.Е во Белград има.
    Србите ги величаат и после 30 год.и Младиќ и Аркан и останати актери.Во свеста на поголем број нивни граѓани се херои.Така задоени деца и болно друштво ке остават вакви последици.
     
    Последна измена: 5 мај 2023
    На Pixi5, Lianna Anna, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.