Знам во право си,голема улога има и татко му за тоа како го учел и на што го учел,ќе си одговара и он за своето,ама сега секој портал гледа што повеќе само да напише,некаде прочитав па и дека сликите од детето не биле тие,па дека едното од девојчињата било живо,не знам веќе што да мислам,вистината уште не ја знаеме.
Ептен си во право Ана за ова. И би додала и ,, образоните,, програми, совршен начин детето уште од второ да го замрази училиштето и да се почувствува неспособно и безвредно, во комбинација со останатото труло што ,, образованието,, ни го сервира.
Вучиќ барал враќање на смртна казна. Ќе ги испитуваат сите што пишуваат поддршка за двата случаи. 45 илјади пријави. Деца во училишта имитираат убиства. Во меѓувреме уапсен вахабист во Белград по објава на ФБ со оружје. Баш ко да се отвори Пандорината кутија во Србија.
Стигна лудилово и овде. Разбеснет ученик од 14 години до палка и бекатон расцепил глава на другар. Се изнервирал оти изгубил во фудбал. Извор слободен печат. Отиде светов во неповрат.
Детево делува дека е воспитано дека никој не може да се заебава со него. Не ми е целта да ја намалам тежината на булингот општо, туку некако имам чувство дека Коста не бил баш класична жртва на булинг, туку повеќе поминувал низ она глупаво тинејџерско курчење и препирање меѓу деца, па го имаат погодено во его. Како да сакал да покаже моќ. Бидејќи ми нема логика кој сè испотепа, и тоа во школо пред толку многу луѓе. Кога би му било преку такво од некое були, ќе го начекал надвор, ќе го утепал него, или нив ако биле повеќе. Ова личи како школото да му е сцена.
И да се врати,така може повеќе ќе почнеме да го цениме туѓиот ама и нашиот живот,а не ќе одлежам 5 години шо ми е гајле па утре пак прават исти работи,колку деца згазија еј не одлежаа ич со условни ги пуштаат,за срамота сме,секој живот е важен не е битно млад или стар,живот е…греота,и мизерија сме тешка,овој бил на оној и се така у круг вртиме.Утре ќе ми биде страв дете да родам и да го воспитувам.
Се согласувам,истото го мислам и јас,не може цело школо да убиеш за еден/двајца ако те зафркавале во школо.
Мислам дека нема врска умислата да убие поединечно само тие на списокот, колку што очигледно од што е психопат и бил изгледа зачаран од тоа што се дешаваше низ Америка во училиштата, па од психопат што е ајде и он, затоа и мислам дека кој и да му се нашол на пат би бил застрелан, како што во случајов се чуварот и дежурните ученици. Исто и тоа кога влегол во училницата само почнал да пука со намера повеќе да убие. Затоа има и убиени што не се ни на списокот. Детето е класичен психопат, и под итно треба како за возрасен да му се суди. Тие работи дека психијатриска установа ќе лежел е исто ко да го наградуваат за се што направил… нека им даде сила Господ на тие родители… и тие деца што го преживеаа ова.
Ова со смртната казна не можам да го сфатам. Психопатот ќе го уплашат со смртна казна? Не. Само работа, огромна работа околу менталното здравје треба уште од најмали нозе. Одењето на психолог, психотерапевт и психијатар да не е табу тема и да се нормализира. Превенцијата е лекот, а не казната.
Од советот на родители има изјава дека некои од децата на списокот не го ни познавале, не одел претходно во таа смена. Наводно децата се напишани бидејќи сметал дека се подобри од него во нешто. Вучиќ и денес кажа дека детето не чувствува каење за масакрот.
Превенцијата е и да се врши претходна психолошка проценка на секој што тргнал деца да има, па да се издаде еден вид дозвола
А бе види, никој нема да излезе на камера да каже Јас го малтретирав, јас вака , моео дете е були и слично. Така да се земам за резерва. Женана што се дереше како удрена , ќерка и не ни била на списокот на детево..
Тоа не е дете, тоа е монструм и треба да го стават на електрична столица најбрзо можно, за да не се реши за некоја година да пресуди на други 'насилници' што ќе му станат трн у око. НИКАКВО ОПРАВДУВАЊЕ НЕМА ЗА МОНСТРУМОТ ПСИХОПАТ! И НЕ, НЕ E ВАЖНО ТРИГЕРОТ ШТО Е!!!! и мене можеби ме нервира и шеф и колеги и све по список, па еве уште сите се живи. никако не ми влага у глава каков монструозен чин е извршен а упорно бараме причинско- последични врски бил малтретиран, родителите му се развеле, па вака па така.. дрн дрн. Ич не ми чуе! Животот да му е така лош да посака и сам да си пресудил во моментот.. и не зборам ко за дете, зашто тој за мене не е дете, тој е убиец и монструм
Еј вчера дур чекав во Градска, донесоа баш повредено дете во главата и кажаа од друг ученик е удрен, и полиција имаше. Изгледа е тој. Едит: Да, тој бил. Времето се поклопува. Не бе некое колективно лудило ко да нѐ има фатено.
Ова произлезе од она, трпел булинг и нормално е да му пукне филм. И таа фраза е исто што и булинг. И исто потфрлање на народот како што потфрла системот.