Da se zaprasha covek shto storivme od decata,ej Uzas Ako nekoj e vo sostojba da se smee vo takva situacija,toa e pokazatel deka ne e samo ubiecot so psihicko poremetuvanje Problemot e ogromen
На вести сега видов деца си се смејат пред училиштето, т.е. би рекла средношколци. Кој би се смеел во ваква ситуација? Само некој болен во мозокот.
Ништо не е измислено, ене ти ги мислењата се гледаат. Ај, не ми е денов со тебе да се натегам, само ако се пишманиш за нешто што си пишала или редактирај или поправи се. На фб некои го оправдуваат. Како е тоа можно???
Страшно еве во Септември детево треба прваче да оди страв ми е. Он е мирен и ме плаши дали некое распрдено дете ќе го малтретира. Уште во градинка има такви ги гледам по родендениве ги тепаат децата ги плукаат. Родителиве не им чуе на повеќето. Да не знае човек како да реагира што да му кажам да прави ако некој почне да го малтретира. Нити наставниците не се од некоја помош.
Се' ова што напиша ти паѓа во вода поради фактите дека детето било мирно и со повеќе од одличен успех. Подлабоки проблеми се во прашање, од кои: дали детето имало антисоцијално пореметување(она што би се нарекло психопат), (повторувани) трауми од раното детство, надворешни фактори - булинг, перење мозок од влијателни фигури, интернет...треба да се разгледуваат овие фактори како можни причини - од непишување домашна не се убиваат луѓе. Колку и да е контроверзно тоа што таткото го учел да пука, сепак и тоа не е доволно за ваков чин, мора да имал посилен мотив. И да, навистина е сериозно. Не сакам да помислам дека и ние ќе станеме како Америка, каде што на децата им е нормално да вежбаат како да постапат во случај на school shooting.
Не сум родител јас, но доколку некој во иднина моето дете го дира а родителот негов не реагира, јас ќе реагирам....Ќе му покажам на ,,добар'' начин што значи да се дира моето дете..
Буквално истото го помислив. Од мали ги сликаат со пиво, со цигари во уста, на ти го пиштолов син таткин, пукај синка да ти расте курето. Од друга страна серии и документарци што цело време фокусот го фрлаат врз убијците и ги романтизираат. Секогаш крвникот е тој што добива слава, секогаш тој е оној за кој што се збори. Жртвите се само една реченица во статија за црна хроника. И секако гени. Ова дете е психопат, нема што да се дискутира тука поинаку. Дали убиството го напраил на 14, 24, 34, 44 нема врска. Гледам многу луѓе на социјалниве мрежи како и да го сожалуваат, демек застранило од лошо влијание. Тоа никако не го разбрав. Нема што да сме емпатични према убијци, нема што да сме емпатични према психопати што зацрнија еден куп семејства. Мрш и да скапе во затвор.
Да беше така лесно, ќе немаше булинг. Работата е што често кога родителот на детето што малтретира е немарен, ако другиов се умеша, после уште повеќе го малтретираат.
Пак ќе спомнам. Ние ко деца за Бетмен навивавме денес навиваат за Џокерот. Кул е да си негативец, во еден куп филмови... може чизи беа ние ко бевме деца, Жан Клод мава една клоца, сите летаат, ама не не испореметија. Сега филмовите изгледаат многу реални, а негативците се претставени како кул, како супер, секси. Сето тоа влијае, секси е да си психопат, да убиваш. Тие па србите со раповите нивни, насилнички... ама пак ќе речам, слобода на говор, модерни времиња, нема врска што се делува лошо на младината. Се промовираат песни со дроги, брза вожња, кланови, убиства, перверзии, силувања... не може генерација што слушала Ристо Самарџиев и Гиш пример, да има ист мајндсет како генерација што ги слуша срањава. Го пуштив Венздеј филмот... прва епизода, Венздеј ги убива насилниците што го малтретирале брат и, со пирани, нели. Толку видов, исклучив. Ќерка ми мала е го нема гледано, ама ете го знае, другарка и Венздеј торта имаше за роденден. Ама филмов го гледаат млади, мез малку тинејџери. Венздеј беше убиец, ама на кул начин, така? Како да си ги научиме децата (општо зборам) дека не е во ред ова... како да се сменат овие опасни трендови? Тик Ток - глупости, Холивуд - глупости, музиката - глупости... значи мозоците им се исушени буквално од неквалитетна содржина која ја примаат секој ден. Затоа и се повеќе психопати ќе има, мора крај на ова да се стави.
На темава имам само да кажам да разговараме со нашите деца. Да имат доверба да ни се пожалат, да заплачат пред нас дури и кога ќе пораснат. Ако имало булинг се оди кај класен раководител, кај психолог, директор, се оди на врата кај другите родители, се оди и во полиција. Да, понекогаш децата лажат ама сепак да бидат слушнати и да знаат дека никогаш не се сами. Добрите оценки на училиште исто како и лошите не се репер за менталниот склоп на детето и емоционалната состојба.
Чекам уште да цитираш кај пишав дека пукањето е неизбежно? Ајде нека не ти е мака.... да не се резилиш друг пат вака Пишав дека булингот е неизбежен, за пукањето си го измисли ти... оти си були. Еве ви луѓе, класичен пример за интернет БУЛИ Против вакви како тебе се бориме, што сакаат на друг интересни да се прават, ама терај
Дечки све сте во право за психолози и работење на децата. Ама исто така тврдам и дека некој не може да ти помогне ако сам не сакаш да си помогнеш
На фб има новинар на Српска тв кажува. Пред да го уапсат застанал не правел никаков проблем така рекол. Има како го носат накај станица.