Малиов од кога го изврши масакрот има нови две или три закани за исто дело од други деца, од кое едното е веќе извршено. Девојче на 15 годишна возраст со нож повредила наставник и соученик и ведаш била сместена во психијатриска болница... Што прават децава бе, каде им се родителите? Каде отиде светов ејј ццц...
Dete e mirno i tivko koga se čuvstvuva nesigurno od okolinata i so narušena samodoverba, verojatno ima prethodno lošo iskustvo so školskite i sega samo gleda da bide na nekoj način kako duh, da zavrsat časovite i da si ide doma samo vo toa misle, da pomine denot bez nekoj da go zafrkava i ismejuva. Mene kako mal me zafrkavaa u školo i stalno idev so strav i traev i bev povlečen
@Bratot и ова со кецот е веројатно шпекулација, наставничка од училиштето има изјава дека сите петки му биле и бил примерен. Ете има информација и дека поради успехот на натпревар по историја бил ослободен до крај од настава на часот. Претходниот ден бил на роденден со децата од класот. Пукал во најдобриот другар. Не верувам дека претседател на држава ќе го условува како монструм ако нема некои првични резултати од психолошките анализи и ако не е стварно монструм и психопат детето.
Па да, тоа е тоа што најмногу ме лути. Се обидува овде се ова што се случи да се препише на тоа дека бил злоставуван па пукнал и направил што направил. Наставничката, обезбедувањето што се? Како они го малтретирале? Зарем не било пологично да влезе со се оружјето во ранец, мирно на часот и да пука директива во тие што го злоставувале? Децата кои што ги убил, со нив бил на роденден вечерта пред тоа. Како ако сите го избегнувале и никој не го дружел? Ја има застрелано и девојката во која бил заљубен. Пологично ми е објаснувањето на госпоѓата од видеото, дека има пукано само во оние што се подобри од него. Сите од учениците што се на списокот во нешто биле подобри од него. Плус ако се земе фактот дека во тоа школо не одат деца на "обични смртници" туку исклучиво на "елитата". На врвни спортисти, доктори, адвокати...
Многу многу шпекулации прво сликата што ја објавија медиумите не е тоа детето, ова со кецот знак прашалник, претходниот ден пред масакрот бил на роденден кај некој школски другар, после наводно пукал од 2 пиштоли а на снимката се слуша рафално пукање од автоматска пушка. Доста полемики и небулози го следат случајов тешко да се кажи што е вистина што не случајов е во најмала рака доста сомнителен.
Тие што го повредувале физички биле од училиштето за глума, мислам дека нив ги немало на списокот. Детето е со нарушена психа и таргетирало жртви без или од банална причина. Таа е верзијата барем засега.
Да се разбереме Детево е психо!!! Не е никаква жртва на врсничко насилство бе луѓе.... Нарцисооден и ги убил сите кои се подобри во нешто од него!!! Бил интелегентен, знаел каде треба да чита, да види што ќе му се случи и си ги убил другарчињата. 14 години и не е така мал Башка, татко му го носел во друштво на пиштолџии и кој знае како си го билдал егото таму... Не знам тие што овде го претставуваат како жртва, имаат ли деца Абе го пуштам здраво право во школо и некое пореметено ми го убива.... нема да имам милост верувајте..... Дај Боже правдата Божја да ги стигне и него и неговите кога веќе законите ништо не му можат!!!!
Ете, во Србија постоел. Се викало запуштење малолетно дете и предвидена казна е 3 години. Секако, ништо од тоа нема да се случи. Иако закони постојат и за среќа не се пишуваат на форум. https://vocentar.com/дупка-во-системот-колкава-казна-затв/ За силувањето и јас се прашувам, ама ете, не е тоа тема, ваљда како општество не ве тангира
Па ова на сликава нели може да е оружјето на самиот полицаец? Инаку еве слика, испаѓа дека самиот Коста ја сликал пред масакрот. Најверојатно е најдена во телефонот што го запленила полицијата Ако е така, тогаш како вакви слики дошле до јавноста? Значи полицијата ги дава само така на јавноста? https://adria.tv/vijesti/crna-hroni...m-pistoljem-je-ubio-devetoro-i-sedmoro-ranio/
А знаеш зошто е тоа така? Оти не играат сукалото и каишот. Оти страхопочита,доброто однесување и воспитување и добрината се предмет на исмејувње,а не се пример за однесување.
Па не верувам да е шпекулација бидејќи тоа беа првични информации најверојатно добиени од учениците, исто од нив слушнавме и за притисокот и малтретирањето што му биле правени од страна на другите соученици цело време, а поради тоа и бил префрлен во друга паралелка, за да сега овие исти наставници веќе го негираат се тоа најверојатно ќе се координираат што да изјавуваат за да се заштитат самите себе си и својата неодговорност. Познат е Вучиќ по драматичните настапи, инаку истиот тој Вучиќ беше поврзуван со кланот Беливук кои извршувал монструозни злосторства а овај барал услуги од нив. Туку да кажеше Вуќиќ и уште ова зошто синоќа со толкав број на полиција им требаше околу 9 часа за да го пронајдат убиецот, кој им бегаше од село во село.
И ова дека пукал во подобрите од него е шпекулација од новинари(како и мн др раб).Има видео каде татко на девојче што било во училница кажала дека пукал буквално насекаде околу него ,додека они биле клекнати и сокриени под клупа.Не бирал по лик. @Biljarkata ама како знаете дека бил запоставен?Одел во приватно школо,одел во глумачка школа,одел на кошарка.Не делува како дете зафрлено шо знам.Башка изјавуваа другари,комшии дека бил воспитан убаво.И мајката шо се дереше рече бил сакан,чуван и убаво гледан. Еве стварно не знам и прашувам по кој основ таткото ке лежи( не сум саркастична сакам стварно да знам)
Види. Ако дете со топка скрши прозор, јас треба да го платам. Ако не оди во школо, јас ќе имам проблем со државата. Ако дете напраи вакво нешто, шо значи тоа, моментално невнимание на детето? Затоа и по автоматизам се одзема детето и станува проблем/одговорност на социјални служби.
@Bratot јасно ми е мене за Вучиќ ама и не е единствен во таа насока што коментира за детето. И првичните изјави од полицијата беа такви дека нема каење за стореното.
Да, тоа е оружје на полицаецот. Инаку еве и оваа фотографија е направена во полициското возило, е сега кој може друг да ја даде ако не самата полиција.
За мене е се' шпекулација освен она што го имаат на хартија како доказ и децата сами што го зборат - секако подобро го познавале од родителиве, вклучувајќи ги и неговите. На Вучиќ глумецон немам намера да му ги гледам изјавите, самиот е замешан во трговии со оружје и што се' не, освен да глуми емоции и солзи да капе по телевизии за * не го бива. Детево да било толку убедено дека баш тие од "листата" треба да ги убие, немало 14 (или колку и да се) пати да пука во обезбедување и дежурни ученици, ќе одел точно и точно ќе пукал во нив. Децава изјавуваа дека насумично пукал и во еден момент бил на земја и пукал нагоре (што би објаснило повреди во долен дел на абдомен, долни екстремитети), како и куршуми во таван. Ич не му е ладнокрвно убиствово, толку малиов со омраза и бес пукал кај и во кого стигне. Можеби ќе дознаеме после сите анализи што ќе му ги направат и му ги прават и ќе му ги направат, можеби ќе си шпекулираме до засекогаш, времето ќе покаже. А дека Вучиќ ќе го слушам за дијагнози, баш, стручњакот. Чист пример што се' не им чини во земјата е баш тој заедно со цела "крем де ла крем" багра арканова.
Да се корегирам самата - моја грешка децата на списокот, кои и му биле таргет, не оние во кои пукал, биле подобри од него на различни полиња.
Не знам како стручно ке го заведат.Невнимание ли е,запоставеност ли ,трето ли е?Само цврсто верувам дека не го носел на стрелање со цел да стане убиец.Исто како што јас не ја учам керка ми(малолетна) да вози со цел намерно да изгази некој. Оружјето на сликата не е негово.Ова на сликата не е Ruger 22 со кој он пукал.Аман една валидна слика не ставиа новинарите.