А тоа треба да проценат психијатри, не детектив и не Вучиќ. Ова е базирано на разговорот меѓу детективот и детето, кога го прашал "зошто го направи ова" малиот одговорил "затоа што сум психопат и морам да се смирам". И од оваа изјава, дете 14 годишно, детектив и претседател, ни еден психијатар од нив, дојдоа до дијагнози и фактичко каење. Камо да беше толку црно и бело, немаше ни еден од нас да има психички проблем, пуф ќе не' лечеа за пола секунда. И јас мислам дека срцев удар имам кога ќе ме стрефи паника, па еве, немам. Најпрво нека си го одземе државата старателството, па ќе си работат вистински стручњаци со него. Е сега, колку ќе биде вистина кажано, а колку одбран наратив, сосема друг муабет е.
Лелеле немој те молам со овие изговори - никој не го прави своето дете убиец, наркоман итн итн. Вчера имаше случај во државава каде што родители, мајка и татко, заедно со синот шверцале дрога и ги фатило полиција. Син им го поставиле во друга кола да им го чисти патот и да им сигнализира ако има полиција. Кој знае колку слични случаи на ова има низ светов. И? Сеа што праиме? Глупава е споредбата на носење дете на стрелање со огнено оружје и носење да полага за возачка. И да, не знам како по кој основ не ти е јасно дека треба да одговара. Имаш малолетно дете дома, кое си го научил да пука и му оставаш на дофат на рака огнено оружје. Што е тоа? Повели сине послужи се.
Не за носењето на пукање, туку што малиот успеал да пробие шифра на сеф (или ја знаел). Ни едно од двеве не смеело да се случи. Со стрелаштво не сум запознаена, правнициве ќе ни' објаснат дали може легално дете да биде член, а потоа и дали стварно бил член. И ако веќе може, дали тоа е возможно кој сака да се занимава со стрелаштво, никаква проценка претходна, само желба?
И според мене, психијатри треба да направат анализа, а не Вучиќ кој со неговата Брнабиќ си муабетат како градат автопати оти е ретрограден Меркур А и детето во станица ако не покажало никаква реакција, не мора само да значи дека не се кае. Бидејќи имало и психопати што се правеле невини, плачеле и се каеле. Па пак само глумеле. А и првпат слушам психопат да си така признае дека е психопат. Може и навистина не се кае, може е во шок (некој freeze response), итн. Нивните стручни лица најдобро ќе проценат како е навистина. Од медиумскиот хаос очигледно ништо не може да се каже. И онака само сите таму засеганти во ситуацијата најдобро знаат како било и како е.
Може да е на полицаецот да но од снимката што ја видов делува како од ранецот да ја вадат во моментот кога го апсат и легнуваат на земја на видеото подетално може да се види а ако носел и автоматска пушка покрај пиштолите прашањето е како е набавена колку што знам ако некој има дозвола за оружје дозволено е да поседува само пиштол за автоматска пушка татко му треба да е воено лице а не е. Многу прашања, шпекулации и доста фалинки има приказнава...
Таквите изјави ги прочитав само од портали, истите тие портали кои за детево на сликата тврдеа дека е Коста за на крај се испостави дека не е тој. https://adria.tv/vijesti/crna-hroni...inio-masakr-u-skoli-rukama-pokazuje-pistolje/
Ако децата стоеле исправено, да, ќе ги погодел во долен абдомен ако пукал од доле. Ама ако клечеле под клупи (као што се збори), куршумите би иделе во глава. Кога клечиш главата и колената ти се најнапред. Исто и грбот ти е изложен Стомакот баш најскриен е.
Сеф кој требало да е заклучен. Значи на сигурно место. Никаде не се спомна пробивање на сеф. Од каде сега оваа информација?
Тоа со пукнатата уста на приватни часови по глума, во медиумите беше нејасно пренесено, дали на Коста му ја пукнале устата или тој е пријавен во полиција дека таму пукнал уста на некој. И како 600 полицајци специјалци бркале едно лице со часови по селата, како што рече @Bratot. Нефункционална е и Србија како држава. Јас ја потпишав петицијата да одземат лиценци на Пинк и Хепи. Ја има петицијата по портали, има линк, потпишете ако мислите дека е тоа ок.
Многу небулози околу дешавкиве деновиве. Само ќе кажам дека ниедно дете на 13 години колку и да е антисоцијално и запоставено не би размислувало да отиде и да ги убие 10 луѓе според претходно направен список. Прашањата кои треба да се постават е зошто го сторил тоа , логично е да има некоја приказна позади сето тоа (видов дека имало графити/натписи по земја со негово име што укажува на тоа дека стварно се работело за булинг). Проблемот е што кај нас тоа не се решава системски туку како решение се нуди или трансфер во друг клас или школо но проблемот си постои и се таложи. Булингот не мора да биде само со негово физичко присуство, можеби трпел булинг и на социјални мрежи и на др начини кои што го натерале да го "реши проблемот во свои раце" Значи во случајов дефинитивно се работи за комплексна ментална патологија која се калемела со месеци претходно со цел да ескалира во ова. Децата имаат нежна психа и не можам да замислам што се случувало со него последниот период. Порано на булинг се одговарало со физички пресметки помеѓу групи на деца па потоа се викале родители , се превземале воспитно-образовни мерки. Сега тоа веќе го нема , родителите ги запоставуваат децата (не одат по родителски, не се интересираат за менталното здравје на нивните деца, имаат нереални очекувања од нив), децата од друга страна стануваат екстремно антисоцијални , опседнати со социјални мрежи , мафии , интернет и едноставно таа накалемена агресивност , гнев и други помешани емоции се претвораат во нарцисоидни психопатски настроени личности кои губат способност за рационално размислување и последици од нивните постапки... Жално но за овие случаеви виновниците се многу , од родителите до наставниците па се до оние кои вршеле булинг.
Абе таман работа, не го носел на стрелање со цел да стане убиец, ама искористил негово оружје (ваљда е таа информација точна). И многу форми на запоставување има, тие невидливите често можат да бидат пострашни. Не знам што друго е вистина што измислица, којзнае дали некогаш ќе се дознае. Ама ова со список на отстрел и толку девојчиња жртви не е ич наивно.
@Larson пак се мешаат поими. Тие слики со натписи против детево се напишани сега, откако се дозна кој е Коста. Во смисла ако го пуштат они ќе го дочекаат. А не пред настанов па да го земаш во обзир тоа како тригер.
Добро , не викам не. Но сепак не го менува фактот дека одличен ученик кој веројатно бил многу интелигентен одлучува да направи масакр без да има некаква причина за тоа. Не можеме да знаеме со сигурност што е причината за ова а и секако многу фактори се во игра од типот на: антисоцијален , burn-out доколку родителите го форсирале на некој успех и натпревари, булинг, социјални мрежи и инспирација од истите, вежбање стрелање на стрелиште.
На други места велат дека неговите биле разведени.Мајка му професор на факултет,таткото лекар.Наводно имал голем притисок од мајката за оцени ,успех.Да биде најдобар. Се што излегува во јавност.И точни и неточни информации.Кружи слика од сосема друг дечко. Така да не е се за верување.Детево сигурно го сослушале и испрашале и психијатри и детективи.Детенце од истата школо ,се префрлило од истото такво малтретирање.Ако имал проблем ,не се вклопил,зашто не го отпишале?Греота е за сите.Не бил прв пријавен случај.Директорот го нема во јавност.Тоа сепак се случило во школо ,не на улица. И службите си имаат одговорност. Многу прашања,разни информации..
Имаше некој по медиумите објаснето дека имало повеке девојчиња жртви зошто машките скокале од прозори, а тие не успеале да се снајдат во моментот и да не се вадат предвремени заклучоци.
Нема што директорот да го има во јавност, треба да го има во полиција да даде исказ зошто вакви насилства се дешаваат врз учениците во неговото училиште и да лета од работа.