Масакр во училиште во Србија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ahoy, 3 мај 2023.

  1. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.556
    Допаѓања:
    62.381
    Пол:
    Женски
    Да прекине да се нарекува Коста жртва, туку да му се додели соодветен ептитет, а тоа е монструм. Кога се нарекува жртва, се одзема од тежината на вистинските жртви, а тоа се убиените деца и деца како машкото што веројатно ќе остане парализирано и во раце и во нозе. Тие се жртви, Коста не е.

    Прашуваш што ќе правел со остатокот од животот малиот. Епа тука ти е одговорот на твоите прашања за фокус. Наместо тука да се дискутира за булинг (секако дека ова не го исклучува морето на проблеми што го прави врсничкото насилство, туку сметам дека местото не му е тука), да се дискутира за што понатаму. Понатаму за мртвите деца нема. И ова треба да се зборува постојано, да им се даде до знаење на децава што значи убиство. Пошто очигледно не знаат. Да се објасни затворот како институција. Пошто очигледно исто така не знаат. Да се престане да се препишува ова на булинг затоа што се создава обратен ефект, се дава легитимна причина за ако некој пак вака направи, да си има изговор - булинг. Toa не е начин според мене.

    Децава поим немаат што значи затворот. Дека е пеколот на земјата. Дека таму не идат кул терористи и гангстери, туку оди шлајмот на светот.

    И лекција дека без разлика што и да се случи, убиството не е решение. Затоа што не само што ќе убиеш други луѓе, ќе си ја убиеш и својата иднина, ќе убиеш еден куп луѓе духовно, ќе зацрниш семејства. Дека револт не се искажува со насилство.

    И пак да повторам, да не се користи зборот жртва и Коста во иста реченица.
     
    На 1209, LadyD, Pixi5 и 33 други им се допаѓа ова.
  2. butterfly_91

    butterfly_91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2020
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    743
    Пол:
    Женски
    Во право си и за тоа.Ама се сомневам ,дека би го избркале од работа.И таму владеат партиски вработувања, заташкувања.Секој е нешто на некого, а многумина не се компететни за својата положба.
     
    На Bratot му/ѝ се допаѓа ова.
  3. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.692
    Допаѓања:
    8.642
    Пол:
    Женски
    Викаат дека од страна на министерството за образование е донесена одлука директорката на училиштето да биде разрешена од функцијата откако дошле до заклучок дека имало пропусти во раководството на директорката. Односно дека на непрописен начин ги отстапила училишните простории на групата Црни петак и Кристијан Голубовиќ за потребите на снимањето на спотот.

    @Snowflake92 еве за тоа што не ти беше јасно вчера зошто Кристијан не смеел да биде во училна....
     
  4. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.944
    Допаѓања:
    17.044
    Пол:
    Машки
    Тоа ќе да е за друго училиште.

    Инаку заслужено ја набркале и неа.
     
    На sj *O* и simoncelicius им се допаѓа ова.
  5. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.504
    Пол:
    Женски
    Да, да и ДА!!!!

    Коста каков живот ќе имал?! Каков-таков, децата се МРТВИ.

    Србите инаку бараат да не се осуди Коста, да се пушти дома за да имаат можност да го убијат. Дај Боже, на најсуров начин и него и на Урош да се пресуди. Исто и на родителите, да им се одземе сѐ, да бидат комплетно исфрлени од општеството. Ќе го анализираме со денови тука еден мрсулко, дали бил bullied и не знам ти што. Еден куп семејства се зацрнија од едно болно семејство.
     
    На MandyLane, fana, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    725
    Пол:
    Машки
  7. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.692
    Допаѓања:
    8.642
    Пол:
    Женски
    И тоа два дена откако се случи ова што се случи, им текна да видат што се случувало пред месец два ...
    Какво е тек ова мочање по народот.
     
    На butterfly_91 и Bratot им се допаѓа ова.
  8. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.929
    Допаѓања:
    9.669
    Пол:
    Женски
    Овие српскиве портали се дното на хаосот, безочно и сочно лажат, од час во час сами се побиваат, се познава дека шират лаги и не им е гајле. До олку немам видено нигде на друго место. Ни во Македонија.
     
    Последна измена: 5 мај 2023
    На Ahoy, elenaa0805, Konfetka и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.944
    Допаѓања:
    17.044
    Пол:
    Машки
    Тоа е таа неодговорност и некадарност.
     
    На Polyincognito и butterfly_91 им се допаѓа ова.
  10. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.692
    Допаѓања:
    8.642
    Пол:
    Женски
    Еве повели одговори на прашањата

    https://www.faktor.mk/tatkoto-na-kosta-kecmanovikj-dobi-30-dena-pritvor

    Предвидена казна над 10 години, се сомничи дека го обучувал 13 годишниот син како да ракува со огнено оружје ( значи пиши пропало на изговорот дека деца тренираат од мали секакви спортови ) тешки дела против општа безбедност, морал да го чува во сеф кој НЕ МОЖЕ лесно да се отвори.

    Значи ако некој се разбира во законите и те како на повеќе нивоа татково може да го јаде.
     
    Последна измена: 5 мај 2023
    На Tajnaotrovna и Tanjamm им се допаѓа ова.
  11. TravellerS

    TravellerS Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2019
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.809
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува дека дете на таа возраст влегува у школо и бам бам, ко со бобинки и цевче ние на времеѕо коа се гаѓавме, ги убива децата, и обезбедувањето, при тоа со себе носел молотови коктели....
    Молотов коктел на 13 години знаел како се прави, а јас на мои триесет и некоја поим немам... Или малиот е за жалење или јас...
    Ви се молам, детето Коста баш и не е за жалење, сигурно не седнал вечерта пред спиење ај сега јас ќе скоцкам 2 молотови коктели, пишувам списпк, ко јас на времето список за роденден, Петко, Рајко и Трајко ги убивам и тоа е тоа, се јавувам у поливија јас ги убив и готова приказна., не луѓе ова се планирало.
    Не е можно свесен човек, приземен човек, прибран кој размислува со трезна глава, и кој импулсивно и не во афектна состојба, или во самоодбрано да убие, убива толку луѓе, не е дека е ос булинг.
    Мое мислење е дека тука најпрво потфрлилеродителите, па наставниците и останатите членови/вработени стручни лица во училиштето.
    Не е можно да на приметиш дека дете од 13 години спрема молотови коктели, никако не можам да поверувам... Овде игра улога отсутноста на родителите од дома, борбата за повеќе пари и повеќе удобства. Овде игра улога и гејминготи социјалните мрежи и канали, кои ако се претерани и те како ја изместуваат реалната слика за општеството, за постоењето и целокупното функционирање. Ако веќе имало и булинг како тоа да никој не примети, или сите гледаат, сите се знаат ама си траат.
    Под хитно да се вратат сите пензионирани наставници, оти овие новите се партиски вработени и не смеат да зуцнат оти тате помогнал да се вработи, оти се сопартиици, под хитно на наставниците да им се вратат поголеми ингеренции и можности завоспитно делување, во училиштата веќе нема ниту воспитна ниту образовна дрјност.
    Ако на 13 можел сам да научи да прави молотови коктели може и таблицата сам да ја научи... Ама не денешнива деца се глупави до стопен да не разлуикуваат варено од пржено јајце, ако не се збори за тик ток, инстаграм, снепчат и др социјални мрежи, брендирана облека тие и не знаат друг муабет да свратат.
    Абе во наше време, јас сум дете, за среќа од 80тите, беше борба кој знае повеќе, не имаше во класот до ри 10тина деца кои како да се натпреваруваме кој ќе крене прв рака, кој ќе хо реши тестот прв, чија писмена ќе биде подобра, кој ќе предава лекција на час, кој ќе членува во која секција, добар дел од времето го трошев на историска секција... Сппртувавме, се сами правевме. Овие деца со компјутерите и телњфоните ги уништивме доста е, да почнеме да го меннуваѓе светот прво од нас самите а потоа од нашите деца.
    Вака повеќе не треба да се живее, 13 годишник треба да се занесува по некоја мала лепотица, да игра кошарка у школски двор, да учи и стражува, да посетува натпревари.... А не да читаме за убиства и силувања...
     
    На Emy867, MandyLane и manako1 им се допаѓа ова.
  12. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    957
    Јас мислев дека после ваков трагичен настан, сериозно ќе се сфати булингот во училиштата. Ама напротив, гледам дека голем дел тука ја намалувате важноста на булингот. Затоа во иднина уште повеќе вакви ситуации ќе имаме (не дај боже).

    Типот е монструм, ненормален, психопат, како сакате наречете го, ама факт е дека тригерот е булинг, кој очигледно е дека тука се занемарува.

    Затоа кога ваше дете утре ќе се пожали дека е малтретирано во училиште, кажете му - епа добро бе, и мене ме маваа секој втор ден па еве ништо не ми е.
     
    На smooch, Gosh, Ouravanture и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.382
    Допаѓања:
    18.620
    Од каде прочита официјална изјава за тригерот?
     
    На MandyLane, Bitter-Sweet и simoncelicius им се допаѓа ова.
  14. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.247
    Допаѓања:
    50.831
    Пол:
    Женски
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.581
    Допаѓања:
    13.976
    Вчера Србите пуштија вест дека професорката по историја починала. Лажна вест. Македонските портали се попрофесионални од српските. Инаку на тв како зборуваа дека татково ќе добиел до 2 месеци затвор за несоодветно чување оружје, значи не било баш така. Општа опасност не ни спомнаа вчера. Ако поминат неказнети, ќе отиде некој ќе ги среди.
     
  16. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    957
    Ништо нема официјално ако така гледаш. Ни како пукал, ни кого по ред. Ништо не е официјално, ништо не е докажано. Нема искочено снимка од камери. Ниту знаеме дали он пукал, ниту дека он се јавил на полиција. Каде виде ти официјално?

    *Последново ми беше иронично, за да ти докажам дека никој нема искочено на прес да каже факти, да го реконструира случајот, нема сослушување на сведоци, нема ништо засега.

    Прилично сум сигурен дека тригерот е булинг, а ќе почекаме да ја потврдат информацијата тука, ако успее да се докаже и да се сослушаат децата. Може и да не сум во право, ќе видме. Ако е од чиста мира, треба да се ослободи детето - нормално, за да може некој да му пресуди.

    Не може оној пред камера да каже дека не го познавал детето, па не знаел зошто бил на списокот, колку паралелки се, 3-4, максимум 100-120 души. Ако имало некое дете што било малтретирано, одма се дознава, Ако некој се издвојува по успесите во школо, сите го знаат кој е.

    Тоа планирање не е за џабе. Сигурно не го правел од што му е досадно и си рекол дека ќе се испроба да вид како е.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.382
    Допаѓања:
    18.620
    Тогаш не го бранете психопатот и не го нарекувајте жртва.
     
    На mkdvesna, Tajnaotrovna, _beautyy_ и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Orfea

    Orfea Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2021
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Мене искрено стомакот ми се превртува неколку дена, и не можам да спијам мислејќи како им е на тие родители, кои изгубија деца...никогаш да не се повтори вакво нешто !
    И навистина не ми е јасно како може толку да се жали убиецот, па што и да била причината, нема оправдување за масовно убиство ! Да повторам - масовно убиство !!!
    Секоја дискусија за булинг, отфрленост и слично носи опасност од оправдување на неговите постапки - кои не се за оправдување!
     
    На Pixi5, mkdvesna, MeowMeow и 8 други им се допаѓа ова.
  19. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    957
    Ти можеш што сакаш да збориш, факт е дека детето е жртва на неправилниот систем. Булингот треба да се искорени, а оние кои го прават булингот сериозно да бидат санкционирани, а не да се дава поттик, бидејќи според некои овде е вид на нормално детско изразување.

    Толку сте навикнати на една рутина во светот, што кога ќе се случат исклучоци, веднаш сте гласни и револтирани. Зборевме наназад во темава, да се самоубиеше психопатот, ќе беше споделен еден статус на ФБ и тоа ќе беше тоа. Утре сите среќни и весели во школо, со една будала помалку.

    Кога некој прави ваква пиздарија (која по 100-ти пат кажувам дека НЕ ја оправдувам), пак фокусот ви е на убиецот, наместо на причините за да се дојде до тоа. Колку и да ви е жал за жртвите, сепак ќе има процедура која ќе трае подолг период за да се испита сѐ.

    Секој случај треба да се разгледува, од самиот почеток, па до самиот крај. Дали е тепачка, сообраќајка, авионска несреќа или ваква трагедија. Причини, тек на настани, последици.

    Да бил некој со криминално досие, деликвент, проблематична личност, ајде и некако да се донесе одма заклучок. Ама вака од чиста мира, не е одговор на проблемот дека е ПСИХОПАТ. Психопати и ненормални има многу, ама зошто баш него му текнало да направи масакр, треба да се испита. Не ми е јасно како не разбирате. Тоа што ние велиме дека е жртва на системот, не му го оленсува делото, ниту му ја оправдува постапката.
     
    Последна измена: 5 мај 2023
    На An-na, Gosh, Аргентина * и 2 други им се допаѓа ова.
  20. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.692
    Допаѓања:
    8.642
    Пол:
    Женски
    Епа да де.

    Почекај да ја најдат поврзаноста на тие ученици што се на списокот.
    Да видиме дали тоа се тие што го малтретирале. Ако е така тогаш да причината е булинг.
    Но останува и понатаму факот дека децата што се убиени не биле сите на списокот - значи се ПОТПОЛНО невини жртви.
     
    На BraBru му/ѝ се допаѓа ова.