Убиецот излезе поголема жртва од неговите жртви ! Само на Балкан, може да има повеќе емпатија за убиец отколку за убиени, што никогаш нема да имаат шанса да го одживеат својот живот !
Апсолутно погрешно толкување. А нели може да се жртви на различен начин и едното да не го исклучува другото? Коста е жртва и тоа е факт. Коста е жртва на погрешно родителство. Жртва на лоша школска управа, жртва на институциите, жртва на општеството. 8 луѓе се негови жртви и во никој случај тие не се минимизираат, не треба и не смее. Ама Коста се уште милиони деца меѓу нас секојдневно изневерени од домот, институциите и општеството и ако ние продолжиме да сме слепи и ги негираме тие жртви, само ќе продолжи и ќе се продлабочи тој циклус на жртви како во овој случај. Кога се вели дека Коста е жртва, нема тука простор за оправдување, глорифицирање или поддржување на делото негово. Не гледајте таква намера. Читам цел ден, што ќе сме збореле за причините, требало за последиците. Требало акцент на убиените да се стави. Тоа е таква трагедија што ќе остане засекогаш запаметена и акцентирана. Нив ги нема. Што да се збори за последиците? Последиците ги покривме со бел чаршав и ги испративме во нивниот вечен дом. Последиците не можат да се сменат. Коста уби деца и зацрни многу семејства. Да ги оставиме семејствата да си жалат на раат. Децата никој назад не ги враќа. Толку е муабетот за последиците. Дајте да го пукнеме тоа меурче и дајте да збориме за она што навистина може да се смени, за суштината, за причините за да некој иден Коста не се случи на никој од нас. Ние сме тие што тоа можат да го променат. Ние сме системот, оти било чие наше делување во едно општество влијае на сите како домино. Децата не мора да знаат за затворите. Ама мора, значи мора да се врати емпатијата кај нив. Една девојка коментираше вчера да се вклучи во образование и никој не ја рецна. Децата не мора да знаат за затворите, ама и те како мора да знаат да препознаат психичко насилство, емотивна и секаков вид на манипулација дали од другар, родител, претпоставен. Мора да се погрижиме да бидат чуени нивните чувства а уште повеќе да има на кого да ги кажат. Мора да знаат да ги препознаат и вербализираат чувствата, да зборат за нив без срам или страв, не да ги потиснуваат. Мора да се крене свеста колку е битна грижата за менталното здравје. Оти во ова гнило општество сите наши деца се потенцијален Коста и се жртва на системот, односно на сите нас. Ние сите колективно сме криви за Коста оти ние сме активни учесници во системот кој се распаѓа. Причините се многу битни дечки. За да знаеме од кај да почнеме да се менуваме, а не за да го оправдаме Коста.
Што сте смешни со споредбиве со Кики Голубовиќ, ај за други од типот на Аркан разбирам… па тој Кики како прво нема ниту еден човек убиено, тој е срамот на мафијата, мафијашки манекен го викаат, тој ти е само една палафурдија која обожава да раскажува дешавки и да ги набилда, кој гледал документарци и емисии каде што зборува за тие денови од минатото добро го знае профилот негов, сум гледала многу емисии и ми е крајно комичен, харизматичен тип ама убиец не е
Ок. Сигурно лежел во затвор затоа што многу време поминувал во библиотека. Следствено на тоа соодветно е и да го примаат по училишта да се снима со малолетни деца и да биде идол на истите деца. Ај сеа озбилно. Тебе ти е нормално осуденик, некој кој излегол од затвор, на малолетници да шири приказни (макар и лажни) за тоа како се убиваат луѓе? Кај живеам јас?????????
2 дена по ред масивни убивства на млади деца, утре што ќе биде? Неможе со затвор и невропсихијатрија , само на електрично столче или бесилка на плоштад!!! Па нека му ја мислат психопатите, на коноп да висат и во ѓубре да ги фрлат. Нема оправдувања за овие гомна
Така не го решаваш проблемот, само му правиш услуга. За такви психопати јас сум рекол, треба да бидат психички и физички малтретирани, додека не почне да моли да го убијат за да му ги скратат маките.
Ај пак Убиец не е, в затвор не лежел ради убиство, затворите не се само за убијци. Криминалец е, а на Балканов ги има со лопата да ги ринеш почнувајки од врвот
И? Поентата ти е дека местото му е кај твоето дете во училна, да му раскажува како се убива човек? Реална си?
Ја долови мојата поента на многу подобар начин, браво. Кога се гледа несреќа, се анализираат причините. И овој случај не е отстапка од тоа правило. Најлесно е да кажеш дека само извршителот е крив, но има и исклучоци (сообраќајка, авионска несреќа, градежна несреќа, пожар и слично). Затоа постојат институции кои се занимаваат со таа проблематика, и се надевам дека ќе ги дадат сите факти/причини за овој случај. По 101-ви пат, Коста е крив, и треба да биде санкциониран, или да биде ликвидиран од страна на роднините на жртвите. Дајте сега начин како да ја спречиме појавата на нов Коста, а не да смислуваме казни како да го затвориме новиот Коста. Ако има пожар, ти не правиш подобар систем за гасење на пожар од моменталниот. Туку ги наоѓаш причините за истиот, и гледаш да ги намалиш шансите пожарот да се повтори. Не знам што е толку ново и чудно тоа. И медицината функционира на ист принцип. Како да се превенира некоја болест ако може да се превенира, а не да се лечи подобро или побрзо. Глуп пример, за да не ти се појави рак на бели дробови, не ти викаат пуши си ти, ние за 5 години ќе имаме подобра метода за лечење. Туку те советуваат да ги откачиш цигарите и да водиш здрав живот. Без разлика дали е булинг или не, треба да се најде причината за таквото однесување, да се анализира однесувањето во последната година, и таму може ќе лежи одговорот. Ако најдат знак дека некое дете не е психички добро со паметот, ќе може да се пристапи кон лекување/третирање на проблемот и да се подготви терен за спречување на опасност.
Ма кое предавање, имаш видео од самите деца што го поставиле им раскажува (значи дај не цепидлачи дали предава или раскажува, иако и предходно пишав РАСКАЖУВА) . Не ми требаат портали нит медиуми коа имам уши и имам очи.
Епа не знам како да ти ја доловам глупоќата на постот поинаку затоа што сум во шок. И дајте овие евтини фори не ми дирај дете. Нити го замешав детето во негативен контекст ниту го навредив. Нити па знам дали имаш дете. Да се вратиме на темата. Според тебе директорката е без потреба разрешена така?
Постирај линк доколку се случило тоа да прочитам, ти си таа што цепидлачи раслажува/предава без разлика ако имаш линк сподели можеби сум испуштила
Немам што јас да ти постирам за да ти читаш нешто за кое си изнесе мислење на основа на невидено/непрочитано. Имаш линк низ страниве. А имаш и гугл.
https://a1on.mk/region1/video-po-dv...pushka-zad-muzichkoto-uchilishte-vo-novi-sad/ Утре следно е во Нови Сад...? Боже ме сачувај. Оваа неизмерна трагедија е само рефлексија на болното општество, болните критериуми и испревртени вредности, лажниот сјај на инфлуенсерскиот живот и идолите кои ни ги воспитуваат децата, додека сме ние "зафатени " со нешто побитно... И најболното прашање е ...Уште колку трагедии следат?
Oдлични анализи на српски интелектуалци ама кој да ги слушне. https://nova.rs/kultura/goran-marko...afski-film-i-ocekivati-da-ce-sve-biti-u-redu/ https://www.kurir.rs/licni-stav/4156212/famozno-svetislav-basara-dogadjanje-nemoguceg
Татково со изјава -негирал дека сторил тешко кривично дело со тоа што го однел синот на стрелиштето и го чувал огненото оружје недоволно обезбедено против општото обезбедување. Мислим шта речи даље