Па е жртва Кате, извини. За дете зборуваме. Дете што направи монструозно дело. Едно од најмладите деца кои имаат вршено слични дела, е Карл Махан. На цели 6 ипол години старост пукал и убил. Дедрик Овенс (6) во школо пукал во соученичка и ја има убиено. Амарџит Сада ( 8 ) е сериски убиец. Карол Кол имал 8 години кога прв пат убил. Од понова историја, Кајл Алвуд (9) уби 5 лица од своето семејство, 2019. Џасмин Ричардсон (13) уби тројца од своето семејство, 2006. Во Канада. Отслужи 10 години иначе. Што ако збориме дека се монструми? Фајде? Пак за пример ќе ги земам америте, не затвор, смртна казна имаат. И? Највеќе масовни убиства имаат, највеќе сериски убијци имаат. Дали јас ќе зборам монструм, гомно, да се запали, да цркне - ич нема да смени на нашата иднина. Посебно што знаеме за сличен модел кој преочигледно не дава резултати, од Колумбине навака само се' почесто, а не поретко имаат скул шутингс. Детево е производ и жртва на општеството, дете е. Не е јас, не е ти. Ние можеме да бидеме монструми. Ама ако ви е полесно да кажете за дете, во случајов 13 годишно, а ете погоре и за 6 годишни примери, дека се монструми, ок. Само не се согласувам дека стравот од затвор или смртна казна нешто менува. Мислам дека менува малце радикално менување на општеството во целина, знаеш, не да се плашат. Не сакам да се плашат за себе од затвор. Сакам да чувствуваат емпатија према другите деца, луѓе. А емпатија се учи. Тоа е мое сфаќање (а и генерално на психолозиве кои ги сметам за релевантни), каде е проблемот. А тоа не е во детето. Децата се слика на нас, не само на мајка им и татко им, на нас како општество. Не треба да е мое лично родено за да имам импакт на како го перцепира светот. Ама пак ќе кажам, демонизирање деца е само бегање од наша лична одговорност како возрасни. Гнев осеќам према неговите родители, гнев осеќам према школото, гнев осеќам према општеството, српското посебно е токсично (и влијае на нашево), гнев осеќам према сите возрасни и одговорни во неговиот живот, затоа што да, и тој е жртва. Ни едно дете не се раѓа лошо. Ни едно.
Ахам Значи ниту се работи за истото школо во кое се изврши убиството, ниту момците се ученици од тоа школо, а пишува дека родителите на момциве дале согласност. Целта било видео запис, а не раскажувал/предавал за како се убива… мислам стварно живи смешки, видеово го знам ама ајде реков можеби сум и стварно нешто пропуштила. за пусти пари и што повеќе кликови ќе објавуваат све и свашта да се чуди народ, во се нешто кривица, се знае кривицита каде е ни систем ни Кристијан, од дома е.
И систем и Кристијан и Пинк и ТикТок и све по ред. Не знам дали е измислено интервју, ама мене ми кажува доволно https://www.021.rs/story/Info/Srbij...e-drustvo-sebi-dozvolilo-nije-kriv-Zapad.html
Мислење од наш психолог. Колкав и да е тригерот здрава структура нема да постапи вака. https://m.facebook.com/story.php?st...K5k6ivDFwxCCRrl&id=1376003436&mibextid=ZbWKwL
Спојлер Со тешко срце го оставам овој коментар од мене, чувствувајќи се повикана најмногу поради мојата професија. Тешко е да се помириме дека некои нешта се надвор од наша контрола. Во случајов да се помириме дека е возможно да го пратиме сопственото дете на училиште ,а тоа никогаш да не се врати. Да држиме регуларен училишен час по историја, а на вратата да се појави наш ученик од 13 години, со пиштол во рака. Само едно нешто е многу важно да не се заборави. Какви и да се срединските фактори, каква и да била позадината на ученикот, не постои здрава структура која ќе убие 10 луѓе на ладнокрвен начин. Ако профилирам стручно, мојот заклучок е дека станува збор за хибридна нарцистично психопатска структура. Уште пред да ја чујам изјавата на Вучиќ мојот коментар беше дека вакво нешто е речиси невозможно да се спречи, а во овој статус ќе објаснам и зошто. Имате профил на високо интелегентна индивидуа во тело на 13 годишно дете. Биолошката возраст на ова дете во старт е во расчекор со когнитивната затоа што превисоката интелегенција кон која укажуваат натпреварите и наградите кои ги имал му помага детално да осмисли план за масакр. Колку деца знаете што осмислиле ваков план на 13 години? Јас не познавам ни едно, но во литературата сум сретнала голем број случаи на детска психопатија сличен на овој. На пример читајте за Cayetano Santos Godino, Amarjeet Sada, Andrew Golden, Ida Schell, Caril Ann Fugate и уште многу други низ историјата на човештвото. Заедничко за сите нив е дека на скала од 0 до 100 имаат 0 емпатија или капацитет за сочувствување со емоциите на другите. Но за сметка на тоа имаат натпросечна интелегенција која им овозможува да бидат исклучително манипулативни во остварување на своите потреби. Како се станува нарцистична или психопатска структура? Постојат два начина. Понекогаш е вродена, генетска емоционална попреченост. Во невропсихологијата велиме дека личноста нема невронски одговор во префронталниот кортекс кога треба да чувствува некоја емоција. За жал поради слабото познавање на нашите семејни стебла често пати се случува да не си ја знаеме сопствената генетика (секако таа може но и не мора да се активира). Другиот начин е да се преживее комплексна траума. Пример за тоа се ветераните кои се враќаат од војна. Поради преголема изложеност на смрт, болка, животозагрозувачки ситуации на фронтот и нешта кои веројатно ние ги гледаме само на филм, во нивниот ментален склоп се појавува потреба да исклучат секаква емоција со цел да се изборат за гол живот на фронтот. За кој од овие два начина се работи во случајов, не би се осмелила да заклучувам. Дали можел таткото да го спречи? Можеби, но да бидеме реални, кој родител би помислил дека сопственото дете има капацитет за да стане сериски убиец? Особено кога имате дете кое било мирно и повлечено, со висок училишен успех. Нема да навлегувам во дискусија зошто не треба да се учат деца да пукаат, мислам дека тоа на сите ни е јасно. Но повторно имајте на ум дека од другата страна имате опасен манипулатор маскиран во тело на 13 годишник. Дали може булинг и врсничко насилство да бидат тригер? Да, може. Но ако си здрава структура повеќе од сигурно е дека нема да убиеш 10 луѓе. Ваквата ситуација е возможна само ако веќе носиш капацитет во себе кој во моментот се активирал. Можеби ќе се активирал порано, можеби подоцна.. но за психопатските структури дознаваме најчесто откако ќе го извршат своето прво кривично дело. Пред тоа е речиси невозможно да се идентификуваат освен ако не земеме сите луѓе да ги ставиме на магнетна резонанта па да видиме дали им се активира мозочната регија кога зборуваат за емотивни случки од минатото. Она што јас го посочувам деновиве е да се осврнеме помалку на барање виновник, а највеќе на личната одговорност затоа што тоа е единственото нешто кое е во наша контрола. Работете си ја работата етично, што и да правите. Помагајте таму каде што е потребно и каде што можете, не забушавајте на работа. Затоа што секој момент во кој несовесно ја работите својата работа, некој може да настрада без разлика дали сте психолог, професор, полицаец, доктор, судија... за секоја општествена појава лекот е во нас самите затоа што ние сме општеството. Ние сме должни да сме свесни и совесни за сè што правиме без разлика дали се работи за блиска личност или непозната личност. Бидете подобри луѓе за себе. Секое земање мито, секој прекршен закон, секој пат кога некој ви нуди нешто прекрасно во замена за нешто незаконско, ве прави лесна мета на манипулатори. Длабоко сочувствувам со болката на семејствата. Единственото што ми преостанува е да се свртам кон себе и најдобро да го правам она што го работам и она што сум, надевајќи се дека само така ќе придонесам за безбедна средина. м-р Тиана Ивановска, Лиценциран психолог и Гешталт психотерапевт Она што јас го посочувам деновиве е да се осврнеме помалку на барање виновник, а највеќе на личната одговорност затоа што тоа е единственото нешто кое е во наша контрола. Работете си ја работата етично, што и да правите. Помагајте таму каде што е потребно и каде што можете, не забушавајте на работа. Затоа што секој момент во кој несовесно ја работите својата работа, некој може да настрада без разлика дали сте психолог, професор, полицаец, доктор, судија... за секоја општествена појава лекот е во нас самите затоа што ние сме општеството. Ние сме должни да сме свесни и совесни за сè што правиме без разлика дали се работи за блиска личност или непозната личност. Бидете подобри луѓе за себе. Секое земање мито, секој прекршен закон, секој пат кога некој ви нуди нешто прекрасно во замена за нешто незаконско, ве прави лесна мета на манипулатори. Длабоко сочувствувам со болката на семејствата. Единственото што ми преостанува е да се свртам кон себе и најдобро да го правам она што го работам и она што сум, надевајќи се дека само така ќе придонесам за безбедна средина. Токму тоа што се зборува. Сите имаме лична одговорност - а психопат не знаеме дали е некој пред да изврши дело. Макар и самата греши со сериски/масовен убиец, суштински се различни, нејсе, не е поентата тоа. Она што можеме да направиме е сите да размислуваме пред се' - без оглед дали сме родители; комшии, пријатели, учители, педагози. Децата во овој систем се оставени сами на себе. И најпосветен родител ќе има проблем со трул систем. И најпосветен наставник ќе има проблем со трули родители (кои се такви оти е трул системот). Колективно не чиниме, колективно ја грешиме работава.
Ќе го постирам овој дел Mi smo sebe pretvorili u ovakvo društvo. Kako slušam, ranije nismo bili ovakvi, u ovo smo se pretvorili. Imamo serije koje tematizuju kriminal i nasilje, imamo komercijalnu muziku koja, ne da tematizuje nasilje, već reči u tim pesmama su vrlo problematične. I ako nismo svesni da je to loše, to ulazi u našu podsvest", ocenio je učenik. генерациите растени и родени во ‘80тите, ера на Роки Балбоа, Чак Норис, Ван Дам, игрици како Стрит Фајт, Мортал Комбат, музиката од Тупак, Еминем, Др.Дре… мојот омилен Ханибал Лектор па еве ниту јас ни било кој не јадеме човечко месо.. Да се потсетиме како сме ние растени ништо помалце заштитени од насилство кое и во наше време беше присутно само со послаба технологија, да не се лажеме дека само Хелоу Кити, Леси, тетрис и чипичан. Сите се сеќаваме носталгично кон детството баш затоа забораваме на овие моменти кои биле присутни и на кои сни биле изложени а не ефектирало со монструми од луѓе
Точно е дека Коста направил злодело, и дека треба да одговара-апсолутно. То никој не го оспорува и не знам зошто поединци од членките упорно го вртат муабетот како некои членки го оправдуваат. Јас не видов тука некој да го оправдува, го оправдуваат тие малишаните на тикток со коментарите "браво краљу" "Коста цар" "батац је легенда" и сличните. . Арно ама, сите кои посакувате да го убиете (да умри) уствари пропагирате насилство во тема која треба да е против насилство и не ве прави нешто многу поинакви од самиот Коста. Убо рече некоја членка во претходните страни. Значи детето со постапката си пресуди само и е веќе жив мртовец, и да-жртва е. Како и починатите души. Напраен е огромен лапсус од страна на системот и на возрасните, а дебелиот крај го кркаа деца. И да, бараме причини за делото за да се дојде до превенција, во спротивно не ни бега америчкото секојдневие. . П. С. Повторно ќе речам, не напаѓам никој лично (во спротивно би го означила) и ако некој се пронајде во моите зборови, не е мој проблем. Изнесувам свој став, и нема да реплицирам ако некој проба да го побие мојот став. Нека размислува кој како сака, јас вака. П. П. С. Некои од мислењата ги пријавив.
Да, застрелано е само едно момче, останатите се девојчиња, не одел според планот/списокот туку се распукал по се што му дошло пред очи, најпрво чуварот, па девојчиња кои биле дежурни во ходникот, па влегол во неговиот клас кој бил во близина на влезот.
Не е насилството as is проблемот. Подлабоко е. Со мене родителите поминуваа време, а сум од релативно "помладите" генерации. Сите што не ја изгледавте Данијела Остојиќ, стварно погледнете. На многу добар начин објаснува. Насилство постои од кога постои човекот, насилство постои во природата, насилството е дел од нас, но како нели, свесни суштества создаваме општества и се трудиме да го контролираме. Не можеме да им кажеме на децата дека насилство не постои, освен што ќе направиме наивни и слепи и "жртвени јагниња", нема да станат свесни дека постои, да. Поентата е да знаат дека насилството е лошо. Дека боли. Што се вредности во животот, што не се. И Коста е екстремен случај, не дека секој ден децава пукаат. Ама секој ден милиони деца на Балкан само, гледаат и читаат и слушаат (не од филм, туку од родителите најпрво) - шлајм. . И ај ви се молам, татково не го изземајте од одговорност. Фала Богу дека не сакал да убива малиот, ама не ни внимавал. Онака, МОРАЛ да внимава. И ако е толку мачено детево, премногу ќутеле, ај ќе го преместиме, ај малце на психолог. Значи знаел дека го малтретираат нели, ама толку го есапел реално. Малце... порадикални мерки. А не да чувам дома оружје бе. Колку сака нека е легално, не е нормално. Еве нека се илегализира оти не е нормално деца дома да имаат пристап до арсенал цел. Детево само ќе се воспитува (и ќе се распиздува), ќе му купи тато и калаш ако треба да биде среќно, во замена на активно родителствување. И секој ден го гледаме тоа околу, не дека овој е баш па толку уникатен. Само ни е нормално веќе станато да се воспитуваат сами и со интернет, па не гледаме дека role models веќе не се родители, наставници, побогу комшии што прават добро за комшилук, војници, полицајци, пожарникари, туку role models се секаква девијација од човечки створови.
Па драга членке на истото баш како и ти алудирам цело време, домот, родителите, основата, базата, столбот кога го нема едно дете од најрана возраст ондак се руши ко кула од карти, информациите, окружувањето, светот околу себе го перципира на погрешен начин без грам емоција, емпатија и покајание и повторно и повторно ќе го направи истото. Имавме в двор две три малечки кученца и во една прилика моето мало детенце го дрецна на земја едното кутре, мене таа сцена толку многу ме вознемири, почнав да му зборувам колку само не е правилно тоа и како казна му дозволив од прозор да ги гледа кученцата и така и ќе продолжи доколку го повтори истото, дете ќе разбере, се калеми од мало од тогаш само ги милуваше.
Читам на Твитер, цвеќарите околу училиштето ги зголемиле цените на цвеќињата бидејќи сега многу луѓе одат купуваат, за да ги положат покрај свеќите. Исто нели Лука ќе ги покрие трошоците за погребите, трошоци што според мене, не ни треба да постојат во овој случај. И после се чудиме на децата пред училиштето што се смеат пред камера, скроз лабави, 0 емпатија. Едноставно copy/paste на возрасните. Труло ни е општеството 10/10.
Со акцент на потсвест. Што е тоа што влегува во подсвеста? Дали вие навистина мислите дека се е тоа безазлено, 24 саати на сите можни платформи да се фура булшит? Влијанието на јазикот на контентот што го примаш? Како да ти кажам, мадерфакер на Роки и Умри курво во рап песна (лупетам, ниедна српска песна од модерните не знам) е сосем друго ниво. За да влезеш во филм, треба да се идентификуваш со ликовите од филмот. Цела технологија е базирана на психолошки студии (како да предизвика зависност, меѓу другото), цела популарна култура постојано поместува граници на сензација, повеќе, пошокантно, поскандалозно. Побогу, живееме во свет кајшто Кардашијан се селебрити, луѓето што се занимаваат со ништо. Кој се селебрити во Србија појма немам. Ништо не е денес ни како пред 10 години, камоли пред 30. Бонус- во секоја држава веројатно има по најмалку еден локален Ендру Тејт
Има и нешто друго. Претседател на држава им излегува на прес со податоци кои не треба да ги споделува. Значи не е нормален. Кажува што младиот убиец кажувал во полиција, изнесува приватни податоци за семејството па и колку заработувале, дека имал сестра… Па список со деца кои требало да бидат убиени…. Е кога се обраќа ко да е во риалити шоу,тоа доведува до психоза во друштвото. За мерките што се донесоа на негово барање во нормални држави се формираат тимови, експертизи ,а не се носат за еден ден вакви популистички мерки. Тој на истиот прес за масакрот говореше и за Косово и за брадатиот кој доел бебе, алудирајки на западни вредности. Исто како министерот кој вината сакаше да ја префрли на западните вредности. Како кога промовираат насилство секојдневно?! Па Информер кој е близок до Вучко, си имаше интервју со сериски силувач, Шешељ е редовно по емисии , а овој Голубовиќ од фрижидер излегува секаде и уште тој па коментира друштвени случувања. На повторниот прес за вториот масакр Вучко во ист стил соопштува детали кои не е негова работа да ги споделува, со обраќање ѓубре едно, Хитлеру…. Па во еден момент го нарече терористички чин. Па правни лица го демантираа околу класифицирање на делото. Дали е некој свесен дека овој лик ако остане уште 5 год ке ја докусури Србија и нејзините деца.
Ставете се на место на родителите кои изгубија деца. И тогаш, дали исто би наоѓале оправдувања за извршителот на масовното убиство и би пишувале анализи на општеството кое придонело за вакво нешто, или би барале правда и итни мерки, да не се повтори вакво нешто ?
Па и он е селебрити, што повеќе да кажеме Ваљда не смееме повеќе, ќе не тужи за душевна болка .... Мада..ништо што он лупета не е случајно. На таква пр служба, на таква позиција, секоја изјава треба кон нешто да води, кон некое расположение на народ, па да донесе некоја ,,спасоносна,, одлука и да истера тоа што има за терање. Што имаат они си знаат.
А зошто никаде во случајов не го спомнуваш неговиот татко како база? Еве не знам за мене беше шокантно и згрозена сум од делот каде неговиот татко чува арсенал на оружје, од прерана возраст го учи да ракува со огнено оружје, го носи на стрелашство, за кај го спрема? Која е потребата и користа од сето тоа? Од толку прекрасни моменти кои можеш да ги споделиш релација татко-син, луна парк, прошетки, активности, светот на дланка со тие пари, тој избрал пиштолите за рекреација и ослободување на стрес…тоа за мене е ван памети, доктор школован, угледен, не е да речеш во планина растен па да се брани од дивеч