Масакр во училиште во Србија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ahoy, 3 мај 2023.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.810
    Допаѓања:
    274.844
    Тоа е тоа.
    Одговорност, емпатија, сочувствителност... се учат.
    Онака, акцијата има реакција.

    Извини што твоево дете ќе го земам за хипотетички пример, само илустративно.

    Ситуација 1
    Детево го дрецка кучето.
    Продолжуваш да пиеш кафе како ништо да не се десило.
    Порака, ок кул, не грешам нигде.
    Ситуација 2.
    Детево го дрецка кучето.
    Фаќаш го тепаш детето, да му покажеш дека боли.
    Порака, посилен = помоќен.

    Ситуација 3.
    Детево го дрецка кучето.
    Го тргаш на страна, збориш (и веројатно повеќе од еднаш, зависи од возраст), дека и тоа е мило, дека го боли (памтиш кога падна и те болеше коленото? не ти беше убаво нели? и кучето го боли) сето тоа со објаснувања ЗОШТО не е добра постапката, и последица е гледање низ прозор затоа што не може да повредува.
    Пораката е јасна - мене не ми е убаво кога ме боли, значи и другите ги боли и не им е убаво. Не сакам да не му е убаво на кучето.

    .

    Муабетот секогаш се сведува на одговорност и внимание. Да земеш ти од чиста мира да дрецнеш куче од земја ќе ти речам дека нешто озбилно не е во ред со тебе, ама не можам и за детето исто да речам. Тестираат граници, тоа им е работа, на возрасните (сите, во случајов ти) ги поставуваат границите.

    Овде имаме куп деца без граници. Мислам се држам до изјавите на лично засегнатите, шпекулантски наслови не ни отварам. Е*ате удрената што се дереше како тоа ќерка и' сакала да се прилагоди и да ја прифаќаат (многу нормално за тинејџерка, госпоЖа) и уште како малиов имал проблем со ќерка и' што пушела (а како ти како родител немаш, еве не знам). Итн, итн, итн.

    Ние, без оглед каква улога имаме, ги обликуваме децата.
    Не треба да имам дете за да влијаам на твоето.
    Самото тоа што постојам во исто општество со него, и имам некаква интеракција (дали како авторитативна фигура, комшика или случаен минувач) има импакт.

    И затоа страшно ме револтира што возрасни, посебно родители што се, се "перат" од одговорност. Општеството е заедница за сите, не само јас и моево дете.

    Сите сме во исто го*но.
    И од сите нас зависи каде ќе одиме понатаму.
    Овие деца се нашата иднина, ние сами ја кроиме каква ќе биде.
     
    На smooch, dipsidipsidipsi, senjorita-v и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.377
    Допаѓања:
    90.421
    Пол:
    Женски
    Јас се прашувам дали Ке прекинете со пишување вакви површни постови.

    Зарем не сфаќате и ти и сите други дека никој нормален не бара оправдување!

    Друштвото во кое живеат нашите деца е болно!
    Затоа сега сите бараат причини,анализи и сл.
    За да се излечи.
    За не се случи повторно.
    Ајде ќе го запалиме на клада, заслужил, не ми е жал.
    Дали нема да се повтори некој нов Коста така ?
    Спиралата на насилство е веќе отворена,
    проблемите треба да се решаваат.
    Овој масакар беше шамар за сите.
    Да се освестиме.
     
    На Ahoy, do-re-mi, smooch и 15 други им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.184
    Допаѓања:
    189.107
    Го спомнав него претходно, ама слабо ме читаш.
    Апсолутно истото го мислам...плус уште нешто...ама реално, се што имаме се претпоставки.
    И тоа социјалната класификација, угледен човек е големо перде пред очи. Има иљада можеби што тој ги направил погрешно, затоа е и во притвор, нели.
     
    На IRBBB, CameliaMiller и elimkd им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.810
    Допаѓања:
    274.844
    Никој никаде не го оправда.
    Никој. Никаде.

    А многу ме интересираат итните мерки, ако сакаш сподели ги.
     
    На sj *O*, IRBBB, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  5. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.025
    Допаѓања:
    48.351
    Пол:
    Женски
    Некаде по телевизииве правник толкуваше закон дека не може да оди в затвор затоа што директно не бил инволвиран така да мислам дека ќе биде слободен човек
     
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.810
    Допаѓања:
    274.844
    Со одземено дете.
    За тој ако бил "чист" пред закон, значи законот не им чини и да си го сменат.

    Со ситнурии можат да го држат де, ама нема баш некоја поента на татково во затвор, не оти тој отишол да убива, нели.
    За неодговорно родителство се одзема дете (што и ќе се случи), не се оди во затвор.
     
    На fana, sj *O*, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  7. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    957
    Ова е многу погрешно размислување. Никогаш нема да го имаат истиот став вршителот на делото, и оштетената страна.

    Нормално дека родителот ќе бара смртна казна или не знам каква.

    Но сакам да кажам дека проблемот е многу подлабок и посериозен.

    Еве да речеме, ќе го убијат утре. И што? Пак ќе има булинг во школо, пак ќе има оружје на дофат на деца, пак ќе има тепачки во школо, во автобус, во дискотека.

    Еве твоето дете да убие друго дете, дали би барала причина зошто го направило убиството, или ти лично би му ја ставила смртоносната доза, за да го решиш проблемот? Нормално дека ќе почнеш од причината/поводот за тоа.
     
    На sj *O*, IRBBB и butterfly_91 им се допаѓа ова.
  8. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.025
    Допаѓања:
    48.351
    Пол:
    Женски
    Еве

    • Мораториум за издавање дозволи за поседување и носење кратко огнено оружје (дозволи за набавка на оружје, сертификати за оружје и сл.), на две години.

    • Во рок од три месеци мора да се заврши прегледот на сите издадени дозволи за оружје.

    • Во рок од шест месеци да се заврши контролата за тоа како лицата со дозволи го држат оружјето, а особено контрола дали се исполнети законските барања за безбедно складирање и чување на оружјето, дали се чува одвоено од муницијата и дали пристапот до оружјето и муниција од малолетни лица е соодветно спречена и други неовластени лица.

    • Контрола на сите стрелишта на територијата на Република Србија - да се заврши во рок од 3 месеци.

    • Во рок од еден месец да се подготват прописи за условите и начинот на користење на стрелиштето, вклучително и забраната за пристап на малолетници.

    • Се наложува Министерството за правда во рамките на постоечката Работна група за изменување и дополнување на Кривичниот законик да подготви измени на законот со кои ќе се пропише одговорност за лицата кои овозможуваат малолетници и други неовластени лица да набават огнено оружје и кои обучуваат малолетници и други неовластени лица да ракуваат со огнено оружје .

    • Се наложува Министерството за правда да ја разгледа можноста за измена на Кривичниот законик со цел намалување на старосната граница за кривична одговорност на малолетниците од 14 на 12 години, притоа почитувајќи ги меѓународните и европските стандарди.

    • Се наложува Министерството за образование и Министерството за здравство да соработуваат во рок од еден месец за да подготват прописи со кои ќе се овозможи воведување задолжителни тестови за дрога во средните и основните училишта за учениците од седмо и осмо одделение.

    • Владата во рок од десет дена ќе формира Совет за спречување на врсничко насилство, кој меѓу другото ќе обезбеди организирање на мобилни тимови за врсничко насилство преку протоколи меѓу центрите за социјална работа и други служби (образовни и здравствени установи, полиција) која итно би реагирала на случаите на врсничко насилство и во консултација со синдикатите на воспитно-образовните работници и здруженијата на родители на ученици да ја разгледаат целесообразноста од донесување мерка за забрана за употреба на мобилни телефони во училиштата.

    • Се наложува Министерството за правда и Министерството за информации и телекомуникации да ја разгледаат во соработка во рок од еден месец можноста за заострување на санкциите за непочитување на пропишаните обврски на давателите на медиумски услуги, вклучително и интернетот и другите електронски платформи, како и социјалните мрежи, во однос на забраната на програмски содржини кои истакнуваат и поддржуваат насилство, криминално и друго незаконско однесување, емитување сцени на брутално насилство и други содржини кои можат сериозно да му наштетат на физичкиот, психичкиот или менталниот развој на малолетниците.

    плус што запомнив ќе вработеле над 1000 полицајци и пред секое школо ќе поставел вооружено лице
     
    На senjorita-v и tanjaaa им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.810
    Допаѓања:
    274.844
    Ок, супер мерки си се.

    Ама пак не е до коренот на проблемот.
    Не читам овде ништо за социјални работници, педагози... онака, некој што ќе работи на создавање функционални семејства, воспитно образовни институции.

    Овие како за пуч да се спремаат, а пак под тепих стварниот проблем да го пикаат.
    Само болдот им држи вода до она што е битно, иако треба ДОМА, онака чук-чук на врата, да видиме како живее Петко.

    Редовно и задолжително разговарање со училишен педагог/психолог за сите деца, од прво одделение до матура. Ако наидат на било што алармантно, си имаат кому и како да постапат понатаму.


    Будење на соц.работници, вработување на соц.работници и работа на терен на соц.работници.

    Ова кај нас би го имплементирала.

    И неодење на родителски да се смета за негрижа. Ако не можеш тогаш (на работа си, болен си), да добиеш термин да одиш. А не да не ни знаат како изгледаат родителите.
     
    На senjorita-v, sj *O*, IRBBB и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.377
    Допаѓања:
    90.421
    Пол:
    Женски
    Еве вечерва во емисија кај Славица Ѓукиќ Дејсновиќ( бивш министер и претстедател на скупштина им беше) докторот во брза помош што влегол прв до детал раскажува се.
    Женава е психијатар па добро дали може нешто нормално да работат, се погрешно прават.
    Зарем риалити повторно?
    Па зошто да ги кажува деталите каде ги видел децата мртви во холот на школото.
     
    На happygirl, Ahoy, Oneo и 6 други им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.810
    Допаѓања:
    274.844
    Па тоа треба за на суд итн. да се задржи, овие во "ријалити шоу" и психијатриска установа, и судница, и се' се.

    Ама пак... погледни им го претседателот. Што останува за овие.
     
    На smooch, Cosmi, sj *O* и 6 други им се допаѓа ова.
  12. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Ако ние живеевме во здраво општество, а живевме, тогаш кој го разболе општеството? Ние и никој друг.
    И сега истите ние ќе го лечиме… па како?
    Премногу лажни вредности ги поставивме како приоритети и стил на живеење. Наплатата дојде.
    Ако некој пред 10 дена ги анализираше родителите на К, анализата ќе беше со највисоки оценки. Успешни родители, чии деца се примерни со одличен успех во училиште, добри комшии..
    А денес? Кариеристи кои не посветиле внимание на децата.
    Животот стана борба за пари, успех, надмоќ. Животот стана оброк на гладното општество кое сами го создадовме.
    Ќе го лечат децата или можеби децата на нашите деца зошто ние потфрливме.
     
    На mimiiiii, smooch, Oneo и 13 други им се допаѓа ова.
  13. butterfly_91

    butterfly_91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2020
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    743
    Пол:
    Женски
    Мое мислење дека ако после ова ,не разбудиме свест почнувајќи секој од себеси,ме плаши дека ова ќе биде секојдневие.Да се разбуди колективната свест ,каде грешиме.А не секој пат ,како изминативе 30 години да биде крив некој друг.
    Пишуваме неколку членки, тоа се учи од дома.Емпатијата, сочуството,почитта.За жал денеска се повеќе што не ги учат децата на тоа,едноставно се слепи и глуви.Ама ако само јас го воспитам моето дете така,ќе биде понижувано и треба да го носам по психолози.Ако се посветиме колективно тоа е веќе друго.Да се вратиме на вистинските вредности.
    Вака со лажниот сјај оддалеку, внатре сме трулосани.
     
    На dipsidipsidipsi, Malesia, sj *O* и 4 други им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.810
    Допаѓања:
    274.844
    Ако почнам да набројувам што јас гледам кај моја фамилија, познаници по соц.мрежи, ако го земам форумов како пример, треба барем третина да ги навредам каде грешат како луѓе, после родители, возрасни итн.

    Децава се изложени на говор на омраза и кога родителите не се свесни дека е тоа. Мразиме педери, мразиме курви, мразиме шиптари, мразиме, мразиме, мразиме.... мразиме.

    Мразиме онлајн, мразиме офлајн, мразиме богати, мразиме сиромашни, мразиме мајки што не работат, мразиме мајки со кариера, мразиме кучиња, мразиме цигани.

    Мразиме де.
     
    На ell, mssuniquee, bertold и 8 други им се допаѓа ова.
  15. RainbowButterfly

    RainbowButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    753
    Пол:
    Женски
    Само да не се десит кај нас некој да е инспириран. Сигруно на родителиве веќе им е страв децата на школо да ги пуштат. :( :| И и мене ми е страв дека ќе ме пукаат порано стално ми беше. Ама сега можда држит вода мојот страв (тогаш ирационален) ради дешавкиве. Бладање...
     
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.110
    Пол:
    Женски
    Треба да има поголема контрола во школите односно да имаат дозвола за претрес на школските ранци и спортската опрема и друг вид на куфер/торба зависи што носат бидејќи читав имаат музичка и ликовна школа, инаку вака вооруженото лице само како фигура би служел. Треба и да се патролира низ школото на секои 10 мин иако секоја минута и секунда е важна.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  17. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.692
    Допаѓања:
    8.642
    Пол:
    Женски
    По не знам кој пат рекла казала муабети на твитер.
    Инаку девојкава од каде е превземено сториво е водителка, побара да се каже која е таа цвеќара за да се бојкотира.
    Еве што излезе на крај.
    Screenshot_20230506_063019_Instagram.jpg
     
    На Polyincognito и sj *O* им се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.110
    Пол:
    Женски
    Луѓето се зло.
     
    На Ouravanture, RainbowButterfly, Polyincognito и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.422
    Допаѓања:
    42.556
    Како Коста не е жртва?!

    Жртва е на ПСИХОПАТИТЕ кои го малтретирале секој ден за поинтересен да им е денот.

    Сакале да го понижуваат и скршат, епа успеале. Он не е психопат, убиец е. Да не речам убиство во самоодбрана.

    А сега и ПСИХОПАТИТЕ кои го малтретирале треба да одговараат и да сносат одговорност како соучесници, оти и они имаат крв на рацете.
    И родителите на тие деца, зашто никој не ги приведува и распитува?
    Зашто не кажете дека и они се ПСИХОПАТИ?

    И они планирале, се договарале меѓусебно , нит имале жал ни срам ни перде, викале се играме, родителите викале деца се, со ГОДИНИ да му се серат у животот на едно дете, а и самите они деца. Оти ПСИХОПАТИ.

    Да се убиеше детето, они ќе требаше затвор да лежат доживотен, да се мењаат законите и да пишувате ПСИХОПАТИ!

    И на крају краева, они се и уште живи. Не глем некој тука да ги спомна, да ги осуди, да бара нивна одговорност, да се мењаат закони и за нив, да се нарекуваат тоа што се, ПСИХОПАТИ.

    Али ок, така растат децата.
     
    На Oneo, smooch, Lianna Anna и 12 други им се допаѓа ова.
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.914
    Допаѓања:
    36.756
    Пол:
    Женски
    И ние сме трпеле булинг, ма! Па, шо ни фали?!!! :wasntme: |( :^) (facepalm)

    Тоа е реториката која цело време се врти тука.
     
    На smooch, christinnn, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.