Масакр во училиште во Србија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ahoy, 3 мај 2023.

  1. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.815
    Допаѓања:
    23.107
    Па може децата го малтретирале зашто и они биле жртви де.
    Они малтретирале, овој убил.

    Туку сите имаат причина за нешто што прават.
    И тие што силуваат, и педофилите. И терористите и крадците и тепачите. Сите.
    Секој ќе ти даде објаснување што он си го разбира зашто нешто направил.
     
    На mkdvesna, MeowMeow, RainbowButterfly и 6 други им се допаѓа ова.
  2. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.461
    Допаѓања:
    12.262
    Пол:
    Женски
    Стрелаштвото се смета за спорт, не знам баш дали има ограничено години, затоа што и кај нас има натпревари во стрелаштво и тоа за основци и средношколци. Тука проблемот е во родителот и достапноста на оружјето кое го чувал дома. Ненавремено согледување на проблемите на детето. И реално се е шпекулација не знаеме што точно се случило. Негде прочитав бил малтретиран негде не бил. Па добил кец по историја па не добил...
     
    Последна измена: 6 мај 2023
    На Billy Idol, Freckles., Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.419
    Допаѓања:
    183.129
    Пол:
    Женски
    И од психолог до психолог има разлика. Еве овој погоре цитирам:
    Ма немој да ме јебеш бре! Па да бидеме реални, може баш тоа е и проблемот. Оти не мислиме. Оти сме толку полни сами себе што никогаш не помислуваме дека нашето дете може да направи такво нешто.
    А зошто не мислеле? Оти детето учело? Било примерно? Па што? Дали се заинтересирале да видат кои му се интересите на сопственото дете, и што тоа дете истражува, да му видат гугл историја на пребарување? Или пушти го детето само нека тера усвета па капак на тоа и нема што да му ја мислат, арно им е детето. Таткото има одговорност и ништо не го пере од одговорност. Добро. Добриот адвокат може да го “испере” пошто судот исто е трул.

    @Gosh булите се исто жртви. Тие се претежно жртви на домот оти родителите им се були или тотално незаинтересирани за нив. Повторно се родителите најголеми виновници и одговорни.

    Па сите ја слушнавме таа хистеричната. Она сама себе се пренагласува, ќерка и е во сенка. И сама кажува дека девојчето и е мирно и повлечено и сака да биде прифатено, а не гледа дека самата го втерала таму. Не и битно што девојчето и пуши на само 13 години, битно и беше она да се раздере и да се истакне сама себе. Па уште да излаже дека девојчето и било на список. Да избрбори нешто демек знае, на крај да рече па јас не сум психолог. |(



    Иначе вие со и ние растевме со роки балбоа и слично па демек ние арните. Токму ние сме тие родители на тие деца денеска без емпатија. Тие генерации на Роки Балбоа израснаа деца тотално незаинтересирани и неемпатични. Ние сме тие што растат најголем број булис до сега. Така што пак се враќаме на тоа дека децата не ни се виновни, ние сме. Ние ги креираме нивните личности тотално незаинтересирано да креираме правилно. И еве кај сме.
     
    На Oneo, smooch, Lianna Anna и 13 други им се допаѓа ова.
  4. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.427
    Нели ви е језиво бе дете со оружје да гледате? Колку сака нека е спорт, не делува океј. Сега кога побарав на гугл, меѓу првите слики, татко со дете без никаква заштита пука со пиштол.
    И знам дека носат заштита, ама пак, со оружје никогаш не можеш да бидеш 100% сигурен и стварно не гледам никаква валидна причина да го ставаш детето и на најмал ризик.
     
    На Ahoy, MeowMeow, Konfetka и 7 други им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.164
    Допаѓања:
    175.251
    Пол:
    Женски
    Ако е со план - не е самоодбрана. Cmon. Не сум воопшто правно паметна, ама сега го малтретираа и црно виде и почна да убива е една ситуација, а ладнокрвно дома план да прај со чиста гла, да преспие и планот уште да прај смисла па го реализира - е сосема друга ситуација.

    Плус
     
    На Pixi5, mkdvesna, Ahoy и 14 други им се допаѓа ова.
  6. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.968
    Допаѓања:
    13.689
    Која црна самоодбрана? Правел план, настрадале невини луѓе. Дали си сериозна ова што го напиша?
     
    На Pixi5, spacegirl92, mkdvesna и 21 други им се допаѓа ова.
  7. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.692
    Допаѓања:
    8.642
    Пол:
    Женски
    Ма овде на темава се збори па што ако криминалци доаѓале во школо и имале разговори со малолетници?
    Што ако осуденици ги снимале малолетниците и ги ставале на социјални мрежи.
    Па што има везе, не било истото школо каде што се случи масакрот.
    Испаѓа дека безвезе ја разрешиле директорката на школото.
    И сеа ти очекуваш некој таков кој не гледа проблем овде, утре да земе да се заинтересира да прочепка историја на пребарување или да го седне да му објасни дека не е ок да се диви на Голубовиќ и сличните на нему?

    И уште пострашно, еве ти дело како пример - родителите на тие малолетни деца дале дозвола, пази сеа дозвола децата да им се дружат со Голубовиќ.

    И после крив им е некој трет. Сами не знаат да си ги воспитаат едно, две деца дома . А очекуваат една наставничка да воспита 30 души.
    Па крив е системот па државата па не знам што.
    Абе се сами сме си дозволиле.

    Не ви требаат ни социјални мрежи да видите дека нешто не е како што треба.
    Земете само набљудувајте на една автобуска, во автобус, со каков речник се изразуваат.
    Да ти се згади и повраќа.
    Ученици.
     
    На ZAHRA, bertold, VDT2906 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.279
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
  9. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.045
    Мозоците им излетале од главите на децата, него око не му трепнало, продужил.
    Му пукнал филмот, де.

    Ако неговите не го сослушувале, нејќеле да го отпишат од школото, не му помагале; шо не ги рокнел нив?
     
    На Pixi5, MeowMeow, mimiiiii и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.815
    Допаѓања:
    23.107
    Туку еве сеа смее некој од преживеаните сеа да го отепа Коста? Јер нели, и нив ќе им пукне филмот.
     
    На Pixi5, spacegirl92, MeowMeow и 11 други им се допаѓа ова.
  11. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.746
    Допаѓања:
    9.018
    Пол:
    Женски
    Јас веќе неколку дена се трудам да сфатам како на темава одредени луѓе се трудат да го одбранат детево и правдаат . Стварно не ми е јасно. Ма колку сакал нека е булинг во прашање.
     
    На Pixi5, Sofi.ja, spacegirl92 и 13 други им се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.419
    Допаѓања:
    183.129
    Пол:
    Женски
    Па ние сме криви. Вината е во нас. Ние сме родители, наставници, педагози, директори, музичари, новинари, итн итн. Ние сите сме системот и државата и ние ги растеме идните генерации погрешно.
    Па имаш, тотално ладнокрвно неемпатично дете збори пред камера, одма после таква траума дава изјава. И не гледаме колку е тоа погрешно. Ова што се случи секако ќе им биде траума на тие деца и ќе го испроцесираат еднашка. Едни ќе станат булис, други ќе се повлечат. Трети ќе се преселат далеку, четврти ќе развијат социјални стравови, анксиозност. Со овие деца сега мора да работат експерти иначе се пуштени низ вода.
    Со родителите исто треба да се работи. Дали ќе соработуваат е клучното прашање.

    @theowndemon не треба. Ама реално, може да се случи такво нешто. Секоја траума предизвикува одредена реакција, за секој различна. Па така и кај Коста. Дали требало да земе да ги пука сите што му се нашле на патот? Апсолутно не требало. Ама се случи.
     
    На smooch, Billy Idol, IRBBB и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.587
    Допаѓања:
    13.983
    Косово не изрази ни сочувство. Гледаат дека Србија е морално и духовно пропадната. Потпишете ја петицијата. Мене на мејл ми стигна да пратам на уште 3 луѓе, ако можат да ја потпишат. Утрово на Пинк објаснуваа како ќе било добро детето да гледа реалити, ама не гледал. Тој Жељко треба исто да одговара. Пропагира промискуитет, некултура, насилство, сексисам, глупавост итн.
     
    На SuperGirl24 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.389
    Пол:
    Женски
    На ZAHRA и Евроазија им се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.164
    Допаѓања:
    175.251
    Пол:
    Женски
    Реално, многу работи се случват шо честопати ни е тешко да ги сфатиме и разграничиме. Да. Реално е.

    Ок, малтретиран бил и убил и вино и невино после детален план. Нагласок на невино оти многу на темава се произнесија дека убивал булис и као го малтретирале. Уште "си го барале" да пишеа и комплетни да бевме. Булис исто така океј, малтретирани биле зато малтретирале, најчесто од дома и од врсници. Родителите шо ги малтретирале булис, исто ко деца биле тепани од неговите и уште трпат вербално насилство ама нИшТо Не Им Е НиВ ништо не им фали, новите генерации биле од мочка праени.

    И ова до кога било можи да се тегни. И зато делиме ситуации. Во една ситуација си жртва, во друга си насилник и та е реалноста. И едната не ја оправдува другата иако можи делумно да ја објасни.
     
    На sweet-cherry, Peanut Butter, senjorita-v и 2 други им се допаѓа ова.
  16. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.524
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    А од кај сте толку сигурни дека булинг е причината за убиствата?
    Нигде не прочитав официјално да е потврдено.
    Наводно списокот го направил од деца што се подобри од него во нешто.
    Детето што е убиено требало да е ученик на генерација, успешен клавијатурист, а исто и Коста посетувал музичка школа.
    Една од девојчињата одбојкарка, друга балерина, сите по нешто посебни.
    Има видеа на Тикток кај што е во друштво со убиените, посебно со детенцето, премногу ми е жал за него. Има и слики од родендени, се дружел, не го избегнувале сите како што се пишува.
     
    На Sofi.ja, mkdvesna, Ahoy и 10 други им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.110
    Пол:
    Женски
    Пак истото, само во круг се вртиш ништо повеќе. Ти како тепано дете да имаш ваков став… :x
    Одговорот сама си го даде.

    И навистина мислам дека треба да сфатите дека нема јас вака, ти така мислиш, дека некој некого правда. Само велиме дека треба да ја разберете тежината на булингот, не е исто да трпиш неколку месеци и со години.
    Вие не сте осетиле потешка форма на булинг и затоа вака размислувате и мислите дека го правдаме.

    Инаку, во школо во Пехчево се води нормална настава без телефони и секој што ќе биде фатен со телефон ќе му биде одземен и вратен на 10ти јуни. Ваквата одлука на иницијатива на целиот школску кадар и родителите има успех и децата се сконцентрирани на учењето, имаат библиотека, слушаат музика за време на одморите меѓу часовите па потоа дискутираат за тоа кој, каков вид на музика слуша. Ова е толку убаво, немаат тепачки, немаат кражби и нивната свест е сконцентирана на учењето. Добиле разни натпревари, бројни награди итн.

    Е ова се бара, ова е тоа нормална и здрава средина, нормално и здраво школо. Браво :clap:
     
    На Kanya, Ouravanture, sj *O* и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.377
    Допаѓања:
    90.421
    Пол:
    Женски
    "За да биде некој насилник, мора претходно да биде нечија жртва! "- Gorge Hadzi-Angelkovski

    Гледам ги мобилизираат психолозите, психијатрите, педагозите, социолозите да создадат програми и да го објаснат малиот убиец...
    Овие јадници треба да го откријат и упатат на потенцијалниот убиец, да најдат начини како тоа да се спречи и превенира, а државата и општеството преку нив сака да си ги измие рацете.
    Како ќе го препознаете потенцијалниот млад убиец : Еве јас ќе ви кажам - седи фрлен во последната клупа, физички заостанува или е дебел, потсмев е во класот, на него се превземаат сите можни начини на физичко и психолошко врсничко насилие ОТКАКО е означен и пикиран од страна на професорите и е прогласен за маловреден. Малку од нив ќе се борат за место во врсничката група , ќе трпат навреди и насилство, само да се меѓу другарчињата, други ќе се изолираат, ќе избегнуваат секаков контакт , особено со девојчињата. Гневот и бесот ќе се кумулира во нив , поттикнат секако од некој вид семејно насилство, кога се сведоци на понижување и млатење на мајката; или едноставно родителот е отсатен, односно се однесува отфрлувачки и потценувачки. Бесот и јароста мора да се разрешат , една помала провокација и тие ќе се распрснат во некој чин на бизарно самубиство, (што е најчест случај кај нас ) или ако имаат пристап до оружје ќе убиваат со претходен список на мачителите, убивајќи воглавно дома ( исто така чест случај ) или во својата средина каде се понижувани и измачувани, за што за среќа немаме сеуште пример кај нас. Во секој клас во Македонија има по едно вакво дете или младинец, потенцијална бомба што ќе експлодира по навидум минимален стресор - што ќе правите со нив, ќе ги пикате по лудници, затворате , етикетирате на челото, ќе ги изолирате, за да го заштитите општеството. Тие и понатаму ќе страдаат во животот, анксиозни и депресивни ќе живееат на маргините, но оние кои ќе имаат капацитети да го надминат заканувачкиот период и кризата на адолесценцијата ќе станат вонредни луѓе , отпорни на стрес, водачи во општеството.
    Што може да се стори : наставникот/ професорот да биде пољубезен кон нив, да се сврти кон задната клупа на која се осудени и малку да ја занемари предната клупа каде се амбициозните и пробивни деца, да детектира и спречи секаков вид на насилство кон нив, не само во училницата туку во дворот каде насилието е најчесто., да ја скроти во себе таа агресивна потреба да ги исфрли од класот зошто не одговараат на неговиот замислен просек. Да можам би ги забранил канцелариите каде се пикнати психологот и педагогот , каде поединечно работат со проблематичните и гласни деца ( тие никогаш не убиваат ) , за да се организираат во групи каде владеаат хоризонтални односи, се промовира еднаквост , се демфира различноста , каде во една позитивна атмосфера
    вербално ќе се изразува внатре психолошкиот свет на детето.
    Социјалниот работник скриен по институциите исто така да се истера од канцелариите и да се занимава со средиштето на агресијата - домот на насилнкот и жртвата.
    Интернетот како најголема придобивка на новото време да го оставиме на родителот , кој ако ништо друго во секое време може да го извлече кабелот и да го прекрати неговиот негативен ефект, да не дозволи тие инфлуенсерски ѓубриња да внесуваат немир и збунка кај детето околу основните човекови вредности - односно дека е можно да имаш леб без мотика, без труд богатство.
    Сето ова беше увод во најважното : достапност до оружјето.
    Колку е оружјето подостапно, толку се шансите за овој тип на насилство поголеми. Тој што сака поголем пенис и да набави пиштол , ќе мора да докаже дека е свесен за таа одговорност, дека е психолошки спремен да се носи со неа, да се помачи низ низа ригорозни тестови и подготовки да докаже дека има личност која нема да се умисли дека е Бог и да пресудува. Докторот пиштолџија , таткото на малиот Коста имал арсенал и муниција за цел полициски вод - што ќе му се, сигурно во својот нарцистично параноичен ум, водел фиктивна војна со светот, а оружјето го набавувал преку пациенти кои му возвраќале услуги да ги слика преку ред. За десет години тој ќе излезе од затвор , но малиот Коста од лудница никогаш !
    Значи ригорозноста во доделувањето и контролата на поседувањето на оружјето е најбитната превенција од масовните убиства, зад што мора да стои државата со својот апарат - да се спроведат строги правила , услови и критериуми, за да пред се ве откаже од таа глупава намера да како цивилно лице поседувате оружје, зад која стои длабока психопатолошка потка на една фрустрирана личност.
    Нормално се поставува прашањето како и во се друго, дали државата е спремна да се соочи со ова ризично однесување и да постави строги правила на игра. За жал кај нас сеуште владее принципот ,, Овој е наш, дај му пиштол,, така да само е случајност како не ни се случил синдромот на Коста. Законите за недозволено поседување се строги , но ретко се применуваат, воглавно некој ќе застрела некого , па ке му се додадат година -две за оружјето без дозвола во севкупната казна. Автоматското оружје не смее да постои на улица, треба да биде таму каде му е место, во воените и полициски сошки.
    Една од погрозните слики е мафтањето на алфите со калашникови, облечени во патики и фармерки додека апсат некој политичар или ситен крадец - Тексас. Свадбарите кои пукаат со автомати на веселба и се сликаат на мрежите треба да се лоцираат и да ги снема од општетсвото, но тие се заштитени мечки зошто се ,,наши,, Си досадив и себе си, но морам и ова да го споменам - ниеден од уставобранителите не беше казнет поради поседување и влагање во собранието со оружје, макар да на снимките јасно се гледа како од десетици газови ѕиркаат дршки на пиштоли и револвери. Ова се слики кои се импрегнираат во психата на младите луѓе со порака дека насилството е дозволено и не подложи на казна...
    Кој ќе биде нашиот мал Коста , времето ќе покаже !

    Анализава на докторов психијатар е една од подобрите.
     
    На sj *O*, Ahoy, smooch и 10 други им се допаѓа ова.
  19. TheFiend

    TheFiend Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2023
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Машки
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.110
    Пол:
    Женски
    На sj *O*, Ahoy, tanjaaa и 2 други им се допаѓа ова.