@nextredstyle да, читам по српски форуми од лица што го познавале семејството, мајката била многу строга и барала да е најдобар. Бил повлечен, тивок, одличен ученик, се натпреварувал, самиот се издвојувал од друштвото.
@CameliaMiller Exactly Затоа шо кога детето има проблем не го ислушуваме за да пресудиме кој е виновен ...за било каква постапка да се работи. Туку го ставаме проблемот "под тепих" и чекаме шо ке дади господ. Во секој случај од сето ова треба да извлечеме поука,што пропуштаме да правиме со децата... -Просто и едноставно...да разговараме.
Па ова не ти укажува колку е длабоко срањево (цело општество)? Син на мајка, првенец има да бидеш, боже сачувај некоја друга мајка поуспешно од моево golden boi да има. Стварно не познавате такви? Посебно се истакнуваат овие, пошто најчесто и самите се доста успешни, форсирање на дете до максимум, вредиш само ако си наааајдобар. Или споредби - зошто Трпе е првенец, ние не ти пружаме доволно, Трпе има повеќе? Кога едно дете покажува девијантно однесување секако дека од дома му е. Не мора да направи масакар. И многу "поневини" форми на девијантно однесување што ги сметаме за "нормални" (хенс и ЈаС тРпЕв БуЛиНг Па Шо Ми ФаЛи муабетите) баш баш баш од дома се. . . . Сите што сметате дека сте трпеле булинг, не само од соученици, што од дома ве булингувале, тепале, воспитни ви мавале, те појдете сами на психолог. Може ќе ви се разјаснат за сами себе некои работи.
Мене пак ми изгледа дека клучната проблематична фигура тука е таткото. Арсенал оружје кое го чувал и бил колекционер укажува на огромна несигурност и желба за покажување некоја моќ/сила,таа негова несигурност предизвикала да бара сигурно дете,цврсто ,затоа го учел да пука,затоа барал да биде најдобар,грандиозен. Е Коста под притисок пукнал.
И од двајцата. Мајката работела на Биолошки факултет, се посветила на науката. Тој сакал да студира астрофизика, одел на карате, на кошарка, во музичка школа, се натпреварувал по разни предмети. Премногу за едно дете, преголеми очекувања. Плус пукањето со таткото, притисок и од него.
Многу ми е мило што веднаш реагираат вработените од училиштето и пријавуваат. А не се раководат според она па што има везе и ние така сме пораснале. Е така се реагира а не како родителине вчера со коментирање на објави на fb.
А мајкава ми стои дека најмногу зезнала работа. Плус ако е точно, барала да си го земе дома. Со кој памет не знам само. Или сега конечно го слушна детето?
За почеток, да се ЗАБРАНАТ СО ЗАКОН играчки пиштоли. Или некој еднаш после пола живот истово кажување, нека ми ја објасни потребата, развојната бенефит, забавата во играчките оружје. Оти јас ден денес не ја гледам, а богами не познавам ни педагог, ни психолог кој ја гледа.
Што знаеш за мајката? За таткото знаеме дека го учел да пука. Од каде знаеш зошто се развела од таткото?! Како правник треба да знаеш дека судот едното го дели со едниот, другото со другиот родител и не те прашува ти што не/сакаш. Како родител знаеш дека не секогаш се согласуваш со сопругот во поглед воспитување на деца и едниот е секогаш попустлив во споредба со другиот. Разведени сопружници се трудат што може повеќе да им угодат на децата и да се натпреваруваат едни со други, најчесто на штета на децата.
На нејзино место, не би барала да го земеш дома, ама искрено ? Какво и да е, дете им е, никој не сакал ова да се случи.. Еве јас би барала, дома да ми е би барала, и ако моето дете го направи тоа, а можам, не би дозволила во лудница да оди или во поправен дом ако тоа зависи од мене, и тоа е нормално, затоа што се води по емоции, а не по разум, бидејќи е мајка.
Како да го земам дома, од коа убил 10 луѓе? Wtf? Ако така као мајка би постапила, онда и ја треба у лудница директ.
Не. Нивното завршило. Што напраиле, како напраиле, еве резултатот е небезбеден по околината и по себеси. Тим на специјалисти не можат да го опраат, не па мајка, дома. И не верувам дека било што од ова што се пишува е вистина. Си измислуваат глупости за читаност. ...никој не сакал да се случи ова, можеш да кажеш ако дете скрши прозор, или штознам запали стан оти ги заборавило јајцата на шпорет, па имаш милионска штета. Ова, ова е beyond repair.
Мене едино не ми е јасно како детето дошло до шифрата на сефот од оружјето освен ако таткото му ја кажал или била запишана некаде што не ми е за верување поради тоа ми делува како инструиран случај и смислено сценарио не гледам како детето можело да дојде до шифрата на сефот и да земе оружје строго чувано ми се коси со здрав памет
Сензитивна тема е, замисли си го чувал од мало, од 3 кила, си го научил да оди, да јаде, да зборува, и во еден момент станува убиец, убива 9 луѓе, детето што ти си го израснал и одгледал, замисли кој пораз е тоа за тебе како човек и како родител, настрана се друго..
И повторно психичката состојба на детето небитна а? Нема врска што можеби треба да му се помогне м? Како мајка, еве зборам, имам проблем за кој нема кај не отидов и кај не ќе ја однесам за да ја оправам. Крив е да, криви се и родителите и системор. Криви се и децата што вршеле булинг. Криви сме и ние што ќутиме. Сите се криви. Ама мое дете да каже дека и психо и да речам ела си дома, да не сакам да му помогнам е крајно неодговорно. Да, секоја мајка си го сака своето дете дома покрај себе на безбедно, ама исто така треба да е доволно свесна дека така може многу повеќе да му одмогне.