Океј, ова може да држи вода со оглед на тоа дека оделе на стрелашство. И да, сметам дека дете од 13+ не би требало да оди на таков спорт.
Види во коментари сите му пишат дека лаже. Има и други слики од истиот парк со исти пораки, пишани се по масакрот.
N1. Не требало да и падне на ниедна служба на памет да им го одземат детето. Требало да се состави тим кој ќе работи со него и ќе го оспособи да продолжи со нормален живот. Кај Карлеуша на стори имаш.
Па детето било префрлено не само во друг клас туку и во друга смена. Во новиот клас имало другари, се дружел и добро бил прифатен. Тој нападнал токму во новиот клас, на списокот биле децата со кои се дружел, не некои кои го малтретирале. За тие што вршеле булинг никаде не прочитав дали се санкционирани или не. Многу дезинформации има, веќе ништо не е јасно А и ако излезе дека цел настан нема врска со никаков булинг пример, ако детето каже на пример дека имало проблем порано, но дека бил решен проблемот последно. Не знам, еве. Разрешена според моменталните информации.
@joy1 над 100 коментари има вакви. И после пишува адвокатот дека не знаел дали е ново или старо. Битно споделил нешто
Ама не ми ја сфати поентата. Настрана случајов со масакров. Не превземала ништо школата на чело со директорката да се реши тој булинг. Не е решение детето кое е жртва на булинг да се премести во друга паралелка. Зошто он да се премести? Зошто не се санкционирани тие што го малтретирале? Значи не зборувам само за Коста. Туку и за оние што морале да се отпишат од училиштето затоа што раководните структури не сакале да ги чепкаат насилниците затоа што се деца на некои јаки фаци.
Поголем проблем е достапноста на оружјето во домот, отколку самото стрелање. Да немаше достапно оружје ништо од ова немаше да се случи. А и сите деца кои извршиле убиство не верувам дека биле обучени па затоа пукале. @simoncelicius Не верувам дека постои закон да осудат директор поради булинг, а да нема смртни последици. По ова сите директори, педагози и психолози би ги осудиле.
Детево не бил дилер, или крадец, или не истепал некој, па да го лечат, да го рехабилитираат и да го спремаат за надвор. Никогаш не треба да излезе од затвор. Да, треба да му се пружи помош, треба да се лечи, ама за себе, за да најде начин да дојде до заклучок дека згрешил и да се покае, за да најде каков-таков мир. Можеби и еден ден ќе може да пренесе порака, да поучи некого. Ама не заслужува никогаш да излезе од затвор.
Се прашуваат многу луѓе зошто немало камери во школото, демек како толку елитно школо камери нема. Јас немав видено и чуено камери да има некое школо, мада воопшто не е лоша идеја. Да има камери по ходниците и училниците да се гледа што прават децата за време на школо.
Па тоа го научиле од филмовите за возрасни,акционите и хоророт, ако веќе знаеле да пукаат и без лесна достапност на оружјето. Друго објаснување нема. Ама прецизно да пукаш, баш во чело директно тоа само на таков спорт можеш да го научиш.
Нема врска разводот, поентата е здрава средина, односно релацијата родител-дете и после разводот, треба да биде на здрави основи, стабилна и приоритетна. Сакам да кажам, има врска родителскиот однос кон детето. Прежално! Преголема трагедија која никако не смее да се повтори! Затоа, сите да почнеме од сопственото семејство, како структура која на децата треба да им всади емпатија, сочувство, почитување закони и авторитети. Исто така, позитивни насоки за справување со негативни чувства, стрес, решавање проблеми, соодветна канализација на емоции. Значи, способности за разрешување и справување со конфликти. Нема совршен родител и сите правиме грешки. Ама ваквите, се неопростливи. Од ова, на жалост треба и мора да научиме, за да не се повтори со нашите деца! Сакам да кажам, виновник број еден, е овде родител. Прво, поседување огнено оружје и овозможување пристап до истото. И да го чувал во сеф, секогаш треба да тргне од претпоставката дека детето може да дојде до истото. И стварно не разбирам за кој му к*рац дома оружје. Егото фурај си го сам, изостави го детето од ова. Особено дете со кревко ментално здравје. Виновник број два, училиштето. Стручни лица, а целосно неспособни да препознаат и да се справат со булинг. Никаков укор за злоставувачите, само потхранување на булингот, со еден резултат, изгубени млади животи. Ако гуглате, ќе видите дека преку 70% од оние што пукале по школи, биле мета на омаловажување, маргинализација, исмејување дури и физички злоставувани од нивните соученици. А преку 80% пукале, затоа што сакале да се одмаздат. Околу 20% пред пукањето имале обид да се самоубијат. Нестабилно ментално здравје, во комбинација со булинг и имаме резултатот каков што имаме. Значи овде, мое нестручно лаичко мислење, е дека неколку фактори се во комбинација, а еден од нив бил капачката на лончето. Булинг, пристап до оружје, скршена психа, недостаток на поддршка и разбирање итн. Дали е Коста жртва? Да! Од семејниот дом, па се до училишните клупи и децата кои го малтретирале. Дали е ова поддршка и оправдување за стореното дело? Не! Никако не е и не смее да биде! Ова е она што треба да излезе на површина од гнилото општество, длабоко да се навлезе во проблемот со цел да се работи на превенција од следен Коста или следни жртви на Коста. И мислам дека е доволно од реториките дека нас ништо не ни фали. Ние сме генерации кои ги раснат генерациите на Коста. По тоа се гледа колку многу ни фали. Да ги почнеме промените од нас и од нашите деца.
Се збори дека мајка му си го бара. Се надевам е шпекулација. Мислам, може она и вселенски брод да бара, нема да и' го вратат секако. Ако после ваков настан самата не инсистира на институционализација, уште појасно станува дека малиов сам себе се воспитувал уствари.
Вучиќ тоа на прес го истреси дека барале дома да го земат. Исто ваков сличен напад во Норвешка направи и норвежанецот Брејвик каде уби 80 души некаде, дури имаше снимено и филм за ова. На запад вакви напади се чести, еве некои само од последниот период: https://24.mk/details/dve-devojchinja-povredeni-vo-napad-vo-uchilishte-vo-berlin https://www.slobodnaevropa.mk/a/32337429.html https://telma.com.mk/2022/05/24/14-deca-ubieni-vo-napad-na-uchilishte-vo-teksas/
Поназад има мислење каде што пишувам дека некогаш и родителот се' ќе направи, ама нема да е доволно. Така што нема логика во темава скокни и оп, освен ако не проверувате дали педијатарот, психологот, педагогот, забарот, наставничката и сите по ред се родители. Во конкретниов случај не мислам дека задоволително, а не доволно правеле родителите (и сите возрасни директно засегнати).