Ми текна уште нешто. Не знам дали се сеќавате на несреќата во Франција кај што пилот намерно сруши авион близу Алпите во 2015. Испадна после човекот бил со депресија и суицидални тенденции, лекуван и притоа од доктор му било кажано дека не е способен за работа додека не се излечи. Како му било дозволено да лета, не знам ама однесе 150 души во смрт сосе себе. И тука тешката психичка состојба довела до тоа да се убијат други луѓе. Или тука пошто патниците не биле криви се жртви? Ја не знам како да ви кажам ама неќам да се секирам дека некој шофер, пилот или рандом чоек на улица ќе ме однесе у смрт само зашто секој различно реагирал на траума и е нормално да те водат 100% емоциите. Секогаш имам разбирање за психички проблеми све дур не ме загрозува мене. Е кога ме загрозува, таквото ме боли, најискрено ова. Ако афектираниот му е тешко, не мора на другите да им биде.
Брејвик, возрасен, е осуден на 21 година, што е максимумот. Општо доста интересен систем имаат скандинавци, а релативно многу помалку насилство од цела Европа.
Како да ти кажам, ама не понуди решение. Лош, идиот, гомно, ѓубре, монструм, гнаса. Се осеќаш побезбедно сега?
Казни за родители за неваспитање. Ангажмани на служби за заштита на деца. Булингот е малку во споредба со другово. Барем кај Коста. Ама од мене како поединец не очекувај многу. Едит Јас за себе и моето дете ако утре го имам одговарам. За туѓи проблеми и постапки не.
Spoiler: Masakrot https://www.veed.io/view/34573647-c95e-46a6-a8bd-5ad28decb0c8?panel=share Eve nekako go uploadırav vıdeovo, dalı e verodostojno ılı ne ne znam ..
Има во некои училишта. Кај ќерка ми имаат. Сигурни сте дека сестричката е од мајка му? Јас прочитав некаде дека имал маќеа и дека сестричката била од неа.
Ама сега, Барневент да го донесат на Балкан, едно дете нема да остане со родителите. Да не разводнуваме, по сите параметри, и законски и психолошки и секако, различно е возрасен од различни возрасти малолетник. Туку стварно, во која тема да прашам-тие интернет силувачите дома си ги чуваат? Не ве вознемирува тоа подеднакво како ова?
@mssuniquee Пак лажна вест. Ова е автентична снимка од пукање во мексиканско училиште, од 2017. Убиецот се вика Федерико Елизондо.
Криви се тие што го пуштиле да лета, не знам како не разбираш. Тој не разбира дека не е способен за летање. Друг треба да му го каже тоа и да го санкционира со време. Затоа сега има по двајца во кабината во секое време, и тоа е нов закон после таа трагедија. Да не била таа трагедија, немаше да има по двајца во кабината во секое време. Не знам што не ти е јасно тука. Значи, увиделе дека е грешка, и сега се засилени контролите и тестирањата за тоа кој е способен да лета, кој не. Како имаш разбирање за некој што има психички проблем само ако не те загрозува тебе? Тогаш не те прави ништо подобра ова од останатите. Значи ако психопат убие 10 души, ти е гајле, ама ако убие твој близок, тогаш ќе се секираш? Ако на афектираниот му е тешко, тогаш треба да се прашаш зошто му е тешко. Зошто тој што е були, е були? Која е причината за тоа, и да се превенира, да се спречи да не дојде до поголем инцидент. Сега ти ако паднеш во депресија, јас да те малтретирам секој ден психички, и да речам, па што ми е гајле, ти си во депресија, јас не. Фрустрации не се лечат на други луѓе. Туку се лечат во установа. Никој не е должен да трпи насилство, само затоа што на некој му е досадно. Затоа, треба да се пристапува сериозно на проблемите и да се согледаат сите причини кои предизвикуваат некој проблем.
Ако е алкохоличар и е насилен према мене, ќе се тргнам настрана. Ако има проблеми со дрога и ме убедува да пробам и јас, ќе се тргнам настрана. Во спротивно би помогнала. Ама ако проба да ме повреди ќе се тргнам. И било која друга ситуација каде има некоја состојба ама има можност да ме повреди, насилен е, краде од мене, ќе се тргнам. Зашто јас да ризикувам? Не е тоа себичност ако безбедноста своја на прво место си ја ставаш. На тоа мислев А не дека ме боли кур за убиени непознати души.
Па тргни се, или повикај соодветна институција да го санкционира/приведе/собере човекот. Не ти вика тебе никој да ризикуваш, туку ти викаме да го пријавиш проблемот. А ако не те слушаат и тој човек се шета слободно, да не се чуди околината зошто те повредил тебе или некој друг. Човек кога не е при здрав разум, не размислува рационално и може да направи многу опасни работи. Дали човекот е крив? Крив е зошто се довел во таа ситуација. Дали е крив откако ќе се мрдне? Не. Криви се институциите зошто не го згрижиле на време. На ненормални луѓе, не им е местото на слобода. Може да се згрижат во некоја установа да им го направат поинтересн животот, да ги социјализираат со такви како нив. Ако се шета бездомник, ненормален, криминалец, убиец на улица, тогаш виновна е државата. Ни јас, ни ти, ни Петко, ни Станко.
Ресоцијализација и реинтеграција на сторителот. Ги лекуваат и ги реинтегрираат назад во општеството. Тоа е всушност улогата на затворот и тоа го учиме, ама кај нас праксата е друго. И тоа го трубам цело време, ама кој да сфати. Не е поентата да имаш смртна казна, туку да имаш соодветна реализација на казните и правилна примена. Инаку во една од скандинавските земји, затворот е во сред центар. Изгледа како хотел буквално.
Сега на вести го даваа видеото од подкастот на Лазаров со Кристијан Голубовиќ. Добро, дали овој човек ке престане? Дали овој Лазаров некој ке го казне и ке престане веќе ?
Ете кај нас не функционираат секогаш институциите. Ќе пријавам ама дури и близок да ми е, нема да спијам со страв. И постот ми беше дека "ќе помогнам сѐ дур мојата безбедност не е загрозена" а не "не ми е гајле све дур не сум јас афектирана". Се секирам за убиени, ама не и за убиец со психички проблеми. Малце треба логика да ја разбереш разликата меѓу две.
Државата потфрла што не го санкционира. За Лазаров сите знаеме дека е кретен, ама кога државата не се замара, он ќе си продолжи што сака да прави. Зошто е таков Лазаров, каков што е? Затоа што неговите така го научиле. Какви родители, такво дегенче.