Овој за толку жртви треба да гние у затвор доживотно што ако е дете. Свесно го направил ова значи е опасен. Затвориве на балканот само ги потикнуваат тие психипати место да ги ресоцијализираат. Тој кога ќе излезе може истото да го стори.
Веднаш почнаа илјада теории на заговори, новинарски бомбастични наслови, шпекулации, ширење страв, апокалиптични сценарија. Сето тоа е непотребно. Прочитајте за Мартин Брајант. Момчето од Австралија што уби 35 гости во ресторан. Гледав документарец за него. Потекнувал од нормално семејство. Изгледал сосема нормално но сите приметувале дека бил чудак.На крајот завршило фатално.Дури неговите родители го носеле на советување по психијатриски болници. https://en.wikipedia.org/wiki/Martin_Bryant Без разлика што тука ќе се пишуваат секакви невистини и новинарите ќе пишуваат секакви клик бејт наслови.Ова сегде може да се случи.Станува збор за патологија која нема начин да се контролира. Белград е многу безбеден град. Далеку побезбеден од Париз, Берлин или Виена.Знам се дружам со Срби овде во странство.Сум бил на нивни журки.Ме викале и кај нив на гости во Србија.Никакви проблеми не сум доживеал.Баш спротивно.Дружељубив и топол народ се.
Не знам ништо, нели негов другар го бодри на социјалните мрежи. Од друга страна пак велат дека менувал паралелки поради малтретирање. Булингот е тригер или шовинизам некаков...
Да од преголем стрес може да реагираш спротивно од очекуваното. Негираш што се случило, мило ти е што си преживеал. Последиците вистински по нивното ментално здравје отпосле ќе исплицаат на површина.
Слушнавте на тв дека детево кога било во приватно училиште му ја расекол на ученик устата ? Абе ептен мирно дете.
Сосема се согласувам. Без разлика која е причината и кој бил поводот,детето не требало да има пристап до огнено оружје. Затоа мразам оружје и сум строго против чување оружје дома, во дом во кој живеат деца. Имало и порано ситуации кога несакајќи доаѓало до несреќа.
Ова ќе испадне "дете на доктор" стил т.е во превод го знаеле какво е, ама пари, престиж, врски и заташкувања се прават.
Фотографијата беше споделена на Твитер, како коментар на ТикТок видео, јас ја кропнав. Истото го помислив. Освен таткото на детево кој е познат радиолог, некаде прочитав дека и баба му и дедо му се меѓу најпознатите хирурзи во Србија. Од она што ќе речат другите, можеби не се барал соодветен третман и се негирале одредени сигнали кои можеби постоеле. Се сеќаваме на синот на Жан Митрев?
Дали нема закон според кој може да го судат како возрасен? За психопат нема поправање едноставно. Многу ми е жал, ама подобро да не се предал и да биле приморани да го решат на лице место. Ужас, целата ситуација е престрашна.
не да треба ја ич не жалам, дали е дете, дали е машко, дали е женско, дали е трауматизиран. Ич к не ме боли и јас во основно бев жртва на насилство, па еве уште неам праено скул шутинг треба да скапе сеа.
Истото ке го кажев. На крај ке биде дека уствари детево било заштитено од фамилијата само поради професија нивна.
Поголем број на жртвите се девојчиња. Гарант некое корпа му има акнато, па има влезено во филм како жените се курви, треба да се убијат и дека не заслужуваат да живеат. Коментари како што читаме секој ден на фејсбук, коментари како што постираме и овде во групана за безобразни коментари. Возрасни мажи коментираат дека жената треба да се тепа за да е дисциплинирана, а жени кажуваат како напредни биле денес девојчињава. Терајте пак жените курви да ги викате, неебани, нетепани, недисциплинирани и слично. Па после коа ќе ви го рокнат детето на школо вакви психопати ќе се чешаме сите.