Па тоа го трубиме од првата страна на оваа тема, дека институциите не функционираат, затоа луѓето ја земаат правдата во свои раце. Некој се самоубива, некој повредува друг, трет убива еден или повеќе луѓе. Некој подметнува пожар. Секој си бира свој начин, затоа што тоа му е дозволено. Од кого? Од државата. Во Саудиска Арабија или каде беше, ако украдеш ти ја сечат раката. Зошто таму не крадат како во Скопје секој ден? Затоа што има правило кое се спроведува. А цело време се спомнуваат невини жртви. Да, секогаш ќе ги има тие, во било кој инцидент, со било каква сериозност. Од тоа не може да се избега. Непишано правило е тоа, Инаку светот ќе беше најубаво место, ако пијаниот возач сам си го одземеше животот во сообраќајка. Ама за жал, во 99% од случаите гинат и невини жртви.
По 1700 мислења на темата, особено мислења како на Камелија, Јованти, и сличните, па еднаш да ги прочитавте асално, брее
Реалноста е дека нема секогаш основа за затворање во институција ама има можност за злодело Пример некој што вика жените се курви и силувани жени си го бараат, знаеш дека е потенцијален силувач. Ама како за една кажана реченица ќе го затвориш? Да не збориме дека многу пати одредени знаат и да изглумат пред психијатар дека се во ред. А со сила не можеш да одведеш некого. Ниту дома да му упаднеш без соодветна причина.
Треба да се смени образованието, воспитувањето, културата. Само така ќе се среди општеството, но е многу тешко. Ако видиш некој дека ги демне жените во маало, треба да биде санкциониран и приведен. Ако некој недај боже силува жена, треба да биде затворен многу годни во затвор. Ама државата не презема ништо, па жените мора да се справуваат сами, или нивните блиски. Дали оправдувам одмазда за некој силувач? Да, и тоа како. Затоа што знам дека државата нема да мрдне со прст. Ако јас дознаам дека некоја блиска личност е малтретирана/силувана, нема да чекам институции, ниту да викам телевизии да снимаат. Штета што имам само еден живот, иначе сите такви мангупи, силувачи би ги исчистил од земјава.
Знам. Ама ние немаме скандинавска свест за ништо. Малиов не мислам дека на Балканов било кога ќе успее да се рехабилитира.
Па нели за превенција правиме муабет, не за после дешавка? Ете и сама признаваш дека превенција од страна на полиција и слични институции не е секогаш возможна туку отпосле мислиме.
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1889963178051356&id=100011130767813&mibextid=NOb6eG Се дур го величаат Чича Дража, Милошевич, Младич и остала багра воени злосторници не бидува од нив народ.
Да де, како што кажав погоре ^ Само лично психопатологија, форензичка итн. ми биле поинтересни од терапевтскиот дел. Па ги знам повеќето случаеви/системи, што, зошто, како... Ме вознемирува, затоа колку и да звучи ужасно, среќна сум што во 2023 немам 8-18 годишно дете. Оти не знам како би имала дете овде. Не знам жими се' ти кажувам. Треба да го одделам од врсници и нивни родители за да создадам средина што сметам дека е добра за него. Што дека парентал контролс постои на нет, кога повеќето родители не го користат и децава непречен пристап до се' имаат. За да го воспитувам како јас мислам дека треба, сама ќе го направам мета на булис. Јака ви душа на родителиве што сега имате (скоро) тинејџери. Само тоа знам. Како сестра умирав од страв дур не го помина средното, тек како родител, не знам.
Можни решенија како превенција 1. Под итно да се смени законот за оружје и кај нас 2. Под итно да се смени законот за кривична одговорност. 3. На наставникот да му се даде малку поголемо право, да повици тон, да става 1ници без притисок. 4. Секое дете еднаш месечно на информативен разговор со психолог во школото. 5. Родителски каде со име и презиме ке се кажуваат децата кои вршат булинг. 6.под итно забрана за Тик Ток во земјава . 7. Забрана за носење на телефони во школо,која ако не се почитува ке се казнува парично. 8. Забрана за правење акаунти на инста и фбна лица помали од 18 години ( ова незнам како ама сигурно има начин) Има уште превенциии ама за жал нема да ги воведат
Можам да набројам неколку примери за тоа кај што родителите дале се од себе убаво да го воспитаат детето а тоа тргнало по лош пат. Ако детето нема два грама мозок џабе е( не го исклучувам фактот дека не постојат несовесни родители но не можеме секогаш на таа карта да одиме) Кај се стручните од школите? Педагозите, социолозите, да реагираат на тема булинг наместо да бидат неми и да негираат врсничко насилство? Пошто школото треба да биде место кај што треба учениците да бидат безбедни а не со страв да одат пошо некое исфрустрирано детиште решило да си лечи комплекси врз друго дете од чиста мира. Бев жртва на булинг, некои 5-6 години, не ми се одеше на школо, секој ден одев кај педагогот или социологот и секогаш завршуваше неславно, односно секој ден се потешко и потешко ми беше. Бев и физички малтретирана и тука не можев да се одбранам, сите гледаа од страна и не реагираа, точаче не измислувај, секогаш беше така. Еден ден татко ми превзема правда у свои раце па дома ни дојде полиција.( татко ми му се закани на едно дете што ми го направи животот пекол) Ги прашавме кај беа сите кога јас бев малтретирана?) Тогаш пеколот конечно заврши а јас завршив 8мо одделение. Имаше татко ми оружје дома а под тоа мислам на ловџиски пушки наследени од дедо ми, и никад не ми текнало да земам од дома некакво оружје за да се одмаздам. Мислите мене не ми било тешко и пеколно? Сакав да умрам, ама некако се издигнав, успеав. Така да престанете со причините за убиствата, детево си било психопатче. Да не било пиштолот ќе било нешто друго. Треба да си лежи, доживотно, не ме интересира колку години имало. Тик ток не е криво за ништо. Да не е тик ток ќе била некоја друга социјална мрежа. Толку е едноставно, шо лајкуваш тоа ќе гледсш, ете
Да не било пиштолот, може ќе имало една жртва, може ни една, може ќе направел што било друго, ама немало да може да пука по кого стигне. Повеќето од нас, посебно деца на службеници, сме имале прилика да видиме оружје, да знаеме каде е итн. и фала богу не сме тргнале да убиваме. Случајов на Балкан е уникатен, единствен, немаме со кого и со што на наши простори да го споредиме. 99,99% детето нема да го земе оружјето и да пука, ради тој 0,1% треба да нема оружје дома. Никој нема потреба од оружје дома. Не само ради детето, ради многу причини, од кои една е и детето.
Овој што мене ме малтретираше имаше сестра повозрасна што беше злато девојче. Мајка му ја запознав, засрамена беше кога дозна што се случува. Пред класна и клас се извинуваше. Што им се случувало дома, не дознав. Е сега му отиде животот на типот, толку е. И јас не се одмаздував на суров начин, знаеш зашто? Зашто доволно бев свесна дека јас или моите ќе одговараат. Дека може да ме обележи за цел живот, а не сакав. Уште тогаш знаев што сакав да студирам и знаев дека нема да го дочекам тој ден ако постапам по емоции само. И од тоа се плашев. Ќе се спасам за некоја година булинг ама цел живот ќе го фрлев упм. Мислам знаев до толку што е лошо, што добро. А сум имала и од други причини лошо детство ама не би да зборам за тоа.
Јас сега кога ги гледам моите наставнички како споделуваат статуси на фб сакам да ги прашам каде бевте кога стануваше збор за мене? Кога го применивте во пракса тоа што го пишувате на фб? Сигурно сеуште најмили ви се децата на родители со добри работни места каде што може врски да фатите како банка, болница, адвокат. За џабе го тупите по фб
Дали една или ниедна детево си планирало, имало скици, молотови коктели, списоци и не знам уште што, може ќе му текнало да подметне пожар, психопат ако сака да изврши убиство, ќе најде начин, секогаш. Ако не во моментов, можеби по некпја година, две. Не знаеме што тогаш имал у глава, ама знам дека мора да биде казнет за делово. Татко ми убаво го има скриено оружјето, и никој нема пристап до него. Тоа сакам да кажам, свест И малкумина ја имаат. Еден ќе почне да врши булинг, па уште еден па трет, пет и за 2-3 дена цело школо ќе те дознае. Си издржала и тоа е за пофалба Тоа е затоа што можеби не си била од угледна фамилија, ете, така е секогаш.
На вести сега кажаа дека Стефан Лазаров имал интервју со Кристијан Голубовиќ и пуштија дел каде тој објаснува како со пушка разнел нога на човек, а потоа го тепал со чекан. Стефан не научил ништо од лавината реакции минатиот пат. Треба да се воведе ред во таа сфера. Како што медиум не смее да повикува на насилство, така и јутјубер треба да не смее тоа да го промовира, а ако го прекрши законите да одговара. Не само од Србите што не бива народ дури величаат воени злоторници, и од нас не бива ништо дури се воодушевува младината на Станија, Кристијан и сличните.
И после некој овде ќе го брани Лазаров дека неправедно бил нападнат. Самото тоа што им дава внимание и збор на ликови ко Голубовиќ, Латас и сл. кажува се за него.
Секако дека ќе биде казнет. Нема шанса да го пуштат. Правело тоа списоци и планови, ама ќе се обидам да објаснам еден момент и мислам дека повеќето не разбирате дека ова не е баш ладнокрвно убиство. Да бил толку ладнокрвен, немало да има таков исплив на бес, насумично пукање, цц 60 куршуми. Значи има листа, знае каде се метите, оди, пука во нив, ги убива, завршува. Детево почнува со пукање безброј пати во обезбедување, убива по пат непланирани деца (дежурните), воопшто не се замара со списокот, влегува и пука насумично каде стигне. Мене тоа ми делува како неконтролиран бес, омраза, а не како ладнокрвно убиство. Ако имаш стомак за да видиш ладнокрвно убиство, имаш на УТ за Сребреница, убијците не пукаат кај стигнат и како стигнат. Не сакам графички да објаснувам, меѓутоа тоа ти е пример за ладнокрвност. Што и да се случувало со Коста, какви списоци и да правел, цврсто сум убедена дека е убиство од страст (бес спаѓа во страст). Значи поттикнато од многу емоции, а не од недостаток на емоции. Можеби е убаво да имаме посебна тема за разликите, затоа што ај генерално што не знаат луѓево ок, ама вчера психолог си дозволи погрешен термин да користи за ситуација каде што како професионалец не смееш да си допуштиш такво нешто.
@CameliaMiller Баш прееска читав дека наводно изјавил дека тоа утро се предомислувал и сакал да се јави на мајка му, да и каже се што го мачи. Но, сепак продолжил со планот. И да не е точно, се согласувам со тоа што го напиша околу ладнокрвноста.
Dobra zabeleska ova so nacinot na koj sto gi ispuka kursumite, iako precizen on nervozno pukase ispuka ne znam kolku 60 ina kursumi od toa sto mozese da se slusne na audio snimkite, i edno od preziveanite deca izjavi deka koga vlegol vo ucilnicata imal lut izraz na liceto.
Ладнокрвност зашто мртви тела и крв на сите страни ниту малку не потресле 13 годишно дете. Нели се збори ама дете ама дете е. Епа дете у принцип не реагира вака на мртов човек, како сакаш врти. Доктори, полицајци со години искуство им се грози физички од такви сцени, ама за дете било од булингот. Абе ај