Кога сме кај тема психолог или слично стручно лице, на Балканов е табу тема психолог, ретко кои посетуваат и ретко кој признава дека посетува пошо ќути народот ќе те направи нетокму. А овие пореметениве шо го возвишуваат на социјалните мрежи и тие се во акутни шокови?
Зашто нормална реакција е таа за 13 годишни деца, океј. Вака оправајте криви дрини за други криминали, не само за тие со деца. Зашто сите криминалци имаат причина и дел од минатото и детството што ги направило такви какви што се. Никој од убавини не станал криминалец. Никој Туку ете се охрабрија други да се перчат со оружјата. Све ради вакви размислувања дека они се жртвите.
Ironicen mi e komentarot zatoa sto se zazemaat strani i ne se diskutira objektivno, tie deca sto se smeeja gi pravdaa deka se vo akuten shok a se vide kolku se vo shok ni minuta molcenje utredenta ne mozea da izdrzat a da ne se zgazat od smeenje i frlat po nekoja doskocica.
@CameliaMiller а за ова што имаш да кажеш? https://direktno.rs/vesti/hronika/468982/masakr-prijave-imitiranje-masakr-vracar.html Еве јас стварно не знам дали сум луда или ограничена ама мене ова ми личи како да се работи за невоспитани деца, деца над кои ни родителите немаат авторитет ниту било кој. И кој е начинот сега ова да се спречи? Си направија од убиецот херој, кој ја превземал контролата во свои раце и решил да пресуди на сите.
Значи тогаш жртва има во двете страни? Овој што е малтретиран и овие што ги убил? Да. Трагично е што ова сосема можело да биде спречено да не потфрлиле родителите. Жално за сите прерано згаснати животи, вклучувајќи го и животот на убиецот (претпоставувам, бидејќи тешко дека би го прифатиле повторно во општество) Што се случи со наставничката? И таа им подлегна на повредите?
Малку е дегутантно темава и оваа страхота што се случи , да се користи од поедини членови да плукнат по се што е српско. Детево и неговото семејство секако следат поинакви вредности,тоа е барем јасно. Направен е злосторник и тоа нема врска со Србија....возрасните околу него имаат дел од одговорноста бидејќи не го приметиле тоа, но еве после неколку дена, веќе се гледа дека станува збор за психопатска личност. Тоа како ракувал со оружјето, како испланирал се и на крајот како се предал, без и за момент да си го доведе сопствениот живот во прашање, е шокантно за сите стручњаци кои се разбираат од оружје. Велат дека ни најголеми професионалци не можат да го сторат тоа на таков начин и со таква прецизност. Бидејќи за разлика од злосторников имаат емпатија колку толку...." детево " се претворило во машина за убивање, а на кој и каков начин сигурно ќе се дознае, без разлика дали ќе биде објавено или не.
Всушност според законот не направил кривично дело, ама додека е таков законот никој ништо не може. И се додека младината го подржува ќе е вака. Земи пример од Бака Прасе на пола од нив им е пример и они двајца продаваат ветер и магла.
Да, точно така.. Мајка му на Лазаров е невидена преварантка, отвара фирма, се задолжува, па после тоа фирмата во банкрот и на никого ништо не должи, колку луѓе има изгорено и сама не знае.. Кој не ја знае мајка му на Лазаров Анита, скапо ќе ја плати..
Имав шанса да соработувам со неа, среќа ја приметив по однесувањето па реков дека не е со со сите и прекинав да разговарам.
Јас би додала и еднаш годишно да има ревизија од страна на децата кон наставниците. Затоа што сум била сведок кога наставник исмејува дете пред сите деца и ги принудува и останатите деца да бидат дел од булинг. Ако сакаме да спречиме булинг треба да се земат во предвид сите инволвирани страни во развојот на децата.
А вестите се на Канал 5, а Канал 5 му се реваншира на Лазаров поради одбивањето на Зоки Фаци да направи емисија за нив слична на подкастот и баш го одбраа моментот за тоа Еве го и неговиот одговор, кога веќе се споделува ваква вест: https://www.facebook.com/stefan.lazarov.6/videos/еден-поздрав-до-телевизијата-која-знае-сензационално-само-да-извртува-приказни-и/194261620112615/ Инаку и Канал 5 ја емитуваше емисијата на Ефтов "Во Центар" каде гостувал и Голубовиќ, ама добро јасно е веќе медиумиве како функционираат, не е ни битно.
@Bratot Мислам дека е баш битно т.е и медиумите треба да подлежат на драстични промени. Конкретно да се задржам на темата (српските медиуми, и нашите што се копи пејст) претеризам во бескрај. Толкава неетичност и непрофесионализам. Прво со ширењето на дезинформациите, па создавање сензационализам и тоа се за профит и клик повеќе. И тоа влијае на масата. И на крај како цреша на шлагот, да користат вакви ситуации, за натпревар меѓу себе.
Не можам да се смирам. Цело време размислувам на жртвите и на тие родители, посебно денес ради погребите. Го чуваш, го гледаш и на крај во дел од секунда да го снема. Одиш денес го ставаш под земја и се враќаш дома. Од тебе се очекува да продолжиш да живееш и функционираш. Како? Многу сум потресена. Страшно. Не ги ни знам, а еве со денови сум под негативни емоции. Како им е на тие луѓе, чиишто деца се дел од нив...