За забрана на социјални мрежи низ цела држава е многу тешко. Јас не знам како функционираат школите во Мк, колку често се има родителска и информации од класен за ученикот ама еве пример тука кај што сум јас, пошо од основно сум странство, прво имавме тетратка кај што се запишуваа сите забелешки во неа, мораше да однесиме подпис на забелешката од родител, тоа некаде до 4-5 одд беше кај што подпис не верувам дека некое дете ке фалсификува.. ? 2-3 пати годишно добивавме листа на која професорите имаа запишано забелешки, беа подпишани и ставено датум за разговор со родител доколку беше потребно. При 2 дена не одење во школо, класен се јавуваше кај родител дали знае дека детето не присуствува. Во средно беа малце постегнати и буквално од час да се избегаше, одма беа родители информирани. Обавезно имавме час со класен каде што се разговараше за проблемите, за успесите и беше предавано кои работи детето не смее да ги пречути, дали од школо или дома, но исто беше кажано доколку е малтретирано на било кој начин од дома, кои се неговите права и кои последици ги ќе ги сносат родителите во тој случај. Тоа се повторуваше ама буквално секогаш. Значи мора на некој начин да има повеќе разговор со децата и со родителите, мора да се набљудуваат децата и од страна како се понашаат, наставник не е само да го предава часот и после кафе да пие во канцеларија. А за родителите дома.. 21век сме, на толку информации, на толку поддршка која се пружи, греота е да закочиш во родителството и да не се посветиш максимално на детето. Ние, кои имаме уште малечки деца, допрва ќе имаме огромни предизвици пред нас ама мислам дека секој бар малу разумен родител ќе се чукне за глава и ќе се праша, чекај кој е најголемиот успех во животов, а кариерата сигурно не е. Жалосно какви реакции од деца има после оваа случка, стварно се прашувам која улога им ја имаат родителите дома..
Смеењето може да е од стрес ама тоа е моментално неколку минути. Мене ми се има случено прв пат на погреб кај моја школска другарка. Кога стигнавме на гробиштата и кога ги видов нејзините, ковчег...почна да ме тера на смеење неконтролирано. Ми беше чудно зошто се збунив, а не можев да престанам да се смеам. Среќа се тргнав настрана да не ме видат со другар му реков почекај не знам што ми се дешава јас се газев од смеење. После неколку мин од кога заврши прснав да плачам. Истото и се деси на моја другарка мајка и починува пред нејзе она почнала да се смее со чичко и кој бил со неа. Така реагира некогаш мозокот за да се заштити од стрес и како што би рекле старите да не "откачиш". Она смеењето одпосле на децана не е воопшто од стрес него од дебилизам и немање емпатија.
Да се апсат сите кои ги снимаат погребите, нормални ли се???? Кутри луѓе, на таа мака уште некој да те снима?? Лешинари.
И мене ми се дешава истото. На погреб да ме избие на смеење. После тоа плачење. На психијатар / психолог се имам газено од смеа кога раскажував за мојот живот. Мислеа дека се заебавам. А ич не ми беше смешно, повеќе се нервирав али ае....
Секој различно реагира. Некој плаче, некој се смее, некој се здрвува не може ни солза да пушти.. јас сум многу приземна при вакви работи, ама после паѓам.. А србиве со објавување кој од пеачи и јавни личности дошле на погребите ми се згадија. Мислиш МЕТ гала е, а не најтешки мигови.
I kakva vrska ima pogrebot so idiotive koi se smeeja ne od stres tuku od sto im bese smesno, utredenta po masakrot dokazaa deka ne im e od stres.
Не, не ништо тешко, стави 2,000€ казна за секој родител чие дете има профил и завршена работа. Ќе видиш како сите ќе почнеме да им ги проверуваме телефоните. Може и други работи ќе најдеме, никогаш не се знае.
Мислам дека не е тешко ако се сака може да се забрани Фб, ТикТок и Инстаграм за почеток и некои Тв - и еве се согласувам 100посто
Не знам на што точно мислиш кога велиш да се смени законот за оружје, али ако мислете дека со забрана на оружје вакви настани нема да се дешаваат наивно размислувате. Дури и секој нормален здрав и психички стабилен човек да не може да купи никакво оружје, секој мафијаш, нарко дилер, болесник итн, повторно ќе се снајде од кај да набави и дури тогаш ќе почнат уште поголеми масакри да се дешаваат. Проблемот не е во законот туку во луѓето кои го кршат на секојдневна база, најмногу оние кои треба да бидат тој закон(судии,полиција,политичари итн..), а со самото тоа му даваат храброст и на обичниот граѓанин истото да го прави( ако деца на политичари не можат да бидат допрени од никаков закон и правда, логично ќе се јави гнев кај народот, поготово кај оние кои деца им газеа по пешачки премини) Можеби звучни бизарно, али теоретски, кога сите би имале оружје, нормално само психопатите би почнале да пукаат кај стигнат али затоа овие другите нормални брзо ќе им пресудат, па така едно 20 години да се исчисти општеството од таквите болесници, вака не знаеш кој е здрав кој не, не џабе велат дај му моќ на човек и ќе видиш каков е стварно, епа така тие со пиштолите се осеќаат моќни и тоа психопатското излегува на виделина. Крај краева, човекот како единка станува се покорумпиран, а со тоа и општеството како целина,не верувам дека системот на вредности некогаш ќе се врати на старото каде искреноста,чесноста,хуманоста,доблеста и храброста биле особини кои најмногу се ценеле. Денес да си било што од тоа, си со еден збор "Будала", што не знаел да се снајде. За сите други работи за воспитувањето на децата и забрана на социјални мрежи и телефони на деца се согласувам.
Леле ај сеа. Децава у средно ај преку гулаб писмоносец нека си разменуваат задачи и друга помош при учење и секакви информации околу школо. Или било каква комуникација. Ние на фб од класот група имавме.
Пред смартфоните имаше едно нешто се викаше одење кај другар заедно да пишувате домашно и да учите, позајмување тетратки, дружење и други видови на социјализација....
Ама не можеш кај сите 30 души да идеш стално лол. Еден е добар у хемија, друг у математика, трет у нешто друго. И секој сите дома ќе ги собира? Ај не се глупирајте