Масакр во училиште во Србија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ahoy, 3 мај 2023.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.821
    Допаѓања:
    274.885
    Се' наназад што реков.
    И за случајот кај нас, прочитај го коментарот.
     
  2. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    43.292
    Пол:
    Женски
    Одбраната на татко му е ова. Пример за муабетот дека се' почнува од домашното воспитување.
    Ама неќел тој, му се лизнал прстот.
    (facepalm)

    Е сега, не можи и не треба да се вратиме во камена доба, ама барем овие глупости не мора да ги гледаме. И да не сакаш од некаде ќе слушниш, ќе видиш, ќе научиш и ќе те изремети, а не па доброволно и редовно да ги следиш.
     
    На Biljarkata, Ahoy, M&M и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.385
    Допаѓања:
    90.462
    Пол:
    Женски
    Треба државата овој шљам да ги принуди телевизиите да си го префрлат на некој платен програм.
    Па кој сака да плати и да гледа бљувотини нека гледа, не смее на сите да им биде достапна на сите промоција на убијци,проститутки и криминалци.
    Не знам ова е комплетно лудило ко што се отплеткува се.
     
    На elenaa0805, IRBBB, Ahoy и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.931
    Допаѓања:
    8.500
    Јас не знам што е со теориите на заговор. Ги читам Србите, на некои им е сомнителна целата приказна, па триста анализи правеле.

    Некои коментирале како на видеото каде го апсат кај скалите, Коста е облечен во црни панталони (и др различни детали) и лисици назад, а кога го изнесуваат, тој носи сини фармерки и рацете напред.

    Други пак, вклучително и еден специјалец имаше коментирано околу оружјето. Анализирале околу пукањето и моделите, па што е возможно, што не.

    А и имало некое девојче од тие што даваа изјави пред камерите кое во множина зборувало т.е пукале (во смисла не бил само еден).

    I mean, со се медиумите како пренесуваат, треба да се стави некој ред во преносот на информации. Премногу хаос никаде нема да одведе.
     
    На Bezimenka90, IRBBB, Cosmi и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.950
    Допаѓања:
    17.059
    Пол:
    Машки
    Се фатија и за патиките кај што е легнат додека го апсат и тие кога влегува во возилото не биле исти, демек се работи за различна личност, како се ова било да се одвлекува внимание и што уште не.

    Исто и за овај од Младеновац имало уште двајца други со него демек не бил сам, едниот бил убиен од полицијата а другиот побегнал...
     
    На simoncelicius и Polyincognito им се допаѓа ова.
  6. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.931
    Допаѓања:
    8.500
    @Bratot Да и за бојата на патиките имаше и тоа дека биле чисти.
    Ептен анализа удриле, крипи во најмала рака што размислуваат :tmi:

    Но, за овој од Младеновац чудно е што и медиумите првично пренесоа дека еден напаѓач е убиен/уапсен, а по вториот т.е Милош се трага. Плус очевидци изјавиле дела кога пукал од автомобилот, пукал од задното седиште.

    Во секој случај, најдобро ќе биде една недела да им се забрани пренос на информации. Па кога ќе си ги имаат официјалните факти, да кажат во кратки црти.
     
    На simoncelicius и Bratot им се допаѓа ова.
  7. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.950
    Допаѓања:
    17.059
    Пол:
    Машки
    Секој секому дава изјави од обичен народ до доктори, министри, службени лица од полиција растрчани по тв емисии објаснуваат како течела акцијата за апсење, споделуваат лични информации за уапсените... пак дури и Вучиќ на прес споделува информации кои барем засега треба да останат во тајност, се додека не се заврши со истрагите, општо лудило.

    Братот на еден од починатите во Младеновац го гледам застанал смирено на сред село со еден куп новинари собрани околу него, каде стигна да раскажува дури и дека се ова е можно да е поврзано со секти, магии и што уште не, а само ден претходно брат му убиен.

    Мислам стварно е потребна контрола врз медиумите, ова вака не смее да функционира.
     
    Последна измена: 7 мај 2023
    На VDT2906, IRBBB, Cosmi и 9 други им се допаѓа ова.
  8. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.692
    Допаѓања:
    8.642
    Пол:
    Женски
    Па префрлено е.
    Да гледаш пинк мораш да платиш.
    Исто нели ја имаат и таа апликацијата што се плаќа за да менуваат стримови.
    Тоа што гледаш по јутуб се де пиратски канали.
    Исто како што сакаш да гледаш филм а не сакаш да платиш па наоѓаш на некој пиратски сајт.

    Не мора ни да се забрануваат програмите. Многу едноставно може да се среди. Нема да се гледа.
    Нема да се гласа. Ријалити програмите опстојуваат затоа што некој гледа и гласа. Жељко милиони прави годишно само од пораки.
    Кога не би го имал тој профит не би ни имал причина зошто да емитува. Така да пак сме си тука самите криви.

    Ајде тоа, него колку пари и подароци добиваат самите учесници од фанови. Срам ми е да пишам дека таков профил на луѓе имаат фанови.
    Значи не само козметика и облека него се плаќаат одмори, се купуваат веренички прстени се нудат станови и автомобили. И за ова кој ни е крив?

    Него како народ сме навикнати да ни е секогаш некој трет крив, американците, па Вучиќ, па Жељко па државата па наставниците. А уствари се си поаѓа од дома.


    И коа веќе бараме да имаме официјални и проверени информации, тогаш да почекаме да видиме која била причината за се ова што се случи. Затоа што јас никаде не видов изјава дека булинг го натерало да направи вакво дело.
    Уште никој не кажа која е причината што баш тие деца се нашле на списокот.
    Пошо ние нашишавме 100 страни со 1000 различни размислувања а конкретна причина нема сеуште.
     
    На Limonka93, Bezimenka90, VDT2906 и 10 други им се допаѓа ова.
  9. deniz333

    deniz333 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2018
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    1.701
    Пол:
    Женски
    I od buling do buling Ima razlika,zavisi kolku e ekstremen, I od zrtvata zavisi kolku moze da izdrzi
     
    На ZAHRA и buba4e89 им се допаѓа ова.
  10. Евроазија

    Евроазија Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2022
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    2.384
    Пол:
    Женски
    upload_2023-5-7_7-56-36.png
    :u:
     
    На nextredstyle и simoncelicius им се допаѓа ова.
  11. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    20.539
    Пол:
    Женски
    Луѓе, никој не вели да се забрани скроз интернетот, Џизс. Ама де, што ве фаќа паники ако деблиниот тик ток се забрани де? Деца по пругите се испржија, секакви предизвици опасни, ретардирана платформа, вие солзи пролеавте. Дај Боже да ја снема таа платформа за стално, да не мора ич да се забранува.
     
    Последна измена: 7 мај 2023
    На elenaa0805, Limonka93, VDT2906 и 22 други им се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.110
    Пол:
    Женски
    Шахмат сама си даде.

    Сепак овде си да научиш дека погрешно те воспитале. Сега не си мала, можеш да се социјализираш. Реално гледано, твоите родители од преголема заштита пола живот ти го скратиле. Тоа не е во ред.
     
    На ZAHRA, Polyincognito, Misskirova и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.385
    Допаѓања:
    90.462
    Пол:
    Женски
    Не,не мораш да платиш во Србија.
    Национална фреквенција си имаат Пинк.
    Затоа им е петицијата.
     
    На CameliaMiller, Gosh и Tanjamm им се допаѓа ова.
  14. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.692
    Допаѓања:
    8.642
    Пол:
    Женски
    Кај нас се плаќа.
    За апликацијата знам дека и во Србија се наплаќа. А ќе се шокираш колку има што плаќаат за неа.

    А имаш и далечински управувач.
    Не знам како да кажам.
    Не е дека некој те присилил да ги гледаш. И ова што се шири по инста и тик ток се шири затоа што ние споделуваме и лајкнуваме.
    Не е дека некој не врзал со јажиња и ни ги ставил пред очи па мораме да гледаме.

    Ма да скроз е небитно затоа што поентата е дека не ни требаат ни петиции ни закони за укинувања затоа што можеме самите да ги срушиме исклучиво со негледање.
     
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.110
    Пол:
    Женски
    ^ Ако ти не гледаш ќе ги гледа некој од надвор односно иселениците. На IPTV особено има Пинк канал ми се чини.

    Така да,подобро е да се укинат вака засекогаш отколку да не гледаме оти лесно е да пишеш ама во практика малку потешко.

    А инаку цел Балкан треба да има забрана за ријалити шоу-а со вознемирувачки содржини,та и да не го гледаш на Тв на ТикТок ќе го видиш 100%.
     
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.812
    Допаѓања:
    80.623
    Пол:
    Женски
    Се повлеков од темава затоа што ми е невкусно еден ваков настан да користиме за убедувања и цитирања до недоглед. Што мислев, пишав, не сакам да се убедувам за ништо, да бидам толку упорна во докажување поента страници и страници... Мене ми е невкусно, вие како сакате. Дојдов да пишам само уште нешто.
    Ќе се одмота клопчето. Ќе излезе на виделина што му била маката на Коста. Да се воздржиме од избрзани заклучоци оти има доста лажни информации.

    Сиве овие денови, не ми излегува од глава ова што се случи. Ужасно потресно за сите, а можам да замислам за оние блиските.
    Што е моето мислење според досегашните информации? Дека, најпрво, пропуст има во воспитувањето на Коста. Неговите родители веројатно не му пружиле она што му треба на едно кревко дете, дете кое почнува да расте и да се развива, да учи и сознава, за светот, за правилниот однос кон другите и се' околу нас. Мора да се има контрола врз своето дете. Да се постави авторитет. Дека не постоела никаква контрола говори фактот што Коста еден месец пребарувал на интернет информации за она што го планира. Во полиција ја прегледале историјата на пребарувања на Интернет и тука има се'. Кога родителите би контролирале што гледа нивното дете на Интернет, ова ќе беше спречено. Оти да, родител треба да го прави тоа. Како што велите, живееме во ера на технологија и социјални мрежи, до одредена возраст нема да му дозволиме пристап до нив, но не можеме цел живот да му забрануваме. Кога ќе добие дозвола и пристап, треба да го контролираме. Интернетот не е сам по себе ниту добар ниту лош, нуди се'. Зависи од човекот за што се интересира. Меѓу другото, знаеле и дека се соочува со нешто. Одел на психолог. Знаеле, а притоа не го следеле неговото однесување. Во таков случај треба да бидат двојно повнимателни со него. Плус, фактот дека мајка му бара да го земе дома, а татко му изјавил дека не е виновен (ова го прочитав само еднаш, но ако навистина изјавил нешто слично...) значи родителите не се свесни за ужасот што го направило тоа дете, не се свесни за штетата и за нивната лична одговорност како родители на дете што направило такво нешто. По тоа гледаме колку совесни или поточно колку несовесни родители се.
    Друг момент, родителите му биле разведени. Можеби и тоа е момент каде се појавува некаква траума. Разводот може да биде трауматичен и болен за детето. Некаде прочитав дека бил лут на мајка му, но тоа го земам со резерва оти може да е уште една измислица за сензација.
    Потоа, доживеал и психичко, можеби и физичко малтретирање. Прочитав дека пелтечел и најмногу му се потсмевале заради тоа. И оваа информација ние не знаеме колку е точна. Во секој случај, имало, како што велеа децата на видеа, зезање со него. Фактор број 3 кој ја донуштил неговата психа. Поназад неколку пати прочитав "Зошто Коста го префрлиле а не тие што му вршеле булинг?" Па можеби затоа што тој самиот го побарал тоа? А, реално, знаеме дека оние што се одговорни за вакви случаи во училиштата, не прават ништо за да се спречи булингот. Ништо, баш ништо. И затоа, тој што страда, тој ќе бара начин да се заштити.
    Можеби притисок му било што се очекува од него само успех? Можеби преголеми очекувања имале од него? Дали навистина добил единица по историја? Иако одел на натпревари и имал успех? Како одеднаш единица? Можеби намерно на тестот не напишал како што треба? Дете со толкави успеси и знаења, да оди на натпревар по некој предмет и на истиот тој да добие единица, што значи слаба оценка и недоволно знаење, ми е несфатливо. Се' си мислам уште тогаш почнале критичните моменти и намерно извадил таков резултат на тој тест. Ајде 4, 3, дури и 2, ама директно на 1?
    Неколку работи што ги забележав и ги набројав, неколку работи што резултирале со крвав масакр. Родители немаат контрола врз своите деца, просветни работници немаат контрола врз своите ученици и тоа е тоа... Општеството - никаков ред и поредок.
    Поназад детево го ословив како психопат, да, стојам на тоа. Не се родил таков, таков го создале. Општеството, родителите, просветниот кадар, врсниците. Се' е сплет на околности, како ќе се развие едно дете зависи од многу фактори околу него. Зошто мислам психопат? Заради непостоење на емпатија. Заради ладнокрвно убивање без каење. Криво му е што не убил повеќе и што не ги искористил ни молотовите коктели. Не, ова не е самоодбрана. Затоа што настрадаа невини. И не е афект, туку план.
    Јас сум личност што има емпатија и разбирање, за секоја ситуација. Во овој случај, во делово на Коста, емпатија имам кон жртвите и нивните блиски, а кон детево имам само бес. Не требало да постапи вака. Ова е премногу болно, ова е ненормално и ужасно. Кога жртва ќе убие во самоодбрана, тоа е борба за живот, а ова - ова е бес, ова е отсуство на здрав разум, пореметена психа. Секако дека ми е жал што наместо да е нормално, здраво и среќно дете кое ќе порасне во стабилен човек, тој има уништен живот. Од тој аспект ми е жал. Но, како сторител на едно вакво дело, не. Убиец е убиец, жал ми е, но виновен е. Сега, заслужува доживотен затвор. Не би рекла смртна казна. Не ја поддржувам општо смртната казна. Доживотен затвор е соодветна мерка, да живее цел живот со тоа дело што го направил.

    Долг пост, сакав да се искажам и како што напишав, не ми е до цитирања и убедувања дали сум или не сум во право. Не на оваа тема. Ова е мое мислење, не барам ниту согласување ниту убедување, само се искажувам. Што се однесува до главното прашање: како да се спречи вакво нешто, воглавно се согласувам со сите вас. Ќе биде премногу долг пост ако пишувам и за тоа. Во општеството има премногу работа и нешта за менување од корен, се сомневам дека ќе дочекаме воопшто такви реформи. Ако ништо друго, барем како родители да бидеме одговорни и заинтересирани.

    Едит: Заборавив, а всушност сликава ме врати на темава. Морав да ја споделам.

    FB_IMG_1683438395796.jpg

    ;(
     
    Последна измена: 7 мај 2023
    На andrejko82, Stressed Out, Camille84 и 13 други им се допаѓа ова.
  17. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    420
    Допаѓања:
    1.043
    Пол:
    Женски
    Зошто бес?
    Треба да имаш бес кон тие што ништо не превземале и дозволиле да дојде до ова а не до Коста кој е само жртва во оваа цела ситуација. Малтретирано со години никој не превзема ништо а да посегнеше по својот живот наместо по другите тогаш ќе глумевте дека ви е жал три дена и толку ќе се заборави како за Алекс од Србија кој се самоуби поради булинг.
     
    На smooch, Stressed Out, Lianna Anna и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.812
    Допаѓања:
    80.623
    Пол:
    Женски
    Едит: сепак ајде ќе те удостојам со одговор. Не ми се објаснува премногу низ цитирања на темава не дека се правам нешто туку сум потресена од сево ова. Па види, секој убиец нешто го навело и предизвикало на тоа. И со Хитлер имаше поназад пример. И Хитлер и сите масовни убијци, зарем не треба на нив да бидеме бесни туку треба (само) на тој што ги навел на такво зло? Епа не. Не може за убиец да речеш "Зошто бес, не треба да имаш бес кон него". Не. Можел и да не биде убиец ама избрал да биде. Безчувствително и ладнокрвно. Затоа.
     
    Последна измена: 7 мај 2023
    На mkdvesna, fana, Misskirova и 5 други им се допаѓа ова.
  19. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.728
    Допаѓања:
    13.503
    Пол:
    Женски
    Иначе Коста го префрлиле во друга паралелка по барање на неговите затоа што таа била двојазична, а не го префрлиле поради тоа што бил малтретиран..
     
    На Misskirova му/ѝ се допаѓа ова.
  20. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.442
    Пол:
    Женски
    Медс а децата што ги убил не се жртви?
    Многумина биле жртва на врсничко насилство па не ваделе пушки и пиштоли и не правеле скици и молотови коктели.

    За просветните работници се согласувам, да реагирале на време у секој случај на малтретирано дете ќе било поинаку.
     
    На simoncelicius и buba4e89 им се допаѓа ова.