Еве јас ќе ти одговорам околу дрогата. Лани летото група млади деца случајно се најдоа во еден парк во непосредна близина на клупата каде што седев јас, а една клупа подолу седеа двајца Африканци. И јас решив да станам да си одам и поминав покрај нив во моментот кога Африканецот им даде кокаин или хероин во раце на децава. Значи, не им треба интернет ако сакаат да дојдат до дрога, од рекла-кажала муабети ќе дојдеш до информација каде можеш да најдеш на лице место.
Тоа може да биде само нејзино видување, таа не била со тоа дете постојано за да знае детално какви му биле школските денови. Таквите работи истрагата би требало да ги утврди а не таа, или уште помалку ние тука на странски (во однос на Србија) форум.
Како нема поим што направил, кога планирал еден месец и ги читал законите? Баш знаел и е свесен што прави. Не знам од каде вадите вакви небулози.
Нема врска никој нив не ги брани или никој не видов да пише браво Коста, браво што уби толку деца. Сите пишуваат дека им е жал што никој не забележал дека детето имало проблем и жалосно е да што умреа толку деца ама и за него е жал што стана убиец што неговите родители не приметиле ништо да приметиле и да превземале нешто немаше до ова да дојде затоа ни е жал.
Читаш се или читаш само тоа што ти одговара ? Никој не го оправда дека е во ред тоа никој не рече браво така треба. Мене ми е жал за сите жртви меѓу кој спаѓа и он. Секој ден малтретиран физички и психички и сите заминувале на тоа. Детето едноставно од толку малтретирање и трауми не размислувал со здрав разум. Ништо не може да се врати но може да се воведат посериозни мерки против булинг. Ти ако имаш Ематија и се сочувствуваш ќе размислиш малце подлабоко а не само површински. Phony empathy.
Нема оправдување. Зад секое едно масовно убиство стои некоја причина и некој или нешто што го предизвикал, ама не смее да има никакво оправдување. Никој, никој нема право да одземе живот на некој невин, значи не е ова самоодбрана. Без разлика дали има 50, 30 или 13 години. Оваа ваша либералност или што и да е, не е на арно, демек ајде за се' да дадеме објаснување и оправдување. Убиец не е исто што и жртва, вие тоа не можете да го сфатите. Коста бил жртва на општеството, на врсниците, на службите што не мрдале со прст, на неодговорни родители ама кога изрешетил 9 души тој е веќе убиец. Не сте свесни изгледа, да беа ваши деца немаше вака да пишувате. Ти и другите што мислат како тебе.
Ok togas zakonot ispod 14 da ne se goni krivicno vrz osnova na sto e donesen? Poshto se smeta deka na 13 ne e dovolno svesen.
Зошто извртуваш сега прво викаш го оправдуваме а сега го сожалување , тоа се два скрос различни поими. Не е убаво да измислуваш и да извртуваш.
Јас знам три случаи каде што деца настрадаа покрај пруги уште пред тикток. Два беа за слики на инстаграм, еден уште пред скоро 15 години, кога беше пикот на фејсбук. Тие деца мислиш знаеле колку е опасно да се движат покрај пруги? Мислиш дека седнал некој да им објасни? Јас до 13-14 години не знаев за што служи трофазен штекер, додека сам не пробав да ставам полнач од лаптоп во истиот. Можеше комотно струја да ме утепа. Зошто? Зашто од дома никој никогаш не ми има кажано за што служи. И пак ќе се повторам истото од пред некој пост. Децата се ваша обврска, не на интернетот.
Не е убаво да се расправаш на ваква чувствителна тема. Не извртувам. И тие што оправдувате и вие што сожалувате, исти сте. Никогаш досега не сум видела ваква емпатија за убиец, жално е што е дете со уништен живот, ама е убиец. Не сте свесни за тежината на зборов.
Epa celata poenta e ova, na 13/14 neame poim od zivot, tuka roditelite i neli drugiot "dom" skoloto treba da ne nasocuvaat a ustvari skroz neglected od dvete strani se decata.
Не се расправам ниту те напаѓам ,само дискутирам. Јас дискутирам рационално а ти со емоции. Очигледно не сфаќаш што кажувам затоа што упорно тврдиш дека го оправдуваат с во темава не видов ниту еден да го оправда.
Пишувам за оние што велат дека е жртва. Јас велам, откако изрешетил 9 души, веќе не е жртва туку убиец. И од тука веќе имам поинаква перцепција и мислење за него затоа што жртва и убиец не е исто. И во тоа не се согласувате вие со мене и јас со вас. И не мора.
Причината е слична, тие исто така не го познавале, згора на тоа се незрели, за разлика од жената која што би требало да е.
А знаеше дека рингла на шпорет е џиш? Бебиња ги напраи, не знаеле дека е опасно да се движат покрај пруга И овој во Србија не знаел за што служи оружје. И овие што силувале дете и го споделувале видеото не знаеле што праат. Истото пред 4 месеци во Босна се има десено. Гес ват-тик ток предизвик.