Не зборам дека без интернет нема да има криминал. Ама сметам дека претераната употреба кај децата е штетна, децата стануваат се повеќе асоцијални.
Најлесно е да дадеш телефон на дете и после да ги обвинуваш сите фактори кои што доаѓаат со тоа. Интернетот е суров, секогаш бил. Уште јас кога бев дете имаше булинг, имаше свашта. Ништо не е ново. Само што јас бев една од последните генерации кои прво се соочивме со реалноста, па потоа со виртуелната реалност и сѐ уште може да направиме разлика меѓу тие две работи. Денешните деца ја немаат таа привилегија. Знаат затоа што повеќе време поминуваат на интернет, околку во реалноста. Скроз ја докажуваш поентата што ја зборам.
Она што го приметувам е дека сега информациите се многу лесно достапни преку електронски медиуми и социјални мрежи. Вакви случки за жал во Америка се честа појава и децата на овие простори ги дознаваат тие информации токму преку тие медиуми. Затоа многу е битно родителите да знаат што нивните деца следат, читаат и конзумираат. Комуникацијата родител дете е клучна.
Туку еве кај мене во маало често околу зградите има деца што играат со топка, особено летно време. Има и игралиште во близина на една. И често на куќен совет барем од моја зграда се предлага да се забрани некако да играат во близина зашто правеле галама. Зборам за деца од околу 10-13 години, некогаш и помали. Ама не ептен мали. А после пак ќе речат абе седиш дома на телефон, излези малце. А нема сигурно дете на таа возраст да го пушташ да иде сам многу далеку од дома. Па ај најди му средина.
Точно! Цело време тоа се збори. Всушност затоа и убиецот во Младеновац зема залет. И доста веќе со тоа дека бил малтретиран ,кога никој официјално не излезе со таа изјава освен неколку деца кои рекоа "па некои деца му се исмејуваа и го закачаа"
Ти да му укажеш дека не треба да копира сѐ од интернет наместо да му го забраниш. Ти да му укажеш на опасности од лажни профили, челинџи наместо да му го забраниш. Девојчето со челинџот на пругата не загина само ради тикток туку и ради недоволно внимание. Додуша не можам да знам за нејзините какви биле ама не се соц мрежи криви ако децата гледаат и копираат све. Зашто ако не е тикток, некој другар ќе ги натера во живо, без интернет и тикток.
Факт е дека луѓето кои убиваат најчесто или се родени со некакви ментални болести или претрпеле траума и станале такви. Жално е и за едните и другите. И тие што се родиле со болест, ете, не го избрале тоа. А сепак, досега немав слушнато некој да ја бара причината за убиството и да го жали убиецот. Ниту еден друг убиец не е поштеден од епитетите убиец, монструм, психопат, што и им одговараат нели. Убиец не може да се сожалува, разбира, оправдува, која и да е причината.
Мхм. Значи неговите не му кажале, немој да убиваш, не е добро? Немој да силуваш, немој да скокаш од воз, немој да сурфаш на даркнет, немој да правиш листа за отстрел... Ај, дополнете ја листава па тагнете ме ко ќе биде готова.
Моментално не знаат што со себе. Дете од 13 години ги надмудри сите со се законот за кривична па сеа не знаат кај ке го сместат . Јбг касно је
Многу се мешаат психопатија и социопатија. Еве еден коментар од интернет кој објаснува подетално што е што, и зошто се случуваат овакви масовни убиства.
Не можеш да кажеш кој кого да сожалува, мислам, преголемо право човек си зема. За тоа што е убиец ќе биде во затвор, психијатриска установа, што и да одлучат. За тоа што е убиец ќе биде казнет. Тоа не значи дека не ми е жал што неговиот живот ќе се одвива така, затоа што ми е жал. И не значи дека не ми е жал за убиените. Само за нив се подразбира дека ми е жал, ниту нели, имаат иднина, па моето жалење нема ништо за никого да промени. Не бирам страни и нема да бирам страни, затоа што не сакам да бирам страни. Или ако бирам страна, бирам страна на многу живите деца што утре ќе одат во школо, на многуте "коста", на многуте потенцијални жртви на "коста", на сите оние деца што се притискани до лудило од сите страни. Према многу живи деца кон кои би требало да осеќаме емпатија. Како немаме теми по 150 страни кога некое само ќе посегне по својот живот, оти е таму некое туѓо? За останатото се согласувам со тебе, ама не, немам селективна емпатија. Имам кон сите, без оглед на злоделото. Тоа не значи дека го бранам, правдам, барам да не се казни, охрабрувам или не знам веќе што. Се трудам да разберам, а тоа што имам емпатија кон дететво, е разликата меѓу мене и него.
Мајката на малиот монструм си барала да си го земи дома. А таткото се бранел дека имал дозвола за оружјето и го чувал во сеф со шифра. Ама џабе пак му е одреден притвор и можно е 12 години затвор. Сабајле во една емисија кажаа дека иако не може да оди в затвор ќе биде затворен во специјална установа. Реално еве ја вистинската слика колку се и родителиве нормални. Мајка му сакала да си го земе дома, па нека си го земе и неа на спиење ќе ја среди. Како бе има уште едно малолетно дете дома од 10 години? Не размислува дека може и неа и цела фамилија без око да му трепне да ги убие? Испадна родителиве исто дека се мрднати. Жалосно за децава шо си отидоа а овај изрод се надевам дека бел ден нема да види,затвор и за неговите што воспитале вакво чудовиште.
Поентата е дека социјалните мрежи нема да направат дете ниту насилник, ниту убиец, ниту силувач, ако на детето му е посветено доволна грижа и внимание. Твоја обврска е да имаш доволно влијание врз него за да му разграничиш што е правилно, а што не. А ако го оставиш детето по цел ден на интернет, верувај попрво ќе дојде до информација како бомба да направи, отколку јајца да спржи. Многу си игнорантна. Ниту го согледуваш проблемот, ниту па се трудиш. Темава е баш измислена да се покажеме кој од кој е подуховит.
Не викам за никој дали да сожалува некого. Велам, не е правилно да се сожалува убиец. Некако не ми е ниту нормално. Според мене, де. Си кажувам. Ти како сакаш.
Некако ми нема логика пишаново. Прво вели дека масовниот убиец врши булинг, а потоа подолу вели дека има насобрано огромен бес и омраза кин одредени луѓе. Таа бес и омраза не се формирала без причина.
Ништо не коментирав досега.Едно само,цело време се потенцира и таа 1ца по Историја.Меѓутоа колку што знам оние деца кои одат на натпревари по кој и да е предмет,постигнуваат успеси по истиот се ослободени од испитување.Часот веќе почнат,децата и наставничката на час,Коста не е на час,,доаѓа да го стори она што го стори за жал.Доколку бил ослободен од часови по предметот како 1ца.Само размислувам ...повеќе пати е спомнувана таа единица.Вината е добар дел во возрасните,родителите.Можеби и носел во себе некое пореметување,но тригери колку за да го претворат во звер.Растел со жена која го чувала,родителите каде биле да не проверат што прави и што следи,што го интересира од интернет и сл.Молотовите дома ги направи,влегол некој во неговата соба воопшто макар месец дена?Дете од 13 год,а родители надзор каков врз него?Не е само да има јадење,облека,технологија,пари...Многу други нешта требаат за едно дете кои не се од материјална природа.Детето интелигентно,а од друга страна достигна да стигни каде стигна.Еве осудите ме но ќе речам.Неговите родители како што е кажано се добро стоечки финансиски,значи не мораа да работат од утро до мрак за парче леб.Бркаа кариера,во ред,но да најдеа малку време во сето тоа и за детето.Не сум против постигнување на се што постигнале,но кога веќе се има деца треба свесно и нив да им се посвети време,не само за лични достигнувања.
Не сум духовита, бесна сум оти очигледни работи не ви се очигледни. Ќе отворам нова тема на темава, оти баш се оди во насока која не можете или не сакате да ја видите. Ама да, социјалните мрежи прават штета кај сите, особено кај деца, впрочем затоа и имаат возрасни/старосни рестрикции.