1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Маскара и восок за коса во боја

Дискусија во 'Коса' започната од theunforgiven, 28 јануари 2018.

  1. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    2.150
    Се работи за производи за коса кои инстантно бојадисуваат прамени, но и инстантно се бришат/тргаат од косата со вода.

    ВОСОК ЗА КОСА ВО БОЈА

    [​IMG]


    Овој производ има функција на гел/зацврстувач на коса кој истовремено привремено бојадисува. Доаѓа во најразлични бои.


    МАСКАРА ЗА КОСА ВО БОЈА

    [​IMG]




    Истата функција како претходно, само се нанесува на различен начин - во вид на маскара, за инстантно привремено бојадисување на помал дел од косата (прамен).


    Не сум запознаен дали овие производи постојат одамна, па јас дури сега ги имам приметено, или, пак, станува збор за некој нов тренд. Очигледно, ова доаѓа од Кина. На Instagram често во последно време излегуваат реклами.

    Дали некој е запознаен со ова? Мислите ли дека е добро, или е само трошење на пари (иако имаат прилично ниски цени)?
    Јас едно време бев во филм да си направам "Old Effect" на дел од косата, односно инстантно привремено да додадам сива боја. Сега си нарачав по едно од двете опции, па за месец дена и сам ќе се уверам дали е ОК или не.