1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Маскирана депресија

Дискусија во 'Психологија' започната од ColoursOfTheRainbow, 17 август 2014.

  1. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Човек што има маскирана депресија не ја покажува во јавност. Овие луѓе може изгледаат како најсреќните, постојано да се смејат и шегуваат и никој не би поверувал дека се депресирани. Потоа се повлекуваат дома во своето мрачно катче, депресирани, во солзи, а некои од нив дури се и самоповредуваат и за тоа никој не знае.
    Според мене, маскираната депресија е многу поопасна од обичната депресија, бидејќи никој не знае за неа и не може да помогне.
    Јас лично, често се соочувам со маскирана депресија. Исто, меѓу народ постојано се смеам, се шегувам, абе полна сум позитивност, оптимист во душа. И потоа се повлекувам во своето мрачно катче каде се затрупувам со депресивни и тажни мисли, и буквално се докршувам со депресивна музика, само што не можам да плачам и не се повредувам. Знам да си помогнам сама на себе, со тоа што почнувам да мислам позитивно и да правам работи што ме прават среќна. Т.е. на периоди доживувам маскирана депресија.
    За среќа, јас можам сама да си помогнам и да се издигнам на тоа, но постојат луѓе кај кои е многу сериозно. И најчесто таквите завршуваат со самоубиство за жал ;( И никој не може да им помогне затоа што никој не знае и ретко кои од нив бараат помош.
    Најчесто до маскирана депресија доаѓа од некоја траума, проблем или несреќен случај, а кај некои од недоволна желба да се биде среќен и немање воља за истото, просто кажано, од негативни мисли, без разлика дали самите си ги всадиле или некој друг.
    Што мислите, може ли да се разбуди свеста кај овие луѓе?
    Дали самите се имате соочено со маскирана депресија или можеби моментално се соочувате со тоа?
    Доколку се имате соочено со тоа или се соочувате, дали нешто сте превземале или сакате да превземете?
    Кое е вашето мислење во врска со маскираната депресија?
    Дали ја сметате ваквата депресија за опасна?

    Ако на некој му е потребно помош во врска со маскираната депресија може да се обрати тука и ќе пробаме да помогнеме.
     
    На LittlePinky, cinderella.red, nevermet18 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. guardatela

    guardatela Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    85
    Нешто како случајот со смртта на Робин Вилијамс .. Што знам .. ја мислам дека секој од нас се соочува со тој вид на депресија".А за да дојде до самоповредување е потребно многу.Едноставно така функционира животот зарем не.Еве лично сум ги имала најсреќните денови во животот кои завршиле со плачење-рикање во кревет оти на крајот на денот ти доаѓа да си ја испразниш душата колку и си имал позитива со себеси тој ден
     
    На MamacitaBuena, Lovely93 и ColoursOfTheRainbow им се допаѓа ова.
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Еве што најдов на нет

    СКРИЕНА ИЛИ МАСКИРАНА ДЕПРЕСИЈА


    Илјадници луѓе ја кријат својата несреќа зад среќна маска. Дали можеби и вие сте еден од нив?

    Не секогаш човек е свесен дека станал депресивен. Ако се појавува силна соматизација, преку главоболки, болки во мускулите, во стомакот или всушност било која друга болка, а лекарите не можат да ви најдат ништо посериозно, ако ја негирате својата психичка состојба, ве „снемува“ од дома, сакате да избегате некаде, обврските ви претставуваат огромна тежина, се приклонувате кон алкохол, дрога или друга зависност, постојано ви се случуваат некои несреќи како да ве „бие малер“, тогаш веројатно страдате од скриена депресија, која може да биде и скриена од вас. Ако пак сте свесни за оваа своја состојба и не сакате другите да знаат за неа, тогаш сте ја направиле маскирана депресија, каде пред другите ја истакнувате својата насмеана маска, а внатре во себе потајно страдате. Резултатот е ист, вие сте во депресија.

    Можеби познавате некого кој е депресивен а не е свесен за тоа. Луѓето очекуваат од оној кој е депресивен постојано да плаче, да лежи в кревет по цел ден, да се жали и тагува или константно да е мрачен, песимистички ориентиран, или е некој кој ништо не може да му се погоди и е во речиси константно сиво или црно расположение. Но, депресијата не секогаш е толку очигледна.

    Некои луѓе можат ве залажат и целосно да одглумат. Може да се насмеани цело време додека се со вас, да се однесуваат како ништо посебно да не им се случува внатрешно, а истовремено да се чувствуваат како болката да им ја раскинува утробата. Не е редок случај вакви луѓе да чуете дека направиле нешто чудно, си наштетиле себеси, се обиделе да се самоубијат а честопати и успеале во тоа, а никој не може да поверува или да си објасни зошто постапиле така.

    Овие луѓе, кои се способни да се однесуваат како да не се депресивни, најчесто не се доверуваат никому, или можеби само на една блиска личност за која сметаат дека може да ги разбере. А во меѓувреме, тивко и бесчујно страдаат во себе. Обично изнајдуваат некаков начин да останат сами и да се исплачат, да ја оттргнат „среќната“ фасада и да се испразнат колку толку, а потоа, маската повторно на лице, и како ништо да не било, се враќаат кон својот вообичаен живот и во комуникацијата дури и со свои блиски луѓе се однесуваат како се да им е во ред. Можеби вие познавате некој што страда во себе секој ден а немате поим дека тоа се случува, а можеби и вие сте еден од овие луѓе.

    Тие може да бидат и во вашето најнепосредно семејство. Да се искрадуваат ноќе во бањата, откако сите ќе заспијат, и пригушено плачат. Во остатокот од времето ќе се однесуваат како човек кој ништо не му фали и нема никаква болка во душата. Налет болката што ја чувствуваат и ги раскинува однатре, тоа што се однесуваат како да се среќни знае да биде уште емоционално поистоштувачки. Тајната која ја кријат во себе всушност постепено и се повеќе ги изолира од другите. Па така, да се глуми среќен всушност е контрапродуктивно, депресијата се зголемува од ден на ден.

    Други пак, ја канализираат својата болка на поинаков начин. Нив ги обзема бес, гневни се на се, повредуваат, злоупотребуваат, се срамат од себеси, чувствуваат вина или пак постојано се иритирани и се што се случува околу нив им е досадно и ги замара. Тие може но и не мора да се свесни дека се депресивни, но другите скоро сигурно не знаат колку голема и уништувачка е емоционалната болка што ја чувствуваат. Некои се плашат од нив, други не сакаат да се во нивна близина затоа што носат напнатост, трети пак ги презираат и ги нервираат или ги означуваат како злобни и ги избегнуваат. Тешко е навистина да сочувствувате со некого кој повредува други луѓе, да имате разбирање за неговата или нејзината болка, а уште потешко да се види подалеку и да се забележи нивната ранливост, па така депресијата кај овие луѓе речиси редовно поминува незабележано.

    Некои пак, страдаат од некаква зависност, не е ни толку битно каква, па самата зависност избива во прв план и ја маскира депресијата. Луѓето со некоја зависност во голема мера го трошат своето време и енергија во однос на зависноста наместо да бидат насочени кон вистинскиот проблем. Ја планираат, ја очекуваат, размислуваат за зависноста и сето тоа привремено им го подига расположението. Кога конечно ќе дојдат во допир со што и да е она од кое се зависни, тоа им го крева расположението на високо ниво. Но, потоа возбудата полека се намалува се до моментот кога целосно ќе исчезне а на нејзино место ќе се вгнезди повторно она расположение од кое и бегале на прво место.

    Дополнително, се чувствуваат потрошено од ефектите кои ги предизвикало средството на зависност и може да почувствуваат жалење или срам, па повторно на нивните плеќи се спушта она темно чувство кое го носи со себе депресијата, небаре е вреќа со цемент која ги влече надолу. Излезот го бараат повторно со влез во кругот кој завршил, повторно планираат и антиципираат и се така по ред. Никако да се најде лек за спас од магичниот круг во кој се затвориле. Целиот нивен живот се состои во мачно бегање од канџите на депресијата, но во овој случај фокусот е на драматичната центрипетална сила на зависноста која ја прави депресијата затскриена и незабележана. Се разбира дека не сите зависници како иницијална сила за употреба на своето средство за „кревање расположение" ја имаат депресијата, патот може да биде и обратен, зависноста да креирала депресија. Но, поентата е во тоа што зависноста може да претставува една форма која ја зазела депресијата која е многу тешко да се идентификува како депресија. Покрај редовните хемикалии на кои се навлекуваме, ваква маскирана депресија обично има и кај нарушувањата поврзани со исхраната, кај работохолиците и слични појави. Депресијата не секогаш е очигледна во овие случаи и премногу време се троши на она што всушност во случајов е само симптом или нејзина манифестација олицетворена во предметот на зависност.

    Депресијата ги изолира луѓето. Било да се кријат од светот лежејќи во својот кревет или пак се обземени од својата зависност, било да ги оттурнуваат луѓето од себеси со нивниот гнев и бес или си ги кријат своите вистински чувства и мисли внатре во себе а преправајќи се дека се е во ред однадвор, луѓето кои се депресивни во најчест случај се чувствуваат ужасно осамено. Самата депресија си има некоја вградена карактеристика која како магла се спушта врз човека и прави тој да се чувствува како постојано да е во неа и многу му е тешко да осети поврзаност со било кого.

    Дури и во ситуација кога луѓето се чувствуваат сигурни дека можат да си кажат точно што им лежи на душа и ќе се решат да го направат тоа, многу е тешко за луѓе кои никогаш не почувствувале длабока депресија да ги сфатат. Да ја почувствуваат нивната болка. Како би можел некој кој не го искусил тоа, да ја разбере болката налик на онаа која би ја почувствувале при операција на отворено срце без анестезија, а потоа де не можете да ги покажете лузните? Како би можел некој кој не го искусил тоа да ја разбере комплексноста на болката, која не само што е неподносливо голема туку е исто толку сложена и способна да го промени од корен нашето однесување. Луѓето обично начинот на кој се однесуваме им го припишуваат на моралните квалитети и карактерот кој го поседуваме, а не на оваа болна состојба.

    Да биде болката уште покомплицирана, депресијата ги напаѓа мислите и чувствата на личноста а не некој нејзин орган како што се бубрезите или црниот дроб на пример. Сигурно знаете за врската помеѓу умот и телото, можеби некогаш и свесно сте ја почувствувале. Во научната терминологија таа се нарекува психосоматика. Вашата психа може да влијае врз вашето тело на разни начини. Депресијата може да ја почувствувате и преку телесна болка. Маскираната депресија се манифестира на безброј начини кои не се забележуваат кај класичната нескриена депресија. Може да ве мачат главоболки, болки во стомакот, во грбот, лицето и вилицата, во некој посебен орган или да чувствувате општа физичка нелагодност и замор.

    Како последица на ова личноста оди на лекар но сите испитувања се залудни затоа што ништо сериозно, барем во физичка смисла, не може да се пронајде како причина за овие турбуленции. Во 19 век, лекарите забележале една состојба која се карактеризирала со силна изнемоштеност и за која не можеле да пронајдат физички каузалитет, а заболените не пријавувале никакви психолошки проблеми кои би можеле да ги наведат на други претпоставки, ја нарекле невростенија. Денес се смета дека таа е всушност скриена депресија. Некои дијагностичари заради неможноста да пронајдат физички симптоми скриената депресија може да ја дијагностицираат и како хипохондрија.

    Проблемот на дијагностицирање всушност го наметнува и проблемот на терапија за оваа болест на умот. Честопати погрешно дијагностицирана, состојбата кај личноста се влошува. Кога еднаш ќе се открие, тогаш се пристапува кон познатите методи за третирање на депресијата било преку медикаментозна терапија со антидепресиви или психотерапија без нив. Се разбира, не секогаш ако не се пронајде физички причинител за одредена физичка болка треба веднаш да се избрза со помислата за скриена депресија. Ако имаме болка или проблем, не значи дека е само во нашата глава и треба да го игнорираме, па самиот од себе ќе си се среди. Постојат многу болести кои се подмолни и постепено се развиваат и откриваат себеси, па психичкиот знак дека нешто не е во ред со нас, може да биде рано сигнализирање на нашиот ум и тело дека нешто се случува. Затоа, треба внимателно да се разграничат работите и самата личност да биде искрена и кон себеси и кон другите ако веќе се решила да побара помош.

    Симптоми кои покрај пријавената физичка болка на одреден орган или дел од телото, како и општата нелагодност и замор, најчесто се:

    Промени во апетитот и тежината, и во двете насоки
    Промени во спиењето, и во две
    те насоки
    Карактеристични физички симптоми како главоболка, болки во грбот, дигестивни проблеми, хронична болка, замор или менструални проблеми.
    Анксиозност
    Нервоза и иритабилност
    Заборавност и тешкотии во концентрацијата
    Намалено либидо односно намален сексуален нагон
    Песимистички поглед на светот
    Чувства на вина
    Чувства на беспомошност
    Општа апатија и незаинтересираност за секојдневните активности
    Чувство на незадоволство
    Суицидални мисли



    Некои експерти за депресија сметаат дека и одредени однесувања, особено кај женскиот пол, можат да бидат показатели за скриена депресија. Такви се компусивното купување, работа, јадење и пиење алкохол, особено ако жената без да ги прави овие активности се чувствува празно, неисполнето и анксиозно.

    За мажите пак карактеристично е да бидат многу попогодени од скриената депресија отколку од онаа која не е маскирана, во однос на жените. Причините за тоа секако лежат во општествените непишани стандарди, според кои мажите не смеат премногу да демонстираат емоции, а особено не такви кои означуваат слабост од било каков вид, во однос на жените на кои им е „дозволено“ слободно да ги манифестираат овие емоции, всушност тоа и како да се очекува од нив. За едно машко е многу поприфатливо да пријави физичка болка и да ја третира, отколку да се пожали на психичка слабост. Ваквата ситуација води кон компликации при дијагнозата или погрешно означување на хипохондрија. Додека пак внатрешно, води кон психосоматски тенденции со кои реално се проектира подлога за развој на физички проблем кој во нормални услови без депресијата не би се појавил.

    Депресијата кај децата и тинејџерите може да се замаскира во форма на лутина и непочитување на авторитет и да биде целосно незабележана, припишувајќи им го таквото однесување како нормален дел од растењето, па на тој начин може да прогресира во посериозна состојба во адолесцентното доба.

    Депресијата може кај човек да предизвика чувство на омраза и самопрезир кој ќе направи тој или таа да биде несреќна во нејзината врска или во релациите со другите луѓе. Може да предизвика чувство кај личноста дека на сите би им било подобро без неа, или пак би и било подобро ако другите едноставно ги снема. Таа може да предизвика луѓето да се чувствуваат тажни, лути, бесни, гневни, виновни, отапени, безволни, конфузни или било како поинаку од она што би се чувствувале кога не се депресивни.

    Сите помалку или повеќе сме се нашле во ситуација кога не ни е се погодено но сме морале да одглумиме дека сме среќни и позитивни. Па сепак, скриената депресија е нешто сосема друго, нешто многу подлабоко отколку обично затскривање на емоциите понекогаш или само во одредени прилики. Се поставува прашањето како би можеле да препознаете некого или барем да го зацврстите вашиот сомнеж дека е во скриена депресија? Најмногу по нивниот скриен поглед, кој кога мислат дека никој не ги гледа изгледа апатично, далечно, тажно, изгубено, неодредено, конфузно, тапо и со необоени чувства. Се разбира, не си дозволувајте паушално да дијагностицирате некого само заради еден поглед, но ако сте емоционално блиски со одредена личност или пак ви е драга, ако внимателно се фокусирате, доколку постои скриена депресија, сигурно ќе го забележите тој поглед и ред други показатели во повеќе наврати. Ако сте емоционално осетлива личност со високо развиена способност за емпатија, едноставно ќе го почувствувате тоа, ќе знаете.

    Што може вие да направите за луѓе кои се во депресија, особено ако ги сакате а патем и не сте сигурни дека се во депресија заради нивната насмеана маска?

    Разговарајте со нив на смирен начин и прашувајте ги добронамерно, па потоа слушајте ги внимателно нивните одговори. Обидете се да сочувствувате со нивната болка, дури и кога не сте сигурни за каква болка се работи и од каде доаѓа. Ставете им до знаење дека сте тука за нив колку и тоа да трае и колку и да им требате, и дека нема да прифатите да ви кажат не. Се разбира, ако не сте баш некоја личност која може да сфати или на која некој може да и се довери, ако постојано ги осудувате или пак им кажувате на други луѓе за нив и она што ќе ви го кажат, ако постојано ги прекинувате додека ви зборуваат, станувате нестрпливи или едноставно не ги разбирате, тогаш подобро е да не разговараат со вас туку да најдат некој кој вистински може да ги разбере и ислуша внимателно. Всушност, да се биде релијабилен, доверлив, трпелив слушател, некој кој што не ги осудува нивните чувства и мисли па било какви и да се, е најдоброто нешто што може да се направи во најголем број од овие случаи на депресија. Прашајте се себеси што би сакале вие, каков однос од другите да сте на нивно место и одговорот сам ќе ви се наметне. Не постои поблагородно нешто од тоа да се ублажи нечија тага и да се предизвика вистинска, од срце, насмевка на нивното лице.
     
    На danichap, nevermet18 и ColoursOfTheRainbow им се допаѓа ова.
  4. love.a7x

    love.a7x Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    112
    Мислам дека може да се разбуди свеста кај тие луѓе, ако ја споделат тагата со некој. Се имам соочено, но никогаш не дошло до самоповредување (скраја било). Тоа траело 2-3 дена и после само од себе си поминува, како ништо да не ми се случило. Мислам дека оваа депресија е најопасна, бидејќи ако депресијата ја споделиме со некој, тој "некој" ке ни помогне на било каков начин, во спротивно би можело да заврши трагично.
     
  5. Kassy

    Kassy Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Нажалост и јас лично спагам овде, веке подолго време во мене се врти таа маскирана депресија,
    јас бев таа што постојано поддржував и помагав, но од друга страна мене никој никогаш не ме праша, како ми е мене лично, како е мојот ден, како е да си во мојата глава, предолго чував во себе и молчев, денес една личност ми рече- имаш тврдоглава молчаливост.. и да во право е, израснав во строго контролирана средина каде беше забрането да се комуницира за помош, за било каква ситница, бевме оставени сами на времето, и времето си го направи своето. Не би било можеби благодарно да префрлам вина на родителите, затоа што и нив така некој ги израснал и не знаеле да подобро. Остави го, мора сам да се снаога во животот, да стои цврсто на нозе, но тие нозе со време стануваат стаклени.
    Во средношколските денови таа маскирана депресија премина во бунтовност, со изостаноци од училиште, бегање од дома, и пак се вракаш дома во истата средина, каде никој не те прашува зошто?.. дали има проблем или не... на сето ова следеа само казни..Со времето на 18 по средно, се вработив сама и тоа на моја срека , работа во која се пронаоѓав и бев добра во неа. Но во душата се повлеков, се смешкав и ширев позитивна енергија насекаде, ја црпеа од мене, небаре сум грне злато. Бев свесна дека еден ден грнето ке пресуши, и така бидна.
    Бев потпорна греда на сите долго време, но кога мене ми е потребна нема никој. Но, немаше никој се до пред речиси 7 години, со мене го имам мојот сопруг кој секогаш е тука да ме сослуша а и јас него, се отвори еден нов свет во мене исполнет со радости, топлина и љубов која ми беше многу потребна.
    Работните професии ни се слични на двајцата, па така и проблемите кои се носеа со работата.
    Со денешното темпо на живот, ако може така да се каже по неколку години плачење на рамо еден на друг кому му е потешко на работа и со какви се проблеми се соочува на работа, од нашиот брачен живот не остана ниту грам приватен живот, се се вртеше околу работните обврски.
    Се така до пред 1 година кога дома прстанавме да зборуваме за работа за да не се преоптеретуваме еден со друг. Ке дојдам дома и ке си речам, зошто сега да му се качувам на глава со моите работни проблеми, кога и тој има еден куп на глава... а секој ден го пречекував од работа и му велев, кажи ми, кажи ми се, олесни си ја душата... така бев со сите околу мене.... од тоа воздржување ја изгубив врската со сопругот.
    Таа прекрасна топлина и блискост ја снема. Јас повторно се смешкав, ноке скришум плачев,ја загубив и мојата работоспособност, на најмала ситница неодлучна, во моментот заборавав што треба да се направи, се затворив самата во себе, не сакав никаква блискост со фамилијата, почнав да ги оттурнувам сите од мене. Предолго време помина чувајки се во мене, се до пред некој ден, кога и ке ја направев најголемата глупост, се свестив во последен момент и побарав помош од сопругот. Сега полека ке одам чекор по чекор, да се изборам за блискоста и љубовта на мојот сопруг, да можа да си најдам себе опростување што се доведов до ваква ситуација. Јас бев таа што велев го сакам животот, ке се борам со сите сили.. Од денес пак си ветувам сама на себе, свртувам нов лист во мојот живот, да заборавам на тој болен чин од мојот живот.
    Знам дека многумина ке се пронајдат во ова што го напишав, и во овој момент ви давам дел и од мојата храбост и волја, разговарајте со најблиските, отворете се за вашите проблеми, ако тие не се спремни, има и други кои ако само побараме помош , тие ке ни помогнат. Не е ништо срамно да се побара помош во животот.
    Се целосна несигурност ви ги изнесов моите чувства и емоции, дали некој ке прочита или не, дали некому ке помогнам или не.. Но, од се срце се надевам дека како што јас со време ке ги лекувам своите рани, барем еден од вас да добие храброст и инспирација и волја за живот, ке бидам пресрекна.
    Маскираната депресија е дел од сите нас, и не треба да се поттценува, ниту да се негира.
    Споделувањето на мојата ситуација, барем лично за мене е еден почетен чекор во овој процес, добив грам олеснување.
    Од денес повторно ке го полнам моето животно грне со љубов.
     
    На Dust, Bright, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    Ретки се луѓето во Македонија кои не се маскирано депресивни...
     
    На katerin, MamacitaBuena, Bright и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    13.044
    Пол:
    Женски
    Јас сум прилично нова во друштво на маскираната депресија. Пред околу два месеци почна ова да ми се случува.
    Во јавност сум најнормално девојче, се смеам, пеам, правам глупости како и секој тинејџер, но кога сум сама не сум таква.
    Дури и да ја слушам највеселата песна, наоѓам причина да заплачам. Почнувам дасе тресам, солзи ми потекуваат, понекогаш дури и гласот ми прави прекини поради плачењето.
    А станува сѐ почесто и не знам како да го сопрам.
    Го вклучувам компјутерот, пуштам гласна музика за моите да мислат дека пеам со неа, но всушност сум покриена под неколку ќебиња, не обрнувам внимание на музиката и липам.
    Некогаш, можеби два пати во неделата не плачам, туку се терам себеси да се смеам, гледам комедии и смешни видеа, но не секогаш успева.
    Не знам како ќе излезам од ова.
     
  8. Ketnis

    Ketnis Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    238
    Пол:
    Женски
    Јас порано имав маскирана депресија. Првите знаци ми се појавија пред точно една година. На почетокот ја игнорирав, но подоцна се потешко и потешко ги сопирав солзите. Пред очите на другите од секогаш бев најзабавната личност во друштвото. Се повеќе и повеќе не излегував од собата, не јадев, не пиев, само лежев онака во темница и плачев. Почнав да се оддалечувам од светот, чувствував голема празнина. Секогаш едвај чекав да си дојдам дома да се скријам некаде и да плачам, постојано имав некои црни мисли, ги преслушував сите разговори во главата, почнав да имам проблеми во училиштето. Се прашував како може дете од 15 години да размислува како мене. Самодовербата ми беше 0. Почнав со самоповредување.
    Ова траеше цели 5 месеци. Потоа постепено со голем труд се отргнав од таквите мисли. За тие 5 месеци на виделина излегоа на виделина сите лажни пријатели. Не се откажувајте. Иако понекогаш изгледа дека позади облаците нема сонце, има само чека да го најдете ;) :*
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. loveyou313

    loveyou313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    4
    Значи конечно ја најдов темата во која спаѓам фала Богу...После 2 години откако ја сфатив зрелоста и среќата или 1 како иде јас сум запрепастена личност тука сум со чувствата и последиците што сте ги напишале сите овде, прво ниска самодоверба, а и без тоа сум многу чувствителна личност неможам да поднесам наливи на емоции врз мене а за жал тоа се случува секој ден во неделата.. секој ден во неделата непрекинато плачам по саати и неможам да престанам, размислувам за моите дволични ‚‚другарки и другари‚‚ и неможам да најдам некој нов со многу доверба, за жал јас мислам дека повеќе постои дволичност од колку доверба, најслаба точка ми е љубовта и се започна од тука и мојата несреќа тоа е најглавната причина кога сум во друштво сум насмеана до уши и се смеам силно толку силно што ќе почнат да ми течат солзи и сфаќам дека смеата не е од срце дека јас не ја заслужувам можеби и смеата се ппретвора во плачење а и да ме прашаат што ти е зошто плачеш ќе одговорам со смеење нее очите ми солзат или незнам што.. и тако то сваки данн и незнам како веќе да продолжам ми доаѓа да се отселам незнам каде и пак нема да ми се најде спасот:)
     
  10. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Кога имате чести главоболки, болки во стомакот, болки во мускулите, и редица други соматски потешкотии, кога со потешкотии ги обавувате секојдневните животни и работни активности, а испитувањата покажувааат дека вашите тегоби немат органска подлога, тогаш најчесто ве упатуваат на психијатар, но, вие негирате дека имате психички симптоми.
    Значи, имате СКРИЕНА депресија. Доколку пак имате свесност дека имате депресија, но не сакате да ве препознае околината, па депресијата ја покривате со покажување на среќа. Со маска на насмевка, а внатре во себе длабоко патите, сте направиле МАСКИРАНА депресија.
    Како и да е, и во двата случаи постои депресија која не мора секогаш да ги поседува класичните знаци на депресија кои ги препознава секој лаик.
    Некои луѓе можат да ве залажат и целосно да одглумат. Најчесто се насмеани цело време додека се со вас, се однесуваат како ништо посебно да не им се случува внатрешно, но, наоѓаат начин да се скријат од другите и да се исплачат – зошто истовремено чувствуваат како болката да им ја раскинува утробата. Не е редок случај вакви луѓе да чуете дека направиле нешто чудно, си наштетиле себеси, се обиделе да се самоубијат, а честопати и успеале во тоа, а никој не може да поверува или да си објасни зошто постапиле така.
    Таквите маскирани депресии тешко може да ги откријат и нивните најблиски во семејството, а, најчесто својата мака ја соопштуваат на една или две блиски лица, другари/ки, пријатели/ки во кои веруваат и кои можат да ги разберат, а со цел малку да извентилираат негативна енергија, но тоа трае кратко и повторно се враќаат во маѓепсаниот круг.

    Излез од ова ситуација е само помош од стручно лице и навремено барање на таква помош, зошто симптомите од ден на ден се повеќе се продлабочуваат, а “глумењето“ дека се е во ред е губење време, повеќеструко трошење на енергија се до исход кој не го посакува никој.

    Да се глуми среќен, кога внатрешно те уништува емоционална болка која те раскинува, е болна и истоштувачка состојба. Овие состојби успешно се лекуваат, останува само оние кои ја маскираат депресијата, да покажат волја за лекување на истата!
    Извор
    http://strumicaonline.net/?p=9003
     
    На Sunshine.Sunshine и natemila им се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.584
    Пол:
    Женски
    Маскираната депресија е најстрашна. Ќе потиснува човек се во себе, а на крајот кога ќе се прелие чашата, ќе посегне по својот живот. Човек не може и не треба да се бори сам со се во животот. Секој проблем има решение, грешката се прави кога за проблемите се молчи поради страв и срам. Луѓето повеќе осудуваат наместо да пружат рака и да помогнат, па веројатно поради тоа се молчи. Треба и ние да бидеме такви луѓе што ќе се понудат за помош, што ќе укажат на депресивните дека се тука за нив. Еднаш наидов на еден твит, гласеше: Ние сите сме ангели со по едно крило, за да можеме да полетаме треба да се прегрнеме. Ете тоа е решението. Никој не треба да биде сам.
     
  12. Nastja97

    Nastja97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2018
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    36
    Bash se pronajdov vo ovaa tema... Nemozam da kazam na roditelite no sepak imam tolku mnogu raboti koi me macat..mislam deka umiram vnatresno.. molcam pred site za ova, na nikogo ne kazuvam, ne sakam nikoj da zamaram so moite problemi naprotiv, sakam sekoj da gi iskaze svoite problemi a jas vnimatelno da gi slusum.. ne se svesni deka nekogas i mene mi treba toa.. nadvor od doma site sakam da gi nasmeam, da gi soslusam..no navecer pred spienje umiram dusevno.. neznam uste kolku ke mozam da go traam ova. Lugeto okolu mene mislat deka sum presrekna, deka imam se, no nesto mnogu vazno nemam.. sakam da se obratam na strucno lice no nemozam da im kazam na roditelite, nemozam da gi maltretiram I so moite problemi..
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.696
    Пол:
    Женски
    Тие ти се родители и сигурно не ги ,,малтретираш" со своите проблеми.Треба да разговараш со некој другар/ка, родителите или брат сестра ако имаш.Не чувај во себе лошо само си правиш.Или сама помогни си некако.Мисли на нешто позитивно.Животот и не е така црн, се се случува со причина секој проблем има решение, секое прашање има одговор.Ако сакаш пиши ми лп сум била во слична ситуација.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nastja97

    Nastja97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2018
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    36
    Razgovaram cesto so decko mi, no sepak ne sum premnogu hrabra da gi spodelam site problemi
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Srcka $

    Srcka $ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2017
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    5.438
    Пол:
    Женски
    Искрено не сакам да кажам дека и јас сум таква, дека имам скриена депресија или како беше маскирана депресија.
    Се си викав тоа е нормално на секој му се случуват тие работи, луѓето што уште не се проживеале па ти најде да се жалеш, така се тешам.

    Не знам како да кажам но секој ден само сакам да плачам, да легнам да лежам да се затворам да не разговарам со никој, едноставно да исчезнам.
    Велам си ај не се глупирај, ништо не ти е, жива здрава живото е пред тебе, да пред мене е ама во последно време како немам живот.
    Јас од секогаш сум немала живот, не сум се дружела, не сум излавала кој знае колку, не сум разговарала со машки, не знам ни да се дружам.
    Се си мислам дека ова што ми се случува дека сум емоционално повредена или растроена.
    Криам се кога плачам, ама од тоа плачење може да завршам на доктор.
    Имав еден пријател што кога разговарам со него јас се чувствувам опуштено, своја сум, не глумам дека се ми е во ред, едноставно јас покрај него сум како отворена книга, но сега не можам да разговарам со него, ожени се и не се гледаме многу ретко, а сакам да можам да разговарам со некого да ме разбере да знам дека не сум единствената што има проблеми.
    Многу сум замислена, разнесена, не знам понекат што зборувам, избегнувам да се дружам, избегнувам да зборувам.
    Премногу мислам и од мислите јас се расплачам.

    Се одесувам како да сум како сите нормални девојки, како се што правам тоа е нормално.
    Нервозна сум па речиси секој ден, од надвор сум смирена, добра, насмеана па смеам се само кога сите се смеат, како тоа да е новост за мене, дотерувам се, шминкам се, на сите спремна да помогне, а од внатре сакам да викам едноставно полудена сум во мислите.

    Не знам како да го објаснам ова моево, денеска мислев да пишам некаде што претставува Емоционално нестабилна личност, дури заборавив дали и така сакав да пишам, а да и заборавам некои работи да ги направам, дури сега и ова што го пишувам почна да ме нервира.