http://www.lush.com.mk/shop/product/product/path/147_151/id/382/КОСА-Маски-hsuan-wen-hua за сува и оштетена коса, совршено
Оваа новата на Пантен што ја рекламира Лив Тајлер против оштетени врвови,да не ја пробал некој?! Мислам само на маската. Јас секако ќе ја земам,ама да не има некој искуство плус?!
devojki aj pisete mi od iskustvo koja e podobra maska na loreal so maticen mlec ili Total Repair 5???????
Од вчера почнав да ја корисртам од Planet spa маскава со African shea butter: Баш гледам погоре некој имаше прашано за маскава. Сега за сега сум задоволна, баш ми ја направи мека косата, и преубаво мириса!
Oд утре почнувам да ја користам оваа - конечно се наканивме со мајка да купиме маска, одамна сакав да ја пробам оваа, па ќе видиме. Пишува дека е за оштетена,дехидрирана коса. Мене врвовите ми се солидно суви и уништени, па сметам дека ќе ми се погоди. Ќе ја користам во комбинација со овој шампон.
Девојки која е подобра маска се мислам мегу Oрзен или Глис, досега ја користев црната на Глис, ама сакам да пробам некоја друга, инаку имам оштетена коса, од фарбање ми стана ко метла....????
денес ја земав оваа,пошто ја променив бојата на косата,од плава ја вратив мојата природна и за да ја задрќва подолго време бојата, па сега ке видам каков ефект ке има
Ако ве интересира, ќе ви пишам две природни маски за коса иако веројатно ги знаете веќе. Првата е општо како за поубава коса на изглед и допир, помека и со сјај. Ви требаат две белки од јајца (само белки) и црно горко кафе. Нормално ќе чекате кафето да се олади и ќе го извадите талогот и потоа убаво ќе ја промешате смесата со белките. Смесата се става на косата и се остава да постои од 10 минути до пола час, потоа се измива со вода и после нормално со шампон како обично. Само маскава не се препорачува за тие што имаат светла руса коса, или светла смеѓа зашто може да го потемни влакното (самата се уверив иако не се приметуваше нешто многу), значи оваа е за бринети, црнки.. Втората е за да ја осветлите косата. Се вари чај од камилица и се цеди сок од портокал (ако немате портокал може и лимун, јас така направив) и откако ќе се олади чајот мешате заедно со чистиот сок од портокал, без додадено вода. Ако немате лимуни или портокали, може само чај од камилица или обратно. Откако ќе ја нанесете маската, се сушите со фен одма значи не ја миете косата со шампон за да со топлината од фенот подобро ви навлезе во коренот маската. После 20 минути откако ќе се исушите, се миете со шампон убаво. Исто е препорачливо веднаш да излезете на сонце за да има поголем ефект маската, зашто вака не се приметува многу разлика. Значи, двете маски се испробани и добри се, да си немате гајле.
јас оваа маска ја користам и сум многу задоволна ,ми ја обновува бојата само брзо ми се заситува косата
Кога ја видов сумњав дека би била добра ама ај ја купив, ама кога ја пробав се каев што сум сумњала. Предобра е, косава ми ја прави помека од било која друга што досега ја имав користено, стварно. И боље е од регенератор. Сакам и другите да ги пробам.