Сакам ваше мислење.Сакам да земам некаква маска за коса за да не ми пукаат врвовите и да не ми е како трофазна да ме манала . Која е најдобра маска ?
Jас ја користам оваа маска за интензивен обновувачки и хидратантен третман за протеинско прихранување и хидратација на многу сува коса,во космо ја купив околу300-400 ден,мислам дека бесе ама косата ми ја опраи ептен,многу ми бесе уништена ми се кинеше скоро а сега ми е далеку подобра.
Си зедов на Докторс барав слика али неможев да најдам.Бела е со розево капаче,па ке видиме како ке се покаже.100 денари е а 200мл Убаво мириса
[СДК] Сакам да кажам... Ве молам не ми го бришете прашањево, знае некој колку пари е ваква маска во продавница? http://mojagarderoba.mk/items/kozmetika ... ka-za-kosa
Женси како ја нанесувате маската? Рамномерно по цела должина или само на врвовите? Колку време ја оставате да отстои? И дали ако ја исплакнам одма како шампон ќе има ефект или џабе ја трошам?
Маската за коса нема ефект ако ја исплакниш одма ,треба да стои 15-30 мин мислам,пиши на паковката. Исто така мислам дека се става на цела коса.
Ќе се самоцитирам. Абе таман си ја најдов маската што ми одговара, и веќе 2 броја по ред ја нема маскава во Авон Ќе се молам да ја има во наредниот.
Секогаш ги користам овие и многу сум задоволна и оваа со шеа путер прекрасно мириса и убаво ја прави косата свиленкаста и мека А сега сакам овие да ги земам од Космо шампон и маска за тенка коса
Maската за коса се става на пола коса. На цела никако - ќе ги измрси корените побрзо отколку што ви се мрси косата вообичаено. Исто е и со регенераторот за коса. Значи, најмногу ќе ставите на врвовите и ќе одите нагоре, некаде до под ушињата. И секоја маска различно делува, т.е. не секоја се остава да делува 15 минути - многу е . Си пишува позади на декларацијата, обично 2-3 минути, а има и некои кои треба да ги оставите 1 минута на коса и плакнете.
Моментално користам една маска ми ја донесоа од Германија и супер е..Презадоволна сум А и мајка ми е исто презадоволна првпат да ми се погоди маска за коса како што треба оти порано користев секакви ама многу косата ми беше мрсна од нив сега сум супер како свила ми е
Ги користам од глис маските , од кокос и од шеа путер. Убави се ,ептен ми се погодени. Кога сакам да сменам малку ја корисам од Орзен маската со пиво. Преубав мирис има,ама не прави којзнае што за косата. Дове маската,Нивеа и Лореал не ми одговараат на косата. Некако од второ ставање ми се презаситува косата од нив.
Инаку сама проверив за маскава ^ 285, ама пишува за фарбана коса, а мене не ми треба ваква. Други предлози?
Немам многу искуство со маските за коса и затоа не можам да кажам за други, но од овие сум презадоволна. За цената која што ја имаат навистина се ефикасни и откако ја користам косата ми е се поубава и поубава. Го немам веќе стариот проблем со толку разбушавена коса која постојано се заплеткува, туку добив "нова" коса која сјае и многу лесно се расчешлува. Спојлер Можете да ги најдете во Веро, со цена од 110 денари.
Последно земав од Генера од кокос,и само два пати ја употребив.Многу ми се мрси косата,буквално морам да ја мијам секој ден,и си стои цела
Ја користам веќе долго време маската за коса Генера ама сега сакам да сменам. Ја видов Хоби, имаше прифатлива цена. Дали некој ја има користено која било Хоби маска?
Женски а во што е всушност разликата помеѓу регенератор и маските за коса. Инаку сега ја користам Генера црвената, но претходно ја имав зелената и многу позадоволна бев од неа.
Користам Genera од кокос, не и прави некое чудо на косата но за цената е супер. Колку-толку косата ми е помека и полесно ми се разчешлува.